ТенисЃорчевска ја дозна противничката во првото коло на ВимблдонДетскиот сон стана „јаве“ – Лина Ѓорческа е првата македонка во историјата која ќе истрча на „Светиот тревник“ и тоа, ниту помалку, ниту повеќе – на теренот број 1. на најстариот и најпрестижен светски тениски турнир, Гренд Слемот – Вимблдон.„Ниту е лесно, ниту има поддршка, но горда сум што, иако доаѓам од мала земја, сум единствената во историјата“ – порача македонската тенисерка по квалификациската победа над италијанката Луција Бронзети со 6-1, односно 6-2 во сетови... -За мене, лично, навистина сум горда што сум, иако доаѓам од мала земја, горда сум што сум единствената во историјата, мислам и на жените и мажите, ова навистина е остварување на сонот за мене. Но, како што кажавте, доаѓајќи од мала земја, мора да се справите со многу работи, не е лесно. Првенствено за тренинг, за терени, и за пари исто така, нели? Мораш се да направиш сам, како што јас правам се сама. Значи, не е лесно, но кога ќе стигнете тука, навистина е 100% повеќе. - Лина Ѓорческа – Тенисерка „Овој успех е најголемиот во тениската историја на Македонија, а знам колку време Лина го чекаше овој момент“ – порача поранешниот АТП – тенисер Предраг Русески. До Гренд Слем е вели е тешко да се стигне, особено поради несоодветната инфраструктура и финансиска поддршка во Македонија, па се надева дека овој успех ќе ги разбуди институциите. Но, вели овој подвиг сега носи нов моментум, па на оние деца, кои сонуваат со рекетот во рака, Ѓорческа им покажа дека соништата можат да си ги остварат. -Таа логистика, таа неинфраструктура во Македонија, финансиите се секогаш главен проблем и многу е поголемо чувството на успех и поголемо задоволство кога ќе се направи ваков резултат од една мала земја.Треба да се дочека можноста, вредно да се работи, да се верува на тренерот, да се верува на својата игра, поддршката од родителите и најблиските е секако таа која те следи и те носи низ целата кариера, и верувам дека ако си констатен и веруваш во својот успех, кога – тогаш, Господ ќе ти ја даде таа среќа. Многу сум среќен за Лина, и за Лабуд, нејзиниот тренер, знам дека вредно и долго работат заедно. - Предраг Русески – Поранешен АТП тенисер Министерот за Спорт – Борко Ристовски за Канал 5 вели дека подвигот на Ѓорческа е важен за македонскиот спорт и особено ќе влијае врз младите. Што се однесува до финансиската поддршка, вели најголемиот дел од средствата во тениската федерација се слеваат од државата. Тенисот е скап, индивидуален спорт за кој има поддршка, но не и финансирање. Ѓорчевска на Вимблдон, единствениот турнир со митски статус и природна трева ќе истрча во понеделник, а противничка ќе и биде минатогодишната финалистика на Вимболдон, американката Аманда Анисимова која е шеста на АТП листата и важи за голме фаворит и годинава. времето на почетокот мечот, допрва ќе прецизира, во зависност и од останатите натпревари.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаИскра Хаџи Василева официјално ја презема функцијата шефица на ОЈО ГОККОсновното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција добива ново раководство.Искра Хаџи Василева денеска официјално ќе ја преземе функцијата од досегашниот шеф Ислам Абази. Примопредавањето ќе се одржи во просториите на обвинителството, по што е предвидена средба со јавниот обвинител Ненад Савески. Хаџи Василева беше избрана на функцијата на 28 октомври, со освоени 64 гласа од вкупно 171 важечко гласачко ливче.по изборот, таа најави дека приоритет ќе ѝ бидат поефикасниот кривичен прогон на организираниот криминал и корупцијата, подобрата организација на работата и искористувањето на постојните ресурси. Најави и залагање за дополнителни човечки и материјални капацитети на институцијата.. со денешното примопредавање официјално започнува мандатот на новата раководителка.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести31-годишен охриѓанец приведен поради претепување на девојката08:32Михаилова ја разбранува и Бугарија – на снимка тврди дека тајните служби ѝ се заканувале дека ќе остане без помош15:00Ќе ги отстрани ли новиот Кривичен законик штетните последици од 2023 година?15:00Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55На коалициска средба ќе се пеглаат разликите во владата околу полагањето на Правосудниот испит15:00
Михаилова ја разбранува и Бугарија – на снимка тврди дека тајните служби ѝ се заканувале дека ќе остане без помош15:00
Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55
Македонија31-годишен охриѓанец приведен поради претепување на девојкатаОхридската полиција приведе 31-годишен маж по пријава дека физички ја нападнал својата девојка.. Инцидентот се случил во саботата навечер кога девојката била брутално претепана и оставена буквално без свест на улица во Охрид, по што итно била пренесена во болница. Според неофијалните информации, двајцата прво биле заедно во ресторан, каде што започнале меѓусебна расправија.. По заминувањето од таму, насилството продолжило во автомобил, од каде што наводно насилникот ја исфрлил во близина на маркет.. Од СВР Охрид го потврдуваат инцидентот, но без да наведат повеќе детали.. Од таму само потврдија дека е приведен 31-годишниот Х.К од Охрид..Тагови: жртви на насилство Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести31-годишен охриѓанец приведен поради претепување на девојката08:32Михаилова ја разбранува и Бугарија – на снимка тврди дека тајните служби ѝ се заканувале дека ќе остане без помош15:00Ќе ги отстрани ли новиот Кривичен законик штетните последици од 2023 година?15:00Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55На коалициска средба ќе се пеглаат разликите во владата околу полагањето на Правосудниот испит15:00
Михаилова ја разбранува и Бугарија – на снимка тврди дека тајните служби ѝ се заканувале дека ќе остане без помош15:00
Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55
МетеоПроменливо облачно со повремени сончеви периоди и температура до 16 степениВремето денес ќе биде променливо облачно со повремени сончеви периоди. По одделни котлини ќе има услови за појава на магла. Најпрво во западните делови, а попладне и кон крајот на денот насекаде ќе има повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 10, а максималната ќе достигне од 12 до 16 степени. Во Скопје, променливо облачно со повремени сончеви периоди, попладне и кон крајот на денот ќе има врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 14 степени. ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ Следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд со променлив интензитет. Од утре под влијание на јужно воздушно струење, температурите ќе бидат во постепен пораст и повторно над просекот за овој период од годината. Ќе дува умерен до засилен, а од среда повремено силен ветер од јужен правец (над 60 km/h), особено во западните делови.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter