Ленд Ровер направи четири уникатни Дифендери- сите ги купил ист човек (ФОТО) - Канал 5

Ленд Ровер направи четири уникатни Дифендери- сите ги купил ист човек (ФОТО)

Класичниот Дифендер не се произведува веќе десет години, но за добра цена Ленд Ровер е подготвен да го понуди стариот Дифендер - како специјално издание со уникатна боја и V8 мотор.

Ленд Ровер направи четири уникатни Дифендери- сите ги купил ист човек (ФОТО)

Додека повеќето производители привлекуваат клиенти со нови електрични модели и дигитални технологии, Ленд Ровер покажува дека сè уште може да се извлече нешто од историските модели. Неговиот оддел Ленд Ровер Класик претстави четири уникатни примероци од иконскиот Дифендер, изградени за еден клиент кој сакал нешто што никој друг го нема.

Иако производството на оригиналниот Дефендер заврши пред повеќе од една деценија, Ленд Ровер сè уште нуди реставрирани примероци преку програмата Класик. Наместо да гради целосно нови возила, компанијата користи постоечки Дефендери произведени помеѓу 2012 и 2016 година и темелно ги реставрира и модернизира.

Овој клиент нарачал дури четири различни верзии: 90 Station Wagon, 90 Soft Top, 110 Station Wagon и новиот 110 Double Cab Pick Up. Сите четири се напојуваат со атмосферски 5,0-литарски V8 мотор.

Боја што ги менува нијансите

Сепак, специјалната боја наречена Spectral Green привлекува најголемо внимание. Во зависност од аголот на светлината, каросеријата ги менува нијансите помеѓу зелена, виолетова и златна, создавајќи речиси камелеонски ефект.

Секој автомобил поминал речиси 400 часа во работилницата за бојадисување за да го нанесе овој слој. Купувачот сакал истиот ефект да биде видлив на 18-инчните бандажи, надворешните ознаки, па дури и на делови од ентериерот.

Необичната каросерија е во контраст со покривот и багажникот за експедиција обоени во ледено бела боја. Буквите Defender на хаубата и рачно насликаната линија што се протега по должината на каросеријата се во иста боја.

Комбинација од класика и модерна технологија

Внатрешноста е украсена во луксузен стил, со кожен тапацир и зелени шевови што одговараат на бојата на екстериерот. Купувачите можат да изберат помеѓу стандарден 3,5-инчен екран или нов 9-инчен мултимедијален систем со поддршка за Apple CarPlay и Android Auto.

Land Rover Classic додаде камера за движење наназад со интегриран систем за перење, нови бои на покривот и различни дизајни на бандажи во понудата.

Цената за најлојалните фанови

Land Rover истакнува дека можностите за персонализација се речиси неограничени. Сè зависи од желбите на купувачот, но и од длабочината на неговиот паричник.

Компанијата не откри колку платил сопственикот за оваа единствена четворка Defender-и. Сепак, познато е дека цените на Defender Classic V8 почнуваат од околу 200.000 фунти без дополнителни трошоци. Кога ќе се земат предвид посебната боја, бројните детали и персонализацијата, вкупната вредност на сите четири возила веројатно ќе се приближи до 1 милион фунти.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Цеца за фотките во бикини

Балканската музичка ѕвезда Светлана Цеца Ражнатовиќ ретко споделува провокативни фотографии, но секое нејзино појавување во бикини предизвикува вистински бум во јавноста. 

Фото: Цеца за фотките во бикини

Пејачката откри зошто одлучила да објави фотографија во бикини и како успева да ја одржи својата беспрекорна линија без строги диети. Иако публиката не е често навикната на разголени фотографии, Цеца предизвикува вистинска помпа на социјалните мрежи кога ќе одлучи да го покаже своето витко тело.

Секојпат кога позира на плажа, нејзиното издание предизвикува лавина реакции и воодушевување кај следбениците.

Зборувајќи за фотографите од Кипар кои своевремено предизвика вистински бум на интернет, пејачката ги објасни причините поради кои ја објавила: „Ретко објавувам попровокативни фотографии – не затоа што се срамам од своето тело, туку едноставно зависи од моментот и од тоа што сакам или не сакам во одреден момент. Искрено, најмногу се чувствувам опуштено кога сум закопчана до грло, што е сосема природно. Се трудам, без разлика што носам или што фотографирам, тоа да биде соодветно, бидејќи границата е многу тенка. А и што друго би можеле да фотографирате на море, освен во бикини?“, изјави мегапопуларната Цеца.

Цеца Ражнатовиќ изгледа подобро од кога било, а неодамна откри како ја довела својата линија до совршенство. Пејачката успеа да ослабе дури 8,5 килограми за само еден месец, без строги диети, гладување и опасни препарати.

Наместо опасни „кратенки“, Цеца се одлучи за режим што потсетува на автофагија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Сабаленка ужива во танга

Сабаленка позира во танга, објавата од плажа собра над 300.000 лајкови.

Фото: Сабаленка ужива во танга

Белоруската тенисерка Арина Сабаленка е на заслужен одмор по исцрпувачката сезона.

По исцрпувачката натпреварувачка година, втората тенисерка во светот, Арина Сабаленка, одлучи да направи пауза од турнирите и да замине на одмор, од каде што редовно ги известува своите фанови.

Нејзината најнова објава од плажа, на која носи танга, предизвика огромна реакција на социјалните мрежи, собирајќи над 300.000 допаѓања во рекордно време.

Во описот на фотографијата, белоруската тенисерка накратко наведе дека слободното време го поминува комбинирајќи релаксација на сонце со повремени тренинзи.

Кон крајот на сезоната, таа ја загуби водечката позиција на ВТА-листата, која ја презеде Елена Рибакина.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Супер дерби на „Алијана арената “во Минхен – Борусија му „украде“ бод на Баерн

Фудбалерите на Баерн и Борусија Дортмунд во германското супер дерби одиграа без победник  2:2 , во рамките на 8. коло од Бундеслигата. Милионерите од Дортмунд успеаја да надоместат негатива во самиот финиш.

Супер дерби на „Алијана арената “во Минхен – Борусија му „украде“ бод на Баерн

Се чинеше дека Баварците ќе го задржат водството, но Фабио Силва го замолкна Минхен во 89-тата минута и му донесе голем бод на Дортмунд.

Првото полувреме го одбележа поништен гол на Џоб Белингем, како и неколку добри шанси на двете страни. Во 34-тата минута, Дортмунд ја затресе мрежата преку англискиот играч за врска, но голот беше поништен по прегледување на снимката (ВАР) поради офсајд.

Четири минути подоцна, Баерн ја казни пропуштената шанса на ривалот, откако Конрад Лајмер најдобро реагираше на одбиената топка и им донесе водство на домаќините.

Дортмунд потоа успеа да возврати. Во 60-тата минута, Карни Чуквуемека ја испрати топката во шеснаесетникот, а Серу Гираси го совлада голманот со прецизен удар во долниот лев агол и го израмни резултатот.

Шест минути подоцна, Баерн повторно поведе. Хари Кејн ја упати топката со глава пред голот, а Дајо Упамекано се најде на вистинското место и погоди за 2:1. Претходно, Англичанецот имаше можност да постигне гол од пенал, но во 56-тата минута ја погоди пречката.

Кејн повторно беше блиску до погодок во 75-тата минута, но неговиот удар заврши во стативата. Кога се чинеше дека Баерн сепак ќе го задржи водството, на сцена стапи Фабио Силва.

Во 89-тата минута, Португалецот ја искористи топката што стигна до него во шеснаесетникот и со прецизен удар во долниот лев агол ги постави конечните 2:2. Баерн имаше уште една голема шанса во судиското надополнување, но ударот на Ленарт Карл заврши во пречката. Така, Дортмунд успеа да избегне пораз во Минхен, додека домаќинот може да жали за пропуштените шанси и испуштеното водство.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер