МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Додека СДС шири паника, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ги сервисира наследените долговиСДС денес зборува за финансиска катастрофа, но заборава да каже колку се задолжуваше додека беше на власт и какви обврски остави зад себе. Наместо да понуди конкретни решенија, опозицијата се обидува да создаде паника кај граѓаните и да ја префрли одговорноста за наследените финансиски обврски врз Владата. Јавните финансии не се водат со драматични прес-конференции и политички пароли, туку со одговорни одлуки, сервисирање на долговите, грижа за граѓаните и инвестиции во развојот на државата. Во периодот од вториот квартал на 2017 до вториот квартал на 2024 година, јавниот долг пораснал за 4,16 милијарди евра, односно за 9,7 процентни поени. Во периодот од вториот квартал на 2024 до вториот квартал на 2026 година, порастот изнесува 1,85 милијарди евра, односно 2,2 процентни поени. Овие податоци ја покажуваат разликата во движењето на јавниот долг во двата периода. Дополнително, од втората половина на 2024 година до денес, Министерството за финансии има сервисирано обврски во вкупен износ од 5,39 милијарди евра. Во периодот од 2026 до 2031 година, државата треба да сервисира уште околу 9 милијарди евра по основ на главнина и камати. Ова се огромни финансиски обврски со кои државата мора да се справува паралелно со обезбедувањето средства за пензии, плати, социјални надоместоци, здравство, образование и развојни инвестиции. Овие обврски не можат да се игнорираат, ниту да се избришат со политички изјави. Оваа Влада не ги избира сите обврски што доспеваат, но ја презема одговорноста да ги сервисира. Ги враќаме долговите, но не се откажуваме од развојот. Ги исполнуваме обврските, но не ги запоставуваме граѓаните. Вториот ребаланс е одговор на реалните економски услови. Со вториот ребаланс на Буџетот за 2026 година се предвидуваат приходи од 374,2 милијарди денари, расходи од 420,5 милијарди денари и буџетски дефицит од 46,3 милијарди денари, односно 4,1% од БДП. Приходите и расходите се коригираат надолу за околу 5,3 милијарди денари, додека планираниот дефицит останува непроменет во однос на претходните проекции. Средствата за финансирање на Буџетот до крајот на годината се обезбедени. Државата ќе ги исполнува своите обврски кон граѓаните, а исплатата на платите, пензиите и социјалните надоместоци ќе продолжи редовно. Нема да дозволиме политичкото ширење паника да ги вознемирува граѓаните и да создава неоправдана несигурност. Ова не е никаква финансиска катастрофа, туку приспособување на Буџетот на променетите економски околности. Во услови на глобална неизвесност, геополитички тензии и ценовни притисоци, одговорноста на Владата е навремено да реагира, да ги приспособи проекциите и да обезбеди непречено функционирање на државата. Сериозноста во управувањето со јавните финансии не се мери според тоа колку пати ќе се повтори зборот „катастрофа“ на прес-конференција, туку според тоа дали државата ги исполнува своите обврски, дали се обезбедуваат средствата за граѓаните и дали се создаваат услови за економски развој. СДС ја користи секоја буџетска корекција за политички напад. Ние ја користиме за да ги усогласиме финансиите со реалноста и да обезбедиме одговорно управување со парите на граѓаните. Ги враќаме долговите, но не ги запоставуваме граѓаните. Државата има обврски што мора да ги сервисира. Тоа се долгови што доспеваат за отплата, финансиски обврски што не можат да се игнорираат и расходи што произлегуваат од функционирањето на државата.. Тоа е реалност со која мора да се соочи секоја одговорна Влада. Но, паралелно со сервисирањето на долговите, мора да се обезбедат средства за пензиите, платите, социјалните надоместоци, здравството, образованието и инвестициите. Токму затоа е потребно внимателно планирање на јавните финансии. Средствата мора да се распределуваат според приоритетите, а секоја одлука мора да ги земе предвид и тековните потреби и обврските што остануваат за следните години. Одговорноста не е само да се задолжиш, туку и да знаеш како ќе го сервисираш долгот, како ќе ги заштитиш граѓаните и како ќе обезбедиш државата да продолжи да се развива. Наш приоритет е редовно исполнување на законските обврски кон граѓаните, вклучително и исплатата на платите, пензиите и социјалните надоместоци. Грижата за граѓаните не е политички слоган, туку обврска што се реализира преку буџетските политики и конкретните мерки. Во услови на раст на цените на енергенсите и глобална економска неизвесност, Владата презема мерки за ублажување на ценовниот притисок. Намалувањето на акцизите на горивата и намалувањето на ДДВ-то за дизелот од 18% на 10% се мерки насочени кон намалување на товарот врз граѓаните и компаниите. Овие мерки имаат и фискални последици, бидејќи намалувањето на акцизата и даночното оптоварување значи и помал прилив на средства во Буџетот. Затоа, буџетските проекции мора да се приспособат на реалните ефекти од преземените политики. Тоа е разликата меѓу одговорното управување и политичкото калкулирање. Владата не може да ги игнорира поскапувањата и да се однесува како глобалните кризи да немаат влијание врз домашната економија. Наместо тоа, преземаме мерки за да ги ублажиме последиците врз граѓаните и стопанството, истовремено водејќи сметка за одржливоста на јавните финансии. Нашата цел е Буџетот да биде во функција на граѓаните, а не граѓаните да бидат оставени сами да ги поднесуваат последиците од глобалните кризи. Додека опозицијата зборува за целосен економски дебакл, податоците за вториот квартал од 2026 година покажуваат раст на реалниот БДП од 4,3%. Во истиот период, бруто-инвестициите пораснале за 16,5%, градежништвото за 21,9%, индустријата за 3,9%, преработувачката индустрија за 4,1%, а извозот на стоки и услуги за 10,4%. Овие показатели се важни за оценување на економските движења. Тие укажуваат на раст на активноста во повеќе сектори, а особено на инвестициите и градежништвото. Секако, растот на БДП сам по себе не значи дека сите предизвици се надминати или дека секој граѓанин веќе ги почувствувал придобивките. Токму затоа продолжуваме со политиките што треба да создадат повеќе можности за работа, посилно стопанство и подобар животен стандард. Но, кога се зборува за економијата, мора да се зборува со факти. Не може да се игнорираат реалните показатели само затоа што тие не се вклопуваат во политичката теза на опозицијата. Економскиот раст не е цел сам за себе. Нашата задача е тој раст да се претвори во нови инвестиции, поголема продуктивност, нови работни места и подобри услови за живот на граѓаните. Не се откажуваме од проектите – ги усогласуваме средствата со реализацијата. Обвинувањата дека со вториот ребаланс се напушта развојот се обид да се изедначат две различни работи: корекција на планираните капитални расходи и откажување од проектите. Капиталните расходи зависат од динамиката на реализација, подготвеноста на проектите, постапките, договорите и напредокот на изведбата. Кога одредени активности се реализираат поинаку од планираното, неопходно е средствата да се усогласат со реалните потреби и рокови. Тоа не значи откажување од развојните приоритети. Продолжуваат инвестициите во патната и железничката инфраструктура, Коридорите 8 и 10д, образованието, водоснабдувањето, животната средина и локалниот развој. Целта е јавните средства да се користат поефикасно и да се претвораат во конкретни резултати: подобри патишта, подобра инфраструктура, поквалитетни јавни услуги и подобри услови за живот. Граѓаните имаат потреба од реализирани проекти, а не само од ставки на хартија. Затоа, важно е да се следат не само планираните средства, туку и реализацијата, роковите и ефектите од секоја инвестиција. Јавните финансии бараат одговорност, а не политички спектакл. Лесно е да се критикува. Многу потешко е да се преземе одговорност за државата и за секој денар од јавните средства. Нашата определба е јасна: стабилни јавни финансии, редовно сервисирање на обврските, заштита на граѓаните, поддршка на економијата и продолжување на развојните проекти. СДС не може да ја избрише сопствената политичка одговорност за периодот во кој ги водеше јавните финансии, ниту да ги претставува сите денешни предизвици како да настанале без претходни обврски и без поширок економски контекст. Владата ќе продолжи да носи одлуки во интерес на граѓаните, да ги исполнува обврските и да работи на економскиот развој. Нашата обврска не е да создаваме политички спектакли, туку да обезбедиме државата да функционира, економијата да расте и јавните средства да се користат одговорно. Разликата е јасна: додека СДС шири паника, Владата презема одговорност. Додека тие обвинуваат, ние ги сервисираме обврските. Додека тие зборуваат за катастрофа, ние работиме на стабилноста, ги штитиме граѓаните и продолжуваме со реализација на проектите. Тоа е разликата меѓу политиката на празни зборови и одговорноста за управување со државата. ВМРО-ДПМНЕТагови: ВМРО-ДПМНЕ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиАНБ откри терористичка мрежа во Македонија: Подготвувале атентат во Грција15:00Кристијан Корабоски доби 30 дена притвор за нападот врз Сара во Охрид11:20Повторно е приведен Кристијан Корабоски, кој крвнички ја претепа неговата девојка, Сара 17:05Осомничениот насилник од Охрид нема да оди во притвор, доби само мерки за забрана за приближување и одземен пасош15:00Мајката на повредената девојка: Ќерка ми сè уште е во болница, а осомничениот е пуштен на слобода, поднесена кривична пријава против насилникот08:32
Осомничениот насилник од Охрид нема да оди во притвор, доби само мерки за забрана за приближување и одземен пасош15:00
Мајката на повредената девојка: Ќерка ми сè уште е во болница, а осомничениот е пуштен на слобода, поднесена кривична пријава против насилникот08:32
Шоу бизФото: Хаос поради нозете на Џеј Ло Светската музичка ѕвезда Џенифер Лопез покажа дека дури и на 57-годишна возраст може да се пофали со завидна фигура, а нејзиното последно телевизиско појавување повторно привлече внимание поради нејзиниот изглед.Извајаните нозе на „жешката“ латиноамериканка Џеј Ло предизвикаа хаос, напорните тренинзи вродија со плод. Латино дивата Џенифер Лопез гостуваше во емисијата „The Tonight Show Starring Jimmy Fallon“, каде што се појави во краток фустан што ги истакна нејзините затегнати и мускулести нозе. За оваа пригода, таа одбра впечатлив мини-фустан во маслинеста боја, чиј крој дополнително ја нагласи фигурата по која таа е препознатлива со години. Токму мини-должината ги стави нејзините извајани нозе во центарот на вниманието, особено додека таа седеше на каучот во студиото. Стајлингот го заокружи со чевли со шпиц во кафеава нијанса, златни алки, часовник, прстени и обетки. Косата ја зачешла наназад и ја врза во високо опавче, додека очите ги истакна со шминка, а усните ги остави во неутрални тонови. Сепак, фотографиите од студиото брзо привлекоа внимание, а нејзиниот избор на облека уште еднаш покажа дека пејачката радо избира парчиња што ја истакнуваат нејзината фигура и дека не се плаши од кратки и провокативни кроеви.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗабаваФото: Ретко кој го забележа шеширот покрај бујното деколтет!Од шеширот едвај се гледа, но градите сепак „штрчат“, дали знае некој која е оваа убавица?Раперката Карди Б не пропушти прилика повторно да ги покаже своите прекрасни бујни облини – но и својот префинет вкус за мода и модни трендови. Синоќа во Лос Анџелес се одржа 17-тото доделување на наградите „Гувернерс“ (Governors Awards), настан на кој присуствуваа бројни ѕвезди. Американската раперка Карди Би не ја пропушти можноста да заблеска на овој настан, воодушевувајќи ги сите присутни со своето модно издание. За хуманитарниот настан, таа му ја довери довербата на модниот дизајнер Тамара Ралф и облече нејзин фустан од висока мода. Како што може да се види, белиот фустан, кој е кроен со нагласен струк, ја истакна нејзината витка фигура, но истовремено ги нагласи и нејзините бујни гради. View this post on Instagram A post shared by Gala (@galafr) Интересен беше и делот на стомакот – златниот елемент во стил на корсет, кој на целата креација ѝ даде нота на модерен гламур. Сепак, главниот акцент во стајлингот беше преголемата шапка, која совршено се вклопи во оваа комбинација и го претвори целокупниот изглед на раперот во уметничко доживување.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
НБАНБА инвестира милијарди во европската кошарка !Најсилното светско кошаркарско првенство, НБА планира да инвестира милијарди долари во создавањето на нова европска кошаркарска лига, во која сака да ги вклучи најголемите фудбалски клубови од Стариот континент.НБА не се откажува од идејата за започнување ново кошаркарско натпреварување на Стариот континент, а амбициите на американската организација стануваат сè поголеми. Според информациите на британскиот „Скај њуз“ (Sky News), планот е да се формира огромен инвестициски фонд кој би располагал со милијарди долари. Средствата првенствено би биле наменети за изградба на модерни спортски сали, развој на инфраструктурата и привлекување на големи европски клубови. Целта на НБА е да создаде натпреварување кое ќе ги обедини најпознатите спортски брендови во Европа и ќе стане сериозен конкурент на Евролигата. Посебно внимание привлекува списокот на клубови што американската организација сака да ги вклучи во проектот. Меѓу нив се Реал Мадрид, Барселона, Милан и Пари Сен Жермен. Идејата е овие фудбалски гиганти да добијат свои кошаркарски франшизи и да ја искористат својата постоечка популарност за развој на нов спортски производ. НБА особено смета на британскиот пазар, па Лондон и Манчестер веќе се споменуваат како потенцијални градови домаќини за нови тимови. Ова би му дало дополнителна комерцијална вредност на европскиот проект и би ја отворило вратата кон пазар каде што кошарката сè уште ја нема популарноста што ја ужива фудбалот. Сепак, реализацијата на еден ваков голем потфат нема да биде едноставна. Дел од потенцијалните инвеститори се загрижени поради огромните трошоци за започнување на натпреварувањето, но и поради неизвесноста во однос на неговата долгорочна профитабилност. Инаку, НБА претходно се обиде да најде заеднички јазик со Евролигата, но договор меѓу двете страни не беше постигнат. По неуспешните преговори, американската организација продолжи да ја развива идејата за посебно европско натпреварување, со поддршка од ФИБА. Доколку планот се реализира, европската клупска кошарка би можела да влезе во сосема нова ера, со огромни финансиски вложувања и доаѓање на некои од најголемите спортски имиња.Тагови: НБА Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook