Кети Пери за врската со поранешниот канадски премиер: Ги знае моите песни, ми се восхитува (ФОТО) - Канал 5

Кети Пери за врската со поранешниот канадски премиер: Ги знае моите песни, ми се восхитува (ФОТО)

Минатата година беше една од најтешките во животот на Кети Пери. 

Кети Пери за врската со поранешниот канадски премиер: Ги знае моите песни, ми се восхитува (ФОТО)

Пејачката отворено го призна ова во интервју за „Пипл“, осврнувајќи се на периодот во кој истовремено се справуваше со критиките за нејзината музика и крајот на долгогодишната врска со Орландо Блум.

Нејзиниот последен албум „143“ беше дочекан со лоши критики, а минатото лето беше потврдена и раскинувањето со Блум, таткото на нејзината ќерка Дејзи и човекот со кој помина речиси десет години. И покрај сè, Пери не се откажа од настапувањето и ја продолжи својата светска турнеја.

„Ја запознав љубовта на мојот живот“

„Научив како да се вратам на она што ми е важно“, рече таа. Токму турнејата, вели таа, на крајот ѝ донесе нешто што не го очекуваше.

„Од оваа турнеја го носам најубавиот подарок - ја запознав љубовта на мојот живот“, рече таа. Станува збор за 54-годишниот Џастин Трудо, поранешен канадски премиер, кого го запознала додека била на турнеја. Една година по еден од нејзините најтешки периоди, Пери вели дека е посреќна од кога било.

Таа зборува за сè што ѝ се случило во тој период во новиот концертен филм „Кејти Пери: Турнејата на животот - во живо од Париз“.

„Многумина велеа дека нема да можам да го направам тоа и жестоко ме критикуваа, но успеав. Некои луѓе коментираат: „Навистина е срамно, штета“, но го живеам својот живот без да се воздржувам“, рече таа.

„Плачев и се чувствував толку далеку“

Пери ја започна турнејата во април 2025 година, само неколку месеци пред нејзините и претставниците на Блум да потврдат дека двојката се разделила.

Кога веста за разделбата беше објавена во јули, пејачката беше на другата страна од светот, во Австралија. „Тоа беше веројатно најтешкиот период. Сите мои пријатели се дружеа дома, а јас плачев и се чувствував толку далеку“, се присети таа.

Сепак, таа вели дека во тие моменти, луѓето најблиски до неа ѝ ја пружиле потребната поддршка. „Моите ангели го направија своето тогаш. Тие навистина се појавија“, рече таа.

И потоа, на крајот од истиот месец, Трудо влезе во нејзиниот живот. Пери и поранешниот канадски премиер ги разгореа гласините за врска откако беа видени на вечера заедно во Монтреал. Само два дена подоцна, Трудо дојде на нејзиниот концерт со својата ќерка. Тој има три деца од претходниот брак.

YouTube video

Таа напиша „вистинска љубов“ на својата листа на желби

„Го запознав Џастин на турнеја и тогаш сè се промени“, рече Пери.

Пејачката долго време верува во манифестирање, а минатиот август направи листа на работи што ги сака во својот живот. За време на разговорот со People, таа извади превиткано парче хартија од корицата на нејзиниот мобилен телефон на кое ги запиша своите желби.

„Бројот 10 само вели: „Вистинска љубов“. Мислам дека сме токму таму“, рече таа.

Пери и Трудо ја потврдија својата врска во октомври кога се појавија заедно на нејзината роденденска забава во Париз. Во јуни, тие за прв пат заедно прошетаа по црвениот тепих на премиерата на нејзиниот концертен филм на фестивалот Трибека.

Истиот месец, Пери го издаде синглот „Watch It Burn“, песна за раскинување за која се верува дека е инспирирана од нејзината разделба со Блум.

„Имаше дел од сложувалката што ми недостасуваше“

Зборувајќи за речиси една деценија поминати со Блум, Пери вели дека не ја гледа нивната врска како губење време. „Не би останала во врска девет години ако не беа важните лекции што морав да ги научам. Секоја врска нè учи нешто, нели?“, рече таа.

Сфати, вели таа, дека мора да го остави минатото зад себе за да направи место за нешто ново. „Морав да се ослободам од тоа за да можам да продолжам понатаму. Отсекогаш сакав епска, легендарна љубов и разговарав со мојот терапевт за тоа. Сè во мојот живот е епско, но ова беше делот од сложувалката што ми недостасуваше - а потоа тој се појави“.

Трудо многу ја поддржуваше во последните месеци. Пери вели дека бил во публиката на десет од нејзините последни 20 концерти. „Тој ги знае текстовите, ме поддржува и ме восхитува. Тоа е навистина лековито“, рече таа. „Тој е личност со срце и мислам дека сме слични во тоа. Многу сум благодарна“.

Сега само сака да живее

По завршувањето на турнејата, Пери сака да се фокусира на секојдневниот живот. Таа не се сомнева дека нејзините нови искуства еден ден ќе послужат како инспирација за нови песни, но засега не сака премногу да размислува за тоа што следи.

„Го живеам својот живот за да можам да пишувам за него“, заклучи таа.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мисајловски: Градењето национална отпорност, подготвеноста на институциите, како и сојузничката солидарност во НАТО се клучни за справување со современите кризи

Мисајловски говореше на тема „Национален хуманитарен систем, градење отпорност, можности и предизвици од членството во НАТО“

Мисајловски: Градењето национална отпорност, подготвеноста на институциите, како и сојузничката солидарност во НАТО се клучни за справување со современите кризи

Министерот за одбрана, Владо Мисајловски денеска се обрати на настанот „Хуманитарната дипломатија како инструмент за обликување на иднината на Црвениот крст на Република Македонија и националниот хуманитарен систем“, на покана на генералниот секретар на Црвениот крст на Република Македонија, Саит Саити, а под покровителство на Првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, д-р Беким Сали.

Во своето обраќање пред присутните, министерот Мисајловски говореше на тема „Национален хуманитарен систем, градење отпорност, можности и предизвици од членството во НАТО“, при што ги истакна клучните столбови за заштита од денешните современи кризи, нагласувајќи дека воените конфликти, климатските промени, природните катастрофи, хибридните и сајбер-заканите не познаваат граници и ги надминуваат капацитетите на поединечните институции.

„Современиот концепт на национална отпорност подразбира покрај способноста да одговориме на кризите, истите навремено да ги предвидиме со цел да ги намалиме последиците и што побрзо да го вратиме нормалното функционирање на општеството. Подготвеноста не започнува во моментот кога ќе се појави кризата, туку се гради многу порано преку заедничко планирање, развој на капацитетите и меѓусебна доверба“, истакна Мисајловски, потсетувајќи на мислата на американскиот претседател Џон Кенеди „Времето да се поправи покривот е додека сонцето сјае“.

Осврнувајќи се на улогата на Министерството за одбрана и Армијата во националниот систем за справување со кризи, Мисајловски посочи дека македонската Армија покрај својата примарна мисија, одбрана на суверенитетот и територијалниот интегритет на државата, претставува витален капацитет за поддршка на цивилните институции. Тој нагласи дека, поддршката, е клучот во справувањето со непогодите и кризните состојби, бидејќи ниту една институција не може да дејствува изолирано, и токму затоа е неопходна координацијата и со Црвениот крст, граѓанскиот сектор и волонтерските друштва.

Во тој контекст министерот Мисајловски додаде дека системот на солидарност и помош на земјите сојузнички во рамки на Алијансата, за нашата држава претставува дополнителна гаранција и поддршка за градење отпорно општество и побрз одговор при големи катастрофи. Како потврда за оваа двонасочна солидарност беа посочени македонските армиски тимови кои помагаа по разорниот земјотрес во Турција и поплавите во Словенија, но и итната сојузничка помош за време на трагедијата во Кочани преку поддршката со медицинска евакуација, опрема и лекување на повредените, како и преку ангажирањето на 10 воздушни тимови за гаснење на пожарите во 2024 година.

Мисајловски на крајот додаде дека, градењето национална отпорност е континуиран процес во кој секој сектор има своја одговорност, а преку зајакнување на партнерството меѓу државните институции, Црвениот крст и граѓанскиот сектор се создава поефикасен и поодржлив систем за заштита на граѓаните.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Конески: Станови за млади брачни парови до 35 години со цени за 20 проценти пониски од пазарните

Нула комуналии за изградба на дом и студентска картичка со 20 проценти попусти за услуги преку апликацијата М-услуги.

Конески: Станови за млади брачни парови до 35 години со цени за 20 проценти пониски од пазарните

​Почитувани, 35-тата годишна конференција на УМС е добар повод да зборуваме за младите. А кога зборуваме за иднина на младите, тоа значи да ги засукаме ракавите и да се работи за секој еден млад човек. Ние како УМС велиме дека иднината не се чека, иднината се гради, а ние како ВМРО-ДПМНЕ постојано без застој работиме на подобро утре за младите. Сега, во оваа прилика, како што кажа и претседателот Христијан Мицкоски, имаме три мерки кои се клучни и кои ги решаваат прашањата на младите, како тоа за егзистенција и домување. А нашите мерки се конкретни проекти кои ќе ги преточиме во законски решенија и кои точно се знае како ќе се спроведуваат.

Првата мерка се однесува на младите брачни парови до 35 години и предвидува најмалку 20% попуст на пазарната цена за станбен простор и за реализација на истото ќе се донесе закон. Ова значи дека секоја градежна компанија која сака да гради, за да добие дозвола ќе биде обврзана да оддели минимум 10% станбена површина за брачни парови до 35 години, по цена која ќе биде најмалку 20% помала од пазарната цена. Понатаму, тука е и втората мерка која исто така предвидува млади до 35 годишна возраст во оваа ситуација кога кои сакаат да градат свој дом. Практично со оваа мерка, секој млад брачен пар до 35 години кој сака да гради дом нема да плаќа на општината за комуналии. И за оваа мерка се предвидува законско решение. Третата мерка е за студентите. Секој студент ќе има студентска картичка со која ќе има низа поволности и пониски цени за 20% за сите услуги што ќе ги користи преку апликацијата М-услуги. И за реализација на оваа мерка во координација се сите надлежни институции со цел да им обезбедат на студентите не само она што подразбира усогласување со инфлацијата за студентскиот оброк, туку поволности и за други услуги.

Почитувани,

Ние, како Унија на млади сили, кога зборуваме за иднина зборуваме за можностите, а тоа освен овие мерки што ги наведов, работиме и на тоа секој млад човек да има можност за квалитетно образование, услови за професионална кариера, можности за сопствен бизнис, да создаде семејство и да живее достоинствено. За сето ова, добро е што имаме реален партнер. Тој партнер е Владата на Република Македонија која е предводена од проф. д-р Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ.

YouTube video

Тодор Конески, претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Водата во Скопје безбедна за пиење

Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење.

Водата во Скопје безбедна за пиење

ЈП Водовод и канализација – Скопје со цел подобра информираност на граѓаните на град Скопје, го објавува неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење, добиен од анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола.

Секторот за санитарна контрола во периодот од 16.11.2026 до 20.11.2026 зема 196 примероци за физичко-хемиска и 196 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 48 мерни места во Градот Скопје.

Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци ОДГОВАРААТ на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење (Службен весник на РМ, бр.183/18).

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер