ВМРО-ДПМНЕ: Поддршка за кампањата против насилство врз жените, собирањето политички поени во оваа битка треба да се заборави
ЈСП заштедило половина милион евра за гориво, Скопје ќе добие новогодишен дочек со македонски изведувачи
1ВМРО-ДПМНЕ: Поддршка за кампањата против насилство врз жените, собирањето политички поени во оваа битка треба да се заборави
2ЈСП заштедило половина милион евра за гориво, Скопје ќе добие новогодишен дочек со македонски изведувачи
ЕвропаНе се намалува поддршката за крајната десница во Франција- Марин ле Пен во голема предност во првиот круг претседателски избори Лидерката на француската крајнодесничарска партија Национален митинг, Марин Ле Пен и натаму има убедлива предност во првиот круг од претседателските избори што ќе се одржат следната година.Лидерката на француската крајнодесничарска партија Национален митинг, Марин Ле Пен и натаму има убедлива предност во првиот круг од претседателските избори што ќе се одржат следната година, а во вториот круг би ѝ се придружил и лидерот на левицата Жан-Лук Меланшон, според најновата анкета, пренесува денеска Bfmtv. Антисемитските изјави што му се припишуваат на Жордан Бардела, сепак, не ја запреа динамиката на партијата Национален собир, покажува истражувањето на агенцијата „Толуна Харис интерактив“ за М6 и РТЛ. Според резултатите од истражувањето, меѓу 35 и 37 отсто од француските гласачи би гласале за кандидатот на Националното собрание, според пет сценарија тестирани од агенцијата за испитување на јавното мислење. Во сите варијанти, лидерот на Неосвоена Франција, Жан-Лук Меланшон, би ѝ се придружил во вториот круг од изборите, освојувајќи меѓу 18 и 19 отсто од гласовите. Тој на тој начин би го надминал Едуард Филип од централно-десничарската партија Хоризонти, кој би добил меѓу 13 отсто, доколку Габриел Атал исто така бил кандидат, и 17 отсто од гласовите, доколку центристичкиот блок има само еден кандидат. Атал, лидерот на партијата Ренесанса, би освоил меѓу 5 и 12 отсто од гласовите. Рафаел Глуксман, неодамна назначениот социјалдемократски кандидат, се предвидува дека ќе освои меѓу 10 и 11 отсто од гласовите. Од друга страна, се проценува дека лидерот на централно-десничарската Републиканска партија Бруно Ретахо би освоил меѓу 7 и 10 отсто од гласовите. French far-right leader Marine Le Pen and hard-left rival Jean-Luc Melenchon widened their lead over other candidates and would face each other in a run-off in all tested scenarios, a poll showed, stressing growing polarisation as President Emmanuel Macron's era ends https://t.co/SJcKUcWSbT — Reuters (@Reuters) October 12, 2026 Ова истражување, исто така, покажува дека откритијата на Медиапарт во врска со антисемитските изјави кои му се припишуваат на Жордан Бардела од неговата младост не му наштетиле на Националното собрание, но донекаде го нарушиле неговиот имиџ во споредба со оној на Марин Ле Пен. Додека претходните истражувања покажаа дека нема разлика во перцепцијата на јавноста кога станува збор за овие двајца партиски лидери, се чини дека Жордан Бардела сега изгуби дел од довербата, па Марин Ле Пен изгледа поубедлива отколку што беше минатиот јули. Имено, 51 отсто од Французите сметаат дека Марин Ле Пен би била добар претседател, што е зголемување за 6 процентни поени во однос на почетокот на летото, додека 47 отсто од нив имаат исто мислење за Жордан Бардела.Тагови: Марин Ле Пен Франција Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Поддршка за кампањата против насилство врз жените, собирањето политички поени во оваа битка треба да се заборавиВМРО-ДПМНЕ како политичка партија дава јасна поддршка против насилство врз жените. Вакви теми не треба да се злоупотребуваат за политички поени од никој.Прво, сите овие случаи на насилство врз жените мора да бидат проследени со институционален одговор, и тоа не само од МВР. Второ, дотолку е поважно функционирањето на превентивни механизми. Како општество целта треба да биде една и јасна, да не стигнуваат работите до тој степен. Значи не треба да ни се случуваат случаи како убиството на 31-годишната Ајнет во Битола, убиството на 17-годишната Билјана Кириќ во Богданци, случајот со Ивана и нејзината ќерка и слично. Трето, за сите случаи треба да следи соодветен одговор од правосудството, односно и од обвинителските и од судските инстанци. Во борбата против ваквиот тип на насилство врз жените не смее да има селективност, иако некои опозициски кругови се обидуваат да го користат за политички поени. Појавата на овие случаи не е од вчера и пред сè треба да се стават во целосна функција превентивните механизми, бидејќи целта е пред сè да го спречиме насилството врз жените. ВМРО-ДПМНЕТагови: ВМРО-ДПМНЕ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЈСП заштедило половина милион евра за гориво, Скопје ќе добие новогодишен дочек со македонски изведувачиЈСП годинава остварило заштеда од околу половина милион евра за гориво, и покрај тоа што бројот на автобуси во сообраќај е зголемен за околу 50, изјави градоначалникот Ѓорѓиевски.ЈСП годинава остварило заштеда од околу половина милион евра за гориво, и покрај тоа што бројот на автобуси во сообраќај е зголемен за околу 50, изјави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски на вклучување во живо на Фејсбук, во кое разговараше со граѓаните за подготовката на буџетот за следната година. Тој посочи дека кога ја презел функцијата сообраќале 148 автобуси, а денес на линиите има над 200. Заштедата ја поврза со подобрата контрола на потрошувачката преку ГПС-систем и сонди за мерење на горивото. Најави и дека наскоро се очекува пристигнување на 100 нови еколошки автобуси, за кои се подготвува потребната инфраструктура за полнење. Ѓорѓиевски најави и дека Скопје ќе организира дочек на новата 2027 година со програма посветена на македонската музика и домашните изведувачи. Во организацијата повторно ќе помогне Државната лотарија, а новогодишната програма ќе започне околу 15 дена пред 31 декември. Градоначалникот најави дека градот навреме ќе биде украсен за претстојните празници. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМуцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина09:28Од воена вежба до спасувачка мисија: Припадници на армиските Волци спасија планинар 15:00Припадниците на Баталјонот на специјални сили евакуираа тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија09:28Протестен марш во Охрид против насилството врз жените по случајот со 26-годишната Сара 15:00Обвинителен предлог за 24-годишникот кој избега од полициска станица во Битола,обвинетиот ја удирал девојката по лицето со тупаници и шамари11:33
Припадниците на Баталјонот на специјални сили евакуираа тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија09:28
Обвинителен предлог за 24-годишникот кој избега од полициска станица во Битола,обвинетиот ја удирал девојката по лицето со тупаници и шамари11:33
МакедонијаИзвештајот на ЕК пред Комисијата за европски прашања и Националниот совет за евроинтеграцииИзвештајот на Европската комисија за земјава денеска ќе се најде пред членовите на на Комисијата за европски прашања и Националниот совет за евроинтеграции, коишто ќе одржат заедничка седница.Во годишниот извештај е констатиран напредок во спроведувањето на реформската агенда и планот за раст, стопроцентна усогласеност со заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ, како и напредок во дигиталната трансформација и науката. Денеска предмет на собраниска расправа е и работната верзија на предлог-законот за организација и работа на органите на државната управа, во организација на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците, во рамки на 90. седница. Предложеното законско решение ги опфаќа организациската поставеност, надлежностите и начинот на функционирање на органите на државната управа, како дел од извршната власт.Тагови: ЕК Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМуцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина09:28Од воена вежба до спасувачка мисија: Припадници на армиските Волци спасија планинар 15:00Припадниците на Баталјонот на специјални сили евакуираа тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија09:28Протестен марш во Охрид против насилството врз жените по случајот со 26-годишната Сара 15:00Обвинителен предлог за 24-годишникот кој избега од полициска станица во Битола,обвинетиот ја удирал девојката по лицето со тупаници и шамари11:33
Припадниците на Баталјонот на специјални сили евакуираа тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија09:28
Обвинителен предлог за 24-годишникот кој избега од полициска станица во Битола,обвинетиот ја удирал девојката по лицето со тупаници и шамари11:33