Минчев и Јагџиу потпишаа меморандум за соработка: Ги поврзуваме знаењето и искуството за поквалитетни јавни услуги!
33-годишник од тетовско возел под дејство на алкохол во спротивен правец на патот Гостивар – Тетово, лишен е од слобода
1Минчев и Јагџиу потпишаа меморандум за соработка: Ги поврзуваме знаењето и искуството за поквалитетни јавни услуги!
233-годишник од тетовско возел под дејство на алкохол во спротивен правец на патот Гостивар – Тетово, лишен е од слобода
3ВМРО-ДПМНЕ: Додека СДС шири паника, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ги сервисира наследените долгови
МакедонијаСтартува авиолинија Скопје – АтинаПо пауза од 10 години, на скопскиот аеродром денеска попладне ќе биде одбележано повторното воспоставување на директни летовите помеѓу Скопје и Атина од страна на грчката авиокомпанија „Ејџиан Ерлајнс“.На настанот се најавени обраќања на министерот за транспорт и врски Горан Сугарески, директорот за земски операции во „Ејџиан Ерлајнс“, Панос Николаидис и на генералниот директор на ТАВ Македонија Алпер Ерсој. На новата авиолинија, согласно зимскиот ред на летање, ќе се реализираат летови двапати неделно, секој четврток и вторник. Како што објави МИА, Скопје и Атина ќе ги поврзе авион на „Олимпик Ер“, подружница на „Ејџијан Ерлајнс“, а летовите ќе бидат со авион „Кју400“ со капацитет од 78 патници.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМинчев и Јагџиу потпишаа меморандум за соработка: Ги поврзуваме знаењето и искуството за поквалитетни јавни услуги!Средбата, одржана на маргините на меѓународната конференција „Косово ПАР 2026“ во Приштина.Зајакнување на билатералната соработка, размена на експертски знаења и добри практики и унапредување на професионалните капацитети на институциите беа во фокусот на билатералната средба меѓу министерот за јавна администрација, Горан Минчев, и министерот за дигитализација и јавна администрација на Република Косово, Лулезон Јагџиу. Средбата, одржана на маргините на меѓународната конференција „Косово ПАР 2026“ во Приштина, резултираше со потпишување Меморандум за соработка, со кој се отвора простор за поконкретно партнерство меѓу двете министерства. Двајцата министри ја истакнаа важноста од воспоставување директна институционална комуникација и поврзување на експертските капацитети, со цел разменетото знаење да се преточи во применливи решенија. „Соработката меѓу институциите има вистинска вредност кога знаењето се споделува, искуството се претвора во конкретни решенија, а придобивките ги чувствуваат граѓаните. Верувам дека Македонија и Косово имаат простор за уште поблиско партнерство, преку кое ќе ги разменуваме успешните практики, ќе учиме едни од други и ќе отвораме нови можности за професионално унапредување. Нашата цел е институции што работат поефикасно, постапуваат професионално и им овозможуваат на граѓаните поквалитетни услуги“ истакна министерот Минчев. Со потпишаниот Меморандум се предвидува соработката да се развива преку заеднички обуки, размена на експерти и обучувачи, развивање програми за унапредување на стручните и раководните вештини. Дополнителен простор за соработка се отвора во управувањето со човечките ресурси, како и преку заеднички проекти и регионални иницијативи. Со ова партнерство, Македонија и Косово ја потврдуваат определбата за градење посилни институционални врски и споделување знаења во интерес на поквалитетното функционирање на јавната администрација. Бидејќи вистинската вредност на меѓуинституционалната соработка се мери преку конкретните придобивки за граѓаните, навремени услуги, професионален однос и поедноставни, поефикасни постапки. Ви благодариме. Со почит, Кабинет на Министер за Јавна АдминистрацијаТагови: Минчев Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЛишени од слобода четири лица во врска со двете разбојништвата со последица смрт во Скопје13:44Терористички напад пред израелската амбасада во Белград08:2876-годишна жена убиена во својот дом во Ѓорче Петров 15:00Убиена пензионерка во Ѓорче Петров12:30Од полноќ бензините поевтини за пет денари за литар, дизелот останува со иста цена08:44
ЖивотРенесансен раскош во современата мода – Јована Филиповиќ со нова колекцијаНе секоја елеганција е тивка. Ниту секоја женственост е нежна. Постои нешто речиси инстинктивно во начинот на кој Јована Филиповиќ се враќа во Фиренца. Не само како место на кое се создаваат нејзините кампањи, туку и како град што го обликува нејзиниот креативен израз. Ogni cosa al suo posto — Atto II ја продолжува приказната започната претходно оваа година, но носи поинаква атмосфера. Додека првиот дел од колекцијата истражуваше леснотија и одмереност, Atto II носи подраматична и послоевита естетика, со нагласени волумени, поостри линии и архитектонски силуети. Црната и бојата на слонова коска ја поставуваат основата на палетата, надополнети со длабоки чоколадни и нежни, лилави тонови. Корсетите, предимензионираните ракави и флуидните драпирања обликуваат силуети во кои прецизноста на кројот се среќава со слободата на движењето. Кристалните детали внесуваат раскош, додека новиот фирентински JF монограм, извезен тон во тон, се појавува како дискретен потпис на брендот. Влијанието на ренесансната облека е присутно преку пропорциите, конструкцијата и деталите, но без дословно потпирање на историските форми. Филиповиќ ги преточува овие референци во современ моден израз, создавајќи колекција во која историското наследство се препознава, но не доминира. Сепак, зад естетските референци, колекцијата носи и лична приказна. За Јована Филиповиќ, Фиренца е град што и дава многу, без да бара ништо за возврат. Во него наоѓа сила, слобода и посебен вид самодоверба што тешко се опишува со зборови. Токму тоа чувство ја сочинува емотивната основа на Atto II. Жената во центарот на оваа колекција ја носи истата енергија. Таа е сензуална без потреба да го привлекува вниманието, силна без потреба да ја докажува својата сила. Нејзината женственост не е ниту кревка ниту потчинета. Својот израз го одредува сама — инстинктивно, слободно и без потреба да се извинува. Кампањата е фотографирана во Фиренца, меѓу другото и во историската галерија Galleria Romanelli, каде што современата мода се среќава со скулптурата, историјата и монументалната архитектура. Овде минатото не ги поставува правилата, туку отвора простор за поинаков израз на женственоста. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Македонија33-годишник од тетовско возел под дејство на алкохол во спротивен правец на патот Гостивар – Тетово, лишен е од слобода Полициските службеници ги лишиле и неговите сопатници А.Ј.(27) од с.Нераште и Н.А.(38) од с.Доброште затоа што агресивно и дрско се однесувале кон полициските службеници кои извршувале службени дејствија.На 28.10.2026, по претходна пријава дека на патот Гостивар - Тетово патничко возило „шкода“ со тетовски регистарски ознаки се движи во спротивен правец, преземени се мерки и на наплатна станица Тетово полициските службеници го сопреле возилото и по извршени проверки било констатирано дека возачот Б.О.(33) од с.Доброште е под дејство на алкохол, односно му буле измерени 2,06 промили алкохол во крвта, по што е лишен од слобода. Полициските службеници ги лишиле и неговите сопатници А.Ј.(27) од с.Нераште и Н.А.(38) од с.Доброште затоа што агресивно и дрско се однесувале кон полициските службеници кои извршувале службени дејствија. Тие се задржани во полициска станица и по документирање на случајот, против нив ќе следуваат соодветни поднесоци.Тагови: дејство на алкохол Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЛишени од слобода четири лица во врска со двете разбојништвата со последица смрт во Скопје13:44Терористички напад пред израелската амбасада во Белград08:2876-годишна жена убиена во својот дом во Ѓорче Петров 15:00Убиена пензионерка во Ѓорче Петров12:30Од полноќ бензините поевтини за пет денари за литар, дизелот останува со иста цена08:44