Песков : „Сè уште не сме разговарале за за можната номинација на Орбан за генерален секретар на ОН. “
2Песков : „Сè уште не сме разговарале за за можната номинација на Орбан за генерален секретар на ОН. “
3Јанчев: Реконструкцијата на спортската сала во СОУ Гимназија „Добри Даскалов“ влегува во завршна фаза
АвтомобилизамИзгледа како помала „Octavia“, но чини само 10.000 долариШкода „Slavia“ штотуку стана уште поинтересна, со проширена опрема и верзија „Monte Carlo“.Шкода „Slavia“, компактен седан дизајниран за индискиот пазар, доби освежување на изгледот за моделската 2026 година. Автомобилот сега се одликува со помодерен изглед, подобрена опрема и спортска верзија „Monte Carlo“, со почетна цена од околу 10.400 долари. Редизајнираната „Slavia“ ја задржува карактеристичната форма слична на поголемата „Octavia“, но воведува неколку визуелни новини. Предниот дел добива нова маска на ладилникот, изменет браник и ревидирана графика на „LED“ предните светла, додека задниот дел добива црна украсна лајсна со натпис „Škoda“ меѓу задните светла и нова „LED“ графика со секвенцијални трепкачи. Седанот е долг 4.552 мм, а неговиот профил останува главно непроменет, со исклучок на новите 16-инчни алуминиумски бандажи. Купувачите можат да избираат и меѓу новите бои: „Arctic Silver“ (сребрена) и „Cappuccino Beige“ (беж). „Monte Carlo“ за спортски изглед Врвната изведба „Slavia Monte Carlo“ се одликува со црни 16-инчни бандажи, црвени сопирачки клешти, црни детали, црвени акценти на маската, црн покрив и суптилни аеродинамични додатоци. Каросерискиот пакет вклучува преден сплитер, продолженија на праговите, мал заден дифузор и спојлер на капакот на багажникот. Сепак, спортската верзија нема модификации на суспензијата или погонскиот систем. Главните карактеристики на кабината вклучуваат црни украсни елементи и црвени акценти. Повеќе технологија, исти мотори Кабината е надградена со поголем екран од 10,1 инчи за мултимедијалниот систем, кој вклучува функции со вештачка интелигенција, како и нова дигитална инструмент-табла од 12,25 инчи, која го заменува претходниот дисплеј од 8 инчи. Опремата сега вклучува задни седишта со функција за масажа, камера од 360 степени и подобрен систем за климатизација. „Slavia“ стандардно доаѓа со шест воздушни перничиња, но нема напредни системи за помош на возачот кои се дел од „ADAS“ пакетот. Во понудата остануваат два турбо-бензински мотори. Основниот мотор 1.0 TSI развива 115 КС и може да се комбинира со шестстепен мануелен или со нов осумстепен автоматски менувач. Помоќниот 1.5 TSI испорачува 150 КС и е достапен исклучиво со седумстепен „DSG“ менувач и погон на предните тркала. Овој мотор сега доаѓа и со задни диск-сопирачки, кои ги заменуваат претходните барабан-сопирачки. Почетната цена на моделот „Slavia“ во Индија изнесува околу 10.400 долари, додека верзијата „Monte Carlo 1.5 TSI DSG“ чини приближно 19.500 долари.Тагови: Шкода Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести76-годишна жена убиена во својот дом во Ѓорче Петров 15:00Убиена пензионерка во Ѓорче Петров12:30Од полноќ бензините поевтини за пет денари за литар, дизелот останува со иста цена08:44Граѓани се собраа пред телевизијата Пинк, фрлаа јајца кон зградата (ВИДЕО)21:39Изборната победа се слави и вечерва на плоштадот Славија во Белград20:12
Македонија76-годишна жена убиена во својот дом во Ѓорче Петров Влегле низ задната врата, ја извлекле од постела, ја врзале и малтретирале, а потоа ја ограбиле и убиле, ова се неофицијално деталите од убиството на 76 годишна жена од Ѓорче Петров, која утринава беше пронајдена мртва во својот дом. Станува збор за грабеж кој резултирал со убиство, второ во Ѓорче Петров за само пет дена, откако во населбата во Хром, исто така со траги на насилство, беше пронајден мртов 62 – годишен маж. Жртвата, жителка на улицата Ѓурчин Кокале, утринава околу 9 часот ја пронашна нејзината ќерка, која дошла да ја посети и да и помогне околу домашните обврски. Убиството, според неофицијални информации, не е извршено со огнено оружје. Токму ова е куќата, белата во позадина каде утринава била пронајдена жената од страна на својата ќерка. Според неофицијалните информации, била убиена во дневната соба. Убиената била мирна и тивка жена со здравствени проблеми, велат соседите кои се шокирани што на оваа улица, на која немало поголем инцидент, се случило убиство, бидејќи истата важи за една од најбезбедните и најмирните улици во Ѓорче Петров. Сега велат, стравуваат за себе и најблиските. На оваа улица јас живеам можеби 30-40 години, вакво нешто не се случило, немало ни грабежи, ни ништо. Девојченцето, ете се случило тој ден да одат во Маврово, кога се вратиле, кога ја затекнале, мртва. Значи треба да се заклучуваме и денски и навечер, ниски се оградите. Ова е прва случка ваква, немало досега, не знам за понатаму што да кажам. Канал 5 ги затекна екипите на МВР кои вршеа увид на местото на злосторството, по сторителите во моментов се трага. -Во 09:18 часот во СВР Скопје, М.А. пријавила дека во куќа на ул. Ѓурчин Кокале ја пронашла нејзината мајка О.А. без знаци на живот. Од страна на итната медицинска помош констатирана е смрт со видливи траги од насилство,- - Гоце Андреевски – Портпарол на МВР. Неофицијално, според извори на Канал 5 од истрагата, полицијата истражува дали има можна поврзаност помеѓу двете убиства во изминативе пет дена. Според информациите, и 62 годишникот е убиен по разбојништво. Од обвинителството посочуваат дека се преземаат сите дејствија за расчистување на убиствата. Неофицијално, едно лице осомничено за двете убиства во скопската населба Ѓорче Петров е приведено и во моментов се наоѓа во полициска станица.. За ова нема официјална потврда од МВР... Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветПесков : „Сè уште не сме разговарале за за можната номинација на Орбан за генерален секретар на ОН. “ Вака портпаролот на Кремљ одговорил на прашањата во врска со медиумските извештаи дека американската администрација го промовира Орбан за оваа функција. Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека за време на последниот телефонски разговор, рускиот лидер Владимир Путин и американскиот претседател Доналд Трамп не разговарале за можната номинација на поранешниот унгарски премиер Виктор Орбан за генерален секретар на ОН. Вака портпаролот на Кремљ одговорил на прашањата во врска со медиумските извештаи дека американската администрација го промовира Орбан за оваа функција. Песков исто така напомена дека „доколку се појави таква кандидатура, таа ќе биде разгледана“. „Волстрит џурнал“, повикувајќи се на извори од три земји, објави дека администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп го предложила Орбан за генерален секретар на Обединетите нации. САД го повика поранешниот премиер на Унгарија, Виктор Орбан да се кандидира и го охрабрија да го стори тоа. Планот во моментов чека конечна одлука.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалJан Облак стана татко, неговата свршеница тенисерката Олга Даниловиќ роди синСрпската тенисерка Олга Даниловиќ се породи и доби син. Таа и нејзиниот свршеник,ѕвездата на Атлетико Мадрид, словенечкиот голман Јан Облак, уште претходно го избраа името Максим. Олга направи долга пауза во кариерата поради бременоста, а последниот натпревар го одигра на 4 февруари на еден турнир во Романија. Србинката падна на 390-тото место на ВТА-листата, но, се разбира, тоа сега не е важно. Олга Даниловиќ и Јан Облак се во врска од 2023 година.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter