Лина Ѓорческа испиша историја, прва Македонка на Вимблдон - Канал 5

Лина Ѓорческа испиша историја, прва Македонка на Вимблдон

Лина Ѓорческа испиша историја во македонскиот тенис.

Лина Ѓорческа испиша историја, прва Македонка на Вимблдон

Таа е првата македонска тенисерка која обезбеди пласман на Вимблдон и која ќе настапи во поединечна конкуренција на најпрестижниот тениски турнир.

Во финалното коло од квалификациите, Ѓорческа убедливо ја совлада Италијанката Лусија Бронцети со 2:0 во сетови (6:1, 6:2), по само 73 минути игра.

Ѓорчевска стигна до овој историски успех со три победи во квалификациите.

По елиминациите Шпанката Анхела Фита Болуда и Португалката Франциска Жорге, во решавачкиот меч беше подобра и од Бронцети, која беше 20. носителка во квалификацискиот турнир и се наоѓаше дури 96 места погоре од Ѓорческа на ВТА-листата.

Денес Ѓорческа ќе го дознае името на својата прва противничка.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

​Проект „Топлотен бран“ во Кисела Вода: Грижа за граѓаните при високи температури

Грижата за здравјето на граѓаните во услови на летните високи температури, е во фокусот на заедничкиот проект „Топлотен бран“, кој Општина Кисела Вода го реализира во соработка со Општинската организација на Црвен крст-Кисела Вода. 

​Проект „Топлотен бран“ во Кисела Вода: Грижа за граѓаните при високи температури

Проектот се реализира преку Секторот за месна самоуправа при општината.
Градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска, заедно со претставници од општинската администрација, тимови на Црвениот крст и медицинско лице, на најфреквентните локации, парковите и автобуските постојки низ општината делеа шишиња со ладна вода, со цел да им се олесни движењето на граѓаните кои имаат неодложни обврски на отворено. Истовремено, стручните лица даваат медицинска помош и совети, а по потреба се врши и транспорт на ранливите лица до нивната крајна дестинација.
-Грижата за нашите жители, особено во вакви екстремни временски услови, е наш врвен приоритет. Свесни за опасностите што ги носат високите температури, преку проектот „Топлотен бран“ излеговме на терен за директно да им помогнеме на граѓаните кои мораат да бидат надвор од своите домови. Заедно со нашите докажани партнери од Црвениот крст, обезбедуваме вода за освежување, но и стручна медицинска поддршка и безбеден транспорт за оние на кои им е најпотребно. Апелирам до сите граѓани да ги почитуваат препораките на здравствените институции, да избегнуваат излегување во најтоплите делови од денот и да се грижат за своето здравје-изјави градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лишено од слобода едно лице во Скопје, пронајдена и одземена дрога

Д.П. е лишен од слобода и спроведен во Полициската станица Ѓорче Петров, каде по насоки на јавен обвинител е задржан за понатамошна постапка. 

Лишено од слобода едно лице во Скопје, пронајдена и одземена дрога

На 04/05.08.2026, постапувајќи по претходно добиени оперативни информации, од страна на полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје на бул.„Партизански одреди“ во Скопје извршен е преглед на Ј.Б., С.В. и Д.П.. При тоа, кај Д.П. се пронајдени и одземени две тегли во кои имало вкупно 25 пакувања марихуана, како и дигитална вага со остатоци од марихуана.

Д.П. е лишен од слобода и спроведен во Полициската станица Ѓорче Петров, каде по насоки на јавен обвинител е задржан за понатамошна постапка. По целосно документирање на случајот, против Д.П. ќе биде поднесена Кривична пријава по член 215 ст.1 од Кривичниот законик.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Општина Карпош: Вонредни инспекциски надзори и контроли во Злокуќани

Секторот Инспекторат на Општина Карпош,  во соработка со полициски службеници на Полициска станица Карпош, спроведе вонредни инспекциски надзори во УЗ Злокуќани.

Општина Карпош: Вонредни инспекциски надзори и  контроли во Злокуќани

Во фокус на контролите беа дивоградбите во овој дел на општината при што, општинскиот градежен инспектор утврди неправилности во делот на бесправно изградени објекти и за истите започна соодветна инспекциска постапка согласно законските надлежности.

Во исто време, општинскиот комунален инспектор, во координација со службите за одржување на јавната хигиена и соодветна механизација, отстрануваа кабаст отпад од јавна површина во реонот на градската ул. Скупи како и во внатрешноста на населбата.

Во рамки на акцијата, беа опоменати повеќе физички лица и домаќинства поради неправилно одлагање отпад и нарушување на јавната чистота. Истовремено, инспекциските служби разговараа со жителите на Злокуќани за нивните комунални проблеми и предизвици.

Општина Карпош информира дека редовните инспекциски контроли продолжуваат секојдневно, а заедничките акции на Секторот Инспекторат со полициските службеници ќе бидат засилени и во наредниот период, со цел воспоставување поголема контрола и одржување на јавниот ред, чистотата и законитоста во УЗ Злокуќани.

Општина Карпош

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер