3Сали–Гетцова: Продлабочување на билатералната соработка и чешката поддршка за европската интеграција
3Македонецот Волкановски ја одбрани титулата Светски шампион- го нокаутира досега непоразениот Евлоев
КошаркаШејн Ларкин го напушта Ефес?Американскиот кошаркар со турски пасош, Шејн Ларкин лесно би можел да ја смени средината.Турскиот гигант Анадолу Ефес имаше катастрофална сезона во Евролигата и дома, а Шејн Ларкин беше повреден поголемиот дел од сезоната. Сега бројни кошаркарски инсајдери најавуваат потенцијална „бомба“. И покрај фактот дека му остануваат уште две години од договорот, постои можност Шејн Ларкин да го напушти Ефес ова лето! И тие шанси воопшто не се мали. Basketnews известува дека Хапоел Тел Авив, Барселона, Фенербахче, Реал Мадрид и Басконија бидно ја следат ситуацијата со извонредниот бек. Ларкин освои две Евролиги со Ефес, а има и три титули во турското првенство, а од 2023 година не освоиле ништо, а во сезоната по нас одигра само 12 натпревари поради повреда. Хапоел има силна карта наречена Василије Мициќ. Мициќ и Ларкин заедно му го донесоа на Ефес најголемиот успех во историјата на клубот, а друга силна карта се вика Офер Јанај. Богатиот Израелец не штеди пари за да ги донесе најдобрите можни играчи и ако седнат, постои голема шанса да го убеди Ларкин да се приклучи на друштвото на Димитрис Итудис.Тагови: Евролигата Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаШасивари на средба со претставникот на Катар: Унапредување на соработката во правосудствотоНа средбата, Шасивари ја истакна важноста од воспоставување директни контакти со Министерството за правда на Катар и неговите специјализирани институции.Министерот за правда, Јетон Шасивари, денеска оствари средба со вршителот на должноста во Амбасадата на Државата Катар, Рашид бин Саед Ал-Хајарин, на која се разговараше за можностите за продлабочување на билатералните односи и отворање ново поглавје во институционалната соработка во областа на правосудството. На средбата, Шасивари ја истакна важноста од воспоставување директни контакти со Министерството за правда на Катар и неговите специјализирани институции, со фокус на обуката на правните професионалци, борбата против корупцијата и финансискиот криминал, како и дигитализацијата на правосудниот систем. Односите меѓу нашата држава и Катар континуирано се развиваат. Политичките консултации одржани во Доха во јули 2026 година и потпишувањето на Меморандумот за соработка во областа на трудот во септември оваа година го потврдуваат потенцијалот за натамошно проширување на соработката. Во таа насока, министерот Шасивари изрази интерес за разгледување на можностите за техничка и финансиска поддршка за приоритетни проекти во рамките на реформите во правосудството, со цел соработката да се преточи во конкретни проекти и мерливи резултати. Добрите дипломатски односи создаваат можности, а институционалната соработка ги претвора во резултати. Министерството за правда има за цел односите со Катар да ги надминат рамките на дипломатскиот дијалог и да донесат конкретни придобивки за институциите и граѓаните на двете земји. Тагови: Јетон Шасивари Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаНова фекална канализациона мрежа во Пинтија Општина Кисела Вода ја финализираше изградбата на новиот крак од фекалната канализација на улицата „Саса“ во населбата Пинтија. Со овој инфраструктурен проект се надминува повеќегодишниот проблем на жителите од овој дел на општината, кои конечно добиваат соодветно и стандардизирано одведување на отпадните води. Изведена е нова фекална канализација во должина од 320 метри, при што се поставени 15 нови ревизиони шахти. Новата мрежа е директно поврзана со постоечката канализациска инфраструктура на улицата „Саса“. Се работи за проект финансиран од Општина Кисела Вода, додека дел од материјалите беа обезбедени во соработка со ЈП „Водовод и канализација“ - Скопје. -Реализацијата на овој проект е директен одговор на барањата на граѓаните од овој дел на Пинтија. Моето ветување до нив беше дека ова прашање ќе биде решено во најскоро време, и денес тоа ветување е реалност. Со изградбата на новата мрежа, го надминуваме овој комунален предизвик и обезбедуваме достоинствени услови за живот. Општина Кисела Вода продолжува со континуираните инвестиции во изградба и реконструкција на подземната инфраструктура во секое населено место- истакна градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска.Тагови: Пинтија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСали–Гетцова: Продлабочување на билатералната соработка и чешката поддршка за европската интеграцијаПрвиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, оствари средба со новоименуваната амбасадорка на Чешката Република во Северна Македонија, Н.Е. г-ѓа Ирена Гетцова.Министерот Сали ѝ посака добредојде на амбасадорката и успех во нејзината дипломатска мисија, изразувајќи подготвеност за унапредување на пријателските односи и соработката меѓу двете земји. На средбата се разговараше за билатералните односи и европската перспектива на Северна Македонија. Сали изрази благодарност за континуираната поддршка од Чешка за членството на земјата во Европската Унија, нагласувајќи ја важноста на партнерството со земјите членки во спроведувањето на реформите и зајакнувањето на институционалните капацитети. Внимание беше посветено на можностите за размена на чешките искуства од процесот на пристапување и користењето на европските фондови, како и на потенцијалот за проширување на економската, образовната и културната соработка. Министерството за европски прашања останува посветено на продлабочувањето на соработката со Чешката Република, во функција на унапредување на процесот на европска интеграција и остварување конкретни придобивки за граѓаните. Кабинет на министерот за европски прашањаТагови: Беким Сали Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВучиќ си оди: Студентската листа освои апсолутно мнозинство и самата ќе може да ја формира новата српска влада08:27Вучиќ призна пораз - објави дека СНС ќе има 105 пратеници, а студентската листа 135-14022:05Вучиќ го призна поразот- им честиташе на студентите и ги нарече „изведувачи на нечисти работи“ (ВИДЕО)21:34Заврши гласањето во Србија, се бројат гласовите: Полиција со оклопни возила и заштитни огради во центарот на Белград 20:59Избори во Србија: Незапаметени редици од рано наутро, излезноста над 61% до 17 часот18:20
Вучиќ си оди: Студентската листа освои апсолутно мнозинство и самата ќе може да ја формира новата српска влада08:27
Вучиќ го призна поразот- им честиташе на студентите и ги нарече „изведувачи на нечисти работи“ (ВИДЕО)21:34
Заврши гласањето во Србија, се бројат гласовите: Полиција со оклопни возила и заштитни огради во центарот на Белград 20:59