САД: Ова е клучниот услов за завршување на конфликтот - Канал 5

САД: Ова е клучниот услов за завршување на конфликтот

Американскиот потпретседател Џеј Ди Венс денеска изјави дека Иран мора значително да ги намали своите капацитети за збогатување нуклеарен материјал за да постигне договор со Вашингтон и да ја заврши седуммесечната војна.

САД: Ова е клучниот услов за завршување на конфликтот

„Нема да прифатиме зборови наместо дела“, рече Венс во интервју за Ројтерс, додавајќи дека Техеран ќе треба да преземе конкретни чекори во врска со својата нуклеарна програма, наместо само да нуди уверувања за идни намалувања на активноста.

„Ако не сакате нуклеарно оружје, тогаш зошто ви е потребно гориво збогатено до 60 проценти?“, праша Венс.

Венс истакна дека САД преговараат со иранскиот претседател Масуд Пезешкијан и министерот за надворешни работи Абас Аракчи, но дека Вашингтон не е сигурен во обемот на нивните овластувања во рамките на иранската структура на власт по смртта на врховниот лидер, ајатолахот Али Хамнеи, во американско-израелските напади на почетокот на војната.

„Не е сосема јасно како нивната земја носи одлуки“, рече Венс.

Во последните недели, Иран и САД разменија предлози во врска со завршувањето на војната и повторното отворање на Ормускиот теснец.

Венс изјави дека САД остануваат отворени за договор, додека американскиот претседател Доналд Трамп ја отфрли најновата понуда на Техеран и предупреди дека воените операции би можеле да се интензивираат по изборите на средината на мандатот.

Венс исто така рече дека сè уште нема одлучено дали ќе се кандидира за претседател на САД во 2028 година. „Навистина не сум размислувал многу за тоа“, рече тој.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

16 годишна девојка е најмладиот пациент со мозочен удар

16 годишна девојка, е најмладата пациентка со мозочен удар на Клиниката за неврологија.

16 годишна девојка е најмладиот пациент со мозочен удар

Првиот човек на клиниката Божиновски објаснува дека има епидемија на мозочни удари, и едниствено што е важно е превенцијата во прегледи мерење притисок, шеќер, холестерол и генетската предиспозција во фамилијата.

Секој мозочен удар пред 55 година се води како удар кај млад пациент, велат од Клиниката за неворлогија.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Први парламентарни избори во Израел по нападот на Хамас

Први парламентарни избори во Израел по нападот на Хамас кој однесе 1200 животи но и почетокот на војната во Појасот Газа, која истражен комитет на Обединетите нации ја признаа како геноцид. 

Први парламентарни избори во Израел по нападот на Хамас

Главната битка се води меѓу партијата „Ликуд„ на премиерот Бенјамин Нетанјаху која предводи крајно десничарска коалиција на националисти и ултра-ортодоксни евреи и опозициска коалиција предводена од партијата „Јашар„ на поранешниот началник на Генералштабот на армијата - Гади Ајзенкот.

-Не смееме да им го препуштиме теренот овде на Левицата и на арапските партии – партии кои се стремат да стават крај на еврејската држава. Тоа е она што е во прашање; тоа е она што виси на конец: зачувување на еврејската држава, обезбедување на нашата безбедност и заштита на нашата иднина,- -Бенјамин Нетанјаху.

-Се обврзувам да ја демонтирам воената и управувачката моќ на Хамас – или целосно да го уништам. Ова е ветување што ќе го исполнам. Уверен сум дека до крајот на оваа вечер, ќе видиме промена и нов дух за Државата Израел – корективен пресврт по трите години што штотуку ги преживеавме,- - Гади Ајзенкот.

Овие избори за 120 пратеници во Кнесетот се оценуваат како едни од најзначајните за Израел досега, со драстично различни политички визии за иднината на државата.

Додека Нетанјаху нуди „порелигиозен„ Израел и цврста контрола врз Газа и Западниот Брег, неговиот главен противник – Ајзенкот чиј син загина во војната во Газа, се позиционира како опција за враќање на демократијата и спасување на Израел од меѓународни санкции по војната во Газа.

-Мораме да ја спасиме нашата земја од диктатура, до која ќе дојде доколку Нетанјаху повторно ја освои својата позиција. За жал, тој ја подели нашата земја, нашиот народ, на две групи – вистински Евреи и не толку вистински Евреи. Сметам дека тоа не е правилно.

-На Израел му е потребна промена. Ова е судбоносен период, судбоносен период за оваа нација. Четвртина милион Израелци го напуштија Израел – најдобрите, елитата на Израел.

-Гласав за Ликуд и сакам да продолжам да гласам за Ликуд. Сметам дека нема алтернатива за Биби, нема никој што би можел да го замени.

-Исто така, сметам дека нема подобар кандидат од Биби. Ликуд е дел од целиот наш живот; од моето раѓање па сѐ до смртта.

7,3 милиони граѓани на Израел од кои 1,2 милиони се палестинци имаат право на глас. Меѓутоа, над 5 милиони палестинци кои живеат на териториите на окупираните Западен Брег и појасот Газа се исклучени од гласањето.

Гласачките места се затвораат денеска во 20 часот а на изборите учествуваат 37 изборни листи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

За повеќе од двојно зголемен бројот на деца-жртви во судските евиденции

Не смееме да останеме неми на ескалацијата на врсничкото насилство алармираат од  Државниот совет за превенција на детско претстапништво и правда за деца.

За повеќе од двојно зголемен бројот на деца-жртви во судските евиденции

Не смееме да останеме неми на ескалацијата на врсничкото насилство алармираат од Државниот совет за превенција на детско претстапништво и правда за деца кој во годишниот извештај за минатата година нотира зголемен број деца жртви евидентирани во судовите за 118% споредено со 2024, пораст на детските прекршоци, и само три специјално опремени простории за разговор со деца во полициските станици низ целата држава. Таканареченото „родителско слепило“, односно непрепознавањето или игнорирањето на постапките на децата, перцепцијата дека кај училишен психолог се оди како казна, немање на општински совети се само дел од причините поради кои насилството кај децата во Македонија е во пораст, вели Претседателката на Советот, Проф. д-р Гордана Лажетиќ.

Можеби „приказната“ започнува во семејството, но ако проблемот институциите го детектираат дури на 14 годишна возраст, веќе е доцна, што значи дека системот потфрла, затоа е важно локално да се води грижа, преку општински совети, посочуваат од Советот.

Притворот за 14 деца лани, наспроти шест во 2024 година, и само еден успешно завршен случај на медијација, ги отвораат прашањата за тоа колку се користат алтернативите на судската постапка. Државниот совет укажува на потребата од поефикасна превенција од сите чинители и поголема примена на мерките што се во најдобар интерес на детето.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер