Четири жени жртви на насилство во последното деноноќие - кои се европските искуства за справување со фемицидот?
2 Четири жени жртви на насилство во последното деноноќие - кои се европските искуства за справување со фемицидот?
Џуд Белингем станува еден од најплатените фудбалери во Европа, „Реал“ мора да ги одржи сите свои ѕвезди задоволни
1Џуд Белингем станува еден од најплатените фудбалери во Европа, „Реал“ мора да ги одржи сите свои ѕвезди задоволни
НаукаНаучниците открија досега непознати суштества на дното на Атлантикот (ВИДЕО)Поморска биолошка експедиција во меѓународни води покрај брегот на Бразил откри 31 нов вид за само две недели, а истражувачите веруваат дека брзината на откривање би можела да биде рекордна, делумно благодарение на најсовремената технологија.Ова е прв пат научниците на бродот да можат да ја набљудуваат живата 3D клеточна структура на микробниот живот благодарение на технолошкиот пробив наречен „Сквид“, пишува The Guardian. Околу дваесет меѓународни експерти од САД, Австралија, Бразил и Јапонија спроведоа истражување во Атлантикот на бродот Фалкор, истражувачки брод управуван од Океанскиот институт Шмит со поддршка на Универзитетот на Западна Австралија и неколку други институции. Експедицијата исплови од Салвадор, Баија, и се фокусираше на средноокеанскиот слој - областа помеѓу морското дно и осветлениот слој поблиску до површината. Научниците истакнуваат дека тоа е најголемото живеалиште на Земјата, кое покрива 90% од животниот простор на нашата планета, а е исто така едно од најмалку истражените. Откриени видови Меѓу откритијата се рак поврзан со ракови и јастози, брз црв сличен на пајак, девет видови медузи, седум сифонофори - колонијални организми поврзани со медузи и корали - и седум ребрасти риби, познати по нивните блескави пипала. Исто така, беа откриени четири видови апендикуларии, суштества слични на полноглавци поблиску поврзани со луѓето отколку со безрбетниците, и два џиновски едноклеточни организми видливи со голо око. „Беше доста возбудливо“, рече водачот на експедицијата, д-р Карен Осборн од Националниот музеј за природна историја Смитсонијан. „Средниот океан е полн со неверојатни животни за кои не знаеме многу. И ова беше област која не беше истражена претходно, па имаше повеќе можности за пронаоѓање нови видови. Ова мора да биде блиску до рекордот за нови откритија на животни за толку кратко време.“ Револуционерна технологија Еден од технолошките пробиви беше употребата на конфокален микроскоп со ротирачки диск на бродот, наречен „Легњата“, кој користи ласери за скенирање на микроскопски детали за структурата на организмите. „Ова отвора сосема нов свет на истражување. Можевме да набљудуваме како клетките комуницираат, разменуваат материјал и градат скелети. И можевме да го правиме ова во живо на бродот, додека во спротивно потребни се недели боење и подготовка на примероци за да се види нешто“, објасни Осборн. Истражувачите, исто така, користеа прототипски системи за снимање, генетска анализа и составија тим од таксономски експерти за брза идентификација на видовите. Слоеви на живот во океанот Новите откритија го надополнуваат човековото разбирање за дистрибуцијата на животот во океаните. „Јас го сметам за торта од слоеви. Вообичаено е да се најдат исти видови на слични длабочини на многу далечни локации, како Јапонија и Калифорнија“, рече Осборн. Но, има и големо вертикално движење ноќе, кога суштествата што се криеле во длабочините во текот на денот се приближуваат до површината за да се хранат под закрилата на темнината. Ова има значително влијание врз апсорпцијата на јаглерод во океаните. Експедицијата се совпадна со објавувањето на плановите на администрацијата на Трамп за демонтирање на еден од најважните системи за набљудување на длабокоморските води во светот, Иницијативата за океански опсерватории вредна 368 милиони долари, која користи повеќе од 900 инструменти за собирање податоци за здравјето на океанот, вклучувајќи ги тековните модели, климатската варијабилност и морскиот биодиверзитет. Озборн рече дека оваа експедиција ѝ ја потврдила важноста на научната соработка и понатамошното учење за океанот. „Мислам дека треба да го правиме ова многу почесто. Треба да ги здружиме тимовите со заедничка цел да испробаат нови начини на гледање на работите“, рече таа. „Она што човештвото досега го откри е само врвот на ледениот брег. Постои огромна количина живот што ги решава животните предизвици на необични начини. Замислете што можеме да научиме од нив додека ги запознаваме подобро.Тагови: научниците Атлантикот Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЕСМ ќе потроши речиси 17 милиони евра за струја за само 20 денаОколу 17 милиони евра за само 20 дена ќе потроши ЕСМ за набавка на електрична енергија од осум приватни снабдувачи..Станува збор за кракторочна набавка од вкупно 70.560 мегават часови, потребни за снабдувањето што ЕВН Хоме го врши кон домаќинствата и малите потрошувачи до 13 декември. Просечната цена на набавката изнесува околу 240 евра за мегават час. Во овие 20-тина дена, ЕСМ се надева дека ќе го зголеми домашното производство, а таа цел се планира и повторно активирање на ТЕЦ Неготино. Веќе е распишан повик за набаква на околу 45 илјади тони мазут, со проценета вредност од над 42 милиони евра, а отварањето на понудите кое беше планирано за денеска е презакажано за петок.. Освен, активирањето на ТЕЦ, следниот период се очекува да почне и увозот на јагледн од Косово за да се стават во погон сите блокови во РЕК Битола и РЕК Осломеј.. На ваков начин, премиерот Мицкоски очекува да се избегнат ценовни шокови.. -Оваа недела во сабота јас ќе бидам присутен и ќе одржам колегиум во РЕК Битола заедно со луѓето од РЕК Битола, така што како главен столб и стожер на енергетската стабилност во Македонија, работиме и остануваме држава со најниски цени на енергенсите и покрај тоа што немаме многу енергенси кои што се наш природен ресурс,- Христијан Мицкоски- претседател на Влада. Умерено сезонско поскапување на струјата и парното очекува и економистот Борче Треновски. Тој смета дека државата треба да ги заштити граѓаните со најниски примања преку таргетирани мерки. -Мора да внимава Владата кога ги носи мерките да ги зголеми цените пред сè на оние кои се во средната и повисоката, како да кажеме, транша за плаќање, односно да внимава на оние кои се во најниските, помалите потрошувачи – таму 80-90% се оние со понизок доход. Таму цената или да не се промени, или да се амортизира со зголемувањето на цените во другите, со цел да може тој дел од населението да го заштити,- Борче Треновски – универзитетски професор. Спроед последните најави од претседателот на Регулаторната, Ристов, од 1 јануари струјата ќе се покачи за 2-3%, а со предлог одлуките веќе е најавено и покачување на парното за 7,5% проценти. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Македонија Четири жени жртви на насилство во последното деноноќие - кои се европските искуства за справување со фемицидот?Во последните 24 часа полицијата интервенирала во пет различни случаи за семејно насилство поради физички напади, психичко малтертирање, но и закани со оружје во семејниот дом. Според МВР, вчера бил уапсен и 40-годишен маж од Тетово кој подолг временски период физички ја малтертирал сопругата, а и упатувал и закани со огнено оружје. Додека случаите со семејно насилство се нижат, правници од земјава кои размениле искуство за тоа како овие случаи се решаваат во други европски земји, предупредуваат дека кај нас најмногу недостасува работа во делот на превенцијата. – Кај нас прво што недостасува е прво промена во кривичниот законик – фемицидот да добие посебна квалификација како фемицид, а со тоа ќе се извлечат и другите подзаконски и регулативи и акти – да може полицијата да биде соодветно обучена полицијата, каде сега гледаме промени, да биде посебно обучена, посебни центри во СВР, во центарот за социјална работа, но и во медицинските центри коишто ќе може да работат и ќе може да ги проценуваат, идентификуваат и ќе рабтоат со жртвите, но и со насилниците, тоа е едната форма на превенција, изјави Срџан Амет, адвокат. За зголемен број на случаи со семејно насилство обвинуваат и од опозициската СДСМ – од таму велат дека бројот на пријави за семејно насилство е зголемен за 70 отсто во однос на лани, но и дека тоа ништо не значи доколку случаите не се процесуираат до крај. Поради ова, СДСМ иницира и итна собраниска седница за заштита на жените. – Бараме итна седница на Собранието на која без одложување и без политички калкулации ќе расправаме за насилството врз жените и семејното насилство, ќе бараме одговорност од секој кој направил пропуст во постапувањето и да испорачаме конкретни мерки за превенција и заштита,- изјави Јована Тренчевска, пратеничка од СДСМ. За власта не е спорно одржувањето на таква седница во собранието – оттаму велат и дека бројот на пријави за семејно насилство е во пораст, но тоа тврдат дека е поади тоа што довербата во институциите сега е поголема во однос на порано. – Ние ќе ја поддржиме таа иницијатива за одржување на седницата и ќе разговраме. Секако, ќе го поставиме и ние прашањето до јавното обинителство зошто нема поднесено обвинителни акти, а секако е добро да се одговори и од страна на судот зошто тие обвинителни акти коишто се поднесени се уште немаат судска разрешница како што очекуваат граѓаните,- изјави Бојан Стојаноски, пратеник ВМРО-ДПМНЕ. Во Македонија во 2026 година досега се регистрирани седум фемициди и повеќе случаи со насилство врз жени,. Последниот случај со 26-годишната Сара Ѓорѓиеска од Охрид која беше брутално претепана од својот 31-годишен партнер дополнително го разбуди гневот во јавноста, по што следуваа и серија протести, а следниот е закажан за утре во паркот жена Борец. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаОд седуммина повикани сведоци на Дејан Јованов, само двајца се појавија на судењето во „Идризово“Од седуммина предложени сведоци на одбраната на Дејан Јованов-Деко, на денешното рочиште за пожарот во дискотеката Пулс во Кочани, во судница се појавија само двајца. Дел од нив, како што објаснија неговите адвокати, се премислиле и не сакале да сведочат во постапката. Затоа одбраната се откажа од нив што предизвика реакција од судијката Дијана Груевска-Илиевска која предупреди дека одбраната е должна да го обезбеди присуството на предложените сведоци, но и негодување кај родителите на загинатите. -Двајца се повлечени, а пиротехничарот не успеа да го пронајдат ниту судот ни одбраната. Се поставува сериозно прашање: дали воопшто постои тој фамозен пиротехничар и врз основа на кои податоци е предложен како сведок? Не бараме привилегии, туку сериозна, ефикасна и правична судска постапка во која секој доказ и секој сведок ќе придонесат за утврдување на вистината. Нашата болка е реална, нашата загуба е неповратна, а нашето трпение не е бесконечно,- изјави – Александар Наунов – Татко на загината во „Пулс“. Еден од сведоците кој се појави во судницата беше девојка која во Пулс повремено работела како шанкерка. Кажа дека еден или два ПП апарати забележала во билетарницата на влезот од објектот но не се сеќаваше дали имало и на друго место. Таа раскажуваше и што се случувало ноќта на 16 март кога избувнал пожарот. -Не го видов поставувањето на пиротехничките средства на бината. Претходно имало пиротехнички средства во „Пулс“, но толку силни како таа вечер, немав видено. Бевме на левиот шанк кога почна пожарот. Од нашата страна и таму каде што се наоѓа задната врата беше жариштето и сите се упативме на другата страна. Таа врата претходно ја имам видено отворена само за проветрување на просториите, не знам дали таа вечер била отворена,- -Анастасија Соколова – Сведок. Обвинителот Борче Јанев укажа на разлика меѓу денешното сведочење и нејзиниот претходен исказ во ОЈО Кочани, кога рекла дека не знае дали има друга врата или излез за евакуација. Таа објасни дека ја забележала вратата за време на подготовките за работа, но не ја видела да се користи. Вториот сведок, Бојан Спасовски угостител од Гевгелија, зборуваше за настапот на ДНК во неговиот локал. Настапот го договорил телефонски со Панчо, но не знаел дека групата ќе користи пиротехника. Претпоставуваше дека станувало збор за таканаречени топли прскалки бидејќи по согорувањето оставале чад. Следно рочиште за случајот е закажано за 30 ноември. Тагови: Пожарот во Кочани Пулс Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОд седуммина повикани сведоци на Дејан Јованов, само двајца се појавија на судењето во „Идризово“15:00Одбраната повлече двајца сведоци од судењето за пожарот во „Пулс“, родителите реагираа09:00Муцунски во Атина: Герапетритис ја пофали Македонија за значителен напредок во повеќе области15:15Муцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина11:30Муцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина09:28
Од седуммина повикани сведоци на Дејан Јованов, само двајца се појавија на судењето во „Идризово“15:00