Петрушевски: Филипче молчел за скандалот на Славјанка вреден 37 милиони евра, а проговори откако се скараа
1Петрушевски: Филипче молчел за скандалот на Славјанка вреден 37 милиони евра, а проговори откако се скараа
2Димитриеска-Кочоска: Една година СЕПА – реформите носат конкретни придобивки за граѓаните и бизнисот
3Николоски: Владата на Заев и Филипче договараше со Бугарија продажба на 5 големи македонски компании
3Видео: Шакира започна нова правна битка со Пике: Музичката ѕвезда бара измена на договорот за старателство
МакедонијаЃорѓиевски: Изградбата на булеварот „Борис Трајковски“ во завршна фазаГрадоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски истакна дека во тек е асфалтирањето на другата коловозна лента на булеварот „Борис Трајковски“ и дека до крајот на годината, скопјани ќе добијат целосно завршен, модерен и безбеден булевар.- Се гледа крајот на 30-годишната сообраќајна голгота! Започна асфалтирањето на другата коловозна лента на булеварот „Борис Трајковски“! Генерации скопјани чекаа да се реши овој проблем. Повеќе од 100.000 граѓани секојдневно се соочуваа со гужви, нервози и изгубени часови во сообраќајот. Со години слушаа ветувања, а пред себе ја гледаа истата слика. Денес, таа слика ја менуваме со работа. Со асфалтирањето влегуваме во завршницата на оваа значајна сообраќајна делница. По 30 години чекање, булеварот „Борис Трајковски“ конечно го добива ликот што го заслужуваат скопјани – рече Ѓорѓиевски. Градоначалникот Ѓорѓиевски истакна дека за нешто повеќе од три месеци се решени проблемите што со децении го кочеа овој проект. - Ја ослободивме трасата, изградивме нова атмосферска канализација и сега поставуваме асфалт. Зад секој од овие чекори стојат посветеност, одлуки и решителност да се заврши започнатото. Овој горлив проблем им беше познат на сите што претходно ја имаа одговорноста и можноста да го решат. Но, со децении изостануваше решителноста да се оди докрај. Граѓаните ја плаќаа цената на секое одложување, на секое оправдување и на секое неисполнето ветување. Презедовме обврска да ставиме крај на тоа чекање и денес, на терен, покажуваме дека зборот за нас има тежина. За мене, секој поставен метар асфалт е почит кон луѓето кои предолго чекаа. Кон работникот што брза на работа, кон родителот што го носи детето на училиште, кон секој човек што заслужува побезбедно и побрзо да стигне дома. Мојот народ заслужува дела и исполнети ветувања – нагласи Ѓорѓиевски.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПетрушевски: Филипче молчел за скандалот на Славјанка вреден 37 милиони евра, а проговори откако се скарааФилипче молчел за скандалот на Славјанка вреден 37 милиони евра, а проговори откако се скараа.Додека СДС беше на власт, а Петровска беше министерка, Филипче молчеше. За набавката поскапа за 37 милиони евра се сети дури кога се скараа меѓусебно. Јавноста заслужува одговори во однос на изјавата на Филипче за, како што тој вели криминалот вреден 37 милиони евра. Обвинување за криминал од 37 милиони евра не е нешто што се вади од фиока кога ќе се започне партиска пресметка. Го охрабруваме потегот на Филипче да проговори, но исто така го повикуваме и ЈО да го истражи случајот за кој патем се доставени сите информации до надлежните институции. Правда мора да има. Бране Петрушевски, заменик генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕкономијаДимитриеска-Кочоска: Една година СЕПА – реформите носат конкретни придобивки за граѓаните и бизнисотЕдна година по приклучувањето на Република Македонија кон Единствената област за плаќања во евра – СЕПА, граѓаните и компаниите ги користат придобивките од побрзи, поедноставни и поефикасни плаќања во евра.Приклучувањето кон СЕПА претставува значајна реформа во платежниот систем, со која законската и институционалната рамка на земјата се усогласи со европските стандарди. Со практичната имплементација од страна на Народната банка и банките, оваа реформа денес носи конкретни придобивки за граѓаните и бизнисот. „Пред една година направивме важен чекор кон европските стандарди во плаќањата. Денес, граѓаните и компаниите имаат побрзи, поедноставни и поефикасни плаќања во евра. Министерството за финансии создаде клучна реформа со која Република Македонија се приклучи кон СЕПА со што се овозможи практичната имплементација од страна на Народната банка и банките. СЕПА е пример дека реформите не се само промени во законите – туку конкретни придобивки за граѓаните и бизнисот“, напиша на ФБ министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска. Со приклучувањето кон СЕПА, граѓаните и компаниите можат да вршат прекугранични плаќања во евра под исти правила и стандарди како во земјите од Единствената област за плаќања во евра. Тоа придонесува за побрзи, побезбедни и поефикасни трансакции, како и за намалување на трошоците поврзани со прекуграничните плаќања. Придобивките се особено значајни за компаниите, за кои поефикасните прекугранични плаќања значат полесно работење со европските партнери, подобра ликвидност и намалување на трансакциските трошоци. Клучен чекор во спроведувањето на реформата беше донесувањето на Законот за платежни услуги и платни системи, подготвен од Министерството за финансии и предложен од Владата, како и усвојувањето на подзаконските акти од страна на Народната банка. Барањето за пристапување кон СЕПА беше поднесено на 10 јули 2024 година, додека на 6 март 2025 година беше прифатена апликацијата од страна на Европскиот совет за плаќања за приклучување кон СЕПА. Со тоа се овозможи и приклучување на домашните банки во платежните шеми преку кои се извршуваат плаќања во евра. Станува збор за платежен простор кој опфаќа 41 европска земја. Една година СЕПА е пример дека реформите кои се спроведуваат носат конкретни резултати и директни придобивки за граѓаните и компаниите. Министерството за финансии продолжува со реформите насочени кон усогласување со европските стандарди и создавање подобри услови за граѓаните и бизнисот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаНиколоски: Владата на Заев и Филипче договараше со Бугарија продажба на 5 големи македонски компанииВладата на СДСМ прифати се што Бугарија побара. Дури договараа и продажба на 5 приватни македонски компании. И затоа сме во оваа позиција, истакна во интервју за Радио Лидер, заменик претседателот на Владата, Александар Николоски. “ Во 2022 година СДСМ сѐ прифатија на Бугарија, им дадоа празен лист на Бугарите, Бугарите си напишаа што сакаат и овие го потпишаа. Владата на ВМРО-ДПМНЕ, Владата на Христијан Мицкоски не се договараше да во пакет и тоа не знам како затоа што се работи за приватни компании — на Бугарија да се продадат една национална телевизија, еден телеком оператор, една банка, еден рудник и еден кабелски оператор. Ние такви работи не договаравме, ниту договараме. И тоа Бугарија го правеа затоа што видоа дека на другава страна има сервилна влада која што е спремна да продаде сè. Такви работи договараше Владата на СДСМ предводена од Зоран Заев, од Димитар Ковачевски, каде што министер за здравство беше и Венко Филипче.” – истакна Николоски. Суштинската разлика како што потенцира Николоски е тоа што, СДСМ ги продавала националните интереси и затоа граѓаните ги казниле на изборите. “ Тоа е суштинската разлика помеѓу нас и нив Ние мора да се концентрираме на овие работи затоа што мора да знаеме како сме стигнале до овде. Ние не сме стигнале до овде затоа што сме се разбудиле едно утро и немаме попаметна работа, па ајде сега ќе се расправаме со соседите, туку затоа што на другата страна имаше политичка структура која што единствено и само ја интересираше да ги наполнат џебовите и да ја дувнат и затоа сега се во состојба во каква што се. Народот во 2024 година јасно кажа. ВМРО-ДПМНЕ доби 58 пратеници, заедно со коалицијата, со Вреди и со ЗНАМ, СДСМ доби 18 пратеници. СДСМ е бетонирана на горе-долу оваа бројка на пратеници што ја гледате и што ги има сега. Може да се еден-два пратеници минус или еден-два пратеници плус, ако имаат малку повеќе среќа на изборниот ден. Природно е во секоја европска држава опозицијата да расте, а вие не растете, тоа значи дека имате проблем” – истакна Николоски во интервјуто. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЈО: Виш јавен обвинител осомничен за примање награда за противзаконито влијание10:40Сончево и релативно топло време08:22ЕК предлага квалификувано мнозинство, наместо едногласност за време на преговорите по кластери17:59Пензискиот систем е под контрола, уверува премиерот Мицкоски15:08Македонија привремено ја одложи имунизацијата на БСЖ вакцината15:00