Поддршката за ЕУ расте паралелно со револтот од уцените на Брисел - Канал 5

Поддршката за ЕУ расте паралелно со револтот од уцените на Брисел

Освен поддршката за членство во ЕУ, се зголемил и ентузијазмот кај граѓаните кои очекуваат влез во Унијата во наредните пет години, покажуваат наодите од Еврометарот.

Поддршката за ЕУ расте паралелно со револтот од уцените на Брисел

Расте поддршката за членство во Европската унија кај граѓаните, но во истовреме зголемен е и бројот на оние кои сметаат дека односнот на ЕУ кон државава е нефер, надмен и уценувачки – од Центарот за европски стратегии (Евротинк) посочуваат дека ова е парадокс во нивното спроведено истражување Еврометар. Освен поддршката за членство во ЕУ, се зголемил и ентузијазмот кај граѓаните кои очекуваат влез во Унијата во наредните пет години, покажуваат наодите од Еврометарот.

-Навистина, тоа се малку контрадикторни податоци, моето толкување на тоа е дека гледаме напредок на Црна Гора и Албанија, гледаме голем напредок на Украина и Молдавија и граѓаните сметаат дека ќе можеме некако да се „пробутаме„ во тој процес, покрај овие држави. // Може да се забележи дека има подобрена перцепција во однос на демократијата и во однос на тоа како се движат работите во државата, се уште преовладувачкото чувство е негативно. - Димитар Николовски, директор на Евротинк

Според наодите, поддршката за влез во ЕУ кај граѓаните потекнува од желбата за подобар животен стандард, додека пак, главната причина поради која тие одбиваат влез во ЕУ е стравот од губење на националниот идентитет. Вториот најчест одговор е дека „нема да се подобри ништо, а само ќе продолжат условите и барањата насочени кон државава„. Сепак, според Николовски, одговорите се разликуваат во однос на етникумот на испитаниците.

-Кај другите етнички заедници освен македонската има многу поголема поддршка за Европската унија, не би навлегувал во бројки меѓутоа дефинитивно и тие негативни ставови кои постојат кон процесот на ЕУ преовладуваат кај македонската етничка заедница. // Можам да истакнам дека кај младите особено постои еден поголем ентузијазам и поддршка за ЕУ отколку кај постарите.- Димитар Николовски, директор на Евротинк

Согласно анкетата, спроведена оваа година во мај и во април, телефонски на примерок од 1001 испитаник, за над 65% од анкетираните, ЕУ останува најдобра алтернатива додека пак 31,5% се на ставот дека Македонија треба да бара сопствен модел за развој надвор од ЕУ. Дополнително, Србија е оценета како убедливо најголем пријател на Македонија а веднаш зад неа е ставот дека државава нема пријатели. Соседна Бугарија пак, со преовладувачки процент е посочена како држава која претставува закана за Македонија.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Кајли Џенер носеше градник од 50 милиони, „ангелите“ збеснаа

Целиот свет сè уште зборува за познатата ревија на „Викторија Сикрет“, која се одржа во неделата во Лос Анџелес, каде најубавите жени во светот прошетаа по пистата во долна облека на овој популарен бренд.

Кајли Џенер носеше градник од 50 милиони, „ангелите“ збеснаа

Сепак, најголемо внимание привлече „фантазискиот градник“ што го носеше старлетата Кајли Џенер, што предизвика гнев кај дел од јавноста, бидејќи многу искусни модели кои со години работеа на своите манекенски кариери ја делеа пистата со неа.

„Фантастичниот градник“ е украсен со 4.410 природни дијаманти, меѓу кои се издвојува огромен жолт дијамант од 75 карати. На неговото создавање работеле 15 луѓе, а за да се заврши биле потребни повеќе од 1.000 часа работа.

Поради сето ова, како и фактот дека Кајли Џенер не е професионален модел, многумина се прашуваат што стои зад одлуката да ѝ се даде оваа престижна улога.

Моделите протестираат поради Кајли

Според британскиот таблоид Дејли Меил, изборот наводно бил таен договор од нејзината мајка Крис Џенер, додека одлуката била дочекана со ентузијазам од сите модели кои учествувале во ревијата.

Идентитетот на лицето кое ќе го носи овогодинешниот „фантазиски градник“ беше чуван строго во тајност до последен момент, а кога се дозна, некои модели протестираа против изборот.

- Некои од моделите од старата школа не беа особено воодушевени што Кајли беше во центарот на вниманието - изјави извор за Дејли Меил.

- Верувам дека моделите кои со години се големи имиња во светот на модата беа незадоволни, бидејќи не е лесно да се видат помлади девојки како го заземаат твоето место. Освен тоа, Кајли Џенер не е модел, туку милијардерка која изградила бизнис во козметичката индустрија, па сигурна сум дека некои од ветераните помислиле: „Гледај си ја својата работа, девојко!“ - додаде изворот.

Според истите извори, ветераните како Кендис Сванепул и Елса Хоск не изгледаа особено ентузијастични за време на ревијата.

Сванепул го носеше својот „фантазиски градник“ во 2013 година, додека Елса Хоск ја имаше таа чест во 2018 година. Сепак, не се очекува моделите јавно да коментираат за наводното незадоволство.

- Овие жени се премногу паметни за да кажат било што. Тие знаат како функционира медиумскиот свет и се свесни дека Кајли ќе го привлече вниманието на јавноста кон брендот. Но, погледнете ги нивните лица, воопшто не изгледаа среќни - тврди изворот.

Тајниот договор на Крис Џенер

Креативниот директор на „Викторија Сикрет“, Адам Селман, објасни за списанието „Вог“ зошто Кајли Џенер е избрана да го носи луксузниот градник.

Според него, ријалити ѕвездата ги надминува границите на модата, културата, телевизијата и секое индивидуално поле.

- Токму тоа го правиме. Шоуто е голем настан, вистински спектакл и забава, и верувам дека таа е идеалната личност што може да придонесе за тоа. Таа изгради своја култура. Колку луѓе можат да го кажат тоа за себе? - рече Адам Селман.

Сепак, „Дејли меил“ наведува дека зад одлуката Кајли да го носи најскапото парче од шоуто може да стои бизнис договор од нејзината мајка Крис Џенер.

Според овој медиум, нејзината сестра Кендал Џенер, која всушност е модел, моментално има договор со конкурентскиот бренд за долна облека „Интимисми“. Кендал не соработувала со Victoria's Secret од 2018 година.

Очигледно, Крис Џенер, позната по својата вештина во склучување деловни зделки, ги информирала претставниците на Victoria's Secret дека Кајли е достапна како алтернатива на нејзината сестра.

- Кога Кајли пред неколку месеци дознала дека Victoria's Secret ја сака во шоуто, таа веднаш се согласила. Поканата била почестена. Нејзиното учество било добро и за промоција на нејзиниот бренд, бидејќи јасно ставила до знаење дека користи производи од Kylie Cosmetics на пистата, што ѝ овозможило да зборува за нејзината нова колекција Winter Kissed, рекол изворот.

Според истите тврдења, Крис Џенер била особено воодушевена што нејзината ќерка ќе носи дијамантски градник.

- Крис знае како да склучува зделки. Како да рекла: „Ако Кајли ќе учествува во шоуто, тогаш ова ќе биде нејзиниот момент да блесне како принцеза“, додаде изворот.

Се чини дека и Кендал ја поддржала својата сестра. Таа оставила коментар под објавата на Кајли на Инстаграм: „Прекрасна жена!!!“

Немаше никаква нервоза околу одењето рамо до рамо со професионални модели

Кога станува збор за тоа дали Кајли Џенер се чувствувала нервозно одејќи по пистата рамо до рамо со врвни модели, како што се Адријана Лима и Алесандра Амброзио, лице блиско до неа тврди дека тоа не е во нејзиниот карактер.

- Кајли беше многу самоуверена на пистата. Ако има нешто што го има во изобилство, тоа е самодовербата. Никогаш не се откажува, не ѝ е грижа што критичарите мислат за неа и прави што сака. На несигурноста гледа со потсмев и тоа воопшто не ја засега. Не се плаши од ништо во животот - изјавил изворот за Дејли Меил.

Како што додал, Кајли била свесна дека изгледа одлично и дека нејзиниот изглед ќе привлече многу внимание, поради што била возбудена.

- Ако во одреден момент изгледала нервозно, можеби тоа бил само минлив момент на трема на пистата. Вистината е дека има многу малку работи што можат да ја исплашат Кајли - заклучил изворот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Расте бројот на жртви во невремето во Шпанија

Бројот на жртви од бурата Адам и поплавите во Валенсија, Шпанија, се искачи на четири, откако  беа пријавени уште две жртви, соопштија локалните власти.

Расте бројот на жртви во невремето во Шпанија

Тие рекоа дека 450 лица се спасени од поплавената област, а спасувачките операции се спроведуваат во исклучително тешки услови поради срушени патишта и поплави.

Бурата донесе рекордни врнежи од дожд и поплави во регионот Леванте на Иберискиот Полуостров и Балеарските Острови, објави RTVE.

Врнежите од дожд во понеделник беа помеѓу 600 и 700 литри на квадратен метар на јужниот брег на Валенсија и северно Аликанте. Спасувачките екипи и службите за итни случаи остануваат распоредени во најтешко погодените области од невремето.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски: Продолжуваме да го унапредуваме здравството во интерес на граѓаните

Наш приоритет е обновување и унапредување на здравствениот систем. 

Мицкоски: Продолжуваме да го унапредуваме здравството во интерес на граѓаните

Со набавката на 100 нови амбулантни возила правиме значаен чекор кон побрзи и поефикасни интервенции, но продолжуваме да ги решаваме и останатите наследени проблеми.

Во периодот што следи, фокусот ќе биде на нови инвестиции во здравството, вклучително и Клиничката болница во Штип, Здравствениот дом со проширена дејност во Кичево и Клиничката болница во Тетово, проекти што се планира да се финансираат со поддршка на Светската банка и Европската инвестициска банка.

Со конкретни проекти и решавање на проблемите чекор по чекор, продолжуваме да го унапредуваме здравството во интерес на граѓаните, објави на ФБ премиерот Христијан Мицкоски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер