Шумската полиција со засилени акции: Запленети над 500 кубни метри дрвна маса и поднесени 140 пријави
Ѓорѓиевски: Средба со бордот на директори од ЕБОР - Скопје заслужува големи проекти и резултати што ќе го менуваат животот на граѓаните
1Шумската полиција со засилени акции: Запленети над 500 кубни метри дрвна маса и поднесени 140 пријави
2Ѓорѓиевски: Средба со бордот на директори од ЕБОР - Скопје заслужува големи проекти и резултати што ќе го менуваат животот на граѓаните
3Сојузот на борците од НОАВМ 1941-1945 од Тетово со иницијатива за забрана на здружението ХУТА Тетово
СветНовите царини на Трамп го брануваат светот, само за Србија нема царини од САД Новите американски царини што од полноќ стапија на сила за повеќе од 80 држави и трговски партнери предизвикаа бран реакции низ светот. Додека дел од земјите најавуваат интензивирање на преговорите со Вашингтон, американскиот претседател Доналд Трамп испрати нови остри пораки кон Европската Унија, обвинувајќи ја дека со години неправедно ги таргетира американските компании. Трамп ја обвини Европската Унија дека со казни кои се бројат во милијарди против технолошките гиганти Ејпл, Мета, Амазон и Гугул спроведува, како што рече, нелегална и дискриминаторска политика. Најави дека Брисел ќе плател „значителна цена“ и повторно се закани со високи царини за европските производи, нагласувајќи дека Соединетите Американски Држави повеќе нема да бидат, како што рече, „касичка за Европа“. -Во земјата влегуваат млијарди долари благодарение на царините. Мислам дека победата на изборите на 5 ноември имаше влијание, но, најповеќе мислам дека царините се главната причина поради која денес имаме 19,2 трилиони долари инвестиции во земјава. Без царините ќе бевме во сериозна неволја – изјави Трамп. Во регионот, најголемо внимание предизвика одлуката Србија привремено да биде изземена од американските царини. Српскиот претседател Александар Вучиќ соопшти дека, додека траат разговорите со Вашингтон, царините за српските производи ќе бидат нула проценти За разлика од повеќе од 80 земји погодени со новите мерки, Македонија не е опфатена со новиот пакет американски царини. Македонските производи ќе продолжат да се извезуваат според редовниот американски царински режим, а за голем број производи тоа значи царинска стапка од нула проценти. Земјава не е засегната од новите царини, што според економските оценки им овозможува на домашните извозници да ја задржат својата конкурентска позиција на американскиот пазар, но доколку мерката не потрае долго. -Индиректните ефекти би можеле да се почувствуваат и во македонската економија доколку трговската војна дополнително се продлабочи – изјави Миновски. Новите американски царини отворија ново поглавје во глобалните трговски односи, со различни последици и реакции кај погодените земји особено оние во ЕУ. Додека дел од државите веќе бараат решение преку преговори со Вашингтон, исходот од трговските тензии меѓу најголемите светски економии по одлуката на Трамп ќе остане важен фактор и за домашната економија.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаШумската полиција со засилени акции: Запленети над 500 кубни метри дрвна маса и поднесени 140 пријави Шумската полиција спроведе засилени акции против нелегалната сеча низ целата држава, при што во текот на септември и во почетокот на октомври беа запленети над 500 кубни метри нелегално исечена дрвна маса и поднесени 140 пријави.Привремено се одземени 13 товарни и 17 патнички возила, девет трактори, како и моторни пили, приколки, секири и други предмети употребени за незаконска сеча и превоз на дрва. Акциите се спроведуваат паралелно со секојдневните редовни контроли, со посебно внимание на подрачјата каде што поизразено дејствуваат организирани групи на дрвокрадци. Контролите се насочени и кон сузбивање на нелегалното снабдување со дрва на населението и на производствените капацитети, а со кои се нанесува значителна штета на шумскиот фонд. „Засилените акции ќе продолжат и во наредниот период, на целата територија на државата. Заштитата на шумите е јавен интерес и наша институционална одговорност. Шумската полиција ја има целосната поддршка на Министерството да постапува одлучно и доследно против незаконската сеча, транспортот и трговијата со дрва, во рамките на своите законски овластувања“, порачува министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Борче Серафимовски. Во пресрет на грејната сезона, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство апелира до граѓаните да купуваат огревно дрво само од лиценцирани продавачи и складови. Со набавката на дрва од легални извори активно се придонесува за спречување на нелегалната трговија и за заштита на шумите. Воедно, граѓаните се повикуваат да пријавуваат сомнежи за незаконска сеча, транспорт и продажба на дрва до Шумската полиција и другите надлежни органи.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМВР распиша меѓународна потерница по Ива Михаилова08:3930 дена притвор за Михаилова, распишана е и меѓународна централна потерница поради убиството на Дурмиши 16:32Бугарскиот амбасадор повикан во МНР - начинот на кој Михаилова била пречекана во Софија оценет за провокација15:00Од денеска парно – ниските температури порано ја почнаа грејната сезона08:50Ива Михаилова е во Бугарија, ама не се знае како заминала од Македонија18:00
30 дена притвор за Михаилова, распишана е и меѓународна централна потерница поради убиството на Дурмиши 16:32
Бугарскиот амбасадор повикан во МНР - начинот на кој Михаилова била пречекана во Софија оценет за провокација15:00
МакедонијаЃорѓиевски: Средба со бордот на директори од ЕБОР - Скопје заслужува големи проекти и резултати што ќе го менуваат животот на граѓанитеГрадоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска оствари средба со делегацијата на Бордот на директори на Европската банка за обнова и развој, со цел продлабочување на соработката за реализација на стратешките инвестиции.Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска оствари средба со делегацијата на Бордот на директори на Европската банка за обнова и развој, со цел продлабочување на соработката за реализација на стратешките инвестиции што му се потребни на нашиот град. На средбата се разговараше за неколку стратешки проекти кои Градот Скопје ги реализира со поддршка на ЕБОР, како проектот за воведување Брз автобуски превоз (БРТ) и проектот за изградба на пречистителна станица за отпадни води во Трубарево. - Мојата определба е цврста. Секој проект мора да решава вистински проблем, а секоја инвестиција да носи конкретна придобивка за скопјани. Посебен акцент ставивме на Брзиот автобуски превоз - БРТ. Веќе е започната постапката за претквалификација на изведувачи за Линија 1, а паралелно продолжуваат активностите за обезбедување стручна поддршка за реализација на проектот. Скопјани заслужуваат побрз, посигурен и поквалитетен јавен превоз. Помалку време во сообраќај, полесно пристигнување на работа и на училиште, помал метеж и почист воздух. Разговаравме и за пречистителната станица за отпадни води во Трубарево, инвестиција од огромно значење за заштитата на водите, животната средина и здравјето на граѓаните. За овие придобивки работам и на нив останувам целосно посветен. Тоа е одговорност и кон генерациите на кои ќе им го оставиме овој град – рече градоначалникот Ѓорѓиевски. Градоначалникот Ѓорѓиевски ја потврди и определбата за понатамошна соработка во модернизацијата на инфраструктурата, енергетската ефикасност и реализацијата на Зелениот акциски план за Скопје. - Довербата што ја добив од граѓаните е мојата најголема обврска. Ќе продолжам да ги придвижувам проектите и истрајно да работам до нивна реализација. Нашиот успех мора да се чувствува во секојдневието на скопјани. За Скопје што оди напред. За град на кој повторно ќе бидеме горди. Заедно продолжуваме да работиме на проекти што ќе остават трајна вредност за Скопје и неговите граѓани – истакна Ѓорѓиевски. На средбата, градоначалникот Ѓорѓиевски упати искрена благодарност до делегацијата, раководството и тимот на ЕБОР за посетата, долгогодишната поддршка и конструктивната соработка.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМВР распиша меѓународна потерница по Ива Михаилова08:3930 дена притвор за Михаилова, распишана е и меѓународна централна потерница поради убиството на Дурмиши 16:32Бугарскиот амбасадор повикан во МНР - начинот на кој Михаилова била пречекана во Софија оценет за провокација15:00Од денеска парно – ниските температури порано ја почнаа грејната сезона08:50Ива Михаилова е во Бугарија, ама не се знае како заминала од Македонија18:00
30 дена притвор за Михаилова, распишана е и меѓународна централна потерница поради убиството на Дурмиши 16:32
Бугарскиот амбасадор повикан во МНР - начинот на кој Михаилова била пречекана во Софија оценет за провокација15:00
МакедонијаСојузот на борците од НОАВМ 1941-1945 од Тетово со иницијатива за забрана на здружението ХУТА ТетовоСојузот на борците од НОАВМ 1941-1945 и граѓаните продолжувачи Тетово денес 14.10.2026 година до Јавното обвинителство поднесе Иницијатива за забрана на работа на организацијата Здружение за култура и заштита на духовно и културно наследство ХУТА.Сојузот на борците од НОАВМ 1941-1945 и граѓаните продолжувачи Тетово денес 14.10.2026 година до Јавното обвинителство поднесе Иницијатива за забрана на работа на организацијата Здружение за култура и заштита на духовно и културно наследство ХУТА Тетово, која работи и делува во Тетово и е сопственик на веб страна со домен: https://www.tetovamuzeuvirtual.org/, a на социјалната мрежа facebook е активна со своја официјална страна https://www.facebook.com/tetovomuseum именувана како Muzeu Virtual i Tetovës / Виртуелен Музеј на Тетово. Иницијативата ја поднесуваме врз основ на член 66 ст 1, а во врска со чл. 65.ст.1 од Законот за здруженија и фондации и бараме надлежниот јавен обвинител поради постоење на причини за забрана на работата на Здружението ХУТА да достави предлог за забрана на работењето на Здружението ХУТА до надлежниот Основен суд во Тетово. Законот за здруженија и фондации јасно определил ЗАБРАНА ЗА РАБОТА на организација ако: поттикнува агресија и разгорување на национална, расна или верска омраза и нетрпеливост, презема активности кои се спротивни на Уставот и законот, има програма, цели, дејности кои предизвикуваат нетрпеливост, нетолеранција, омраза, или се форма на поддршка, односно одобрување на фашизам, нацизам, национал-социјализам и Третиот – рајх. Здружението ХУТА во последната своја објава го оспорува значењето на државниот празник 11 Октовмри – Ден на востанието и го претставува во негативно светло, славејќи и величајќи ги окупаторите и нивните соработници, споделувајќи слика од озогласениот фашистички батаљон Љуботен како со карактеристичниот нацистички поздрав салутира на фашистот Гајур Дерала, а притоа го велича и злосторникот Џемо Хаса. Во многу нивни објави се врши историски ревизионизам, народно-ослободителната војна на македонскиот народ и народностите се негира, а за сметка на тоа се афирмира наследството на негативните личности како Џафер Сулејмани, Шаип Камбери, Гајур Дерала, Џемо Хаса, Роберто Паријани, и многу други фашисти. Постапувајќи на овој начин подолг временски период исполнети се условите за отпочнување на законска постапка за забрана за работа на ваквата организација. Нејзиното понатамошно постоење и функцинирање штети на уставно-правниот поредок, ги повредува чувствата, правата и слободите на граѓаните и создава непоправлива штета врз меѓуетничките односи кои се особено значајни и мора да се негуваат како посебна вредност на нашето општество. Македонија и Тетово мора да се развиваат растеретени од поединци, групи и организации кои свесно и намерно внесуваат немир, спроведуваат агенди и нео-фашистички политики кои покрај тоа што го прекршуваат законот имаат за цел да го фрагментираат општеството и вештачки да создаваат високо ниво на конфронтираност. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter