Утре жолто и портокалово ниво за опасност од високи температури

Македонија влегува во нов жежок бран.

Портокаловиот аларм од утре ќе биде вклучен во Скопската и Полошката котлина , а веќе од четврток на целата територија на земјата. Од УХМР најавуваат високи дневни температури од 32 до 40 степени, со стабилна и многу топла воздушна маса. Под вклијание на топлотниот бран кој доаѓа од северозапдот на африка ќе биде Целиот Балкански полуостров .

-Овој тренд на пораст на температурите ќе продолжи, така што според она што прогнозираме, односно според оние температури што ги прогнозираме за наредните денови целата наша територија ќе биде во портокалова фаза и тоа почнувајќи од четврток па до недела се очекуваат тие високи температури.- Ленче Ризова – синоптичар

Благ пад на температурите се очекува од почетокот на идната недела, а дотогаш од УХМР во соработка со Институтот за јавно здравје и Министерството за здравство ги најавуваат препораките за заштита на населението, според кои: бремените жени и лицата на возраст од 60 години се ослободуваат од работни обврски. Во градинките, децата не треба да се изнесуваат на отворено од 11 до 17 часот, а Црвениот крст и Центрите за социјални работи да им помагаат на постарите,болните и бедомните лица. Ќе важат и општите препораки како што се што се консумирање на лесна храна, поголемо внесување на течности, носење на лесна облека,

- Институтот за јавно здравје и Министерството за здравство ги информираме за постоење на такви температури и за овие фази за опасност од високи температури. Според материјалите најновите денеска со кои располагаме иако сеуште во понеделник ќе биде топло, меѓутоа ќе има промена на времето. Се очекува опаѓање на температурите според некои нумерички модели.- Ленче Ризова- синоптичар

Високите температури се и аларм за здравјето, особено за лицата со хронични болести, па лекарите апелираат навремено земање на терапијата. Зголемена е и појавата на труења и цревни заразни заболувања па лекарите препорачуваат задолжително миење на земјоделско – градинарските производи пред нив на употреба, термичка подготовка и комсумирање веднаш по подговката.

Шефот на израелската дипломатија го нарече турскиот претседател „воен злосторник“

Шефот на израелската дипломатија, Израел Кац, во објава на платформата „Х“ го нарече турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган „воен злосторник“.

Кац напиша дека Ердоган „ја објави својата поддршка за Хезболах против израелската закана. Ердоган е воен злосторник кој убива невини Курди долж сириската граница и се обидува да му го одземе правото на Израел на самоодбрана од терористичка организација која напаѓа од Либан по иранска наредба“.

Турскиот претседател денеска изрази солидарност со Либан поради зголемените тензии со Израел и ги повика и другите земји во регионот да го сторат истото, јави турската државна телевизија ТРТ Хабер.

Во својот говор Ердоган го нарече израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху „ментално болен“. /МИА

Баерн бара 40 милиони евра за Кимих

Баерн Минхен очекува 40 милиони евра за да се раздели со интернационалецот Џошуа Кимих на лето, тврди германскиот весник „Билд“. 

Договорот на Кимих со Баерн истекува за една година и тој потоа ќе може да го напушти клубот како слободен играч.

Развој на ситуацијата околу Кимих не се очекува пред крајот на Европското фудбалско првенство кое моментално се одржува во Германија, но интересот за него го задржуваат пет солидни европски селекции. На листата се англиски Арсенал, Ливерпул и Манчестер Сити, како и шпанските Барселона и Реал Мадрид.

Преговорите меѓу раководството на Баерн Минхен и Џошуа Кимих за можно продолжување на договорот исто така се одложени за по Евро 2024. Шефовите на клубот мора да донесат конечна одлука дали ќе се залагаат за продолжување на договорот или ќе го продадат играчот во тековниот преоден рок. /МИА

Борел: Курти постави три услови за средба со Вучиќ

Борел изјави дека денеска Косово не било подготвено за трилатерална средба и дека поставило три услови за тоа да се случи.

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жосеп Борел изјави дека денеска Косово не било подготвено за трилатерална средба и дека поставило три услови за тоа да се случи, а од друга страна Србија била подготвена за средбата, јави дописникот на МИА од Белград.

Борел на прес-конференција по билатералните средби со претседателот на Србија, Александар Вучиќ и со премиерот на Косово, Албин Курти, рече дека Курти побарал „формализација на основниот договор, да се отфрли писмото во кое поранешната премиерка на Србија, Ана Брнабиќ, кон средината на декември минатата година изрази резервираност кои се однесуваат на обврските кои произлегуваат од договорот за патот кон нормализација на односите со Република Косово, вклучително и анексот за спроведување и Милан Радоичиќ да им се предаде на правосудните органи во Приштина“.

-Србија не беше подготвена целосно да ги исполни барањата на Косово, повикувајќи се на уставните ограничувања, рече Борел. Тој додаде дека улогата на ЕУ е да им помогне и да ги поддржи страните во нивните напори во рамките на процесот на дијалог и дека останува посветена на тоа.

Во таа смисла, додаде тој, процесот ќе продолжи. Ќе продолжиме да работиме на тоа. Ќе бидеме домаќини на двајцата главни преговарачи во Брисел следната недела за да ги продолжиме разговорите и да овозможиме процесот да продолжи напред.

-И натаму веруваме дека тоа е во нивен интерес и во интерес на стремежот кон европските интеграции. Како Европска унија, ние сме подготвени да помогнеме на секој чекор од патот, изјави Борел за новинарите, пренесе РТС. /МИА

притисни ентер