Филмски грабеж во Куманово: Газдата на молитва во џамија, крадците му ја испразнија златарницата (ВИДЕО)
1Филмски грабеж во Куманово: Газдата на молитва во џамија, крадците му ја испразнија златарницата (ВИДЕО)
3„SpaceX“ ќе испрати милион сателити за вештачка интелигенција во вселената – Научниците се вознемирени
ЕвропаСтотици илјади на денешните протести во Франција, дел од јавниот сектор штрајкува (ВИДЕО)Во Париз и Лион, некои демонстранти денес се судрија со полицијата за време на претежно мирните протести одржани низ целата земја и еднодневниот штрајк на некои вработени во јавниот сектор.Во Париз и Лион, некои демонстранти денес се судрија со полицијата за време на претежно мирните протести одржани низ целата земја и еднодневниот штрајк на некои вработени во јавниот сектор, што претставува нов предизвик за претседателот Емануел Макрон. Најновите протести следеа по серија демонстрации поради трошоците за живот, јавните услуги и лошата состојба на образованието, кои се претворија во најлошите граѓански немири во Франција во последните години. Colère sociale: "près de 1,6 million" de manifestants en France dont 350.000 à Paris, selon la CGT. Pour le ministère de l'Intérieur, ce sont près de 600.000 personnes, Paris compris, lors de la journée de mobilisation pour les salaires et le pouvoir d'achat https://t.co/DsABbBLALd — BFM (@BFMTV) November 5, 2026 Министерството за внатрешни работи објави дека досега 270.000 луѓе учествувале во протестите низ целата земја, не вклучувајќи го Париз, каде што главниот протест започна попладне. „Тоа е само почеток“, рече Софи Бине од синдикатот CGT. Emmanuel Macron, Marine Le Pen... Des personnalités représentées sur des bâtiments publics en feu dans le cortège parisien @BranchtMaxime https://t.co/eWxw1GWjzd — BFM (@BFMTV) November 5, 2026 Судири во Париз и Лион На самиот почеток во Париз имаше празнична атмосфера, додека разновидна група учесници ја пееја Марсељезата, а на улиците беа видени возила слични на оние од карневалските поворки. Manifestations du 5 novembre: Raphaël Glucksmann quitte le cortège parisien https://t.co/Mg2VtRDgP1 — BFM (@BFMTV) November 5, 2026 Поради еднодневниот штрајк, на кој му се придружија некои работници од енергетскиот сектор и наставници, Ајфеловата кула беше затворена, но немаше поголеми тешкотии во сообраќајот. Сепак, приближно два часа по почетокот, некои од луѓето на чело на колоната се судрија со полицијата, која употреби солзавец. Des individus ont mis le feu au lycée Françoise de Tournefeuille, mettant en danger les élèves et les personnels. L’établissement a dû être évacué. Ce comportement criminel est absolument scandaleux. J’adresse tout mon soutien à la proviseure, aux personnels, aux élèves et à leurs familles. Je remercie les sapeurs-pompiers et les forces de l’ordre pour leur intervention, qui a permis de limiter les dégâts. Cet incendie volontaire aurait pu avoir des conséquences humaines dramatiques. Je le condamne avec la plus grande fermeté et appelle chacun à le condamner sans la moindre ambiguïté : aucune revendication ne peut servir d’excuse ou de paravent à des criminels. Les auteurs répondront de leurs actes devant la justice. — Édouard Geffray (@EdouardGeffray) November 5, 2026 Немири во Лион и Рен Во Лион, полицијата за немири употреби солзавец и тргна во акција против група демонстранти. Некои од нив, облечени во црно и со покриени лица, извикуваа антиполициски пароли. Министерството за внатрешни работи соопшти дека луѓе што фрлале пиротехнички средства запалиле пожар во средно училиште надвор од Тулуз во четврток наутро, принудувајќи ги учениците и персоналот да ја напуштат зградата додека пожарникарите го гаснат пожарот. „Овој вид криминално однесување е апсолутен скандал“, рече министерот за образование Едуар Жефри на X. Штрајкот во четврток наутро резултираше со намалување на производството на електрична енергија во нуклеарните централи во Франција, а Министерството за образование објави дека учествувале нешто повеќе од 15 проценти од наставниците.Тагови: протести Франција Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаФилмски грабеж во Куманово: Газдата на молитва во џамија, крадците му ја испразнија златарницата (ВИДЕО)Четири маскирани лица денеска ограбиле златарница на улицата „11 Октомври“ во Куманово, од каде го украле речиси целиот златен накит.На видеоснимката од безбедносните камери, објавена на Фејсбук-страницата на телевизијата Алсат, се гледа како маскираните лица упаѓаат во дуќанот со скала, а потоа со огрмона брзина го крадат накитот од витрините. За само неколку минути, четворицата излегуваат од златарницата со торба полна со накит и исчезнуваат. Алсат објави снимка од грабежот, направена од надзорните камери. View this post on Instagram A post shared by Televizioni Alsat (@alsat.mk) За тоа време, според локалните медиуми , сопственикот бил на петочна молитва во џамија. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаПортугалскиот парламент му наложи на јавниот сервис повторно да емитува борби со биковиБорбите со бикови ќе се вратат на португалскиот јавен сервис, „RTP“, во 2027 година, по шестгодишна пауза.Португалскиот парламент го усвои предлогот на крајно десничарската партија „Chega“, со кој се задолжува јавниот сервис да емитува борби со бикови. Одлуката предизвика остри критики, а повеќе од 86.000 луѓе потпишаа петиција против задолжителното емитување. Предлогот беше усвоен за време на гласањето за одредени одредби од државниот буџет за 2027 година. Тој беше поддржан од централно-десничарската Социјалдемократска партија (PSD), конзервативната „CDS-PP“ и крајно десничарската партија „Chega“. Социјалистичката партија (PS) првично беше воздржана, но на подоцнежна пленарна седница гласаше против оваа мерка, придружувајќи им се на другите опозициски партии. Според усвоениот предлог, борбите со бикови ќе се емитуваат како дел од културното наследство на Португалија. „RTP“ ќе ја задржи надлежноста да одлучува кои борби со бикови ќе се емитуваат, како и на кои канали и во кои термини ќе се врши преносот. Мерката мора да се спроведе без дополнителни трошоци за државниот буџет, а „RTP“ е обврзан до 31 јануари 2028 година да достави извештај до парламентот, во кој ќе бидат наведени емитуваните борби со бикови и податоци за нивната гледаност, пренесува „Euronews“.Тагови: бикови Португалија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаМаж уапсен на холандски аеродром откако во багажот скрил 26 загрозени желкиМинатата недела, холандските власти на аеродромот „Схипхол“ запленија 26 желки од загрозениот вид Валарта, соопшти денеска Холандската управа за безбедност на храна и потрошувачки производи (NVWA).Ова е еден од најмалите видови желки во светот. Тие биле донесени од Мексико, каде што во дивината преостанале само околу 300 единки. Според „NVWA“, желките биле скриени во чекираниот багаж на маж кој патувал за Хонгконг. Мажот е уапсен, а истрагата е во тек. Желки завиткани во селотејп Повеќето од желките биле завиткани во селотејп за да се оневозможи нивното движење, а потоа биле ставени во кутија. Други биле скриени во чорапи. Од „NVWA“ потврдија дека сите желки преживеале и се пренесени во специјализиран центар за спасување животни. Цената на црниот пазар за една желка од видот Валарта може да достигне и до 30.000 долари, објави минатиот месец организацијата „Центар за биолошка разновидност“ со седиште во САД. Организацијата, исто така, ја повика мексиканската влада да преземе построги мерки за заштита на овие животни.Тагови: желки Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВо Охрид состанокот на лидерите во рамките на Процесот Брдо-Бриони15:14Осум лица се хоспитализирани во Општата болница во Охрид по пожарот во стан на улицата „Гоце Делчев“08:31Пратенички прашања во Собранието, опозицијата со жестоки критики15:00Гордана Сиљановска Давкова утре во Охрид ќе биде домаќин на Процесот Брдо-Бриони, се очекуваат сите регионални претседатели на држави11:00Декларација по Самитот ЕУ – Западен Балкан: Преспанскиот договор и договорот со Бугарија да се почитуваат во добра волја08:39
Осум лица се хоспитализирани во Општата болница во Охрид по пожарот во стан на улицата „Гоце Делчев“08:31
Гордана Сиљановска Давкова утре во Охрид ќе биде домаќин на Процесот Брдо-Бриони, се очекуваат сите регионални претседатели на држави11:00
Декларација по Самитот ЕУ – Западен Балкан: Преспанскиот договор и договорот со Бугарија да се почитуваат во добра волја08:39