Тухел до ФИФА по мечот со Хрватска: Променете го правилото, нашиот посебен момент беше уништен - Канал 5

Тухел до ФИФА по мечот со Хрватска: Променете го правилото, нашиот посебен момент беше уништен

Селекторот на Англија, Германецот , Томас Тухел ја започна својата кампања на Светското првенство со победа од 4-2 над Хрватска, но германскиот менаџер е незадоволен од сцените што се случија пред натпреварот.

Тухел до ФИФА по  мечот со Хрватска: Променете го правилото, нашиот посебен момент беше уништен

Тој упати невообичаен повик до ФИФА да ги преиспита протоколите на стадионот откако, како што вели, фотографите „го уништија нашиот посебен момент“,објави „Гол“.

Тухел ја повика ФИФА итно да ги промени протоколите за натпреварите, тврдејќи дека огромниот број фотографи уништиле „многу посебен момент“.

Селекторот на Англија беше бесен дури и пред првиот свиреж кога се најде опкружен со сниматели за време на националните химни. Тухел, кој не ја пееше „Бог го чува кралот“, туку стоеше во тишина, беше бесен што не може да ги види своите играчи наредени на теренот. Снимките од стадионот го покажаа Германецот видливо фрустриран од близината на камерите, за кои сметаше дека му го попречуваат погледот кон неговиот тим на почетокот од нивното патување 23 Светски шампионат.

По победата, Тухел рече: „Морам да кажам нешто. Ја молам ФИФА да ја смени позицијата на фотографите за време на пеењето на националните химни бидејќи не можев да го видам мојот тим“, им рече тој на новинарите.

Тренерот јасно ја почувствува важноста на пригодата и беше повреден што немаше јасен поглед

. „Го чекав овој момент. Беше навистина посебен момент, а стоев пред ѕид од 50 фотографи, на половина метар од мене, и не можев да видам ниту еден играч. Тоа малку го расипа искуството. Беше многу емотивно. Кога бев млад и почнував да се занимавам со тренерска работа, не се осмелував да сонувам за ваква можност“, додаде тој.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Град Скопје: Вечерва се спроведува 13-тата дезинсекција против комарци во Скопје

Градот Скопје продолжува со системско и континуирано спроведување на мерките за сузбивање на комарците и заштита на јавното здравје.

Град Скопје: Вечерва се спроведува 13-тата дезинсекција против комарци во Скопје

Вечерва на подрачјето на градот Скопје ќе се спроведе 13-тата дезинсекција против комарци за оваа сезона, со теренски третман против возрасните форми на комарци.

Активностите продолжуваат и во наредните денови. Согласно издадените налози, на 20 август ќе се спроведе теренска дезинсекција против возрасни форми на комарци, на 21 август, во раните утрински часови, ќе се изврши авионска дезинсекција, додека во периодот од 23 до 26 август ќе се реализира терестична дезинсекција против возрасни форми на комарци.

Сите активности се спроведуваат согласно Годишната програма, законските обврски и Елаборатот изготвен од Центарот за јавно здравје – Скопје, одобрен од надлежните здравствени власти.

Во текот на сезоната досега се реализирани повеќе третмани за сузбивање и на ларвите и на возрасните форми на комарци.

Дезинсекција против ларви:

7 мај – авионска дезинсекција

11 јуни – авионска дезинсекција

26 јуни – теренска дезинсекција

10 јули – авионска дезинсекција

23 јули – теренска дезинсекција

11 август – теренска дезинсекција

Дезинсекција против возрасни форми на комарци:

1 и 2 јуни – авионска дезинсекција

18 и 20 јуни – теренска дезинсекција

27 и 28 јуни – авионска дезинсекција

13 и 15 јули – теренска дезинсекција

30 и 31 јули – авионска дезинсекција

4 и 6 август – теренска дезинсекција

До крајот на сезоната се планирани повеќе од 20 дезинсекции против комарци, со што се обезбедува континуирано спроведување на мерките согласно однапред утврдена динамика.

Градот Скопје продолжува навремено и системски да работи на намалување на бројноста на комарците и на заштита на колективното здравје и благосостојбата на граѓаните.

Град Скопје

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Најголем напад врз Москва од почетокот на 2024 година

Градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин, соопшти дека нападот со непријателски беспилотни летала врз руската престолнина синоќа бил најголем во последните две години од војната со Украина. 

Најголем напад врз Москва од почетокот на 2024 година

Руската државна новинска агенција ТАСС го цитираше Собјанин, кој изјави дека 620 беспилотни летала полетале кон Москва и московскиот регион во периодот меѓу понеделникот навечер и 5 часот наутро во вторник по локално време, како и дека 180 летала биле уништени во регионот на главниот град.

– Службите за итни случаи работат на местата каде што паднале остатоците – изјави градоначалникот на Москва. Пред овие воздушни напади, најголемиот напад на Украина со беспилотни летала врз Москва и околината се случи минатиот викенд, меѓу саботата навечер и 6:30 часот наутро во неделата, кога Собјанин објави дека 600 летала полетале кон главниот град, а 201 биле уништени во московскиот регион.

Веста за масовниот напад стигна откако Русија ја обвини Велика Британија дека „намерно одлучила да ја ескалира кризата во Украина“, откако беше потврдено дека во нападите врз цели во Русија биле користени беспилотни летала од британско производство.

- Со тоа, Обединетото Кралство дејствува како соучесник и соизвршител на крвави злосторства и терористички напади. Потезите на Лондон неизбежно ќе донесат последици за кои тој ќе мора да одговара – се наведува во соопштението на руската амбасада во Велика Британија, при што е упатено и дополнително предупредување дека „колку подлабоко (Лондон) е вклучен во конфликтот, толку поголема цена ќе плати“.

Лондон: Стоиме рамо до рамо со Украина Портпарол на британското Министерство за одбрана изјави за Би-би-си дека Велика Британија стои „рамо до рамо“ со Украина. - Русија не треба да се сомнева во решеноста на оваа влада да ѝ се спротивстави на руската агресија – како во Украина, така и против Велика Британија и нашите сојузници – рече портпаролот во својата изјава.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Почина Ведрана Рудан: Хрватската писателка ја загуби битката со ракот

Хрватската писателка Ведрана Рудан почина на 76-годишна возраст, објавија хрватските медиуми. 

Почина Ведрана Рудан: Хрватската писателка ја загуби битката со ракот

Тажната вест ја потврдиле извори блиски до писателката, откако на нејзиниот официјален профил на Фејсбук била објавена кратка, препознатлива порака од администраторот дека таа „се преселила на место без сигнал“.

На нејзината официјална страница на Фејсбук се појавила мистериозна објава: „Ведрана замина на место без сигнал.“

Се бореше со рак

Ведрана Рудан, хрватска писателка, новинарка, колумнистка и активистка, во почетокот на мај 2024 година објави дека боледува од рак.

„Мојот рак е ебено редок, се вика рак на жолчните канали, ми се чини. Не ја прочитав ниту отпусната листа, ниту типот, ниту прогнозите на интернет. Сепак, некаде прочитав дека од првите симптоми до смртта имаш дури три месеци за да го изневериш сопругот, да ги лишиш децата од наследство или љубовникот да го испратиш по ѓаволите. И не е некој рок. Само 5 отсто од среќниците можат да бидат оперирани. Јас сум меѓу нив“, напишала тогаш Рудан.

Таа навела и дека најпрво отишла во Света Недела на радиохирургија, каде што туморот бил третиран пред операцијата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер