Сталоне и Шварценегер позираат заедно: Така тоа го прават акционите момци (ФОТО) - Канал 5

Сталоне и Шварценегер позираат заедно: Така тоа го прават акционите момци (ФОТО)

Две легенди на акционите филмови, Арнолд Шварценегер и Силвестер Сталоне, ги воодушевија обожавателите со фотографија на која позираат заедно.

Сталоне и Шварценегер позираат заедно: Така тоа го прават акционите момци (ФОТО)

Сталоне и Шварценегер на своите профили на Инстаграм објавија фотографија на која резбаат тикви за Ноќта на вештерките.

"Јас и мојот прекрасен пријател Арнолд поминуваме време во неговата неверојатна канцеларија резбајќи тикви за Ноќта на вештерките со ножеви за преживување! Тоа го прават вистинските акциони момци во слободното време", напиша Сталоне во описот на фотографијата која ги воодушеви обожавателите.

„Две легенди на една фотографија“, „Командо против Рамбо - филмот што никогаш не се случил, но обожавателите сè уште го чекаат“, „Изгледате апсолутно неверојатно“, „Дури и небинарен ултралевичар може да мириса на мажественост на оваа слика“, фановите напишаа во коментарите.

Познатите акциони херои се појавија заедно во The Expendables и Escape Plan, а судејќи по фотографиите кои ги објавуваат на социјалните мрежи, приватно се дружат и надвор од холивудските филмски сетови.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Кристијано Роналдо и Георгина Родригез тајно се венчале

Најплатениот светски фудбалер Кристијано Роналдо и неговата долгогодишна партнерка, бујната Георгина Родригез се венчале во тајност ѝ се и објавија на целата светска јавност преку објавување на само една фотографија.

Кристијано Роналдо и Георгина Родригез тајно се венчале

Кристијано и Георгина официјално стапија во брак.

Иако се очекуваше деталите за нивната свадба да протечат во јавноста, тие успеаја сè да сокријат и да објават само една фотографија, која откри дека се сопружници.

Роналдо и Георгина се во врска повеќе од една деценија, а пред тоа, од 2010 до 2015 година, Португалецот беше во врска со руската манекенка Ирина Шајк.

„CR7“ и аргентинско-шпанската инфлуенсерка заедно добија две ќерки, Алана Мартина (2017) и Бела Есмералда (2022), а заедно се грижат и за уште три деца – Кристијано Роналдо Џуниор (2010) и близнаците Ева Марија и Матео (2017), кои Роналдо ги доби со помош на сурогат-мајки.

Роналдо и Георгина се свршени од 2018 година, а сега стапија во брак што сигурно ќе привлекува огромно медиумско внимание секојдневно, исто како и секој нивен потег.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Над 400 извештаи за загадена вода а Филипче и Младеновска со години молчеле

Над 400 извештаи за загадена вода а Филипче и Младеновска со години молчеле, Гостиварци заслужуваат да знаат зошто СДС и Филипче ништо не превзеле

ВМРО-ДПМНЕ: Над 400 извештаи за загадена вода а Филипче и Младеновска со години молчеле

Венко Филипче и Рената Младеновска со години молчеле и не превзеле никаков чекор иако знаеле за загадената вода во Гостивар.

Над 400 извештаи за загадена вода им биле доставени а Филипче и Младеновска со години молчеле. Денес наместо одговорност Филипче се обидува да глуми морален авторитет и да префрлува вина.

Гостиварци заслужуваат да знаат зошто Филипче ја имал документацијата за загадената вода, знаел и одлучил да молчи и да не превземе ниту еден конкретен чекор.

И додека неспособните кадри на Филипче ДУИ и Таравари бегаат од одговорност, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ интервенираше за граѓаните во Гостивар да добијат техничка вода и флаширана вода за пиење. Додека институциите се справуваат со актуелната состојба во Гостивар, мора да се расчисти и со минатото.

ЈО да отвори случај и да ги истражи документите кои беа споделени во јавноста. Здравјето на граѓаните во Гостивар не смее да биде предмет на политички игри. Одговорност мора да има за секој што знаел а молчел.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Герасимовски: Петта година по ред бесплатни ранчиња за сите првачиња во Центар

Општина Центар и оваа година продолжува со поддршката за најмладите ученици и нивните семејства. 

Герасимовски: Петта година по ред бесплатни ранчиња за сите првачиња во Центар

Петта година по ред, сите првачиња запишани во осумте општински основни училишта ќе добијат бесплатни училишни ранчиња, обезбедени со средства од општинскиот буџет.

Градоначалникот Горан Герасимовски вели дека оваа мерка веќе стана убава традиција со која Општината им посакува добредојде на децата кои за првпат седнуваат во училишните клупи.

„Првиот училишен ден е посебен момент за секое дете и за секое семејство. Петта година по ред сакаме да бидеме дел од таа радост и на сите наши првачиња да им подариме ранче за успешен почеток на нивното образование. Им посакувам многу петки, нови знаења, убави спомени и многу нови другарчиња. Наша обврска е уште од првиот училишен ден да им покажеме дека образованието и грижата за децата се меѓу нашите најважни приоритети“, порача Герасимовски.

Општина Центар континуирано инвестира во подобрување на условите во основните училишта и во мерки со кои се олеснува образовниот процес за учениците и нивните семејства.

„Вложувањето во децата е вложување во иднината. Затоа продолжуваме да ги подобруваме условите во училиштата и да создаваме средина во која секое дете ќе има можност квалитетно да учи, да се развива и да го достигне својот потенцијал. Нашата цел е јасна – децата во Центар да имаат најдобри можни услови за образование“, истакна Герасимовски.

Бесплатните ранчиња ќе бидат доделени на сите првачиња запишани во осумте основни училишта на територијата на Општина Центар на почетокот на новата учебна година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер