Единаесет реченици што ги изговараат луѓето кои не се среќни, често прикривајќи го она што ни себеси не си го признаваат
2Единаесет реченици што ги изговараат луѓето кои не се среќни, често прикривајќи го она што ни себеси не си го признаваат
Технологија„Google“ и „Apple“ добија високи казни: Јужна Кореја им наложи промениЈужна Кореја ги казни американските технолошки гиганти „Google“ и „Apple“ со вкупен износ од 47,6 милиони долари поради злоупотреба на нивната позиција на пазарот за продавници за апликации.Регулаторот тврди дека компаниите ги принудувале домашните програмери да ги користат нивните системи за плаќање и неоправдано го одложувале процесот на проверка на апликациите, пренесува „AP“. Комисијата за медиуми и комуникации на Јужна Кореја со години го истражува работењето на „Google“ и „Apple“, поради сомневања за прекршување на законот од 2021 година. Овој закон им забранува на сопствениците на продавници за апликации да им наметнуваат одредени методи на плаќање на програмерите. „Google“ доби поголема казна од „Apple“ „Google“ треба да плати 42,9 милијарди вони (околу 32 милиони долари), а „Apple“ 20,8 милијарди вони (околу 15,5 милиони долари). Регулаторот, исто така, им наложи да им овозможат на јужнокорејските програмери користење надворешни линкови за плаќање во рамките на апликациите, како и да ги подобрат процедурите за проверка на апликациите. Ниту „Google“, ниту „Apple“ веднаш не одговорија на барањата на новинарите за коментар. Според наодите на регулаторот, двете компании неправедно ги насочувале програмерите кон сопствените системи за плаќање во рамките на апликациите, истовремено отежнувајќи ги плаќањата преку надворешни веб-страници. Иако „Google“ и „Apple“ формално дозволија користење на други системи за плаќање во апликациите, тие наплаќаа провизија од 26 отсто од програмерите. Понатаму, тие не овозможија пристап до сите функции што се достапни преку сопствените системи за плаќање на програмерите. Јужнокорејскиот регулатор заклучи дека ова всушност ги принудувало програмерите да ги користат исклучиво системите за плаќање на „Google“ и „Apple“. Истрагата исто така откри дека, во одредени случаи, двете компании го одложувале прегледот на апликациите без да им дадат на програмерите јасно објаснување за доцнењето, ниту пак навеле кога ќе продолжи процесот на проверка. „Apple“ наплаќал повисоки провизии за домашните програмери Регулаторот, исто така, го обвини „Apple“ дека, во периодот од 2015 до јануари 2023 година, наплаќал повисоки провизии за јужнокорејските програмери отколку за програмерите во други земји. Јужна Кореја со години внимателно го следи работењето на странските технолошки компании на својот пазар. Во 2021 година, таа стана првата земја во светот што донесе закон со кој им се забранува на операторите на продавници за апликации – како што се „Google“ и „Apple“ – да наметнуваат користење на сопствените системи за плаќање. Извор: Индекс.хр Фото: ВИТагови: Apple Google Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветСи Џинпинг го нарече Путин „стар пријател“ пред средбата со ТрампКинескиот претседател Си Џинпинг го нарече рускиот претседател Владимир Путин „стар пријател“ на средбата во Кина, пред Самитот на Азиско-пацифичките лидери.Двајцата разговараа за војната во Украина, енергетската соработка и односите со САД. Си се обидува да одржи деликатна рамнотежа меѓу односите со Москва и Вашингтон. 🇷🇺🇨🇳 Putin and Xi continue talks in Shenzhen over working breakfast https://t.co/5PBewbY0ay — Sputnik (@SputnikInt) November 18, 2026 Во четврток, Си и Путин треба да имаат историска трилатерална средба со американскиот претседател Доналд Трамп. Руските медиуми средбата веќе ја оценуваат како дипломатска победа за Путин. Трамп денеска ќе отпатува за Кина од Филипините, каде присуствуваше на Самитот на Азиско-пацифичкиот регион.Таму се сретна со индискиот премиер Моди, австралискиот премиер Албанезе и јапонската премиерка Такаичи.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСобранието ќе ги продолжи прекинатите опозициски пратенички прашањаСобранието на денешната 130.седница ќе продолжи со одржувањето на опозициски прашања, кои беа прекинати на 12 ноември по бараните паузи од пратеници од опозицијата.Претседателот на собранието, Африм Гаши на брифингот со новинарите во понеделник се осврна на дилемите за прекинатата седница за опозициски пратенички прашања. Потенцира дека постоеле разни толкувања на деловникот во однос на тоа дали паузите треба да се пресметуваат во предвидените два часа за поставување прашања.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МетеоПроменливо облачно со температура до 21 степенВремето денеска според УХМР ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд а максималната температура ќе достигне од 17 до 21 степен.Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен, а наместа во западните делови повремено силен ветер од југозападен правец (над 80 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 11, а максималната ќе достигне од 17 до 21 степен. Во Скопје, променливо облачно со повремени сончеви периоди. Кон крајот на денот ќе има услови за слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 19 степени. ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ Во следните денови ќе се задржи променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд со променлив интензитет. Под влијание на јужно воздушно струење до петок ќе биде релативно топло со температури кои ќе бидат над просекот за овој период од годината. Ќе дува умерен до засилен, а наместа во западните делови повремено силен ветер од југозападен правец (над 80 km/h). Од сабота температурите ќе бидат во опаѓање.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter