Четврти ден од катастрофата кај Кипар: од 20 патници сеуште нема ни трага, меѓу нив и деца (ВИДЕО) - Канал 5

Четврти ден од катастрофата кај Кипар: од 20 патници сеуште нема ни трага, меѓу нив и деца (ВИДЕО)

Операциите за пребарување и спасување продолжуваат откако патнички брод се преврте кај Киренија, Кипар. 

Четврти ден од катастрофата кај Кипар: од 20 патници сеуште нема ни трага, меѓу нив и деца (ВИДЕО)

На фериботот/катамаранот имало 267 патници и членови на екипажот, од кои осум починале, 20 сè уште се бараат, додека останатите се спасени и однесени во болница со повреди.

Меѓу исчезнатите патници има деца кои водата буквално ги откинала од рацете на своите родители. Да потсетиме дека шестгодишниот Мехмет и неговата сестра Салиха (12) исчезнале во длабочините на Медитеранот кога фериботот почнал да тоне кратко откако отпловил од пристаништето кон Турција.

Да потсетиме дека патничкиот катамаран „Фило Џет“ отпловил од Киренија во неделата кон турското пристаниште Ташуџу, но само петнаесет минути по отпловувањето, водата почнала да влегува. Бродот испратил повик за помош, а Кипарскиот координативен центар за пребарување и спасување го регистрирал сигналот во 12:13 часот, кога бродот бил околу пет наутички милји северно од Киренија. Набрзо почнал силно да се навалува, потоа се превртел и потонал.

Во тој момент на море избувнал хаос. Патниците завршија во вода, додека некои од нив останаа на превртениот катамаран и чекаа помош. Објавените снимки од внатрешноста на бродот покажуваат луѓе заробени во кабини и се слушаат нивните крици. Според патниците, екипажот не им дал јасни упатства како да го напуштат бродот.

Еден од преживеаните, Ибрахим Канболат, рече дека екипажот бил предупреден дека водата влегува во бродот, но дека, според него, предупредувањето не било сфатено сериозно. Во исто време, властите дадоа поинаква верзија на настаните - дека бродот бил погоден од два брана еден по друг, при што капетанот се обидувал да го исправи бродот по првиот, додека вториот бран предизвикал ново навалување и навлегување на вода.

Спасувачката операција започна веднаш. Бродови на крајбрежната стража, дополнителни бродови и хеликоптери беа испратени на местото на несреќата, додека спасените патници беа префрлени во пристаништето Киренија, а некои од нив потоа беа префрлени во болници.

Меѓу исчезнатите има и деца. Шестгодишниот Мехмет Асаф Бичер и неговата сестра Салиха биле на фериботот со своите родители. Спасувачите ги пронајдоа нивните родители, но децата не беа пронајдени. Мајката потоа низ солзи апелираше да ги пронајдат своите деца: „Мојот син има шест години, тежи 20 килограми и не може да се заштити. Не можам да го извадам лицето на ќерка ми од главата.“

Потрагата беше дополнително комплицирана од фактот што бродот заврши на голема длабочина. Според властите, олупината се наоѓа на околу 550 метри под површината, поради што во операцијата е вклучена роботска опрема. Исто така, беше објавено дека турскиот брод ТЦГ „Алемдар“ ќе обезбеди поддршка во обидот да се стигне до олупината и да се извлече што е можно. Капетанот и членовите на екипажот се уапсени додека трае истрагата за причините за трагедијата. Едно од клучните прашања што се испитуваат се околностите под кои водата почнала да влегува во бродот и постапките на екипажот во моментите пред превртувањето.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мисајловски: Градењето национална отпорност, подготвеноста на институциите, како и сојузничката солидарност во НАТО се клучни за справување со современите кризи

Мисајловски говореше на тема „Национален хуманитарен систем, градење отпорност, можности и предизвици од членството во НАТО“

Мисајловски: Градењето национална отпорност, подготвеноста на институциите, како и сојузничката солидарност во НАТО се клучни за справување со современите кризи

Министерот за одбрана, Владо Мисајловски денеска се обрати на настанот „Хуманитарната дипломатија како инструмент за обликување на иднината на Црвениот крст на Република Македонија и националниот хуманитарен систем“, на покана на генералниот секретар на Црвениот крст на Република Македонија, Саит Саити, а под покровителство на Првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, д-р Беким Сали.

Во своето обраќање пред присутните, министерот Мисајловски говореше на тема „Национален хуманитарен систем, градење отпорност, можности и предизвици од членството во НАТО“, при што ги истакна клучните столбови за заштита од денешните современи кризи, нагласувајќи дека воените конфликти, климатските промени, природните катастрофи, хибридните и сајбер-заканите не познаваат граници и ги надминуваат капацитетите на поединечните институции.

„Современиот концепт на национална отпорност подразбира покрај способноста да одговориме на кризите, истите навремено да ги предвидиме со цел да ги намалиме последиците и што побрзо да го вратиме нормалното функционирање на општеството. Подготвеноста не започнува во моментот кога ќе се појави кризата, туку се гради многу порано преку заедничко планирање, развој на капацитетите и меѓусебна доверба“, истакна Мисајловски, потсетувајќи на мислата на американскиот претседател Џон Кенеди „Времето да се поправи покривот е додека сонцето сјае“.

Осврнувајќи се на улогата на Министерството за одбрана и Армијата во националниот систем за справување со кризи, Мисајловски посочи дека македонската Армија покрај својата примарна мисија, одбрана на суверенитетот и територијалниот интегритет на државата, претставува витален капацитет за поддршка на цивилните институции. Тој нагласи дека, поддршката, е клучот во справувањето со непогодите и кризните состојби, бидејќи ниту една институција не може да дејствува изолирано, и токму затоа е неопходна координацијата и со Црвениот крст, граѓанскиот сектор и волонтерските друштва.

Во тој контекст министерот Мисајловски додаде дека системот на солидарност и помош на земјите сојузнички во рамки на Алијансата, за нашата држава претставува дополнителна гаранција и поддршка за градење отпорно општество и побрз одговор при големи катастрофи. Како потврда за оваа двонасочна солидарност беа посочени македонските армиски тимови кои помагаа по разорниот земјотрес во Турција и поплавите во Словенија, но и итната сојузничка помош за време на трагедијата во Кочани преку поддршката со медицинска евакуација, опрема и лекување на повредените, како и преку ангажирањето на 10 воздушни тимови за гаснење на пожарите во 2024 година.

Мисајловски на крајот додаде дека, градењето национална отпорност е континуиран процес во кој секој сектор има своја одговорност, а преку зајакнување на партнерството меѓу државните институции, Црвениот крст и граѓанскиот сектор се создава поефикасен и поодржлив систем за заштита на граѓаните.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Конески: Станови за млади брачни парови до 35 години со цени за 20 проценти пониски од пазарните

Нула комуналии за изградба на дом и студентска картичка со 20 проценти попусти за услуги преку апликацијата М-услуги.

Конески: Станови за млади брачни парови до 35 години со цени за 20 проценти пониски од пазарните

​Почитувани, 35-тата годишна конференција на УМС е добар повод да зборуваме за младите. А кога зборуваме за иднина на младите, тоа значи да ги засукаме ракавите и да се работи за секој еден млад човек. Ние како УМС велиме дека иднината не се чека, иднината се гради, а ние како ВМРО-ДПМНЕ постојано без застој работиме на подобро утре за младите. Сега, во оваа прилика, како што кажа и претседателот Христијан Мицкоски, имаме три мерки кои се клучни и кои ги решаваат прашањата на младите, како тоа за егзистенција и домување. А нашите мерки се конкретни проекти кои ќе ги преточиме во законски решенија и кои точно се знае како ќе се спроведуваат.

Првата мерка се однесува на младите брачни парови до 35 години и предвидува најмалку 20% попуст на пазарната цена за станбен простор и за реализација на истото ќе се донесе закон. Ова значи дека секоја градежна компанија која сака да гради, за да добие дозвола ќе биде обврзана да оддели минимум 10% станбена површина за брачни парови до 35 години, по цена која ќе биде најмалку 20% помала од пазарната цена. Понатаму, тука е и втората мерка која исто така предвидува млади до 35 годишна возраст во оваа ситуација кога кои сакаат да градат свој дом. Практично со оваа мерка, секој млад брачен пар до 35 години кој сака да гради дом нема да плаќа на општината за комуналии. И за оваа мерка се предвидува законско решение. Третата мерка е за студентите. Секој студент ќе има студентска картичка со која ќе има низа поволности и пониски цени за 20% за сите услуги што ќе ги користи преку апликацијата М-услуги. И за реализација на оваа мерка во координација се сите надлежни институции со цел да им обезбедат на студентите не само она што подразбира усогласување со инфлацијата за студентскиот оброк, туку поволности и за други услуги.

Почитувани,

Ние, како Унија на млади сили, кога зборуваме за иднина зборуваме за можностите, а тоа освен овие мерки што ги наведов, работиме и на тоа секој млад човек да има можност за квалитетно образование, услови за професионална кариера, можности за сопствен бизнис, да создаде семејство и да живее достоинствено. За сето ова, добро е што имаме реален партнер. Тој партнер е Владата на Република Македонија која е предводена од проф. д-р Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ.

YouTube video

Тодор Конески, претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Водата во Скопје безбедна за пиење

Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење.

Водата во Скопје безбедна за пиење

ЈП Водовод и канализација – Скопје со цел подобра информираност на граѓаните на град Скопје, го објавува неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење, добиен од анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола.

Секторот за санитарна контрола во периодот од 16.11.2026 до 20.11.2026 зема 196 примероци за физичко-хемиска и 196 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 48 мерни места во Градот Скопје.

Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци ОДГОВАРААТ на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење (Службен весник на РМ, бр.183/18).

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер