МакедонијаАндоновски: m.Uslugi е почеток на нов однос меѓу граѓанинот и државата – јавните услуги и документи директно во мобилниот телефонМинистерството за дигитална трансформација денес официјално ја лансираше мобилната апликација m.Uslugi, новиот мобилен пристап до дигиталните јавни услуги и електронските документи на граѓаните.На настанот во Македонската филхармонија, во присуство на претседателот на Владата Христијан Мицкоски, претставници на институциите, Европската Унија, дипломатскиот кор, академската и деловната заедница и медиумите, министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски ја претстави апликацијата и во живо ги демонстрираше нејзините први функционалности. „Кога почнавме со дигиталната трансформација, целта не беше да креираме уште апликации, портали и регистри. Прашањето беше многу поедноставно – како да ја направиме државата попристапна за граѓаните. Предолго државата за многу луѓе беше шалтер, работно време, документ што недостига и податок што државата веќе го има, но повторно бара од граѓанинот да ѝ го донесе. Со m.Uslugi почнуваме да го менуваме токму тој однос“, истакна Андоновски. Министерот потсети дека идејата за m.Uslugi започнала во 2024 година, по неговото учество на Diia Summit во Цирих и запознавањето со украинскиот модел Diia. Концептот потоа беше развиен како дел од европскиот проект GovTech4All, преку програмата Digital Europe. m.Uslugi е замислена како единствен мобилен пристап до дигиталната држава – со дигитален идентитет, електронски документи, јавни услуги и известувања на едно место, а во следните фази и со интегрирани плаќања. Апликацијата m.Uslugi е бесплатна и нејзиното користење е целосно доброволно. Таа претставува дополнителен, побрз и поедноставен канал за пристап до јавните услуги и електронските документи, без да ги укинува останатите начини на кои граѓаните можат да комуницираат со институциите. Целта е секој граѓанин кој сака да ги користи придобивките од дигиталните услуги да може тоа да го направи едноставно и без дополнителен трошок. За време на презентацијата Андоновски во живо ја активираше апликацијата и ја додаде својата електронска лична карта во дигиталниот паричник. „Ова не е фотографија од личната карта, ниту PDF документ. Ова е електронска верзија на документот во мобилниот телефон“, посочи министерот. Една од функционалностите што беше демонстрирана е можноста за селективно споделување податоци. Наместо корисникот да го покажува целиот документ кога треба само да ја потврди својата возраст, апликацијата овозможува да се сподели само потребната информација. „Ако единственото прашање е дали едно лице е полнолетно, нема потреба да се споделуваат адресата, бројот на документот и сите останати лични податоци. Современиот дигитален идентитет значи да се сподели само оној податок што е потребен“, рече Андоновски. Покрај дигиталните документи, преку m.Uslugi граѓаните добиваат и мобилен пристап до првите електронски услуги. Министерот нагласи дека целта не е постојните административни постапки само да се префрлат од шалтер на мобилен телефон, туку тие суштински да се поедноставуваат. „Ако една постапка денес има седум непотребни чекори, успехот не е да направиме седум дигитални чекори. Треба да утврдиме кои од нив можат целосно да исчезнат, кои податоци државата веќе ги има и што институциите можат безбедно да разменуваат меѓу себе. Тоа е вистинската дигитализација“, истакна Андоновски. Тој потенцираше дека m.Uslugi е почеток, а не завршен производ, и дека апликацијата континуирано ќе се надградува. Во следните фази е предвидено воведување на интегрирани плаќања, можност за користење фотографија во постапките каде што тоа е потребно, нови електронски документи како изводи, уверенија и дипломи, како и значително проширување на бројот на достапни услуги. „Нема прво да дигитализираме што е најлесно за администрацијата. Ќе дигитализираме што им е најпотребно на граѓаните“, порача министерот. Андоновски упати и повик до институциите активно да се вклучат со нови услуги и поврзување на системите, а до медиумите и граѓаните да ја тестираат апликацијата, да укажуваат на недостатоците и да предлагаат подобрувања. „Од денес кругот на луѓе кои ќе ја развиваат m.Uslugi станува многу поголем. Институциите нека додаваат услуги и предлагаат подобрувања. Медиумите нека ја тестираат, нека нè проверуваат и нека нè критикуваат кога нешто не функционира. Граѓаните нека ја користат, нека ни кажат што им недостига и нека ни помогнат да ја направиме подобра. И, се надевам, нека уживаат во неа кога ќе им заштеди време, нерви и непотребно одење по институции“, истакна Андоновски. Тој се заблагодари на тимот на Министерството за дигитална трансформација, развојните и партнерските тимови, институциите вклучени во интеграцијата на системите, тест-корисниците, како и на меѓународните партнери кои го споделија своето искуство во развојот на дигиталните државни услуги. Министерот Андоновски упати посебна благодарност до Министерството за внатрешни работи и министерот Панче Тошковски за соработката и поддршката во поврзувањето на системите и овозможувањето на првите електронски документи во m.Uslugi. „Овој проект покажува дека дигиталната држава може да функционира само кога институциите работат заедно, ги поврзуваат своите регистри и ја ставаат услугата за граѓанинот пред институционалните граници“, истакна Андоновски. Благодарност беше упатена и до Европската Унија, која преку програмата Digital Europe, финансиски го поддржа проектот, како и до претседателот на Владата Христијан Мицкоски за поддршката во реализацијата на проектот. Според Андоновски, успехот на m.Uslugi нема да се мери само според бројот на преземања на апликацијата, туку пред сè според времето што ќе им биде заштедено на граѓаните, бројот на непотребни административни чекори што ќе бидат отстранети и бројот на услуги што ќе можат целосно да се завршат дигитално. „Дигиталната трансформација не е успешна затоа што администрацијата користи технологија. Успешна е кога граѓанинот чувствува дека државата му станала поедноставна. m.Uslugi денес не е крајот на тој процес. Ова е почетокот. Од денес почнуваме да го менуваме она што граѓанинот треба да го очекува од својата држава – држава што е поблиску, поедноставна и подостапна“, порача министерот Андоновски. m.Uslugi – државата во вашиот телефон.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиАНБ откри терористичка мрежа во Македонија: Подготвувале атентат во Грција15:00Кристијан Корабоски доби 30 дена притвор за нападот врз Сара во Охрид11:20Повторно е приведен Кристијан Корабоски, кој крвнички ја претепа неговата девојка, Сара 17:05Осомничениот насилник од Охрид нема да оди во притвор, доби само мерки за забрана за приближување и одземен пасош15:00Мајката на повредената девојка: Ќерка ми сè уште е во болница, а осомничениот е пуштен на слобода, поднесена кривична пријава против насилникот08:32
Осомничениот насилник од Охрид нема да оди во притвор, доби само мерки за забрана за приближување и одземен пасош15:00
Мајката на повредената девојка: Ќерка ми сè уште е во болница, а осомничениот е пуштен на слобода, поднесена кривична пријава против насилникот08:32
Шоу бизФото: Хаос поради нозете на Џеј Ло Светската музичка ѕвезда Џенифер Лопез покажа дека дури и на 57-годишна возраст може да се пофали со завидна фигура, а нејзиното последно телевизиско појавување повторно привлече внимание поради нејзиниот изглед.Извајаните нозе на „жешката“ латиноамериканка Џеј Ло предизвикаа хаос, напорните тренинзи вродија со плод. Латино дивата Џенифер Лопез гостуваше во емисијата „The Tonight Show Starring Jimmy Fallon“, каде што се појави во краток фустан што ги истакна нејзините затегнати и мускулести нозе. За оваа пригода, таа одбра впечатлив мини-фустан во маслинеста боја, чиј крој дополнително ја нагласи фигурата по која таа е препознатлива со години. Токму мини-должината ги стави нејзините извајани нозе во центарот на вниманието, особено додека таа седеше на каучот во студиото. Стајлингот го заокружи со чевли со шпиц во кафеава нијанса, златни алки, часовник, прстени и обетки. Косата ја зачешла наназад и ја врза во високо опавче, додека очите ги истакна со шминка, а усните ги остави во неутрални тонови. Сепак, фотографиите од студиото брзо привлекоа внимание, а нејзиниот избор на облека уште еднаш покажа дека пејачката радо избира парчиња што ја истакнуваат нејзината фигура и дека не се плаши од кратки и провокативни кроеви.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиАНБ откри терористичка мрежа во Македонија: Подготвувале атентат во Грција15:00Кристијан Корабоски доби 30 дена притвор за нападот врз Сара во Охрид11:20Повторно е приведен Кристијан Корабоски, кој крвнички ја претепа неговата девојка, Сара 17:05Осомничениот насилник од Охрид нема да оди во притвор, доби само мерки за забрана за приближување и одземен пасош15:00Мајката на повредената девојка: Ќерка ми сè уште е во болница, а осомничениот е пуштен на слобода, поднесена кривична пријава против насилникот08:32
Осомничениот насилник од Охрид нема да оди во притвор, доби само мерки за забрана за приближување и одземен пасош15:00
Мајката на повредената девојка: Ќерка ми сè уште е во болница, а осомничениот е пуштен на слобода, поднесена кривична пријава против насилникот08:32
ЗабаваФото: Ретко кој го забележа шеширот покрај бујното деколтет!Од шеширот едвај се гледа, но градите сепак „штрчат“, дали знае некој која е оваа убавица?Раперката Карди Б не пропушти прилика повторно да ги покаже своите прекрасни бујни облини – но и својот префинет вкус за мода и модни трендови. Синоќа во Лос Анџелес се одржа 17-тото доделување на наградите „Гувернерс“ (Governors Awards), настан на кој присуствуваа бројни ѕвезди. Американската раперка Карди Би не ја пропушти можноста да заблеска на овој настан, воодушевувајќи ги сите присутни со своето модно издание. За хуманитарниот настан, таа му ја довери довербата на модниот дизајнер Тамара Ралф и облече нејзин фустан од висока мода. Како што може да се види, белиот фустан, кој е кроен со нагласен струк, ја истакна нејзината витка фигура, но истовремено ги нагласи и нејзините бујни гради. View this post on Instagram A post shared by Gala (@galafr) Интересен беше и делот на стомакот – златниот елемент во стил на корсет, кој на целата креација ѝ даде нота на модерен гламур. Сепак, главниот акцент во стајлингот беше преголемата шапка, која совршено се вклопи во оваа комбинација и го претвори целокупниот изглед на раперот во уметничко доживување.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиАНБ откри терористичка мрежа во Македонија: Подготвувале атентат во Грција15:00Кристијан Корабоски доби 30 дена притвор за нападот врз Сара во Охрид11:20Повторно е приведен Кристијан Корабоски, кој крвнички ја претепа неговата девојка, Сара 17:05Осомничениот насилник од Охрид нема да оди во притвор, доби само мерки за забрана за приближување и одземен пасош15:00Мајката на повредената девојка: Ќерка ми сè уште е во болница, а осомничениот е пуштен на слобода, поднесена кривична пријава против насилникот08:32
Осомничениот насилник од Охрид нема да оди во притвор, доби само мерки за забрана за приближување и одземен пасош15:00
Мајката на повредената девојка: Ќерка ми сè уште е во болница, а осомничениот е пуштен на слобода, поднесена кривична пријава против насилникот08:32
НБАНБА инвестира милијарди во европската кошарка !Најсилното светско кошаркарско првенство, НБА планира да инвестира милијарди долари во создавањето на нова европска кошаркарска лига, во која сака да ги вклучи најголемите фудбалски клубови од Стариот континент.НБА не се откажува од идејата за започнување ново кошаркарско натпреварување на Стариот континент, а амбициите на американската организација стануваат сè поголеми. Според информациите на британскиот „Скај њуз“ (Sky News), планот е да се формира огромен инвестициски фонд кој би располагал со милијарди долари. Средствата првенствено би биле наменети за изградба на модерни спортски сали, развој на инфраструктурата и привлекување на големи европски клубови. Целта на НБА е да создаде натпреварување кое ќе ги обедини најпознатите спортски брендови во Европа и ќе стане сериозен конкурент на Евролигата. Посебно внимание привлекува списокот на клубови што американската организација сака да ги вклучи во проектот. Меѓу нив се Реал Мадрид, Барселона, Милан и Пари Сен Жермен. Идејата е овие фудбалски гиганти да добијат свои кошаркарски франшизи и да ја искористат својата постоечка популарност за развој на нов спортски производ. НБА особено смета на британскиот пазар, па Лондон и Манчестер веќе се споменуваат како потенцијални градови домаќини за нови тимови. Ова би му дало дополнителна комерцијална вредност на европскиот проект и би ја отворило вратата кон пазар каде што кошарката сè уште ја нема популарноста што ја ужива фудбалот. Сепак, реализацијата на еден ваков голем потфат нема да биде едноставна. Дел од потенцијалните инвеститори се загрижени поради огромните трошоци за започнување на натпреварувањето, но и поради неизвесноста во однос на неговата долгорочна профитабилност. Инаку, НБА претходно се обиде да најде заеднички јазик со Евролигата, но договор меѓу двете страни не беше постигнат. По неуспешните преговори, американската организација продолжи да ја развива идејата за посебно европско натпреварување, со поддршка од ФИБА. Доколку планот се реализира, европската клупска кошарка би можела да влезе во сосема нова ера, со огромни финансиски вложувања и доаѓање на некои од најголемите спортски имиња.Тагови: НБА Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиАНБ откри терористичка мрежа во Македонија: Подготвувале атентат во Грција15:00Кристијан Корабоски доби 30 дена притвор за нападот врз Сара во Охрид11:20Повторно е приведен Кристијан Корабоски, кој крвнички ја претепа неговата девојка, Сара 17:05Осомничениот насилник од Охрид нема да оди во притвор, доби само мерки за забрана за приближување и одземен пасош15:00Мајката на повредената девојка: Ќерка ми сè уште е во болница, а осомничениот е пуштен на слобода, поднесена кривична пријава против насилникот08:32
Осомничениот насилник од Охрид нема да оди во притвор, доби само мерки за забрана за приближување и одземен пасош15:00
Мајката на повредената девојка: Ќерка ми сè уште е во болница, а осомничениот е пуштен на слобода, поднесена кривична пријава против насилникот08:32