СДСМ: Потрошувачката кошница 70.000 денари, минималната плата 26.000 денари - што вели статистиката на Мицкоски?
2СДСМ: Потрошувачката кошница 70.000 денари, минималната плата 26.000 денари - што вели статистиката на Мицкоски?
3Над 200 претставници на финансискиот сектор од 15 европски земји, доаѓаат во Скопје на третото издание на MicroBalkans 2026
СветИзраел нареди евакуација на десет градови и села во Либан: Напуштете ги домовите Израелската војска нареди итна евакуација на жителите на десет градови и села во Либан .Израелската војска нареди итна евакуација на жителите на десет градови и села во Либан поради обвинувања дека групата Хезболах, поддржана од Иран, го прекршила договорот за прекин на огнот, објави Скај њуз. Авичај Адраи, портпаролот на израелската војска, кој зборува арапски, изјави дека жителите треба да ги евакуираат градовите Машгара, Деир ал Захрани, ал Шаркија, ал Дувеир, Клаилех, Сахмер, Зибдин, Долна Набатија, Арап Салим и Кафр Џоз. „Мора веднаш да ги напуштите вашите домови и да се оддалечите од селата и градовите најмалку 1.000 метри од отворените области“, објави Адраи на социјалната мрежа X. „Секој што е во близина на членовите на Хезболах, нивните објекти и борбена опрема го става својот живот во опасност.“ Тензии и покрај прекинот на огнот Иако е во сила прекин на огнот меѓу проиранската милитантна група Хезболах и Израел, прекуграничните напади не престанаа, а повеќето жртви се пријавени на либанска страна. Едно од наводните барања на Техеран за можен договор со САД е прекин на непријателствата низ целиот регион, вклучително и Либан. Во неодамнешно интервју, д-р Хусеин Хаџ Хасан, истакнат политичар од Хезболах, зборуваше за војната на групата со Израел, преговорите на владата со соседната земја и идните планови на милитантите.Тагови: Израел Либан Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиШестмина се приведени за пораките дека во водата во Скопје е пронајдена бактерија08:42Канал 5 дознава: Шестмина се приведени за пораките дека во водата во Скопје е пронајдена бактерија18:00Прогласена епидемија на западно-нилска треска во пет скопски општини- почина 83 годишен пациент15:00Прогласена епидемија од западнонилска треска во Кисела Вода, Илинден, Гази Баба и Бутел12:31Августовски испитен рок за матура денеска и во петок, полагањето ќе биде во четири градови08:41
Канал 5 дознава: Шестмина се приведени за пораките дека во водата во Скопје е пронајдена бактерија18:00
МакедонијаФилипче: Додека премиерот е на екскурзија, јас решив да го посетам Ново СелоОваа година немав многу време за одмор.Одговор на претседателот на СДСМ Венко Филипче на прашањето на Канал 5 каде го минува летниот одмор. Оваа година немав многу време за одмор. Додека премиерот е на екскурзија, јас решив да го посетам Ново Село, таму каде што беа нападнати младите. Следната недела планирам да одам и во Гостивар, да видам како се луѓето. Последниот пат кога бев, состојбата беше многу лоша. Владата испрати само три цистерни вода за цел град. Во меѓувреме ќе се обидам да поминам неколку дена со моите, а потоа ме чека и работата во болница. Ако ви требаат информации за реалните проблеми на граѓаните, слободно. За туристички дестинации, подобро прашајте кај оние што летаат со државен авион. Поздрав, Венко ФилипчеТагови: Венко Филипче Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФудбалВидео: Меси се врати на фудбалот по смртта на татко му, дочекан со овации Еден од најдобрите фудбалери на светотот во историјата, аргентиснкиот волшебник Лионел Меси ја изненади целокупната фудбалска јавност и само 5 дсена по смртта на неговиот татко Хорхе се појавуви во тимот на Интер Мајами. Еден од најдобрите фудбалери на светотот во историјата, аргентиснкиот волшебник Лионел Меси ја изненади целокупната фудбалска јавност исамо 5 дсена по смртта на неговиот татко Хорхе се појавуви во тимот на Интер Мајами на синоќешниот дуел од Лига-купот против Леон, меч што неговиот тим сепак го загуби од мексиканскиот претставник на домашен терен со 2-3. Lionel Messi returned to the pitch this night in Inter Miami’s match against León. 👏🏻 Despite Messi’s return, Inter Miami suffered a 2-3 defeat. ❌ pic.twitter.com/bNP2Q24pmn — Pro_Foot HQ (@ProFoot_HQ) August 13, 2026 Меси се уште тагува по смртта на неговиот татко, а вчера објави писмо во кое најави дека сериозно размислува набрзо да ја заврши кариерата. Тој доби слободни денови од управата да остане со семејството се додека не се почувствува подготвен за камбек на терените, но никој не очекуваше тоа да се случи така брзо. Неговото излегување на теренот беше проследено со аплауз и воодушевување од публиката. Само неколку часа претходно, Меси објави емотивна порака посветена на својот татко на Инстаграм. Во неа, тој ја опиша длабоката болка од загубата и изрази сомнеж дали ќе може уште долго да игра фудбал.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗабаваПрстен вреден милион евра: Возач на Формула 1 филмски ја запроси девојката Возачот на Формула 1, Џорџ Расел се сврши со убавата Кармен Монтеро Мундт по шестгодишна врска, а вниманието го привлече раскошниот накит со огромна вредност.Летната пауза во Формула 1 донесе големи вести од приватниот живот на Џорџ Расел. Ѕвездата на „Мерцедес“ ја запроси својата долгогодишна девојка Кармен Монтеро Мундт, а посебно внимание привлече луксузниот веренички прстен, чија вредност се проценува на близу еден милион евра. Британскиот возач во Формула 1 за чинот на запросување избра романтичен амбиент покрај морето. Бели рози, свеќи и зајдисонце беа позадината на моментот кога Кармен се согласи да стане негова сопруга. Двојката ја сподели среќната вест и со своите следбеници на Инстаграм, користејќи едноставни симболи – прстен и бело срце. Сепак, набрзо потоа, прстенот стана една од главните теми на социјалните мрежи. Кармен покажа голем жолт дијамант со овален рез на својата рака, кој според проценките тежи меѓу осум и десет карати. Централниот камен е опкружен со помали бели дијаманти од двете страни. Повикувајќи се на стручни проценки објавени во германскиот весник „Билд“, порталот „Спортал“ наведува дека овој накит би можел да вреди околу 900.000 евра. Љубовната приказна меѓу Џорџ и Кармен трае веќе шест години. Тие се запознале во Лондон во 2020 година преку заеднички пријатели; интересно е што Кармен, наводно, во тоа време дури и не знаела со што се занимава Расел. Тој побарал нејзин телефонски број, ја поканил на вечера и сам го подготвил оброкот. На 18-годишна возраст, Кармен се преселила од Шпанија во Обединетото Кралство, каде што студирала бизнис-менаџмент и финансии на Универзитетот во Вестминстер, а своето образование го продолжила и во Женева.Тагови: Формула 1 Џорџ Расел Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиШестмина се приведени за пораките дека во водата во Скопје е пронајдена бактерија08:42Канал 5 дознава: Шестмина се приведени за пораките дека во водата во Скопје е пронајдена бактерија18:00Прогласена епидемија на западно-нилска треска во пет скопски општини- почина 83 годишен пациент15:00Прогласена епидемија од западнонилска треска во Кисела Вода, Илинден, Гази Баба и Бутел12:31Августовски испитен рок за матура денеска и во петок, полагањето ќе биде во четири градови08:41
Канал 5 дознава: Шестмина се приведени за пораките дека во водата во Скопје е пронајдена бактерија18:00