Димитриевски од Прилеп: Времето на изговори заврши, Македонија мора да се гради со работа, ред и одговорност - Канал 5

Димитриевски од Прилеп: Времето на изговори заврши, Македонија мора да се гради со работа, ред и одговорност

„Европска Македонија не се гради со празни ветувања, туку со дела што граѓаните ги чувствуваат во секојдневниот живот“ порача претседателот на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, Максим Димитриевски, од Прилеп.

Димитриевски од Прилеп: Времето на изговори заврши, Македонија мора да се гради со работа, ред и одговорност

„Европска Македонија не се гради со празни ветувања, туку со дела што граѓаните ги чувствуваат во секојдневниот живот“ порача претседателот на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, Максим Димитриевски, од Прилеп, каде продолжи караванот под мотото „Европска ЗНАМ, Европска иднина, Европска Македонија“.

Пред прилепчани, Димитриевски испрати јасна порака дека политиката мора да се врати на страната на граѓаните и дека довербата се гради само со одговорност и резултати.

„Граѓаните премногу долго слушаа ветувања, а премалку гледаа промени. Денес Македонија има потреба од политика која не бара изговори, туку презема одговорност и решава проблеми. Тоа е политиката на ЗНАМ, работа, ред и резултати“ истакна Димитриевски.

Тој посочи дека влегувањето на ЗНАМ во институциите не било само политичка одлука, туку преземање обврска пред граѓаните да се менуваат работите кои со години стоеле нерешени.

„Нашата цел не е да бидеме дел од системот заради функција. Нашата цел е системот да го направиме подобар за секој човек. Држава има смисла само ако граѓанинот ја чувствува, преку подобри услуги, правда, економски можности и сигурна иднина“ порача лидерот на ЗНАМ.

Во рамки на панел-дискусијата беа отворени теми од клучно значење за развојот на државата, реформите во правосудството, јакнењето на институциите, економскиот напредок и поддршката за земјоделците.

Потпретседателката на Движењето ЗНАМ, Весна Бендевска, зборуваше за значењето на владеењето на правото, демократските институции и современото законодавство како основа на европската иднина на Македонија.

Таа оцени дека блокирањето на новиот Изборен законик претставува обид да се спречат реформите и имплементацијата на препораките на ОБСЕ/ОДИХР, нагласувајќи дека Македонија не смее да биде заложник на теснопартиски интереси кога станува збор за европските стандарди и фер изборниот процес.

Потпретседателот на Движењето ЗНАМ и министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, Борче Серафимовски, ги претстави политиките за унапредување на земјоделството, подобрување на условите за производителите и развој на руралните средини.

Патот кон европска Македонија се гради со доверба, работа и заедничка визија. Караванот под мотото „Европска ЗНАМ, Европска иднина, Европска Македонија“ продолжува низ градовите, со една јасна порака, Македонија има иднина кога политиката е во служба на граѓаните,с е наведува во партиското соопштение.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лансирањето на ракетата „Артемис II“ предизвика пореметување во атмосферата на Земјата, тврдат научниците

Научниците од Националниот универзитет Ченг Кунг во Тајван тврдат дека лансирањето на ракетата „Артемис II“ предизвикало огромни нарушувања во атмосферата на Земјата што можеле да го нарушат GPS и другите комуникации.

Лансирањето на ракетата „Артемис II“ предизвика пореметување во атмосферата на Земјата, тврдат научниците

Тие велат дека мисијата „Артемис II“, која беше лансирана на 1 април 2026 година, за деветдневно патување околу Месечината, создала дупки во атмосферата на Земјата и предизвикала модулации на шок-акустични и гравитациски бранови, објави списанието „Скај ат Најт“.

„Горењето што го покачува апогејот предизвикало шок бранови и невидено големи нарушувања што се прошириле на 50 степени географска должина низ Северна Америка“, рекоа авторите на студијата.

Тие додадоа дека ова е прв пат една вселенска мисија да произведе три случаи на јоносферски нарушувања над истиот регион за време на последователни орбитални маневри. Фотографија: Танјуг/АП Фото/Крис О'Мира

Иако утврдиле дека самиот настан на лансирање на „Артемис II“ не предизвикал широко распространети прекини на GPS, тие забележале промени во јоносферата што потенцијално би можеле да предизвикаат проблеми за време на идните лансирања на ракети.

„Ваквите пречки би можеле да ги нарушат комуникациите на Земјата, на пример, со попречување на радио сигналите. Исто така, лансирањата на ракети би можеле да влијаат на други технологии на Земјата кои се потпираат на GPS за позиционирање, како што се автомобилите без возач и беспилотните летала“, се вели во студијата.

„Артемис II“ патуваше подалеку од Месечината од која било претходна мисија, користејќи ја гравитационата сила на Месечината за да се катапултира околу неа и да го започне своето враќање кон Земјата.

Ова беше првата мисија со екипаж на Месечината од програмата Аполо и беше клучна пресвртница во плановите на НАСА за воспоставување трајно човечко присуство на површината на Месечината.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во организација на грчката амбасада: Музички спој и традиција од целиот Медитеран пред полна сала во Скопје

Филхармонијата беше домаќин на музички спектакуларчен концерт насловен „Мозаико Медитерано“ на грчката лирска сопранистка Марија Костраки и ансамблот предводен од виолинистот Андонис Сусамоглу.

Во организација на грчката амбасада: Музички спој и традиција од целиот Медитеран пред полна сала во Скопје

Настанот во организација на Амбасадата на Грција понуди уникатен спој на медитерански музички традиции, со посебен фокус на творбите на познатиот композитор Манос Хаѕидакис.

Пред полната голема сала и покрај големиот интерес, концертот помина во преубава атмосфера, воодушевувајќи ја публиката која уживаше во врвните изведби...

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Зеленски се закани: Одговорот на Украина ќе создаде мотивација за мировните преговори

Украинскиот претседател Володимир Зеленски синоќа изјави дека, како одговор на руските напади врз енергетските објекти, Украина ги продолжува операциите против руската нафтена индустрија .

Зеленски се закани: Одговорот на Украина ќе создаде мотивација за мировните преговори

Украинскиот претседател Володимир Зеленски синоќа изјави дека, како одговор на руските напади врз енергетските објекти, Украина ги продолжува операциите против руската нафтена индустрија и дека понатамошните одговори, односно целите за напади со долг дострел, веќе се утврдени.

„Благодарен сум на секоја единица за нивната прецизност и на сите наши одбранбени и безбедносни сили на Украина за систематската природа на украинските напади со долг дострел. Операцијата против руската индустрија за рафинирање на нафта продолжува, како одговор на руските напади врз украинските енергетски објекти“, рече Зеленски во објава на Телеграм, пренесува Укринформ.

Зеленски додаде дека електраните, енергетските мрежи, снабдувањето со топлина, снабдувањето со вода и цивилната логистика на територијата на Украина се под постојани напади од руски беспилотни летала и ракети „Шахид“, и дека Русија не ја менува природата на своите агресивни активности и дека ги напуштила чекорите за деескалација за кои зборуваа партнерите и дека планира понатамошни напади.

Тој рече дека искуството од хуманитарната операција во градот Олешки, кој е под руска контрола, во југоисточна Украина, каде што кон крајот на октомври беше воспоставено локално примирје за неколку дена за хуманитарни активности, покажува дека ако рускиот претседател Владимир Путин одлучи да ја запре војната, може да дојде до смирување.

„Украина не треба да биде убедена дека е потребен мир што е можно поскоро. Ние го сакаме тоа. Русија треба да одлучи дека времето за војна е завршено. Нашите напади со долг дострел, нашите напади со среден дострел, како и целиот притисок од партнерите врз Русија поради оваа војна, тоа е она што создава мотивација за вистински преговори“, нагласи Зеленски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер