Манасиевски: Промените во Македонија започнаа со заминувањето на Заев, продолжија со Ковачевски и ќе завршат со заминување на Филипче
1Манасиевски: Промените во Македонија започнаа со заминувањето на Заев, продолжија со Ковачевски и ќе завршат со заминување на Филипче
Фото: Куче германски овчар нападна поранешен фудбалер на Ливерпул: Заврши во болница со повеќе од 50 конци
2Фото: Куче германски овчар нападна поранешен фудбалер на Ливерпул: Заврши во болница со повеќе од 50 конци
ФудбалВидео: Големиот Лионел Меси кажа „крај“: Аргентина во солзиЕден од најдобрите светски фудбалери во историјата, волшебникот Лионел Меси се прости од аргентинската репрезентација, а солзи течеа и на теренот и на трибините. Тоа беше ноќта кога цела Аргентита плачеше. Феноменалниот Лео учествуваше во три гола на мечот а потоа одржа говор со кој што ќе ги расплаче милиони фудбалски навивачи ширум светот. Па и речиси секој Аргентинец. Еден од најголемите фудбалери на сите времиња, Лео Меси, се прости од дресот на аргентинската репрезентација на пријателскиот натпревар против Бенин. Во Аргентина се надеваа дека овој ден никогаш нема да дојде, но по смртта на татко му и поразот во финалето на Светското првенство, Меси одлучи дека е време за повлекување, при што сакаше тоа да се случи меѓу своите – па така, пред речиси 85 илјади навивачи на стадионот „Монументал“, тој последен пат го облече сино-белиот дрес. 🚨🎙️| Messi: “I don’t want to leave. I will miss you all. I’m thankful to God for being Argentine and proud to be Argentine, and to have accomplished this dream with you all.” 🩵🩵 https://t.co/owyywWWSHA — Kalshi FC (@KalshiFC) October 7, 2026 И последен пат заигра мајсторски. Аргентина победи со 3:0, благодарение на неговите две асистенции – за Отаменди во 48. минута и за Паз во 61. минута – како и на голот од пенал во 71. минута. Со тоа, неговото збогување беше уште подостоинствено, бидејќи им докажа на сите дека би можел да игра уште многу години, доколку само би сакал. In Messi’s final match for Argentina they paused in the 10th minute to give him a standing ovation What a send off for the GOAT https://t.co/fRsJlmD8Yi — Barstool Sports (@barstoolsports) October 7, 2026 Се разбира, натпреварот беше проследен со солзи, како на трибините, така и на теренот. Меси плачеше, а околу него плачеа и неговите соиграчи, за кои овој момент беше уште потежок. Тие останаа без својот лидер, инспирација и идол – реинкарнацијата на Марадона, па и повеќе од тоа. In 2016, 15 year old Enzo wrote Messi a letter asking him not to leave the Argentina national team after Messi decided to step down. During Messi’s farewell speech, Enzo couldn’t hold back his emotions. 🥹🇦🇷 https://t.co/LeH4ZFjq0X — Kalshi FC (@KalshiFC) October 7, 2026 Меси одигра вкупно 208 натпревари за Аргентина, при што постигна 126 гола и забележа 69 асистенции. Со својата земја двапати ја освои Копа Америка – во 2021 и 2024 година – а ја освои и титулата светски шампион на Светското првенство во Катар во 2022 година, победувајќи ја Франција. Исто така, одигра уште две финалиња: она во 2010 година и повторно во 2026 година, кога Шпанија беше подобра од него. „Не ми преостанува ништо друго освен да му се заблагодарам на овој дрес. Цели 20 години, дури и во најтешките моменти, никогаш не престанав да се борам, да чекорам напред и да го давам својот максимум, бидејќи сакав да бидам тука. Многу ќе ме боли сознанието дека повеќе нема да доаѓам овде и дека повеќе нема да бидам дел од аргентинската репрезентација. Да се прашував јас, би сакал да останам тука до крајот на животот, бидејќи играњето за Аргентина е најубавото нешто што постои. Мислам дека денес зборувам повеќе од кога било, едноставно затоа што не сакам овој момент да заврши“, рече Меси и нагласи дека „дојде време за повлекување“, бидејќи претходното Светско првенство го исцрпило. „Во 2022 година имавме цел да го оствариме не само мојот сон, туку и сонот на целата земја: повторно да станеме светски шампиони. И успеавме. Го освоивме Светското првенство, Копа Америка, Финалисимо... Бескрајно сум благодарен за сè што доживеав со оваа репрезентација. Но, ова патување не се одвиваше само во 2022 година, ниту само за време на последното Светско првенство. Толку многу соиграчи се бореа заедно со мене за овој дрес, многу пред конечно да станеме светски шампиони. Никогаш не се сомневајте колку секој од нив се борел и дал сè од себе за Аргентина. Беше привилегија и чест да го делам теренот со сите мои соиграчи и да поминеме толку многу време заедно и надвор од фудбалот; знаев дека можеме да се натпреваруваме со секого бидејќи имав воини кои беа подготвени да остават апсолутно сè на теренот“, рече Меси, заблагодарувајќи им се на сите. „За да се постигнат најголемите успеси, потребна е силна група. А токму во најтешките моменти навистина откривате каков тим имате. Тоа е една од главните причини што успеавме да го постигнеме сето она што го постигнавме. И особено на оваа група: ВИ БЛАГОДАРАМ. Тие ми помогнаа да го остварам сонот што го имав уште од детството. Ми помогнаа да станам светски шампион. Сакам да им се заблагодарам и на луѓето. Имав среќа да играм во многу градови низ Аргентина и каде и да одев, добивав неверојатно многу љубов.“ На крајот, тој ги повика навивачите да продолжат да ја поддржуваат Аргентина, како што тоа го правеа додека тој играше за неа. „И таа поддршка мора да продолжи. Ќе дојдат тешки моменти, а тогаш мора да ја поддржувате репрезентацијата повеќе од кога било. Потребни ни се силни и обединети групи бидејќи секогаш ќе има луѓе кои сакаат да ја видат репрезентацијата како не успева, а ние не смееме да им го пружиме тоа задоволство.“ Лионел Меси ќе продолжи да игра фудбал на клупско ниво; тој веќе извесно време настапува за Интер Мајами и има договор со овој клуб до крајот на 2028 година.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиУбиена пензионерка во Ѓорче Петров12:30Од полноќ бензините поевтини за пет денари за литар, дизелот останува со иста цена08:44Граѓани се собраа пред телевизијата Пинк, фрлаа јајца кон зградата (ВИДЕО)21:39Изборната победа се слави и вечерва на плоштадот Славија во Белград20:12Вучиќ ги загуби изборите, студентска листа освои апсолутно мнозинство, може самостојно да формира влада18:16
Вучиќ ги загуби изборите, студентска листа освои апсолутно мнозинство, може самостојно да формира влада18:16
МакедонијаМанасиевски: Промените во Македонија започнаа со заминувањето на Заев, продолжија со Ковачевски и ќе завршат со заминување на ФилипчеКај Филипче и СДС работи ефектот на илузорната вистина. Тие се длабоко уверени дека ако една лага ја повторат 1000 пати, таа некако ќе стане вистина.Таков е и случајот со нивните илузорни вистини за Вучиќ и за српскиот свет. Кај нив едноставно речено, работи Фројд. До пред неколку години, кога беа власт Заев и Филипче го величаа Вучиќ и му се поклонуваа на граница кога им донираше вакцини затоа што овие двајцава сакаа нашите да ги украдат. До пред само некоја година, Заев и Филипче го шетаа Вучиќ по македонските винарии, му подаруваа македонски дресови и му се извинуваа ако во Македонија кажеа некаков лош збор за него. А во меѓувреме, за лица блиски до него како Александар Обрадовиќ и Зоран Башановиќ, едниот близок соработник, а другиот кум на Вучиќ, веднаш по доаѓањето на Зоран Заев на власт во Македонија, беа вдомени како советници во неговата влада. И наместо да слават за победа на избори на друга партија во друга држава, нека си го средат својот двор. Ако се подготвени за избори, нека ги побараат. А не да бегаат од нив како ѓавол од темјан. Почитувани граѓани, Промените во Европа почнаа пред 4 години токму од Македонија. Со заминувањето на Заев и Филипче од власта, а потоа и со заминувањето на Димитар Ковачевски во Македонија, конечно, дојдоа промените. Граѓаните конечно добија надеж, почит и верба за подобро утре. Затоа на прашањето кое го поставува Филипче, а тоа е: кој е следен? Имаме многу лесен одговор. Филипче, ти си следен! Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветКралот Чарлс ќе ги посети поранешните британски колонии: Сакаа отштета поради ропствотоКралот Чарлс оваа недела заминува на турнеја низ Карибите, во време кога во регионот се засилуваат повиците Велика Британија да плати репарации за својата улога во трговијата со робови, објави денеска Ројтерс.Кралот и неговата сопруга Камила најпрво ќе ги посетат Бахамите и Гвајана, а потоа ќе отпатуваат во Антигва и Барбуда за состанокот на шефовите на влади на земјите од Комонвелтот (CHOGM), кој се одржува на секои две години. Турнејата ќе трае од 27 октомври до 4 ноември. На претходниот состанок на лидерите на Комонвелтот во 2022 година, Чарлс изрази длабоко жалење во врска со ропството – тема што сигурно повторно ќе биде покрената. Комонвелтот претставува група од 56 земји, од кои повеќето се поранешни британски колонии. Минатиот месец, „CARICOM“ – заедница од 23 карипски нации, вклучувајќи ги Бахамите, Барбадос и Јамајка – објави дека прашањето за репарациите ќе биде дел од дневниот ред на „CHOGM“. „Карипскиот регион постојано нагласува дека прашањето за репарациите, во својата суштина, е прашање на правда“, изјави генералниот секретар на „CARICOM“, Карла Барнет, во говор минатиот месец. Кралот нема да упати формално извинување „Станува збор за признавање, одговорност и трансформација – градење праведна и еднаква иднина за потомците на оние кои, како сопственост на колонијалните господари, претрпеле незамисливи страдања, како и губење на животот и слободата“, рече таа. Иако од Бакингемската палата изјавија дека кралот нема да ја избегнува темата за вмешаноста на Британија во трансатлантската трговија со робови за време на неговата турнеја, тој сепак нема формално да се извини за тоа, како што некои бараат. Ова е во согласност со политиката на британската влада, која исто така ја отфрла можноста за какви било финансиски репарации. „Овде е важно да се истакне долгогодишната работа на Неговото Височество во насока на признавање на грешките од минатото и обидите да се пронајдат креативни начини за исправување на нееднаквостите што сè уште постојат“, изјави портпарол на палатата. „Извинувањето не би било на одмет“ Ширли Бочвеј, генерален секретар на Комонвелтот на нациите – организација која опфаќа околу 2,7 милијарди луѓе – минатата недела изјави дека дошло време да се разговара за репарации, било да се тие финансиски или од друг вид, како што е враќањето на историски или културни предмети. Што се однесува до извинувањето од кралот, кој сè уште е шеф на државата во голем број карипски земји, вклучувајќи ги Бахамите и Антигва и Барбуда, Бочвеј за „Скај њуз“ изјави дека „тоа не би било на одмет“. Како што пренесува „Ројтерс“, во периодот од 15-тиот до 19-тиот век, европски трговци киднапирале и продале најмалку 12,5 милиони Африканци како робови. Притоа, Велика Британија била одговорна за транспортот на приближно 3,2 милиони луѓе, што ја прави втора најактивна европска земја во тој поглед, веднаш по Португалија. Извор: Индекс.хрТагови: британски колонии Кралот Чарлс Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаУбиена пензионерка во Ѓорче ПетровВо населбата Ѓорче Петров во Скопје утринава била пронајдена почината 76 годишна жена, информираат од МВР. Во населбата Ѓорче Петров во Скопје утринава била пронајдена почината 76 годишна жена, потврдија од МВР. Велат дека во 09:18 часот, во СВР Скопје, М.А. пријавила дека ја пронашла својата мајка О.А.(76) без знаци на живот. „Денеска (27.10.2026) во 09:18 часот во СВР Скопје М.А. пријавила дека во куќа на ул. „Ѓурчин Кокале“ во Скопје ја пронашла својата мајка О. А. (76), без знаци на живот. Од страна на Итната медицинска помош констатирана е смрт со видливи траги од насилство“. Од МВР информираат дека се преземаат мерки за утврдување на причините за смртта и расчистување на случајот. Засега нема официјални информации за можен сторител или мотив. Истрагата треба да ги утврди околностите под кои починала жената.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook