Кос: Постепената интеграција значи дека земјите кандидатки ќе се стекнат со одредени придобивки пред членството
2 Кос: Постепената интеграција значи дека земјите кандидатки ќе се стекнат со одредени придобивки пред членството
Ќерката на Брижит Макрон во врска со 20 години помлад студент – љубовната приказна потсетува на бракот на нејзината мајка
2Ќерката на Брижит Макрон во врска со 20 години помлад студент – љубовната приказна потсетува на бракот на нејзината мајка
СветМосква: Вонземјаните одговорија на нашите молбиВонземјаните полека, но сигурно работат на обезбедување оставка на британскиот премиер Кир Стармер, изјави специјалниот претставник на рускиот претседател за инвестиции и надворешна економска соработка, Кирил Дмитриев.„Пред два дена ги замолив вонземјаните да му помогнат на човештвото да обезбеди оставка на Стармер. Се чини дека вонземјаните работат на тоа полека, но сигурно“, напиша Дмитриев на социјалната мрежа „X“, коментирајќи го медиумскиот извештај за изјавата на лидерката на Конзервативната партија, Камил Бејднок. Во статијата, Бејднок тврди дека британските вооружени сили ја изгубиле довербата во премиерот. Според неа, времето на Стармер истече. Претходно, Дмитриев ги повика вонземјаните да помогнат да се убеди британскиот премиер да поднесе оставка. Според него, на Стармер треба да му се каже што луѓето мислат за него и да му се даде до знаење дека со неговата оставка може да ѝ даде надеж на западната цивилизација. Извор: Б92Тагови: Кир Стармер москва Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВештакот Горан Марковски: Инспекторот можел и морал да дејствува „Пулс“ да биде затворенВо судницата во Идризово продолжи судењето за пожарот во кочанската дискотека Пулс.Одговарајќи на прашања на обвинетите, вештакот и професор Горан Марковски кажа дека пренамената, реорганизацијата на просторот, промените на електричната, водоводната и на канализациската инсталација и вградувањето несоодветни материјали непосредно влијаеле врз исполнување на основните барања за безбедност на дискотеката „Пулс“ . Професорот посочи дека во согласност со законот за градењето, надлежните органи морале да реагираат на незаконските зафати, но таква реакција изостанала сè до 16 и 18 март 2025 година кога првпат биле изготвени записници од инспекциски надзор за веќе опожарениот објект. На прашање на обвинетите Марковски рече дека градежниот инспектор имал право и обврска да побара објектот да се врати во првобитна состојба бидејќи немало проектна документација, немало одобрение од општината и дека објектот бил користен како дискотека, што носи висок ризик за безбедноста на посетителите. На паузата од рочиштето родителите на загинатите со емотивни пораки побараа одговорност и целосно расветлување на институционалните пропусти. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Европа Кос: Постепената интеграција значи дека земјите кандидатки ќе се стекнат со одредени придобивки пред членствотоНе прифаќајте го наративот дека Европската Унија е пропаднат проект. По студениот туш од Исланд, кој пред три дена на референдум ја отфрли можноста да се врати на европскиот пат, еврокомесарката за проширување Марта Кос уверува дека Унијата е најмоќниот глобален политички проект. Во пресрет на 30-ти септември, кога Брисел треба да ја усвои новата стратегија за проширување, Кос од панел на Бледскиот Форум во Словенија објасни која е клучната цел на документот кој предвидува постепена интеграција, построги проверки на земјите кандидатки и нова методологија. -Постепената интеграција значи дека земјите кандидатки ќе се стекнат со одредени придобивки како да се членки, пред да станат земји членки. Денеска треба да имплементирате 100 проценти за да станете членка. Имаме делови како СЕПА И како роаминигот, со кои им овозможуваме да ни се приклучат порано. Можностите се многу поголеми. , изјави Марта Кос, еврокомесарка за проширување. Кос на панелот ја отфрли можноста неколку земји членки од Западен Балкан одеднаш да влезат во Унијата, посочувајќи дека процесот се заснова на заслуги. Ги повика земјите од регионот да ги остават сенките од минатото и да се посветат на иднината. -Западниот Балкан е полн со отворени рани. Понекогаш политичарите наместо да користат бетантен крема за да ги залечат раните, тие ставаат сол, повторно и повторно и повторно за да ги отворат раните. Ве молам не прифаќајте го наративот дека ЕУ е изгубен случај. Toa e најдобриот политички проект што некогаш сме го имале во светот. Секако дека имаме проблеми, дека некогаш сме бирократи. , рече Кос А, токму забелешка дека Брисел проширувањето повеќе го гледа низ бирокатска, наместо низ стратешка логика, синоќа на Бледскиот форум упати и министерот Муцунски. -Вистинска пресвртница би било неколку земји од регионот да станат членки на Европската Унија. Тоа би било доказ дека термините ‘моментум’ и ‘прозорец на можности’, кои ги слушаме веќе неколку години, конечно се целосно разбрани и сфатени. Нашето единствено барање е европската интеграција да се гледа како модел за трансформација на институциите, а не како обид да се трансформира нашиот идентитет. , вели Муцунски. Европските медиуми денеска објавија дека 11 земји членки, меѓу кои и Германија и Франција, побарале да се стави крај на опструктивните вета, односно преоѓање од едногласно во гласање со квалификувано мнозинство во надворешната политика. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаКитановиќ ја избриша објавата за Младиќ и се извини, оставка не поднесуваКитановиќ се извини и ја повлече објавата, Мицкоски не гледа простор за негова одговорност или разрешување од функцијата. Откако Директорот на агенцијата за остварување на правата на заедниците Далибор Китановиќ се извини и ја повлече објавата во која го величаше осудениот воен злосторник Ратко Младиќ, премиерот Мицкоски не гледа простор за негова одговорност или разрешување од функцијата. Смета дека Китановиќ сватил дека погрешил и го избришал статусот и дека станува збор за индивидувален став, спотивен од владината позиција. „Мислам дека сега не треба да го распнуваме за нешто и да бараме кривична одговорност за нешто за што самиот сфатил дека погрешил, се извини и го повлекол својот став. Владата е демократска, има своја дебата во рамките на коалицијата и кога ќе се донесе став за одредено прашање, сите чинители на Владата треба тој став да го следат“– Христијан Мицкоски, претседател на влада Во меѓувреме од Бошњачкиот демократски сојуз поднесоа кривична пријава против Далибор Китановиќ. Сметаат дека воените злосторства не смеат да бидат предмет на глорификација и дека е недозволиво носител на јавна функција со своите постапки и јавни пораки да ги релативизира воените злосторства и да го навредува достоинството на жртвите. Од опозициската СДСМ пак бараат оставки од Китановиќ и Стоилковиќ и сметаат дека тоа што владата не бара нивна одговорност значи дека ги поддржуваат ваквите ставови. -Далибор Китановиќ како Директор на Агенцијата за правата на заедниците објавува пофалби за човек кој спроведувал етничко чистење на заедниците. Без оставки на Стоилковиќ и Китановиќ значи дека останале на истиот став дека Младиќ е нивен генерал. А со тоа и Мицкоски, како нивен шеф, потврди дека Младиќ е и негов генерал, наведуваат од СДСМ. Претходно од Владата го повика Китановиќ да го повлече ставот од социјалните мрежи изнесен за Ратко Младиќ или да си поднесе оставка, по што првиот човек на Агенцијата за остварување на правата на заедниците ја повлече објавата им се извини на премиерот и членовите на Владата и порача дека никогаш немал намера да навреди или понижи припадник на кој било народ, вера или етничка заедница. Јавно изнесениот став на Китановиќ наиде на осуда и од владеачката Вреди. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook