Веб ТВШто може да донесе посетата на Марта Кос на Македонија во јули?Follow Kanal5 on... • FB: https://smarturl.it/fb5 • IG: https://smarturl.it/Ig5 • ТТ: https://tinyurl.com/59kck7ap • Web: https://kanal5.com.mk/ © & ℗ Kanal5 & IN Media. All Rights ReservedКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЛишен од слобода возач од Батинци, управувал возило со 244 километри на часЛишен од слобода возач од Батинци, управувал возило со 244 километри на час, двојно поголема брзина од дозволеното, следува соодветна пријава.На 13.06.2026 во 20:00 часот на автопат Скопје - Гевгелија, кај село Милетково, гевгелиско, полициски службеници од СВР Струмица - ОВР Гевгелија го лишија од слобода И.Р.(21) од село Батинци, општина Студеничани. При контрола на патниот сообраќај со радар, полициските службеници констатирале дека И.Р. управувал патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки со брзина од 244 километри на час на место каде со сообраќаен знак брзината на движење е ограничена на 120 километри на час. За настанот е запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија, по чии насоки возилото е одземено. По документирање на случајот против И.Р. ќе биде поднесена кривична пријава по член 297- а - „безобѕирно управување со моторно возило“.Тагови: БАТИНЦИ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Македонија26 годишна девојка од Македонија загина утрово во стравична сообраќајкаТешка сообраќајна несреќа се случила денеска на патниот правец Поградец – Ќафасан во Албанија, при што животот го загубила 26-годишна девојка од струшкото село Ливада.Според првичните информации, автомобил управуван од жителка на Корча Албанија се судрил со возило со македонски регистарски таблички, кое го управувала македонската државјанка. Во несреќата смртно настрадала 26-годишната Е.Л., која била сопатничка во возилото со македонски таблички. Повредени се и двајцата возачи, како и уште двајца патници кои се наоѓале во двете возила. Сите повредени се пренесени во болница, каде што им е укажана лекарска помош. Според информациите на албанските медиуми, нивната состојба е стабилна и тие се надвор од животна опасност. На местото на несреќата извршен е увид, а истражните органи работат на утврдување на причините и околностите под кои дошло до трагичниот судир.Тагови: сообраќајка Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветУФЦ спектакл на тревникот пред Белата куќа за 80-тиот роденден на ТрампЈужниот тревник на Белата куќа денеска ќе биде домаќин на невиден спортски и политички спектакл.Како дел од двојната прослава за 80-тиот роденден на американскиот претседател Доналд Трамп и големиот јубилеј – 250 години од Декларацијата за независност на САД, во претседателската резиденција е поставен октагон за борба. Претседателот Трамп, кој е долгогодишен страствен фан на мешаните боречки вештини, борбите според најавите ќе ги следи од првиот ред заедно со членовите на неговиот кабинет и илјадници вип гости Фото: Индекс.хрТагови: Доналд Трамп Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЕврокомесарката за проширување на почетокот на јули доаѓа во посета на Македонија 15:00Мицкоски од Илинден: Владата со поддршка за приватниот сектор, колку е поуспешен бизнисот, толку е посилна државата12:58Мицкоски на пуштање во употреба на Дом за стари лица во Илинден09:19Мицкоски оствари средба со Ергодан: Беше изразено заедничко задоволство од одличните политички односи16:58Николоски: Почнуваме изградба на нов автопат, Скопје - Блаце ќе биде главна артерија за поврзување со Косово и Црна Гора12:37
Мицкоски од Илинден: Владата со поддршка за приватниот сектор, колку е поуспешен бизнисот, толку е посилна државата12:58
Мицкоски оствари средба со Ергодан: Беше изразено заедничко задоволство од одличните политички односи16:58
Николоски: Почнуваме изградба на нов автопат, Скопје - Блаце ќе биде главна артерија за поврзување со Косово и Црна Гора12:37