Средба на директорите на пензиските фондови од Македонија, Албанија и Косово

Директорите на фондовите за пензиско и инвалидско осигурување на Македонија, Албанија и Косово, Белим Незири, Вјолца Брахо и Сами Салиху денеска и утре одржуваат работна средба чија цел е да се разменат податоци, информации и искуства, да се направат напори да се отстранат техничките проблеми при функционирањето на Договорот за социјално осигурување со Косово и да се изработи драфт-верзија за ист таков договор меѓу Македонија и Албанија.

- Договорот меѓу Македонија и Косово стапи на сила во ноември, со кој двете земји се обврзани да го признаат стажот на граѓаните од двете држави се до стекнување на минимална пензија. На крај на состанокот очекуваме да најдеме начин да ги отстраниме техничките проблеми во неговото спроведување, а работите кои тој не ги дефинира поконцизно, тоа да се направи со други правни акти кои ќе се темелат на Договорот, рече Незири.

Според информациите со кои располага Фондот на ПИОМ, околу 2.500 македонски граѓани ќе можат да се стекнат со право на пензија доколку им се признае стажот од работата во Косово, а околу 2.000 косовски граѓани би оствариле ова право доколку им се признае работниот стаж од Македонија.

Неговиот косовски колега го дели ставот на Незири оти има технички проблеми во практичното спроведување на постигнатиот и потпишан Договор за социјално осигурување и оти тие треба да се отстранат во интерес на граѓаните.

- Ќе направиме напори да се отстранат сите пречки тој да може да се имплементира. Ќе се осврнеме и на работите кои не се опфатени во Договорот, за да може тој полесно да се спроведува, рече Салиху.

Директорката на пензискиот фонд во Албанија истакна дека договарањето со Македонија е во завршна фаза и оти кога ќе биде постигнат договор сите граѓани на Македонија кои живееле и работеле во Албанија и обратно, ќе им биде признаен стажот без разлика каде одлучиле да живеат.

- Таков договор е многу битен чекор за да им се обезбеди на сите граѓани да можат да си го остварат правото на пензија, рече таа.

Во Албанија последно зголемување на пензиите имало во 2012, а просечната пензија е 100 евра. Во Косово просечната пензија е 112 евра, а во Македонија околу 170 евра.

Авиокомпанијата „Емирати“ забрани пејџери и воки-токи по нападите во Либан

 Авиокомпанијата „Емирати“ од Дубаи забрани на патниците да носат пејџери и воки-токи на своите летови, откако минатиот месец беа детонирани уреди користени од либанската група Хезболах.

„На сите патници кои патуваат кон, од или преку Дубаи им е забрането да пренесуваат пејџери и воки-токи во пријавениот или рачниот багаж“, се наведува во соопштението на авиокомпанијата објавено на нејзината веб-страница.

Се додава дека сите забранети предмети ќе бидат запленети од полицијата на Дубаи како дел од засилените безбедносни мерки.

Илјадници пејџери и радио уреди кои ги користеле припадници на Хезболах експлодираа во септември. Се верува дека за нападот е одговарен Израел, иако тој не презеде одговорност.

Најголемата авиокомпанија на Блискиот Исток исто така објави дека летовите за Ирак и Иран остануваат суспендирани до вторник, додека летовите за Јордан ќе бидат обновени утре.

Летовите за Либан ќе останат суспендирани до 15 октомври поради ескалацијата на израелските напади врз Хезболах, вклучувајќи напади во близина на аеродромот во Бејрут.

Неколку други авиокомпании исто така ги суспендираа летовите за Бејрут и други регионални аеродроми поради зголемените тензии. /MИА

Синер ја запроси руската тенисерка Калинскаја

Светскиот рекет број еден, Италијанецот Јаник Синер ја запроси руската тенисерка Ана Калинскаја, пренесува „Кориере дело спорт“.

Според „Кориере“ 25-годишната спортистка добила предлог за брак на забава во Њујорк. Таа се согласила.

Врската меѓу Синер и Калинскаја стана позната во мај оваа година. Тенисерите присуствуваа на натпревари кога играше едниот партнер неколку пати во текот на сезоната.

Дваесет и тригодишниот Италијанец е победник на два Грен слем турнири (Australian Open 2024 и US Open 2024). Вкупно има 17 АТП титули (од нив 16 во сингл).

Калинскаја освои три ВТА турнири во двојки во текот на нејзината кариера.

Макрон: Приоритет е враќање на политичкото решение за Блискиот Исток

Претседателот на Франција, Емануел Макрон, денеска во интервју емитувано на радио „Франс Интер“ изјави дека „приоритет е враќање на политичкото решение“ за конфликтот на Блискиот Исток.

Францускиот претседател притоа побара прекин на испораките на оружје за Израел, кое се користи во конфликтот во окупираниот Појас Газа, пренесува порталот БФМ ТВ.

- Мислам дека денес приоритет е да се вратиме на политичко решение и да престанеме да испорачуваме оружје за водење борби во Газа, изјави Макрон./МИА

притисни ентер