Васев ќе се брани од слобода, по една година помината во затворски притвор - Канал 5

Васев ќе се брани од слобода, по една година помината во затворски притвор

Поранешниот директор на Клиниката за онкологија, Нина Васев излегува од затворот во Скопје каде помина една година во притвор, одлучи Кривичниот суд.

Васев ќе се брани од слобода, по една година помината во затворски притвор

Одлуката следува откако судот прифатил гаранција обезбедена преку хипотека на недвижен имот во вредност 183 илјади евра, а на второобвинетиот Нухи определена му е гаранција од скоро 350 илјади евра. Васев е дел од истрагата и судската постапка поврзана со случајот „Онкологија“. Тој е меѓу обвинетите во првиот предмет што се однесува на финансиското работење на Клиниката за онкологија. Заедно со поранешниот економски директор Артан Нухи, се соочува со обвиненија за продолжени кривични дела злоупотреба на службената положба и овластување, измама во службата и проневера во службата. Според обвинението, делата биле извршувани во периодот од 2018 до 2022 година. Обвинителството тврди дека при набавката на биолошка активна терапија, молекуларна таргет терапија и моноклонални антитела биле набавувани лекови на реверс без соодветен правен основ. Во обвинението се наведува дека потоа, преку постапки за јавни набавки, биле покривани веќе преземените обврски кон добавувачите, кои фактурирале претходно испорачани лекови. Васев е обвинтет во случајот Онкологија 1 каде се терети за погрешно лекување заедно со уште двајца доктори.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски: Продолжуваме да испорачуваме проекти – Битола е меѓу главните приоритети на Владата

Најпрвин поздрав до жителите на ова населено место во Општина Битола кои денеска се со нас овде. Да ги поздравам и медиумите, да ги поздравам битолчани, се разбира.

Мицкоски: Продолжуваме да испорачуваме проекти – Битола е меѓу главните приоритети на Владата

Добар ден и од мене.

Најпрвин поздрав до жителите на ова населено место во Општина Битола кои денеска се со нас овде. Да ги поздравам и медиумите, да ги поздравам битолчани, се разбира.

Јас немам што да додадам дополнително на тоа што претходните говорници го кажаа, и градоначалникот и министерката, поврзано со овој проект, но и генерално со проектите за Општина Битола. Можам само да кажам дека продолжуваме и понатаму да бидеме посветени на испорачување на проекти, тоа коешто е за нас еден од врвните приоритети.

За жал, изминативе децении направени се многу пропусти и за жал ги немаме сите ресурси на светот за да можеме сите тие пропусти да ги санираме. Но, се трудиме да работиме по приоритети еден по еден да ги решаваме, а притоа да не создаваме нови проблеми. Што се вели, да работиме, да го оставиме срцето на терен. Кој работи понекогаш и греши. Јас сакам однапред да се извинам за понекоја грешка којашто ќе се направи во текот на работењето. Не греши само оној којшто ништо не работи.

Во политиката има и такви, коишто се навикнати на гледање сеир, наместо да ги засукаат ракавите и да направат нешто за граѓаните. Но, тие ќе останат секогаш на маргините на политичката сцена и ќе бидат дел од естрадата, а ние коишто сме ги засукале ракавите и сме влегле во решавање на проблемите, ќе продолжиме и понатаму да работиме и однапред се извинувам ако во тој процес на работа ќе се создаде и некоја грешка, ќе се направи некоја грешка, не била намерна. Ќе се потрудиме да такви грешки има се помалку, а тие коишто ќе се случат да ги поправаме.

Честитам на градоначалникот, на Општината, благодарност и до советниците, коишто ја поддржуваат работата на градоначалникот, на администрацијата во Општина Битола, на пратениците коишто доаѓаат од Битола, коишто се борат за проект повеќе да биде реализиран и инвестиран овде во Битола, на министерката, на колегите од Владата, кои имаат една цел, а тоа е како да забрзаме и како да ја направиме Македонија подобро место за живеење.

Јас од името на Владата, како претседател на Владата, можам да кажам дека Битола е еден од нашите главни приоритети и ќе остане да биде еден од нашите главни приоритети.

Дел од проектите ги споменаа претходните говорници, но тука пред сè сакам да го споменам автопатот којшто забрзано се гради, којшто треба да ги поврзе Битола со Прилеп. Но, и исто така, сериозно се размислува и очекувам многу скоро да почнеме и со реализација на уште едно решение, а тоа е експресно поврзување на Битола со граничниот премин Меџитлија со што драматично ќе се забрза движењето и ќе се растерети градот од гужвите коишто се случуваат.

Така што, уште еднаш, благодарам на сите коишто испорачуваат проекти и повторно ќе кажам однапред се извинувам за некоја грешка, којашто е направена, не била намерна, а ќе се трудиме во иднина такви грешки да има сè помалку.

Не греши само оној којшто ништо не работи, истакна премиерот Христијан Мицкоски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Дали ЕК ќе го продолжи рокот и по 6 септември, 9 земји бараат да се олесни воведувањето на новите гранични проверки

Девет европски земји бараат Евопската комсија да ги продолжи привремените олеснувања за новиот систем за влез излез , бидејќи државите не биле подготвени за неговата целосна примена.

Дали ЕК ќе го продолжи рокот и по 6 септември, 9 земји бараат да се олесни воведувањето на новите гранични проверки

Белгија, Франција, Германија, Грција, Италија, Малта, Холандија, Португалија и Швајцарија во заедничко писмо од 7 јули, како што објавува политико му порачуваат на еврокомесарот за внатрешни работи Магнус Брунер дека првите месеци од функционирањето на системот покажале значителни потешкотии на граничните премини кои не смеат да се потценат.

Иако ја поддржуваат имплементацијата на новиот Систем, министрите бараат Европската комисија да им овозможи на земјите и по 6 септември годинава да продолжат да го користат итниот механизам, кој истекува на почетокот на септември..

Итниот механизам им овозможува на граничните служби, во исклучителни ситуации, привремено да го суспендираат земањето отпечатоци од прсти и скенирањето на лицето за да се намалат гужвите на граничните премини, додека и натаму се евидентира секој патник што влегува или излегува од Шенген-зоната.

Во писмото министрите бараат Европската комисија навреме да достави и писмени гаранции дека оваа можност ќе остане во сила и по истекот на сегашниот рок.

Портпаролот на Европската комисија, Маркус Ламерт, вели дека законодавството веќе предвидува одредени флексибилности, меѓу нив и можноста привремено да се прекине собирањето биометриски податоци во периодите на голем метеж, но нагласува дека Комисијата останува во „близок и конструктивен контакт“ со земјите кои имаат проблеми на одделни гранични премини.Според Ламерт постои силна заедничка волја системот успешно да профункционира насекаде

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

МВР: „Оne stop“ системот веќе функционира со Србија и Косово, а наскоро и со Албанија

Намалено е времето на чекање на граничните премини со воведувањето на „One Stop“ системот кој веќе фукционира со Србија и Косово, а наскоро се очекува да профукционира и на премините со Албанија, велат од МВР.

МВР: „Оne stop“ системот веќе функционира со Србија и Косово, а наскоро и со Албанија

Веќе ги гледаме резултатите. На Табановце, и покрај тоа што ова лето бројот на патници е зголемен за 15 до 20 проценти, времето на чекање е значително намалено. Истото го овозможивме и на Блаце – Елез Хан, а со пуштањето во употреба на системот на Јажинце – Глобочица ја заокруживме имплементацијата на заедничките контроли со Република Косово.

Потпишаниот договор со Република Албанија е следниот важен чекор. Наскоро и таму ќе воспоставиме „One Stop“ систем, со што Македонија ќе стане една од првите земји во регионот што ќе има ваков модел на заеднички гранични проверки со сите соседни држави надвор од шенген зоната.

Ова не е само инфраструктурен или административен проект. Ова е инвестиција во побрза комуникација меѓу луѓето, посилна економска соработка, поголема мобилност и уште побезбедни граници, велат од МВР.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер