3ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Филипче молчеа кога пропаѓаше Еуростандард банка a денес глумат загрижени за Алта банка
МакедонијаСветските метрополи со нови методи против загадувањето, може ли да се применат и кај нас?Има ли начин земјава да се справи со аерозгадувањето, проблем кој веќе трае со децении..Поволните временски услови деновиве само приврмено ја стивнаа темата со загадувањето на воздухот во Скопје. Иако се чини како да се диши полесно официјалните мерења сепак покажуваат дека денеска сме на 14 то место во светот по загаденост. Дел од светските метрополи воведуваат современи методи за намалување на загадувањето за да се тргнат од оваа листа на која остануваат градови до неразвиените земји како што се бангладеш пакситан авганистан и слично. Какви се мерки може да се применат за намалување на загадуавњето следат и нашите врвни научници од областа на метрологијата. Професорт Владо Спиридонов од институот за физика при Природно математичкиот факултет како главни причини за високото ниво на загадувањето ги смета тоа што Скопската котлина во зимскиот период е подложна на температурни инверзии кои спречуваат вертикалното движење и мешање на воздухот, што доведува до акумулација на загадувачки материи во слоевите на земјата. Според проф Спиридонов како мерки за намалување на загадувањето трба да се размилсува во правец на иновативни решенија. Многу важна алатка која треба да се развива е современ систем за прогноза и навремена најава од 7 до 10 дена на загадуавњето за да се носат превентивни мерки. Една од мерките која може да се примени е расчистувањето на маглата со помош на ЦЕ-О2, метода развиена пред 20 години во соработка со прод Норихико Фукута за која има бројни светски признанија и награди. „Контрола на аерозагадувањето во урбаните средини може да се воспостави и со примена на техниката за расчистување на магла. Постапката работи на принцип распрскување сосема мали количини течен CO2 во преладената магла и загадена средина, кој ја менува агрегатната состојба на маглата, иницира одредени термодинамички и микрофизички процеси во маглата, процес на хомогена нуклеација, раст на ледените кристали во текот на постапката, постепена дисперзија и таложење на покрупните кристали на земјината површина. Во услови на погуст и подебел слој на магла во скопското подрачје, кога температурата на средината е пониска од 0 °С, ефектот е поизразен. Притоа, со сосема мала количина на течен CO2 се расчистуваат големи пространства.“ Според проф Спиридонов треба да се следат и искуства како светските метрополи се справуваат со аерозагадувањето. Таму се практикуваат подигање на урбани градини и зелени површини, засадување на Ветрови-тунели , поставување на паметни системи за управување со сообраќајот и промоција на јавен превоз. Како пример посочи дека такви ветрови тунели може да се изведат од горното течение на варрдар кај Сарај па се до лисиче кои што значително ќе ја зголемат циркулацијата на воздухот а воедно и апсорпшцијата на штетните честички од воздухот а долгороќно треба да се планира Скопје да се шири само кон сверниот дел. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветТрамп го нападна Иран, гори островот Кешм во Ормускиот теснец ! Трамп го нападна Иран,американскиот претседател се заканува: „Ми треба само еден час за да ја освоам планината Пиук!“Американските сили извршија жестоки воздушни напади врз иранскиот остров Кешм во Ормускиот теснец – и сето тоа среде вжештена политичка атмосфера и избори во Соединетите Американски Држави! Според официјални извори, овој напад врз најголемиот остров во Персискиот Залив – инаку главното упориште на иранските ракетни фрлачи – претставува директен одговор на провокацијата и нападот на иранската Револуционерна гарда врз американски авион. Додека иранската државна агенција известува за серија моќни експлозии што синоќа го потресоа островот, првиот човек на Белата куќа, Доналд Трамп, во свој стил . „Финансиски ги осакативме, немаат ни пари ни гориво, а нивниот народ станува сè поуморен!“ – изјави Трамп, порачувајќи дека Белата куќа воопшто не брза, туку дека сите конци ги држи во свои раце. Сепак, она што им падна во очи на сите беше неговата скандалозна изјава во пресрет на конгресните избори, во момент кога тој се соочува со пад на поддршката и притисок да го стави крај на крвавиот конфликт што трае уште од февруари. Трамп ладнокрвно изјави дека САД „можеби ќе треба да одат на планината Пајк“ (локација поврзана со иранската нуклеарна програма), додавајќи дека тоа „не е ништо страшно“ и дека може да се изведе за – само еден час! 🇺🇸🇮🇷 Trump on Iran: "When was the last time we fired anything? This isn't a war. This is a very soft war": Speaking on the eve of the midterms, Trump said there has been no shooting for months. But hours before the interview aired, US forces reportedly struck Iranian air defenses on Qeshm Island in the Strait of Hormuz, after Iran fired a surface-to-air missile at a US jet. Trump also warned the US "might have to go after Pickaxe", Iran's suspected underground nuclear site, adding: "We can do that in, literally, one hour." How soft is a war with airstrikes? — Global Strategy (@World_At_War_6) November 3, 2026 Од друга страна, од Техеран пристигнуваат остри пораки. Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи, вели дека дипломатските разговори се во тек, но дека Иран е подготвен повеќе од кога било и за војна и за преговори, оставајќи ѝ на Америка да избере помеѓу „мудар пат“ и воена агресија.Тагови: Иран САД Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПродолжува судењето на Ѓоко РистовВо Кривичниот суд во Скопје продолжува судскиот процес против поранешниот апелациски судија Ѓоко Ристов.Тој е обвинет за противправно стекнување и прикривање имот, како и за перење пари. Во истрагата, во домот на неговите родители во неготино беа пронајдени 350 илјади евра, скриени во ѕид. Обвинителството тврди дека ристов лично ги сокрил парите и дека не може да го докаже нивното потекло. Во досегашната постапка беа презентирани материјални докази, телефонски комуникации и сведочења. На едно од претходните рочишта сведочеше и адвокатот Фехми Стафа, кој претходно беше осуден за поткуп.Тој негираше дека му предал пари на Ристов.Обвинетиот судија ја негира вината.Случајот го води судијката Билјана Коцевска, а обвинението го застапува Искра Хаџи Василева.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: СДС и Филипче молчеа кога пропаѓаше Еуростандард банка a денес глумат загрижени за Алта банкаЛицемерието на СДС и Венко Филипче повторно излегува на површина. Денес се обидуваат да отвораат прашања и да шират загриженост за Алта банка, а кога во нивно време пропадна Еуростандард банка, ги немаше никаде.Каде беа тогаш Филипче и СДС? Каде беше нивната загриженост за граѓаните, штедачите и сите оние кои претрпеа штета од пропаѓањето на банката? Јавноста се сеќава на Еуростандард банка, на сомнежите и прашањата за кредитирањето на фирми блиски до СДС и Заев, како и на повлекувањето на средствата од страна на тогашната министерка за финансии Нина Ангеловска, непосредно пред затворањето на банката. Нина Ангеловска, неколку дена пред да пропадне банката, си повлече од неа 250 илјади евра. Граѓаните знаат и за одлуките на тогашните институции и на начинот на кој беше одземена дозволата за работа на банката, без претходно да биде воведена друга форма на администрација. Затоа, денес СДС звучат премногу лицемерно. Не може СДС да глумат загриженост денес, а да се заборави начинот на владеење на СДС и прашањата кои останаа неодговорени од вчера. Банкарскиот систем не смее да биде предмет на политички манипулации, ниту пак институциите да се користат за партиски пресметки. Разликата е јасна, сега се бара одговорност и институционално постапување, а тогаш се посегнало по криминал. Двојните аршини на СДС нема да поминат. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПродолжува судењето на Ѓоко Ристов09:15Драматично пред затворените експозитури на „Алта банка“: Битолчани бараат да влезат внатре и да си ги земат парите15:00Уапсен Давор Мацура: Полицијата повеќе од 30 часа ја пребарувала банката11:39Вториот круг од вонредните локални избори во Општина Брвеница помина без инциденти10:38Мицкоски: Сите жители на Брвеница ќе ја имаат поддршката од Владата09:00
Драматично пред затворените експозитури на „Алта банка“: Битолчани бараат да влезат внатре и да си ги земат парите15:00