Научниците зачудени од огромна структура, изградена пред 7.000 години- сега е на дното на Атлантикот - Канал 5

Научниците зачудени од огромна структура, изградена пред 7.000 години- сега е на дното на Атлантикот

Покрај брегот на Франција, истражувачите дојдоа до извонредно откритие кое би можело фундаментално да го промени разбирањето за раните човечки заедници во Западна Европа.

Научниците зачудени од огромна структура, изградена пред 7.000 години- сега е на дното на Атлантикот

Огромната структура е снимена во Атлантскиот Океан, а нејзината возраст може да датира од 5000 година п.н.е.

Зошто е изградена?

Откритието е снимено во близина на Бретања, каде што научниците започнаа интензивна трка со времето за да утврдат зошто е изградена камената структура на прво место.

Интересот беше дополнително зголемен од фактот дека во текот на летото наидоа на уште едно слично откритие, кое дури и поттикна шпекулации за можното постоење на „Атлантида“, објавува „Дејли Стар“.

Собраните податоци укажуваат дека необичната структура можеби им служела на заедниците што живееле во каменото доба, што предизвика дискусии за тоа дали остатоците од многу поголема населба или дури и потонат град се скриени под површината на морето, недалеку од францускиот брег?!

Две теории за неговата намена

Научниците открија дека станува збор за подводен ѕид, долг околу 120 метри, што го прави најголемиот досега пронајден во француските територијални води. Археолозите сега се обидуваат да ја утврдат неговата вистинска намена:

- Некои веруваат дека ѕидот можеби служел како заштитна бариера против зголемувањето на нивото на морето;

- Други веруваат дека служел како стапица за риби, што би го сместило меѓу најраните познати примери на праисториски техники на лов и риболов.

Ѕидот е висок околу два метри, широк приближно 20 метри, и првично бил изграден на островот Сенски Остров, на крајниот запад од Бретања. Во времето на неговата изградба, се наоѓал веднаш до брегот, но поради зголемувањето на нивото на морето, сега е девет метри под површината на водата.

Археолозите пронашле и неколку артефакти од тој период на локацијата, вклучувајќи монолити - големи, самостојни камени блокови.

Градежен напор

Проценките покажуваат дека ѕидот тежи околу 3.300 тони, што укажува дека неговата изградба мора да била огромен потфат за жителите на островот во тоа време. И покрај својата возраст, структурата е извонредно добро зачувана и останала релативно стабилна речиси 7.000 години.

Зборувајќи за откритието, археологот Иван Пајер објаснува каков вид општество можело да изведе таков градежен подвиг.

„Изграден е од високо организирана заедница на ловци-собирачи, кои се населиле на едно место кога природните ресурси го дозволиле тоа“, рече Пајер.

Тој додава дека постои и можност ѕидот да е изграден од неолитски популации кои пристигнале во областа околу 5.000 година п.н.е. и развиле методи за сечење и транспорт на камен.

Легендата за изгубениот град Ис

Откако беше откриен ѕидот, научниците го спроведоа своето прво нуркање во 2022 година. По почетните технички проблеми и одложувања, тие беа во можност точно да ги мапираат димензиите на структурата.

Откритието оттогаш ги поттикна теориите дека населба постоела во областа во времето кога бил изграден ѕидот, што е поврзано со локална легенда за изгубениот град Ис. Се вели дека митската престолнина на кралот Градлон Велики се наоѓала само неколку километри од местото каде што е откриен ѕидот.

„Напуштањето на територија развиена од високо организирано општество веројатно останало длабоко врежано во колективната меморија на луѓето“, се наведува во трудот. „Потопувањето предизвикано од ненадејното зголемување на нивото на морето, придружено со напуштање на рибарските објекти, заштитните структури и живеалиштата, сигурно оставило силен и траен впечаток.“

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Нови правила за јавните набавки - цената веќе не е единствен критериум

Повисоки прагови за набавки без редовна тендерска постапка, поголем акцент на квалитетот и вештачка интелегенција за „ловење“ на  злоупотреби. Собранието ги усвои измените на Законот за јавните набавки.

Нови правила за јавните набавки - цената веќе не е единствен критериум

Повисоки прагови за набавки без редовна тендерска постапка, поголем акцент на квалитетот и вештачка интелегенција за „ловење“ на злоупотреби. Собранието ги усвои измените на Законот за јавните набавки,

Прагот за набакви на стоки и услуги без тендер се менува од 1.000 на 2.000 евра, за градежни работи од 5.000 на 10.000 евра, а годишниот лимит за набавки по интитуција расте од 12 на 25.000 вера. Од министерството за финансии ваквите измени ги оправдуваат со потребата од приспособување на економските услови, посочувајки дека праговите не биле менувани од 2019 година.

Очекувањата на властите се дека измените кои се дел од Реформската агенда, ќе ги поедностават постапките, ќе ги намалат административните трошоци и ќе придонесат за поквалитетно трошење на јавните пари.

Сепак, од граѓанскиот сектор реагираат дека измените биле донесени без јавни консултации, ниту била објавена анализа која би го оправдала двојното зголемување на праговите.

-Не беше консултирана, да кажам, ниту стручната експертска јавност, граѓанскиот сектор. Ние поради тоа испративме еден допис до Собранието протестирајќи против таквиот начин на изработка на измените и на донесувањето, меѓутоа ништо не се случи во меѓувреме. Потребна е анализа којашто покажала дека треба двојно да се зголеми прагот. Значи, како е одредено дека од 1.000 евра сега е 2.000 евра? Да видиме анализа, да прочитаме дали е тоа изработено врз основа на некоја анализа или така е, паушално,- Герман Филков – центар за граѓански комуникации.

Измените предвидуваат и примена на критериумот цена – квалитет, односно при изборот на понудите да не се одлучува само според најниската цена, туку и според квалитетот што се добива. Предвидено е и унапредување на дигитализацијата и користење на вештачката интелегенција за анализа на податоци и препознавање ризични образци.

- Со примена на нови алатки и механизми како што е и вештачката интелигенција, може дополнително да се утврдуваат тие, да кажам, ризични процеси, ризични моменти во јавните набавки, како што се сега црвените знамиња, и дополнително тоа да значи, да кажам, некаква брана, некакви механизми за намалување на злоупотребите во јавните набавки,- Герман Филков – центар за граѓански комуникации.

Според граѓанскиот сектор и адвокатската комора, спорни се и измените во жалбените постапки со кои надоместоците за жалби се зголемуват од 50 до 200, на 150 до 600 евра, а фирмите нема да можат да ги надоместат адвокатските трошоци дури и кога би докажале дека жалбата им е основана. Адвокатите предупредуваат дека ова може да ги обесхрабри фирмите да ги оспоруваат спорните тендери.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Предлог – закон за трансформација на работниот однос на пет илјади вработени на неопределено време

Околу 5.000 вработени со договор на дело во јавниот сектор да добијат редовен работен однос на неопределено време предлагаат од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ од каде во Собранието доставија нов предлог закон за трансформација.

Предлог – закон за трансформација на работниот однос на пет илјади вработени на неопределено време

Околу 5.000 вработени со договор на дело во јавниот сектор да добијат редовен работен однос на неопределено време предлагаат од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ од каде во Собранието доставија нов предлог закон за трансформација во редовен работен однос по скратена постапка. Според пратеникот Бојан Стојаноски целта е да им се помогне на илјадници лица кои со години работат со државните и јавните институции на определено време, а немаат како што рече сигурност на работното место, ги немаат сите права на платен одмор, социјално и пензиско осигурување.

- Станува збор за лица ангажирани со договори на определено време, договори на дело, авторски договори, преку агенции за привремени вработувања и други договори за извршување работа. Со решението се опфаќаат органите на државната власт, определени јавни установи од областа на здравството, културата, детската и социјалната заштита, единиците на локалната самоуправа, јавните претпријатија, заводите, фондовите и другите институции утврдени со законот, изјави - Бојан Стојаноски – пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

Правото на трансформација ќе се однесува на лицата кои имаат важечки договор на денот на влегувањето во сила на законот и чиј договор останува важечки во моментот на трансформацијата, кажа Стојаноски.

Законот предвидува институциите да не смеат да ги раскинуваат договорите на опфатените лица додека не стапат во сила нивните решенија за вработување, освен во случаите на повреда на договорните обврски согласно законот.

-Институциите ќе имаат обврска во рок од 90 дена од стапувањето во сила на законот да ги склучат договорите, односно да ги донесат решенијата за вработување. Притоа, трансформацијата ќе се реализира фазно. За најмногу 50 проценти од опфатените лица, договорите или решенијата ќе стапат во сила веднаш со нивното потпишување, односно донесување. За преостанатите лица, договорите и решенијата ќе стапат во сила најдоцна до 31 декември 2027 година, објасни Стојаноски.

Од законското решение предвидени се и конкретни исклучоци. Изземени се акционерските друштва, воениот и цивилниот персонал на служба во Армијата при Министерството за одбрана, основните и средните училишта, ученичките и студентските домови, како и високообразовните и научните установи. Од листата исто така изземени се МВР Агенциите за национална безбедност и за разузнавање, БЈБ и уште неколку други.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Дојавувале кога доаѓаат УЈП и МВР во „Пулс“ - девет лица обвинети за поткуп, злоупотреби и фалсификување

Две нови обвиненија против вкупно девет лица за злоупотреби поврзани со даночните контроли во дискотеката Пулс во Кочани.

Дојавувале кога доаѓаат УЈП и МВР во „Пулс“ - девет лица обвинети за поткуп, злоупотреби и фалсификување

Тамошното обвинителство поднесе обвинителен акт против три лица – двајца даночни контролори од УЈП кои побарале и примиле очила и рачен часовник со цел да го информираат за ненајавени вонредни контроли во фирмите каде третообвинетиот бил одговорно лице. Според информациите станува збор за инспекторите во штипската дирекција на УЈП, Драган Паунов кој инаку е брат на претседателката на скопскиот Кривичен суд Даниела Димовска, и Дуле Димитриев. Додека Михаил Јованов, синот на Дејан Јованов Деко, е одговорното лице во објектите. Информациите околу даночната постапка кои законски не смееле да ги оддаваат, иснпекторите на Михал Јованов му ги пренесувале преку вибер пораки.

-Двајцата даночни контролори се обвинети и за – Злоупотреба на службената положба и овластување од член 353 од Кривичниот законик, бидејќи при извршена контрола во правниот субјект во кој одговорно лице бил третиот обвинет, на 06.03.2024 година утврдиле даночни неправилности и нерегистриран промет, но во записникот не ја внеле откриената незаконитост. Со ова на буџетот му нанеле шета од 98.400 денари кои останале како ненаплатена глоба кај прекршителот,- -ОЈО Кочани.

Дел од пораките меѓу Јованов и инспекторите, ИРЛ објави лани во септември. Комуникацијата посочуваше на дојави до дискотеката пред да има инспекциски контроли и подмитувања со подароци. Обвинителството тогаш потврди дека пораките се дел од доказниот материјал.

Шест лица пак се опфатени во обвинителниот предлог - четворица даночни контролори и инспектори од УЈП, и една вработена во ДПИ кои ги вршеле контролите во Пулс и фирмите на кои реален сопственик е Дејан Јованов – Деко, кој е шестообвинет.

-Констатираните неправилности не ги евидентирале и фалсификувале извештаи за извршените надзори. Со тоа на фирмите не им се наплаќале законски предвидените глоби. Во дејствијата на злоупотреба им помогнал и самиот реален сопственик,- -ОЈО Кочани.

Кривичната пријава првично опфаќала уште четири лица за злоупотреба на службената положба. За две лица постапката е запрена поради застареност, додека за другите две е утврдено дека нема дејствија на ова или на друго кривично дело што се гони по службена должност, велат од обвинителството.

Со овие две, за кочанската трагедија со пожарот во дискотеката Пулс каде загинаа 53 лица, досега има шест обвиненија.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер