Нов масовен протест во Франција – се очекуваат повеќе од половина милион луѓе - Канал 5

Нов масовен протест во Франција – се очекуваат повеќе од половина милион луѓе

Стотици илјади граѓани се очекува да излезат на денешните протести низ Франција, додека вработените во јавниот сектор најавија штрајк поради високите трошоци за живот, состојбата во јавните служби и образованието..

Нов масовен протест во Франција – се очекуваат повеќе од половина милион луѓе

Француските власти распоредија околу 70.000 полицајци за да спречат повторување на насилните немири од минатиот месец, пренесуваат светските медиуми.. Според проценките на француските разузнавачки служби, само надвор од париз на демонстрациите би можеле да учествуваат меѓу 500.000 и 700.000 луѓе.. Властите стравуваат од повторување на настаните од 17-ти октомври, кога за време на немирите беа ограбени и оштетени продавници и јавни објекти низ земјата.

Ќе бидат уште еден тест за претседателот на земјата, Емануел Макрон, по неделите немири што ја потресоа неговата влада и ја обележаа политичката сцена пет месеци пред претседателските избори..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Тоа е навреда за мојата култура“ – италијански шеф добил отказ поради пица (ВИДЕО)

Една состојка на пицата беше доволна за да предизвика сериозен конфликт помеѓу италијански готвач и неговиот работодавач, што заврши со негово отпуштање, како и компликации во врска со неговата дозвола за престој. 

„Тоа е навреда за мојата култура“ – италијански шеф добил отказ поради пица (ВИДЕО)

Невообичаен случај се случи во Австралија, каде што готвачот одби да го исполни барањето на гостин, верувајќи дека тоа ќе ја навреди сопствената култура.

Според грчкиот весник „Иефимерида“, италијанскиот готвач Давиде Тамбурела работел како главен готвач во ресторанот „Ла Коста“ во австралискиот град Бризбејн. Ресторанот се претставуваше како место кое им нуди на гостите автентично искуство со италијанската кујна, но прашањето за автентичност стана причина за конфликтот.

Вкусот беше јаболка на раздорот

Проблемот се појави кога еден гостин побара пица со шунка и ананас, комбинација која е многу популарна во некои делови од светот, но која многу Италијанци ја сметаат за неприфатлива.

Тамбурела одби да подготви таква пица, тврдејќи дека додавањето ананас е навреда за неговата култура.

Сепак, ова не беше изолиран случај. За време на постапката пред Австралиската комисија за фер работа, беше утврдено дека готвачот три пати одбил да изврши таква нарачка.

Неговиот работодавач, Елиот Инграм, го сметал тоа за деловна одлука и обврска кон гостите.

Всушност, ресторанот организирал голема прослава, чија вредност надминала 15.000 австралиски долари, а гостинот кој плаќал за настанот посебно побарал пици со шунка и ананас да бидат меѓу јадењата што се служат.

Инграм објаснил дека самиот тој не е посебен обожавател на комбинацијата, но дека во текот на 17-годишната работа во угостителската индустрија научил да не се кара за секое барање на гостин.

Додаде дека ресторанот претходно имал пица со ананас дури и во детското мени.

Тамбурела, сепак, стоел зад својот став и му рекол на работодавачот дека треба да истражи колку е важно Италијанците да не ставаат ананас на пицата.

Готвачот бил отпуштен на 20 мај, откако бил повикан на преглед на учинокот.

Отпуштањето го чинело повеќе од работата

Тамбурела бил во процес на добивање австралиска виза од категорија 186, која овозможува постојан престој со поддршка од работодавач, повеќе од три години. Инграм рече дека чекал колку што дозволува законот пред да пријави кај властите дека готвачот повеќе не работи во ресторанот, надевајќи се дека во меѓувреме ќе му биде одобрена визата.

Сепак, тоа не се случило. По прекинувањето на работниот однос и повлекувањето на поддршката од неговиот работодавач, Тамбурела морал да го започне процесот одново.

Италијанскиот готвач се обидел да го оспори отпуштањето пред Австралиската комисија за фер работа, но неговата жалба била одбиена бидејќи била поднесена по законскиот рок.

Приказната добила друг необичен пресврт. Ресторанот „Ла Коста“ оттогаш е затворен, додека Тамбурела нашол нова работа во друг италијански ресторан. А таму, според грчкиот портал, во менито нема пица со ананас.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Утре променливо облачно време со сончеви периоди и температура до 18 степени

Утре времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, соопштуваат од УХМР.

Утре променливо облачно време со сончеви периоди и температура до 18 степени

МАКСИМАЛНА ТЕМПЕРАТУРА

2 Попова Шапка, 6 Крушево, Маврови Анови, 8 Берово, 10 Виница, Прилеп, Лазарополе, 11 Битола, Тетово, Претор, 12 Крива Паланка, Скопје – Зајчев Рид, Штип, 13 Скопје – Петровец, Кавадарци, Демир Капија, 14 Охрид, Струмица, Велес, 14 Гевгелија.

КОЛИЧИНА НА ВРНЕЖИ за изминатите 9 часа во (l/m2)

1 Виница.

ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА И ДО КРАЈОТ НА ДЕНОТ

Времето денес беше претежно облачно, во источните делови имаше слаб дожд. Дуваше слаб до умерен ветер од северен правец. До крајот на денот ќе се задржи променливо облачно време. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

ВРЕМЕТО УТРЕ

Променливо облачно со сончеви периоди. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 8, а максималната ќе достигне од 12 до 18 степени.

Во Скопје, променливо облачно со слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 17 степени.

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

До недела ќе се задржи стабилно време со сончеви периоди. За време на викендот утринската температура наместа ќе се спушти под нулата, а по одделни котлини ќе има појава на утринска магла. Потоа до средината на следната седмица, времето ќе биде со променлива облачност во текот на денот и услови за слаб локален дожд.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Експлозија и пожар во Албанија: Двајца загинати, голем број повредени (ВИДЕО)

Силна експлозија и пожар што зафати станбена зграда во населбата „Кемал Стафа“ во албанскиот град Елбасан одзеде два живота. 

Експлозија и пожар во Албанија: Двајца загинати, голем број повредени (ВИДЕО)

Хамит Ибро (69) и Хатиџе Бериша (82) загинаа, објави Top-channel.tv.

Телото на 69-годишен маж беше пронајдено по неколкучасовно интензивно пребарување, околу 00:40 часот. Според прелиминарните резултати од истрагата, се сомнева дека експлозијата е предизвикана од прекумерна количина гас во неговиот стан. Десет други жители се повредени, додека зградата претрпе значителна материјална штета.

Албанската полиција објави дека телото на сопственикот на станот каде што избувна пожарот е пронајдено по неколкучасовно пребарување, спроведено од полициски службеници во соработка со вооружените сили, службите за цивилна заштита и пожарникарите.

YouTube video

82-годишната Хатиџе Бериша, исто така, почина на местото на настанот во експлозијата. Десет жители на истата зграда беа повредени, добија медицинска помош и беа пуштени од болница.

„Врз основа на прелиминарните активности на истражните органи на Регионалната полициска управа на Елбасан, во соработка со експерти од инженерските единици на специјалната полициска единица РЕНЕА и под водство на Обвинителството на Елбасан, се сомнева дека експлозијата, а потоа и пожарот, се предизвикани од прекумерна количина гас во станот на 69-годишен маж“, се вели во полициското соопштение.

Специјална истражна група, под водство на обвинителството, продолжува со истрагата на лице место и другите истражни дејствија со цел да се утврдат сите околности и точната причина за експлозијата.

Случајот е препратен до обвинителството за понатамошно постапување.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер