Видео: Во Италија со црвена боја против фемицидот

Активисти за женски права денеска во знак на протест против фемицидот истурија црвена боја на Шпанските скали во Рим, симболично претставувајќи ја крвта на жртвите од насилство.

Членови на движењето „Запали се“ (Bruciamo tutto) истурија канти со црвена боја по една од главните туристички атракции во Рим и оставија отпечатоци од рацете.

Ова е симболично прикажување на крвта на сите луѓе кои беа убиени. Тоа повеќе нема да го прифатиме. Мора веднаш да престане, изјави еден од активистите пред да биде приведен од полицијата.

Активистите тврдат дека бојата која нема да предизвика трајно оштетување на Шпанските скали.

Националната канцеларија за статистика објави дека во 2023 година во Италија биле убиени 120 жени. Повеќе од половина од сторителите на кривични дела се партнери или поранешни партнери на жртвите, а во околу 20 проценти од случаите сторителите се роднини. /МИА

ДиАнџело Расел останува во Лејкерс

 Американскиот кошаркар Дианџело Расел реши да остане уште една сезона во Лејкерси и да инкасира речиси 19 милиони долари.

Иднината на американскиот бек во Лос Анџелес беше неизвесна и за време на зимскиот преоден рок, каде медиумите го селеа речиси насекаде во НБА. Сепак, по одличната регуларна сезона, негова втора најдобра откако дојде на најголемата кошаркарска сцена во светот, клубот од ЛА го задржа до крајот на натпреварувачката година, а сега, се чини, ќе остане уште подолго.

Иако Расел имаше неколку примамливи понуди, американскиот кошаркар ја искористи опцијата во договорот и остана уште една сезона во Лејкерси за 18,7 милиони долари.

Динаџело Расел минатата сезона одигра 76 натпревари каде имаше просек од 18 поени, шест асистенции и три скока. На 69 меча почна како стартер, додека имаше највисок процент на шут за три поени (41,5 отсто) во кариерата.

Тој пристигна во Лос Анџелес во февруари 2023 година од Минесота, каде што претходно помина три сезони./МИА

НОВИ ИЗНЕНАДУВАЊА ЗА ВРАБОТЕНИТЕ ВО СТОКОМАК И РЕГРЕС ОД 43.000 ДЕНАРИ!

Континуирано продолжуваме да бидеме посветени на нашата мисија - да вложуваме во нашиот кадар, нивниот развој и успех. 

Благодарение на нашите вработени кои се клучен и најважен ресурс, продолжуваме заеднички да градиме средина во која секој тим во нашата компанија би бил продуктивен, задоволен и вреднуван. Секој задоволен наш вработен придонесува кон остварување на нашата најглавна цел – задоволство кај нашите купувачи.

Ваш Стокомак! [💛]

„Гответе со Дракче“ - Енергетско смути

Во петок (28.06.2024) во емисијата гостин ни беше Алек Маневски.

Состојки за денешниот рецепт:

2 банани

200 гр. мешано шумско овошје

100 мл. бадемово млеко

20 гр. ореви

20 гр. бадеми

2 лажици чија семе

2 лажици мед

100 гр. пченка за пуканки

1 лажица сол

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

притисни ентер