Повик до жителите на Општина Кисела Вода: Учествувајте во креирањето на општинскиот буџет за 2027 година
Филипче: Укажувавме за Алта банка - блиска до Вучиќ, пари од криминал, трговија со дрога, опљачкани од народот
1Повик до жителите на Општина Кисела Вода: Учествувајте во креирањето на општинскиот буџет за 2027 година
2Филипче: Укажувавме за Алта банка - блиска до Вучиќ, пари од криминал, трговија со дрога, опљачкани од народот
МакедонијаСообраќајот на државните патишта се одвива непреченоИнтензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата. ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево. СЕЗОНСКИ РЕЖИМ НА СООБРАЌАЈ: Од 15 Април, патниот правец Охрид – Ресен преку националниот парк Галичица е отворен за сообраќај за сите видови возила до 3,5 тона. РАБОТИ НА ПАТ: Во периодот од 17.08.2026 до 01.10.2026 година, поради изведување работи на објектот „Санација на косина на автопат А4, делница Миладиновци – Свети Николе – Штип (кај наплатна станица Преод)“, ќе биде изменет режимот на сообраќај пред наплатната станица Преод Од 06.07.2026 г. започна времена измена на сообраќајот при санација на мост на река Брегалница на Р1204 во Штип и ќе трае до завршувањето на санацијата. Од 21.05.2026 г. во 8 часот ќе се започне со изведување на градежни активности-санација на мостови на државен пат А2 делница Гостивар-Стража конкретно на мост бр.4 Вијадукт на Атанасова река и мост бр.7 Вијадукт на Дол и истата ќе трае до завршување на санацијата. Со таа цел ќе биде воспоставен времен режим на сообраќај кој ќе трае до самото завршување на градежните активности. Од 14.04.2026 г. се изведуваат градежни активности на Државен пат А2 делница Гостивар – Стража на мост бр.7 Вијадукт на Дол. Со цел да може да се реализираат работите за санација на мостови, ќе биде воспостовен времен режим на сообраќај додека траат градежните активности. Од 30.03.2026 година, ќе се изведуваат градежни активности на државен пат А2, мостови на А2 на реката Вардар во близина на с.Желино во двата правци (Скопје – Желино и Желино – Скопје), со цел санација на истите. Времениот режим ќе се спроведува согласно Одобрението за временска измена на режим на сообраќај издадено од Министерство за транспорт. Од 13.03.2026 година започна со активности за изведба на премин на интерконективен гасовод под автопат А1 (М1) Пријателство, делница Смоквица – Гевгелија. На делницата се поставени знаци за времен режим на сообраќај. На државниот пат А2 (скопска обиколница) се врши рехабилитација во должина од 250 метри од клучка Волково до клучка Кондово. Има поставено соодветна сигнализација за затворањето на левата сообраќајна лента за претекнување. Сообраќајот се одвива по лентата за движење (средна) и лентата за принудно запирање (десна). Од 12.09.2025 започната е градежната активноста – санација на свлечиште на регионален пат Р1202 делница Косоврасти – Мелнички Мост, односно воспоставена е времена измена на режимот на сообраќај до завршување на активностите. Според известување од Виадукт Треј Дооел – Гостивар, како дел од изведбата на Коридор 10Д, во тек е важност на времен режим на сообраќај на патен правец Прилеп – Битола, каде ќе се пренасочи движењето на возилата по регионалниот пат Прилеп – Битола, од делот од клучка Лагово до Тополчани. Тагови: АМСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиУапсен Давор Мацура: Полицијата повеќе од 30 часа ја пребарувала банката11:39Вториот круг од вонредните локални избори во Општина Брвеница помина без инциденти10:38Мицкоски: Сите жители на Брвеница ќе ја имаат поддршката од Владата09:00Во Брвеница победи кандидатот на ДУИ Јахиј, ВМРО-ДПМНЕ ја честиташе победата21:00ДИК: Излезност до 18-30 часот на изборите во Брвеница, гласале 52,90 проценти од гласачите19:45
МакедонијаПовик до жителите на Општина Кисела Вода: Учествувајте во креирањето на општинскиот буџет за 2027 годинаВо пресрет на креирањето на Буџетот за 2027 година, Општина Кисела Вода организира јавни средби за партиципативно буџетирање со граѓаните. Овој процес се спроведува во соработка со Finance Think, со цел секој жител директно да се вклучи и да придонесе во одредувањето на приоритетите за следниот општински буџет. Под мотото „Предложи, дискутирај, приоритизирај“, присутните ќе имаат можност да ги посочат најважните потреби за својата населба и заеднички да помогнат во дефинирањето на буџетските решенија. Средбите ќе се одржат на две локации, при што првата е закажана за утре, вторник, 3 ноември 2026 година, во периодот од 17:30 до 19:00 часот, во Домот на култура во Драчево. Втората средба ќе се реализира во среда, на 4 ноември 2026 година, од 17:00 до 18:30 часот, во Домот на култура „Билјана Беличанец“ во Кисела Вода. Доколку граѓаните не се во можност лично да присуствуваат на овие настани, отворена е можноста своите предлози да ги испратат електронски преку линкот https://tinyurl.com/PrijaviProblem. Овој процес се реализира во рамките на проектот „Граѓански надзор: Премостување на јазот помеѓу политичките ветувања и остварувања во четири развојни области“, поддржан од Владата на Швајцарија преку Civica Mobilitas.Тагови: Кисела Вода Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаФилипче: Укажувавме за Алта банка - блиска до Вучиќ, пари од криминал, трговија со дрога, опљачкани од народотФилипче нагласи дека предупредувањата се претворија во реалност, а последиците ги чувствуваат илјадници граѓани кои не можат да пристапат до сопствените средства.Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција во Собранието, потсети дека СДСМ речиси една година предупредуваше за ризиците од влезот на Алта банка во Македонија, банка за која постоеја информации дека е блиска до Вучиќ и дека зад нејзиниот капитал стојат сомнителни пари од криминални и коруптивни зделки, трговија со дрога и пари опљачкани од граѓаните. Филипче нагласи дека предупредувањата се претворија во реалност, а последиците ги чувствуваат илјадници граѓани кои не можат да пристапат до сопствените средства. „Скоро година дена наназад укажуваме за проблемот којшто беше тогаш, сега веќе настана со Алта банка. Укажувавме на тоа дека е тоа банка којашто настанала од една многу мала штедилница, дека тоа се луѓе блиски на Александар Вучиќ, негови пријатели, дека во медиумите има информации, имаше информации од Србија дека тоа се пари од криминални коруптивни сделки, од трговија со дрога, пари опљачкани од граѓаните“, рече Филипче. Тој посочи дека одговорноста за настанатата ситуација е кај власта на Мицкоски, која овозможи влез на Алта банка во земјава, а денес илјадници граѓани не можат да располагаат со своите пари. „И еве проблемот се случи, се случи и кај нас. Дека оваа власт кај нас во Македонија, предводена од Христијан Мицкоски, е арамиска и криминална, ова е само уште еден од доказите. За жал, сега на директна штета на граѓаните коишто тоа ќе го почувствуваат по своите џебови. Илјадници луѓе коишто денес не може да стигнат до своите средства, не им работат ни картичките, како што вчера најавуваше дека тоа ќе функционира гувернерот, очигледно соучесник во целата оваа манипулација и цел овој сомнителен коруптивен криминален процес на носење на Алта банка во земјава“, рече Филипче. Филипче предупреди дека последиците можат да бидат уште поголеми и дека граѓаните веќе се загрижени за сигурноста на своите депозити и во другите банки и посочи дека премиерот Мицкоски, организираната криминална група и гувернерот Славески треба да одговорат за загрозувањето на средствата на граѓаните. „Христијан Мицкоски, организираната криминална група и гувернерот Трајко Славески очигледно е дека ќе помогнат да се опљачкаат помеѓу 150-180 милиони евра од граѓаните. Стравуваме дека ова ќе има и домино ефект и врз други банки, затоа што веќе други граѓани коишто немаат сметка во Алта банка од утрово ни јавуваат и ни кажуваат дека си ги проверуваат своите депозити и своите пари во други банки и ја проверуваат достапноста на истите тие средства“, рече Филипче. Тагови: Венко Филипче Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЛасовска на седница на Комисијата за правни прашања и меѓународна соработка на ПАБСЕКЛасовска пред членовите на Комисијата го презентираше нацрт-извештајот „Парламентарна поддршка за иновациите: законодавни пристапи за унапредување на науката и технологијата во Регионот на Црното Море“.Пратеничката Благица Ласовска, потпретседателка на ПАБСЕК и шеф на Делегацијата на Собранието во Парламентарното собрание на Црноморската економска соработка, учествуваше на 68. седница на Комисијата за правни прашања и меѓународна соработка на ПАБСЕК, што се одржува на 2 ноември 2026 година во Тбилиси, Грузија. Во својство на известувач, Ласовска пред членовите на Комисијата го презентираше нацрт-извештајот „Парламентарна поддршка за иновациите: законодавни пристапи за унапредување на науката и технологијата во Регионот на Црното Море“. При презентацијата таа се осврна на главните наоди и насоки во извештајот, кој ги разгледува можностите земјите од регионот подобро да ги поврзат науката, технологијата и претприемништвото со одржливиот економски развој. Ласовска истакна дека способноста за создавање знаење и негово претворање во практични решенија, производи и услуги е сè поважна за конкурентноста, економската отпорност и благосостојбата на граѓаните. Ефикасниот иновациски систем, според извештајот, се темели на соработка меѓу државните институции, универзитетите, истражувачките центри, стопанството и финансиските институции. Во извештајот се посочуваат предизвиците со кои се соочуваат земјите членки на ПАБСЕК, меѓу кои се разликите во капацитетите за истражување, финансирањето, инфраструктурата и учеството во меѓународни програми. Посебно внимание е посветено на потребата научните резултати полесно да стигнат до примена во стопанството, како и на условите за иновативните претпријатија да обезбедат инвестиции, да се развиваат и да пристапат до меѓународните пазари. Ласовска укажа и на значењето на човечкиот капитал за развојот на иновациите. Поддршката за младите истражувачи, унапредувањето на професионалните можности, мобилноста меѓу академската заедница и стопанството и соработката со научната дијаспора се важни за задржување и развој на стручниот кадар во регионот. Во делот посветен на парламентарната улога, извештајот ја истакнува потребата од усогласена и предвидлива законска рамка за истражувањето, високото образование, интелектуалната сопственост, инвестициите, јавните набавки, заштитата на податоците и новите технологии. Парламентите имаат важна улога и преку надзор над спроведувањето на националните стратегии, редовно известување и користење независни научни совети при подготовката на политики и законски решенија. Во извештајот се нагласува дека предизвиците во науката и технологијата не можат целосно да се решаваат само на национално ниво. Регионалната соработка може да овозможи заеднички истражувачки програми, размена на знаења, мобилност на истражувачите и поширок пристап до научна инфраструктура и специјализирана опрема. Во тој контекст, ПАБСЕК може да придонесе преку парламентарниот дијалог, размената на искуства и поттикнувањето соработка меѓу земјите членки. По презентацијата, членовите на Комисијата расправаа за извештајот и за можностите за унапредување на законодавните пристапи и соработката во Регионот на Црното Море и истиот беше усвоен. Комисијата ја определи Ласовска како известувач на 68. Генерално собрание на ПАБСЕК што ќе се одржи од 23 до 25 ноември во Атина.Тагови: Благица Ласовска Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook