Шефот на израелската дипломатија го нарече турскиот претседател „воен злосторник“

Шефот на израелската дипломатија, Израел Кац, во објава на платформата „Х“ го нарече турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган „воен злосторник“.

Кац напиша дека Ердоган „ја објави својата поддршка за Хезболах против израелската закана. Ердоган е воен злосторник кој убива невини Курди долж сириската граница и се обидува да му го одземе правото на Израел на самоодбрана од терористичка организација која напаѓа од Либан по иранска наредба“.

Турскиот претседател денеска изрази солидарност со Либан поради зголемените тензии со Израел и ги повика и другите земји во регионот да го сторат истото, јави турската државна телевизија ТРТ Хабер.

Во својот говор Ердоган го нарече израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху „ментално болен“. /МИА

Киев: Десетмина цивили ослободени од руски затвор како дел од 53-та размена на затвореници

Во рамки на 53-та размена на заробеници од руско заробеништво во четвртокот, ослободени се десет политички затвореници од Кремљ и незаконски осудени Украинци, соопшти денеска Координативниот штаб за третман на воени заробеници.

„Во Украина се вратени уште 10 цивили кои беа незаконски затворени на окупираните територии, особено на Крим, како и во Белорусија“, се наведува во соопштението за медиумите објавено на Фејсбук.

Меѓу ослободените се двајца свештеници на Украинската грчкокатоличка црква, Иван Левицки и Богдан Гелета, кои беа приведени од руските власти во Бердјанск во ноември 2022 година.

Украина успеа да го врати и заменик-претседателот на Меџлисот на кримските Татари, активистот и новинар Нариман Џелал. Руските безбедносни сили го уапсија на Крим во септември 2021 година и беше осуден на 17 години затвор.

„Олена Пјех, уметнички критичар и научен соработник во Музејот на уметност во Горловск, која окупаторите ја држат во затвор од 2018 година, се враќа дома. Друг политички затвореник, Валери Матјушенко, беше затворен од окупаторските сили во регионот на Доњецк во јули 2017 година, а подоцна беше незаконски затворен 10 години“, соопшти Координативниот штаб.

Украина успеа да врати и неколку цивили осудени во Белорусија.

Меѓу ослободените е и Никола Швец, кого белоруските власти го обвинуваат дека летал со руски воен авион А-50 за да открие радари со долг дострел на аеродромот во Мачулишчи.

Во соопштението за медиумите се вели дека ослободувањето на украинските цивили се случило со посредство на Ватикан.

„Вкупно 100 граѓани на Украина беа вратени дома во рамките на 53-та размена. Вкупно, 3.310 Украинци се веќе ослободени од руско заробеништво“, додаде Координативниот штаб. /МИА

Министерство за здравство на Хамас: Уште 69 лица починаа во Газа, вкупно 37.834

Министерството за здравство на Хамас, исламистичкото движење на власт во Појасот Газа, денеска соопшти дека во претходните 48 часа од израелските напади во таа област биле убиени 69 лица.

Од почетокот на израелскиот напад пред речиси девет месеци, во Појасот Газа загинаа вкупно 37.834 луѓе.

Министерството за здравство на Хамас соопшти дека во војната досега се ранети 86.858 луѓе. /МИА

Утре клучни избори во Франција, на анектите води партијата на Ле Пен

Во Франција заврши предизборната кампања, пред утрешните клучни парламентарни избори.

Според првите проекции, убедлива победа ќе извојува крајнодесничарската партија национален собир на чело со Марин Ле Пен.

Францускиот премиер Габриел Атал предупреди дека евентуална победа на Ле Пен ќе доведе до „омраза и агресија“, но резултатите од анкетите покажуваат дека партијата на Марин Ле Пен и 28-годишниот Џордан Баредела, кој би можел да биде нов премиер, цврсто ја држи водечката позиција.

Единствено прашање, како што покажуваат анкетите, е дали тој ќе добие апсолутно мнозинство во парламентот на изборите кои се одржуваат во два круга, утре и на 7 јули.

притисни ентер