Ријана има проблем: Се шири вест дека партнерот ја изневерува со нејзината модна дизајнерка - Канал 5

Ријана има проблем: Се шири вест дека партнерот ја изневерува со нејзината модна дизајнерка

Вчера на Твитер се прошири гласина дека бремената пејачка била изневерена од нејзиното момче, а утрово милиони луѓе на социјалните мрежи коментираат за настанот кој сѐ уште не е потврден од ниту еден релевантен извор.

Ријана има проблем: Се шири вест дека партнерот ја изневерува со нејзината модна дизајнерка

Од вчера, социјалните мрежи зовреа откако Луис Писано, инфлуенсер и моден коментатор кој има 130.000 следбеници на Инстаграм, објави дека Ријана и АСАП раскинале пред неколку дена.

„Ријана и Роки раскинаа. Ријана му раскина откако го фати како ја изневерува со дизајнерката за чевли Амина Муади“, стои во објавата на неговиот Твитер профил. Објавата се прошири со молскавична брзина, а инфлуенсерот потоа даде детали за дизајнерката која наводно се гледала со раперот.

„Амина Муади е дизајнерка на чевли за брендот Фенти на Ријана, а работеше и со ASAP пред неколку години“, вели инфлуенсерот.

Фановите на Ријана и многу други твитерџии од вчера ја коментираат измамата. Во последните 24 часа има безброј твитови на тема маж кој наводно ја изневерува Ријана, а мрежите се преполни со мемиња на оваа тема.

Инаку, пејачката на почетокот на годинава потврди дека е бремена. Гласините за нејзината бременост почнаа да кружат уште во ноември минатата година, но таа тогаш тоа го демантираше.

Двојката е во врска од 2020 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Пејачка во секси бикини

Мини-бикини што едвај покриваат сè.

Фото: Пејачка во секси бикини

Британската пејачка Рита Ора покажа како ужива на луксузна јахта, нејзините фотографии во бикини ги воодушевија следбениците и уште еднаш привлекоа големо внимание во јавноста.

35 годишната Рита сподели серија фотографии од своите летни патувања, а нејзините објави повторно привлекоа големо внимание на социјалните мрежи.

Пејачката дел од летото го помина на различни европски дестинации, при што особено се издвои нејзиниот одмор на Ибица, каде што уживаше во друштво на својот сопруг Таика Ваитити и пријателите.

Двојката помина време на луксузна јахта, а Рита позираше во неколку впечатливи бикини-изданија. Особено внимание привлече фотографијата на која таа позира на бродот во минијатурно сребрено бикини.

Фотографиите што таа ги објави ја прикажуваат пејачката како се разладува во морето, ужива на јахтата и поминува време со пријателите. Некои од фотографиите се направени со помош на паметните очила на „Мета“, кои таа ги користела за да ги овековечи моментите од својот одмор.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Нови инвестиции, нови фабрики и илјадници работни места, инвестицискиот циклус продолжува

Со нови проекти, нови производствени капацитети и нови работни места продолжува инвестицискиот циклус во Македонија, а Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ продолжува активно да работи на создавање услови за инвестиции кои носат производство.

ВМРО-ДПМНЕ: Нови инвестиции, нови фабрики и илјадници работни места, инвестицискиот циклус продолжува

Со нови проекти, нови производствени капацитети и нови работни места продолжува инвестицискиот циклус во Македонија, а Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ продолжува активно да работи на создавање услови за инвестиции кои носат производство, современи технологии, извоз и долгорочен економски раст.

Во ТИРЗ Тетово следува реализацијата на инвестицијата на „Џаво Отомотив“, мултинационална компанија со повеќе од 40 години искуство во автомобилската индустрија. Компанијата планира вложување од околу 21 милион евра во периодот до 2030 година, со потенцијал за отворање од 400 до 500 нови работни места и годишен извоз од околу 45 милиони евра.

Во ТИРЗ Скопје 1 веќе започна изградбата на фабриката на „Чагатај Кабло“, која е инвестиција вредна околу 6 милиони евра и производствениот капацитет од 10.000 квадратни метри треба да овозможи до 200 нови вработувања.

Кичево, исто така, станува центар за нови и технолошки напредни инвестиции, така што тука започна изградбата на фабриката на белгиската „Avesta Battery and Energy Engineering“, наменета за производство на електронски батерии за автомобили.

Инвестицискиот интерес се проширува и во други високотехнолошки сектори, така што во земјава се реализираат и проекти на „Епсотех“ за развојно-истражувачки центар и на американскиот „Вебтек“ за производство на сопирачки за шински возила.

Особено важно е што интересот за инвестирање веќе не е ограничен само на автомобилската индустрија. Турска и германска компанија од секторот на високите технологии потврдија инвестиции од вкупно околу 80 милиони евра, со потенцијал за околу 1.000 нови работни места и заеднички извоз од над 200 милиони евра.

Дополнително, завршени се преговорите со три странски компании кои планираат да отворат фабрики во Македонија во автомобилската, високотехнолошката и фармацевтската индустрија, а паралелно разговара и со уште околу десет компании од различни сектори.

Нов инвестициски импулс се очекува и во телекомуникациите. „4iG“, која ја доби дозволата за трет мобилен оператор планира да вложи повеќе од 100 милиони евра во развојот на новиот оператор, со што ќе се зголеми конкуренцијата, и за граѓаните ќе се овозможат нови услуги и повеќе можности.

Сите овие проекти се потврда дека Македонија станува сè поатрактивна за инвеститорите и дека економијата се движи кон поголема диверзификација, современо производство и сектори со висока додадена вредност.

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да работи со домашните и странските компании и да создава услови Македонија да биде конкурентна и посакувана дестинација за нови инвестиции.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: И по „научно-образовната“ екскурзија - ВМРО ги нарекува граѓаните на Македонија „талог“

Мислевме дека по враќањето од Брисел, Христијан Мицкоски научил нешто повеќе од францускиот предлог.

СДСМ: И по „научно-образовната“ екскурзија - ВМРО ги нарекува граѓаните на Македонија „талог“

Мислевме дека на таа „научно-образовна“ екскурзија разбрал дека методите на Ванчо Михајлов не се за во 21от век.

Мислевме дека разбрал дека пропагандата што ја спроведува Латас по модел на Гебелс не е за граѓани на европска земја - особено не за народ со антифашистичка историја.

Но, не.

Преку своите портпароли, Мицкоски повторно ја продолжува кампањата „талог“.

Илинден годинава наместо ден на единство и прослава на државноста, ќе остане запаметен како почеток на кампањата „талог“ и продолжување на поделбата на народот.

Претседателот на „промакедонската“ партија - која не може да биде македонска кога половина од функционерите имаат бугарски пасоши - одлучи наместо поделба на „предавници“ и „патриоти“ (моделот на Ванчо), сега да дели на:

• подобни - оние што молчат, ги поднесуваат сите економски и здравствени неуспеси на владата и не креваат глас,

• и неподобни - сите што се противат на организираната криминална група што ја предводи Мицкоски, а се вика ВМРО.

Сите што сакаат успешна, богата, здрава и европска Македонија - за него се „талог на општеството“.

Прво ги примени техниките на Ванчо Михајлов против политичките противници.

Потоа ги примени и внатре во партијата, ги отстрани сите потпретседатели и од општинските комитети направи лични фан-клубови.

Сега останаа само „подобните“ гласачи што треба да му ја осигуруваат власта и „неподобните“ што не сакаат изолирана, корумпирана и сиромашна држава.

За Мицкоски - тие се „талог“.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер