3Британците го истражуваат инцидентот во воената база: Двајца обвинети, се сомнева на вмешаност на Иран
МакедонијаСиљановска-Давкова на одбележувањето на 25 години СОС Детско селоПретседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во својство на покровителка, се обрати на одбележувањето на 25-годишнината од постоењето и работата на СОС Детско село во Македонија, во Македонскиот народен театар во Скопје.Во обраќањето, таа ги потсети возрасните на обврската да се грижат за децата и да бидат со нив и до нив, не оставајќи ги сами кога им е тешко и кога се среќни. „Домот е мала оаза на мир, емоционално прибежиште, првата заедница во која ја учиме најважната животна лекција: дека неслучајно сме тука и дека секое дете има своја мисија во животот. За многу, многу деца и млади, токму ваков дом беше, е и ќе биде СОС Детско село“, истакна Сиљановска-Давкова. Навраќајќи се на 25-годишната работа на организацијата, таа ги детектираше видливите успеси во превенцијата, зајакнувањето на семејствата и заштитата на децата, како и улогата на згрижувачите, како најблиски до децата. Охрабрувајќи ги да ја продолжат благородната мисија, Сиљановска-Давкова укажа дека децата никогаш нема да ги заборават добриот збор, подадената рака и утеха на добрите луѓе. „Дозволете ми, да ви го честитам јубилејот, да ви ги честитам 25-те години СОС Детско село, прекрасно село, убедена дека вложувањето во децата е вложување во нивната, ама и во нашата иднина“, порача претседателката. Јубилејната програма преку видео-проекции, сценски и музички изведби, лични приказни и доделување признанија ја претстави 25-годишната мисија на организацијата, нејзините резултати и значењето на згрижувачите, младите, институциите, компаниите, здруженијата и партнерите во создавањето широка мрежа на поддршка за децата и семејствата. СОС Детско село е дел од меѓународната мрежа на СОС Детски села, посветена на заштитата и унапредувањето на правата на децата, поддршката на децата и младите без родителска грижа и на оние кои се во ризик да ја загубат грижата од своите родители. Во продолжение е обраќањето на претседателката Сиљановска-Давкова: Почитувани, Прашувам: Што му должиме на едно дете? Во „Светот на Софија“, една прекрасна книга напишана од еден норвешки филозоф, автор на повеќе книги, Јустејн Гордер, започнува дијалог со малата Софија, поставувајќи ѝ едноставни, но длабоки филозофски прашања: „Која си?“, „Од каде си“, „Зошто си тука“, „Од каде потекнува светот?“ Одговорот е познат. Тука сме заради: љубов, внимание, почит, сигурност, сочувство, образование. Сите ние возрасните сме должни кај децата да создадеме чувство дека не се сами, дека се сигурни, дека можат да мечтаат, дека можат да креираат, дека можат да го откриваат светот и да си го бараат своето место во него. Ќе потсетам на Конвенцијата на Обединетите нации за правата на детето којашто вели: „секое дете има право на заштита, на развој, на семејна средина и на достоинство. Овие права добиваат вистинска смисла тогаш кога од принципите запишани во документите, ќе станат реалност во секојдневието. Домот е првиот простор, што го чувствуваме како свое катче, како прозорец низ кој детето гледа во хоризонтот. Домот не е само куќа ниту покрив над главата, туку место во коешто ги учиме лекциите за блискост, за припадност, за доверба, каде што се радуваме на првиот збор на децата, каде што ги придржуваме да не паднат или тие нас, каде што нè охрабруваат и охрабруваме да станат кога ќе паднат. Домот си е една мала оаза на мирот, емоционално прибежиште, првата заедница во која ја учиме најважната животна лекција: дека сме тука неслучајно, дека не сме сами, дека секогаш ќе има некој покрај нас, кој ќе ни помогне да се соочиме со искушенијата. За многу, многу, деца и млади, токму ваков дом беше, е и ќе биде СОС Детско село. Денеска одбележуваме не само 25 години постоење,, туку четврт век посветен на една важна животна вистина: „За да порасне едно дете, потребно е цело село.“ Потребни се семејства, потребни се згрижувачи, потребни се професионалци, потребни се одговорни организации, хумани донатори, блиски пријатели, различни луѓе поврзани со знаење, искуство, хуманост, посветеност, љубов. Тогаш едно дете ќе може да расте, да твори и без страв да може да си ги поместува границите на можното, што ќе стане понекогаш и кога е неможно, можно ќе стане. Сите знаат дека СОС Детско село активно работи на превенцијата и на зајакнувањето на семејствата и заштитата на децата. Јавна тајна е дека советувалиштата за родители и деца, се борат семејствата да останат заедно секогаш кога тоа е можно. Зошто? Во најдобар интерес на децата. Кога, семејната средина напати не може да се зачува, алтернативната грижа станува нова можност. Тука се големите мајки и татковци, во улога на загрижени родители. Тие не обезбедуваат само грижа, тие му помагаат на детето да има свој живот, да ги надминува проблемите и тешкотиите, да ги пребродува загубите и смело да продолжи да ја пишува својата животна приказна. Импресивен е за мене фактот што во изминатите 25 години СОС Детско село им помогнало на повеќе од 6.000 деца и млади. Секој од нив има своја уникатна, оригинална приказна, свој микро космос. Таа приказна започнала можеби во неизвесност,во загуба, можеби во амбиент на страв, но продолжила во потрага по сопствените соништа и во потрага по живот по сопствена мерка каков што децата заслужуваат. Овие деца, денес се самостојни, успешни и реализирани личности, лекари, професори, инженери, правници, претприемачи, одговорни родители кои научиле што значи љубовта. Да ве потсетам вас возразните на една умна филозофка, Хана Арент, која човечката способност за почеток ја поврзува со самото раѓање верувајќи дека секој нов човечки живот носи нешто дотогаш што не постоело. Секој млад човек понекогаш не е само ранливо суштество со многу желби и идеи, но не и можности да ги реализира, туку личност што треба да се заштити, да се почитува. Зошто? Заради неповторливиот потенцијал што го поседува секој од нас. И го знаел тоа и кога бил дете и кога растел и кога созреал, кога станал родител. Не случајно, според членовите 40 и 42 од македонскиот Устав, и државата има обврска кон семејството, децата и малолетните лица, а особено кон децата без родители и родителска грижа. Сите ние овде возрасните имаме човечка, родителска и професионална обврска да им помогнеме не само на нашите, туку и на сите деца во градењето среќен детски живот, што ќе го помнат при соочувањето со проблемите, неуморно чекорејќи кон успехот во потрага по своето место во општеството. Јас навистина од срце ве охрабрувам да ја продолжите оваа прекрасна благородна мисија, со желба и уверување дека децата на кои им помагате, никогаш нема да го заборават вашиот и нашиот драгоцен влог во нивното растење и во нивното формирање како личности. Дозволете ми, да ви го честитам јубилејот, да ви ги честитам 25-те години СОС Детско село, прекрасно село, убедена дека вложувањето во децата е вложување во нивната, ама и во нашата иднина.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗабаваНикол Кидман позира за „Вог“, луѓе дебатираат за користење вештачка интелигенција (ФОТО)Нов едиторијал на Никол Кидман (59) за австралискиот Вог предизвика дебата на социјалните мрежи. На фотографиите, актерката позира во многу младешки комбинации. На една од нив, таа носи минијатурно бикини од Шанел и фармерки со низок струк од истиот бренд, заедно со масивна златна огрлица и „влажна“ коса. Во преден план се нејзините истакнати стомачни мускули. На друга фотографија, 59-годишната актерка носи „скејтер“ шапка и црно-бел фустан без прерамки. Луѓето мислат дека имало вештачка интелигенција во фотографиите Додека многу обожаватели го пофалија гламурозното издание, имаше и многу критичари на интернет. Тие се сомневаат дека обемната дигитална обработка или дури и примената на вештачка интелигенција стои зад екстремно младешкиот изглед на актерката. View this post on Instagram A post shared by Nicole Kidman (@nicolekidman) Многу корисници на социјалните мрежи се убедени дека станува збор за ретуширање и го споменуваат Фотошоп и генеративната вештачка интелигенција. „Ја сакам Никол, но овие фотографии се толку очигледно фотошопирани што е смешно“, гласеше еден коментар. Друг корисник побара дигитално изменетите фотографии во иднина да мора да бидат обележани со предупредување. Некои тврдат дека актерката на фотографиите изгледа како да има 35 години, што е значително помладо од нејзиниот изглед на фотографиите од минатата година. Заедно со третманот, критикуван е и изборот на облека. „Нејзиното тело е одлично, но облеката што ја избраа за неа повеќе личи на тинејџерка“, гласеше еден коментар. Пофалби и покрај критиките И покрај критиките, Никол Кидман доби бројни комплименти за едиторијалот во престижното списание. Многумина во коментарите ја пофалија нејзината линија, харизма и елегантниот впечаток на целото снимање. „Изгледа апсолутно фантастично!“ напиша еден обожавател. Друг беше изненаден од нејзините години: „Педесет и девет! Изгледа неверојатно!“. Еден коментар се однесуваше на нејзините поранешни и сегашни партнери: „Само бидете љубоморни на Кит и Том“. Коментарот се однесува на музичарот Кит Урбан (59) и холивудската ѕвезда Том Круз (64). Добитничката на Оскар беше во брак со Круз од 1990 до 2001 година, а се омажи за Урбан во 2006 година. Никол има четири деца.Тагови: никол кидман Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаАвтомобил влета во група луѓе во Германија Најмалку четири лица се повредени кога автомобил се заби во група луѓе во Нојштат ам Рибенберге, во близина на Хановер, објави „Билд“.Полицијата отвори оган врз возилото во обид да го запре, но сторителите избегаа. Ниеден од повредените не е во животно-загрозувачка состојба. Инцидентот се случил непосредно пред полноќ, а некои од повредените се здобиле со сериозни повреди. Оштетениот автомобил останал на местото на настанот, додека повредените се однесени во болница. Околностите на инцидентот и степенот на вклученост на одговорните сè уште се утврдуваат. Првичните наоди укажуваат дека вклучените се познавале и дека групата луѓе била конкретно цел. Сторителите, чиј точен број е непознат, сè уште не се пронајдени, а потрагата досега не дала никакви резултати. Оштетени се и неколку други автомобили, од кои некои имале дупнати гуми, додека на еден му е скршен задниот прозорец. Полициските службеници вршеле рутинска сообраќајна контрола во близина кога забележале што се случува и отвориле оган врз возилото. https://t.co/NSkGomErrb https://t.co/A3tAv0d7GW — Joerg H (@joerghelf) October 27, 2026 Полициски, противпожарни и медицински екипи биле испратени на местото на настанот, а во потрагата биле вклучени хеликоптер и полициско куче. Областа беше оградена неколку часа за собирање форензички докази. Истрагата е во тек.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
АвтомобилизамПорше подготвува 15 уникатни модели- најскапиот чини околу 15 милиони евра (ФОТО)Доколку дури и Порше со сите достапни додатоци не е доволно посебно за ВАС, постои друга можност: нарачајте копија што никој друг ја нема. За најбогатите купувачи, границата повеќе не е каталог, туку нивната сопствена имагинација и подготвеност да платат милиони за автомобил. Одделот „Сондервунш“ на Порше моментално работи на 15 вакви проекти. Цените се движат од нешто помалку од два милиони до приближно 15 милиони долари, изјави за „Автомобилски вести“ Александар Фабиг, потпретседател за персонализација и класични автомобили. Кога посебната боја повеќе не е доволна Изборот на ретка нијанса на бојата на каросеријата, различните шевови на седиштата и скапите бандажи е само почеток. Програмата „Сондервунш“ им овозможува на клиентите да учествуваат во создавањето автомобил што може да бара нови компоненти и обемен развој. Таквото Порше не е само богато опремен сериски модел. Тоа е автомобил направен според желбите на клиентот, кој може да остане единствен од ваков вид во светот. За купувачите на кои токму тоа им е важно, дури и цената од повеќе милиони долари очигледно не е пречка. Во исто време, Порше размислува и за автомобили произведени само во неколку примероци, кои би биле сместени помеѓу ограничени серии и сосема уникатни креации. Зошто Порше сака повеќе клиенти како овој? Зад ексклузивните нарачки стои многу специфична деловна пресметка. По падот на заработката предизвикан од царините, силната конкуренција во Кина и скапите одлуки за електрификација, Порше бара начин да заработи повеќе пари од секој автомобил. Неговата цел е да го намали прагот на рентабилност на помалку од 200.000 возила годишно. Автомобилите по нарачка, малите серии и скапите фабрички реконструкции треба да помогнат бизнисот да биде помалку зависен од продажбата со голем обем. Во таа стратегија, има простор за уште поскапи спортски модели. Идните врвни модели би можеле да чинат повеќе од трите основни Порше 911. Веќе имате Carrera GT? А реставрацијата може да чини вистинско богатство Купувачите на Порше не треба нов автомобил за да потрошат стотици илјади долари во фабриката. Доволно е што имаат Carrera GT во нивната гаража и сакаат да го вратат во состојба споредлива со ново возило. Програмата за фабричка реставрација за тој V10 супер автомобил чини помеѓу 500.000 и 800.000 долари, а тоа не ја вклучува цената на самиот автомобил, која сопственикот мора веќе да ја поседува. За таа сума, експертите можат да го расклопат возилото и темелно да ги реставрираат неговите механички склопови. Во исто време, сопственикот може да сака поинаков екстериер или ентериер, па реставрацијата станува можност да му се даде личен печат на автомобилот. Нема недостаток на интерес. Porsche заврши 11 примероци, уште 16 примероци моментално се реставрираат, а 21 чекаат на ред. Вкупно, има 48 автомобили, или речиси четири проценти од сите Carrera GT произведени помеѓу 2003 и 2006 година. Тркачки бои и контра на нула Колку далеку можат да одат ваквите желби покажува Carrera GT моделирана по Porsche 917 со број 23, победничкиот автомобил на 24 часа Ле Ман во 1970 година. Заедно со препознатливите тркачки бои и графика, сопственикот нарачал посебни детали за ентериерот. По реставрацијата, километражата исто така била ресетирана на нула. Ваквата услуга им овозможува на сопствениците да го задржат својот омилен автомобил, да го реставрираат со учество на самата фабрика и во исто време да го прилагодат на свој вкус. Во исто време, на Порше му носи нова заработка на модел чие производство заврши пред дваесет години. А за клиентите кои сакаат нешто уште поспецијално, одделот Sonderwunsch веќе работи на автомобили со цена до 15 милиони долари. Засега знаеме малку за нив, но барем нивните клиенти нема да мора да се грижат за паркирање покрај идентичен модел на следниот собир.Тагови: Порше Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести76-годишна жена убиена во својот дом во Ѓорче Петров 15:00Убиена пензионерка во Ѓорче Петров12:30Од полноќ бензините поевтини за пет денари за литар, дизелот останува со иста цена08:44Граѓани се собраа пред телевизијата Пинк, фрлаа јајца кон зградата (ВИДЕО)21:39Изборната победа се слави и вечерва на плоштадот Славија во Белград20:12