3Мицкоски на поставување камен-темелник за спортска сала и увид во градежни активности во Општина Карпош
3 Научниците тврдат дека погрешно ги сметаме кучешките години – Еве колку всушност е возрасно вашето куче
АвтомобилизамЛамборџини подготви специјална серија само за во Јапонија (ФОТО)Lamborghini слави 25 години присуство на јапонскиот пазар со презентација на специјален модел Revuelto Impavido. Дизајнот на автомобилот е инспириран од јапонскиот кодекс на честа познат како Bushido, а за годишнината ќе бидат произведени само 25 примероци. Инспирација од самурајскиот кодекс Името на специјалното издание, Impavido, на италијански значи „бестрашен“. Инспирацијата е Bushido, што се преведува како „патот на воинот“ и ја претставува животната филозофија на јапонскиот самурај. Така, Revuelto Impavido симболично станува воин на патиштата во Јапонија. Ламборџини појаснува дека референцата не се однесува на германскиот рапер со исто име, туку исклучиво на историскиот кодекс на честа. Ексклузивни визуелни детали Серијата е ограничена на 25 автомобили, секој со златна самурајска круна на предната страна. Купувачите можат да изберат од четири бои на каросеријата: светло зелена металик „Verde Campus“, светло сребрено-сива „Grigio Artis Lucido“, мат темно сива „Grigio Crater Matt“ или мат црвена „Rosso Pyra“. Дизајнот е комплетиран со мат златни детали на вратите, предниот дел и покривот. Златните елементи продолжуваат и во внатрешноста на возилото. Црните спортски седишта имаат мат златни детали, дополнително нагласувајќи го визуелниот идентитет на Impavido. Непроменета механика Lamborghini не ги промени техничките спецификации на својот најмоќен модел. Revuelto Impavido го задржува погонскиот склоп кој развива вкупно 1015 коњски сили. Се состои од 6,5-литарски V12 мотор и три електрични мотори. Забрзувањето од 0 до 100 км/ч трае 2,5 секунди, а максималната брзина надминува 350 км/ч. Сепак, сопствениците во Јапонија нема да можат да го искористат целиот потенцијал на автомобилот на јавните патишта. На автопатите во таа земја постои општо ограничување на брзината од 120 км/ч. Цената останува непозната Производителот сè уште не ја објавил цената за овој јубилејен модел. За споредба, почетната цена на стандардниот Revuelt во Германија е 502.180 евра.Тагови: јапонија Ламборџини Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСедма жртва на западнонилска треска, почина 66-годишен пациент од Гази Баба15:11Уапсени се три лица за перење пари, кривична за уште тројца и три фирми- проневериле над 2 милиони евра13:07Полициска акција и апсења за проневра од 210.000 евра за лажирани уплати во државни институции10:18Без вода делови од Центар08:16Мицкоски вели дека новото задолжување од 1.3 миларди евра е за враќање на долгови наследени од СДСМ 15:00
Уапсени се три лица за перење пари, кривична за уште тројца и три фирми- проневериле над 2 милиони евра13:07
Мицкоски вели дека новото задолжување од 1.3 миларди евра е за враќање на долгови наследени од СДСМ 15:00
МакедонијаФилипче: Македонија губи време, губи генерации – најскапото нешто„Македонија губи време, а со изгубеното време ги губи и генерациите. Најскапото нешто во еден човечки живот е токму изгубеното време“, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на свечениот настан по повод 35 години независност на Македонија, во Македонската филхармонија. Филипче посочи дека Македонија веќе предолго стои во место и дека додека соседите напредуваат на европскиот пат, државата губи драгоцено време и можности. „Албанија до крајот на 2025 година ги отвори сите 33 преговарачки поглавја, а во јули оваа година започна и со нивно затворање. Црна Гора до 14 јули имаше 18 привремено затворени поглавја. Македонија, која некогаш беше пред нив на европскиот пат, сè уште чека да го отвори првиот кластер. Тоа е факт од кој нема засолниште во патриотска реторика. Можете секој ден да објаснувате дека сте победиле со тоа што не сте направиле ништо. Граѓанинот на крајот ќе види кој се движи напред, а кој стои во место, или назадува“, потенцираше претседателот на СДСМ, Венко Филипче. Филипче нагласи дека времето поминато без суштински реформи и без напредок кон Европската Унија не е само политичка статистика, туку директна загуба за државата и нејзините граѓани. „Власта две години ја уверува јавноста дека ќе издејствува нови услови, нова формула, подобра преговарачка позиција. Европската позиција во јуни 2026 година остана недвосмислена. Во меѓувреме соседите отвораат и затвораат поглавја. Тоа не се само поглавја. Тоа се успешни и тешки реформи кои најчесто не се популарни. Тоа веќе не е дипломатска тактика. Тоа е изгубено време. Најскапото нешто во еден човечки живот. Македонија има потрошено премногу генерации на изгубено време“, рече Филипче. Претседателот на СДСМ порача дека европските интеграции се најголем државен интерес и дека за нив не се потребни декларации и политичка реторика, туку конкретни одлуки и работа. „Европските интеграции не му припаѓаат на СДСМ. Не му припаѓаат на ВМРО-ДПМНЕ. Не му припаѓаат на ниеден претседател, премиер или министер. Тоа е најголем државен интерес. Не е доволно тоа само реторички да се нагласува, а ништо да не се прави да се стаса до целта. Зад поглавјата стојат судови што треба да судат независно. Администрација што треба да му служи на граѓанинот. Почиста животна средина. Побезбедна храна. Подобри патишта. Поголема конкурентност на фирмите. Повеќе европски пари за училиштата, инфраструктурата, енергетиката и дигитализацијата. Тоа е наједноставната формула на европскиот процес. Реформа, резултат, средства, подобар живот“, потенцираше Филипче. Филипче порача дека Македонија нема повеќе време за нови одложувања и нови изгубени децении. „Последното големо поглавје сè уште не е завршено. Нашата генерација треба да ја заврши работата. Без нови изгубени децении. Без производство на предавници за секој тежок компромис. Без лажен патриотизам кој е најгласен пред камерите, а немоќен и кукавички кога треба да се донесе резултат. Без свечености со кои ќе си докажуваме колку сме успешни додека нашите деца го бараат успехот во други држави. Пред 35 години граѓаните ја избраа независноста. Нашата задача денес е таа независност да има содржина. Добар живот. Праведно општество. Функционална држава. Сигурна иднина. Европска Македонија. Така ќе му оддадеме почит на Киро Глигоров. Не само со филм. Туку со завршена работа“, рече Филипче. Тагови: Венко Филипче Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МетеоДенес сончево и топло со мала до умерена облачностВремето денес ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 27 до 34 степени.Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Максималната температура ќе достигне 33 степени.Тагови: УХМР Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМицкоски на поставување камен-темелник за спортска сала и увид во градежни активности во Општина КарпошПретседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски, ќе изврши увид во градежните активности за асфалтирање на улицата „Софиска“ во Општина Карпош.Потоа, предвидено е пешачење до ООУ „Братство“, каде што ќе се постави камен-темелник за изградба на нова спортска сала. По завршувањето на настанот, предвидена е изјава за медиумите.Тагови: Христијан Мицкоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter