Шпанска полиција: Упадот на 72.000 мигранти е операција на тајните служби на Мароко - Канал 5

Шпанска полиција: Упадот на 72.000 мигранти е операција на тајните служби на Мароко

Масовното влегување на 72.000 мигранти во Сеута на 30 и 31 јули беше операција планирана и спроведена од мароканските безбедносни сили. 

Шпанска полиција: Упадот на 72.000 мигранти е операција на тајните служби на Мароко

Ова е главниот заклучок од извештајот на Националниот центар за имиграција и граници (CENIF), разузнавачката единица на шпанската национална полиција. Во документот, кој беше доставен до Националниот суд, се наведува дека миграцијата била само покритие за акцијата предводена од марокански агенти, пишува шпанскиот Ел Еспањол.

„Напад врз интегритетот на Шпанија“

Извештајот сега е во обвинителството откако го прими судијката Марија Тардон од Националниот суд. Таа беше на должност во времето на настанот, а на 31 јули побара изјави од полицијата и Цивилната гарда. Судијата сакаше да утврди дали има елементи на кривично дело против независноста на државата. Самиот премиер Педро Санчез го нарече масовното преминување на границата во првиот момент „напад врз територијалниот интегритет на Шпанија“.

Планирана операција, а не спонтан инцидент

Полицискиот извештај, испратен до судот во понеделник, детално ги анализира настаните и ја отфрла можноста дека влегувањето во Сеута било спонтано.

Истражителите веруваат дека ова не е изолиран инцидент поттикнат од криминални групи или повици на социјалните мрежи, туку планиран процес. Како доказ, тие го наведуваат фактот дека огромното мнозинство луѓе, дури 90 проценти, се вратиле во Мароко само неколку часа по нелегалното влегување, што сугерира дека миграцијата не била вистинската цел.

Улогата на мароканските сили

Документот опишува како мароканските жандарми активно го управувале процесот. Тие им дале инструкции на мигрантите и ги насочиле илјадниците луѓе собрани во Кастиљехос кон прецизно одредени точки за премин на шпанска територија.

Во исто време, операцијата била надгледувана од лица во цивилна облека, кои, според видеата, им издале наредби на униформирани марокански полицајци. Овие лица ги насочувале луѓето кон бранобранот Ел Тарахал и ја контролирале ситуацијата на терен.

Организирани бранови на пристигнувања

Дека инцидентот бил планиран, според извештајот, се потврдува и со профилот на луѓето кои пристигнале во неколку бранови на организиран начин. Во првиот бран, на 30 јули пред 11 часот наутро, пристигнале мажи на возраст од 15 до 25 години, опремени со нуркачки одела, перки и помагала за пловење. Речиси сите биле Мароканци.

Потоа, до 22 часот, цели семејства, вклучувајќи жени и деца, почнале да влегуваат во Сеута. Повеќето носеле спортска облека и апостолки, без опрема за пливање. Во тој бран, заедно со Мароканците, почнале да се појавуваат и луѓе од Субсахарска Африка. Профилот на пристигнувања на третиот бран, од 22:00 часот на 30 јули и во текот на следниот ден, повторно одговарал на оној на првиот бран.

Таквото стратешко планирање прво го блокирало шпанскиот систем за контрола на границите во областа Ел Тарахал, каде што најподготвените поединци создале толпа. Кога граничната одбрана во тој момент станала невозможна, Шпанија повеќе немала капацитет да го спречи пристигнувањето на поранливи групи.

Операција против шпанските служби

Во извештајот се потсетува дека по инцидентот, марокански официјални извори ги повториле своите територијални претензии кон Сеута и Мелиља. CENIF заклучува дека настанот во Сеута бил пример за офанзивна контраразузнавачка операција. Нејзината цел била да ја доведе во прашање работата на шпанските разузнавачки служби, особено на CNI, бидејќи тие не ја откриле подготовката на операцијата на време.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ученик со ловечка пушка пукал во училиште во Франција- се сомнева на тероризам (ВИДЕО)

Француските обвинители за антитероризам ја презедоа истрагата за пукањето во училиште во близина на Марсеј. 

Ученик со ловечка пушка пукал во училиште во Франција- се сомнева на тероризам (ВИДЕО)

Случајот е пренасочен откако првичните проверки покажаа дека 14-годишниот осомничен ученик е можно да е поврзан со онлајн движењето True Crime Community (TCC), пишува Ројтерс.

Вчера, еден ученик рани двајца наставници со ловџиска пушка. Според официјалните лица, тој го скрил оружјето во торба за гитара. Нападот предизвикал паника, а децата избегале за да се засолнат.

Истрагата е префрлена во Париз

Канцеларијата на обвинителот за антитероризам објави дека го презема случајот од канцеларијата на обвинителот во Марсеј. „Првите истраги, кои вклучуваат анализа на дигиталните уреди на малолетниците, укажуваат на веројатна врска со движењето True Crime Community (TCC). Тие исто така сугерираат дека злосторството во училиштето било мотивирано од таа идеологија“, се вели во соопштението на обвинителот.

Во истиот текст, TCC е опишан како „екосистем на онлајн заедници кои ги слават сторителите на масовно убиство и на одредени начини поттикнуваат екстремно насилство“.

Обвинителството потврди дека е покрената истрага поради сомнение за „обид за убиство како дел од терористички потфат, учество во терористичко злосторничко здружение со намера за извршување кривични дела против лица и прекршување на законот за оружје поврзано со терористички потфат“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Јанев во работна посета на СВР Тетово: Фокус на безбедносната состојба и претстојните избори

Директорот на БЈБ, Александар Јанев, во работна посета на СВР Тетово: Фокус на безбедносната состојба и претстојните избори.

Јанев во работна посета на СВР Тетово: Фокус на безбедносната состојба и претстојните избори

Денеска (13.10.2026), директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев, заедно со дел од својот тим, оствари работна посета на СВР Тетово, при што беа разгледани актуелните безбедносни состојби, сообраќајната безбедност, јавниот ред и мир и борбата против криминалот.

Посебен акцент беше ставен на претстојните локални избори и обврската на полицијата да обезбеди безбеден, мирен и демократски изборен процес, без притисоци и незаконски влијанија врз граѓаните.

Директорот Јанев ја нагласи важноста на превентивното дејствување, оперативната координација и користењето на современите технолошки средства, како и професионалното и непристрасно постапување на полициските службеници.

„Во борбата против криминалот нема простор за селективност, а во извршувањето на полициската должност нема простор за неодговорност. Законот мора да важи за сите подеднакво“, порача Јанев, соопштуваат од МВР.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Груби излегува од домашен притвор, но без пасош

Поранешниот вицепремиер Артан Груби излегува од домашен притвор, но без пасош. потврдија од Кривичниот суд попладнево. 

Груби излегува од домашен притвор, но без пасош

Основниот кривичен суд Скопје го одби барањето на одбраната за враќање на патната исправа на Груби, кој е второобвинет во предметот за „Државна Лотарија“. Иако мерката куќен притвор му е укината по сила на законот, обвинетиот и натаму останува без пасош. По добиено негативно мислење од надлежното јавно обвинителство, Судот го одби барањето на Груби да му биде вратен пасошот и покрај гаранцијата од околу 336.000 евра во недвижен имот што тој ја понуди, а против него се определени дополнителни мерки за претпазливост.

„Се прифаќа предлогот на Основното јавно обвинителство за определување мерки за претпазливост, и тоа: Забрана за напуштање на живеалиште односно престојувалиште, Обврска повремено да се јавува во судот, Забрана за приближување односно остварување контакт и врски со одредени лица. Дополнително, против обвинетиот и натаму останува активна мерката за претпазливост – одземање на патната исправа и забрана за издавање нова патна исправа или друг документ за преминување на државната граница, соопштија од Кривичен.“

За укинувањето на домашниот притвор за Груби од Судот велат дека согласно членот 470 од Законот за кривична постапка, притворот што му е определен на ексвицепремиерот во конкретниот случај може да трае најдолго 60 дена од поднесувањето на обвинителниот предлог, кој во конкретниот случај е поднесен на 13 август годинава, поради што Кривичниот совет донел решение за укинување на мерката.

Артан Груби е обвинет заедно со уште седум лица, меѓу кои и поранешниот директор на Државна лотарија, Перпарим Бајрами, за злоупотреба на службената положба во врска со набавката на ВЛТ-апарати за потребите на Лотарија. За ова дело е предвидена казна од една до пет години затвор. Поранешниниот вицепремиер, по повеќе од една година недостапност за органите на прогонот, во февруари годинава се врати во земјава и беше приведен на граничниот премин „Блаце“.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер