Владина реконструкција во Јуни: Мицкоски ги „чешла“ министерските позиции - Канал 5

Владина реконструкција во Јуни: Мицкоски ги „чешла“ министерските позиции

Владина реконструкција во Јуни: Мицкоски ги „чешла“ министерските позиции
Владината реконструкција најверојатно ќе се случи во јуни- премиерот Мицкоски најави дека овој месец ќе ги прави внатрепартиските анализи . Follow Kanal5 on... • FB: https://smarturl.it/fb5 • IG: https://smarturl.it/Ig5 • ТТ: https://tinyurl.com/59kck7ap • Web: https://kanal5.com.mk/ © & ℗ Kanal5 & IN Media. All Rights Reserved

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски на трибина посветена на Органодарителството и значењето на трансплантацијата

Мицкоски ќе присуствува и свое обраќање ќе има на трибина посветена на органодарителството и значењето на трансплантацијата.

Мицкоски на трибина посветена на Органодарителството и значењето на трансплантацијата

Денес во 15:00 часот претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски ќе присуствува и свое обраќање ќе има на трибина посветена на органодарителството и значењето на трансплантацијата во амфитеатарот на Медицинскиот факултет во Скопје.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Собранието ќе избира член на Судскиот совет

Денеска Собранието  на РМ  треба да ја продолжи 104. седница на која на дневен ред се останати неколку точки.

Собранието ќе избира член на Судскиот совет

Пратениците треба да гласаат за Предлог за избор на член на Судскиот совет на Република Македонија што го избира Собранието. Комисијата за прашања на изборите и именувањата на пленумот му предлага изборот да биде извршен помеѓу Артим Ислами, дипломиран правник со положен правосуден испит од Струга и Феузи Џафери, дипломиран правник со положен правосуден испит од село Чајле, Гостивар.

На дневен ред се и Предлог на закон за соодветна и правична застапеност – Прво читање на предлог на Владата, како и Предлог на закон за соодветна и правична застапеност – Прво читање, предложен од пратениците Зијадин Села, Илире Даути и Елми Азири од Албанската Лига.

Пратениците треба да се изјаснат и за Предлог на закон за изменување на Законот за судовите, по скратена постапка, и за Предлог на кодекс за етичко однесување на пратениците во Собранието.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

САД и Иран постигнаа договор, Ормутскиот теснец ќе биде повторно отворен

Се наѕира ли крајот на војната на Блискиот Исток која со месеци ги тресе светските  пазари  .По бројните средби и договарања САД и Иран постигнаа договор, Ормутскиот теснец ќе биде повторно отворен.

САД и Иран постигнаа договор, Ормутскиот теснец ќе биде повторно отворен

И САД и Иран соопштија дека постигнале договор кој треба да стапи во сила во петок, додека целосниот текст сè уште не е објавен. Американскиот Претседател Трамп изјави дека САД ќе ја укинат поморската блокада врз иранските пристаништа и дека Ормутскиот теснец повторно ќе биде отворен за меѓународен сообраќај по потпишувањето на договорот.и покрај оптимистичните најави, двете страни изнесоа различни ставови за следните чекори.

Заменик-министерот за надворешни работи на иран изјави дека новите преговори ќе започнат откако САД ќе ослободат милијарди долари замрзнати ирански средства, а американски претставници, пак, го отфрлија ова тврдење.Во меѓувреме, израел сè уште официјално не го коментираше договорот. Израелските сили претходно оваа недела извршија воздушни напади во бејрут, а претседателот Трамп го критикуваше израелскиот премиер бенјамин нетанјаху, нарекувајќи го „многу тежок човек“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер