Мисајловски: Градењето национална отпорност, подготвеноста на институциите, како и сојузничката солидарност во НАТО се клучни за справување со современите кризи
1Мисајловски: Градењето национална отпорност, подготвеноста на институциите, како и сојузничката солидарност во НАТО се клучни за справување со современите кризи
СудбинаТинејџерка среде погреб стана од мртовечкиот ковчег пред шокираното семејство (ВИДЕО)Во Гватемала, 15-годишно девојче за кое се верува дека е мртво ги шокираше семејството и пријателите кога се разбуди во ковчегот на сопствениот погреб. Видеото од тој момент стана вирално, а „Њујорк пост“ пишува за неверојатниот настан. Таа беше прогласена за мртва од нејзиниот татко Сè започна минатата сабота наутро, кога тинејџерката Јулеиди Икскотоак се онесвести додека нејзиниот татко Абрахам ја возел во медицинскиот центар. Таткото, евангелистички пастор, го запре автомобилот и го провери нејзиниот пулс и дишење. Бидејќи не почувствува витални знаци, ја прогласи за мртва на самото место. „Таа едноставно престана да постои, почина на пат“, изјави Икскотоак за локалните медиуми. „Видов дека повеќе не дише и не можев да го почувствувам нејзиниот пулс на зглобовите. Ситуацијата беше многу тешка за мене. Не стигна до болницата.“ Будење среде погребот Смртта никогаш не беше официјално потврдена од лекар, ниту беше издадена смртна потврда. Семејството, следејќи го локалниот обичај за брз погреб, веднаш купило ковчег. Погребот се одржа во семејниот дом во руралното село Ел Џокот само осум часа откако девојчето се онесвестило. Видеото од погребот покажува луѓе собрани околу дрвен ковчег. Мајката на Јулеиди, Лесвија Риос, се наведна над ковчегот и ја забележа нејзината ќерка како се движи. „Постојано велев дека е жива, не е мртва“, рече мајката. „Додека плачев над нејзиниот ковчег, го отворивме малото прозорче и таа се движеше. Се будеше и одеднаш седна.“ На чудење на присутните, тинејџерката се исправи во ковчегот и почна да зборува. Семејството ѝ помогна да излезе и ѝ даде чаша вода, а тагата се претвори во прослава со извици „алелуја“. 🇬🇹 Adolescente despierta en su propio ataúd después de creerla muerta en Guatemala: Una joven de 15 años, identificada como Yuleidy Ixcotoyac, despertó dentro de su ataúd tras permanecer cerca de ocho horas en un velatorio en la aldea El Jocote, en el departamento de Quiché. Según la información disponible, la menor sufrió un desvanecimiento y su padre la dio por muerta al no detectar respiración ni pulso. Según relató su padre, Abraham Ixcotoyac, en una entrevista con TV Sac, la joven sufrió un malestar en la madrugada y perdió el conocimiento mientras él la trasladaba en automóvil con la intención de llevarla a un centro de salud. "Ella salió inconsciente de acá de la casa, la trasladaba para el hospital", afirmó Ixcotoyac. El hombre sostuvo que, poco antes de llegar al municipio de San Pedro Jocopilas, notó que su hija no respiraba y no tenía pulso. El padre de la joven aclaró que Yuleidy no llegó a recibir atención médica. "No ingresó a hospital ella", dijo durante la entrevista. También señaló que, tras advertir que no presentaba signos vitales, buscó una funeraria para conseguir un ataúd y trasladarla de regreso a su vivienda. Durante la ceremonia fúnebre, los asistentes observaron movimientos en el féretro y, al percatarse de lo ocurrido, la auxiliaron. La joven se encuentra consciente y en recuperación. — Alerta Mundial (@AlertaMundoNews) October 11, 2026 Закрепнување и поделени реакции Јулејди се сети на моментите пред да ја изгуби свеста. „Срцето почна многу да ме боли, се чувствував тешко, а потоа паднав, како да сум се онесвестила“, рече таа. 15-годишната девојка сега се опоравува дома, е свесна и вели дека „му благодари на Бога“ што е жива. Видеото од настанот се прошири на социјалните мрежи и предизвика стотици коментари. Додека многумина зборуваат за „чудо“, други изразуваат загриженост дека девојката веројатно е трауматизирана. Некои се обидоа да направат шега од целата ситуација. „Потсетник за иднината - не паѓајте во несвест во Гватемала“, напиша еден корисник. Други беа изненадени од брзината со која беше организиран погребот: „Колку брзо успеаја да ја стават во ковчегот?!“. Имаше и коментари како: „Затоа сакам кремација, за секој случај да не се разбудам под земја“ и „Моментот кога ирационалните стравови повеќе не се ирационални“. Здравствените власти во Гватемала сè уште не го коментираа инцидентот.Тагови: погреб тинејџерка Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМуцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина11:30Муцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина09:28Од воена вежба до спасувачка мисија: Припадници на армиските Волци спасија планинар 15:00Припадниците на Баталјонот на специјални сили евакуираа тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија09:28Протестен марш во Охрид против насилството врз жените по случајот со 26-годишната Сара 15:00
Припадниците на Баталјонот на специјални сили евакуираа тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија09:28
МакедонијаМисајловски: Градењето национална отпорност, подготвеноста на институциите, како и сојузничката солидарност во НАТО се клучни за справување со современите кризиМисајловски говореше на тема „Национален хуманитарен систем, градење отпорност, можности и предизвици од членството во НАТО“Министерот за одбрана, Владо Мисајловски денеска се обрати на настанот „Хуманитарната дипломатија како инструмент за обликување на иднината на Црвениот крст на Република Македонија и националниот хуманитарен систем“, на покана на генералниот секретар на Црвениот крст на Република Македонија, Саит Саити, а под покровителство на Првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, д-р Беким Сали. Во своето обраќање пред присутните, министерот Мисајловски говореше на тема „Национален хуманитарен систем, градење отпорност, можности и предизвици од членството во НАТО“, при што ги истакна клучните столбови за заштита од денешните современи кризи, нагласувајќи дека воените конфликти, климатските промени, природните катастрофи, хибридните и сајбер-заканите не познаваат граници и ги надминуваат капацитетите на поединечните институции. „Современиот концепт на национална отпорност подразбира покрај способноста да одговориме на кризите, истите навремено да ги предвидиме со цел да ги намалиме последиците и што побрзо да го вратиме нормалното функционирање на општеството. Подготвеноста не започнува во моментот кога ќе се појави кризата, туку се гради многу порано преку заедничко планирање, развој на капацитетите и меѓусебна доверба“, истакна Мисајловски, потсетувајќи на мислата на американскиот претседател Џон Кенеди „Времето да се поправи покривот е додека сонцето сјае“. Осврнувајќи се на улогата на Министерството за одбрана и Армијата во националниот систем за справување со кризи, Мисајловски посочи дека македонската Армија покрај својата примарна мисија, одбрана на суверенитетот и територијалниот интегритет на државата, претставува витален капацитет за поддршка на цивилните институции. Тој нагласи дека, поддршката, е клучот во справувањето со непогодите и кризните состојби, бидејќи ниту една институција не може да дејствува изолирано, и токму затоа е неопходна координацијата и со Црвениот крст, граѓанскиот сектор и волонтерските друштва. Во тој контекст министерот Мисајловски додаде дека системот на солидарност и помош на земјите сојузнички во рамки на Алијансата, за нашата држава претставува дополнителна гаранција и поддршка за градење отпорно општество и побрз одговор при големи катастрофи. Како потврда за оваа двонасочна солидарност беа посочени македонските армиски тимови кои помагаа по разорниот земјотрес во Турција и поплавите во Словенија, но и итната сојузничка помош за време на трагедијата во Кочани преку поддршката со медицинска евакуација, опрема и лекување на повредените, како и преку ангажирањето на 10 воздушни тимови за гаснење на пожарите во 2024 година. Мисајловски на крајот додаде дека, градењето национална отпорност е континуиран процес во кој секој сектор има своја одговорност, а преку зајакнување на партнерството меѓу државните институции, Црвениот крст и граѓанскиот сектор се создава поефикасен и поодржлив систем за заштита на граѓаните.Тагови: Владо Мисајловски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМуцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина11:30Муцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина09:28Од воена вежба до спасувачка мисија: Припадници на армиските Волци спасија планинар 15:00Припадниците на Баталјонот на специјални сили евакуираа тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија09:28Протестен марш во Охрид против насилството врз жените по случајот со 26-годишната Сара 15:00
Припадниците на Баталјонот на специјални сили евакуираа тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија09:28
МакедонијаКонески: Станови за млади брачни парови до 35 години со цени за 20 проценти пониски од пазарнитеНула комуналии за изградба на дом и студентска картичка со 20 проценти попусти за услуги преку апликацијата М-услуги.Почитувани, 35-тата годишна конференција на УМС е добар повод да зборуваме за младите. А кога зборуваме за иднина на младите, тоа значи да ги засукаме ракавите и да се работи за секој еден млад човек. Ние како УМС велиме дека иднината не се чека, иднината се гради, а ние како ВМРО-ДПМНЕ постојано без застој работиме на подобро утре за младите. Сега, во оваа прилика, како што кажа и претседателот Христијан Мицкоски, имаме три мерки кои се клучни и кои ги решаваат прашањата на младите, како тоа за егзистенција и домување. А нашите мерки се конкретни проекти кои ќе ги преточиме во законски решенија и кои точно се знае како ќе се спроведуваат. Првата мерка се однесува на младите брачни парови до 35 години и предвидува најмалку 20% попуст на пазарната цена за станбен простор и за реализација на истото ќе се донесе закон. Ова значи дека секоја градежна компанија која сака да гради, за да добие дозвола ќе биде обврзана да оддели минимум 10% станбена површина за брачни парови до 35 години, по цена која ќе биде најмалку 20% помала од пазарната цена. Понатаму, тука е и втората мерка која исто така предвидува млади до 35 годишна возраст во оваа ситуација кога кои сакаат да градат свој дом. Практично со оваа мерка, секој млад брачен пар до 35 години кој сака да гради дом нема да плаќа на општината за комуналии. И за оваа мерка се предвидува законско решение. Третата мерка е за студентите. Секој студент ќе има студентска картичка со која ќе има низа поволности и пониски цени за 20% за сите услуги што ќе ги користи преку апликацијата М-услуги. И за реализација на оваа мерка во координација се сите надлежни институции со цел да им обезбедат на студентите не само она што подразбира усогласување со инфлацијата за студентскиот оброк, туку поволности и за други услуги. Почитувани, Ние, како Унија на млади сили, кога зборуваме за иднина зборуваме за можностите, а тоа освен овие мерки што ги наведов, работиме и на тоа секој млад човек да има можност за квалитетно образование, услови за професионална кариера, можности за сопствен бизнис, да создаде семејство и да живее достоинствено. За сето ова, добро е што имаме реален партнер. Тој партнер е Владата на Република Македонија која е предводена од проф. д-р Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ. Тодор Конески, претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕТагови: Тодор Конески Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМуцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина11:30Муцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина09:28Од воена вежба до спасувачка мисија: Припадници на армиските Волци спасија планинар 15:00Припадниците на Баталјонот на специјални сили евакуираа тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија09:28Протестен марш во Охрид против насилството врз жените по случајот со 26-годишната Сара 15:00
Припадниците на Баталјонот на специјални сили евакуираа тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија09:28
МакедонијаВодата во Скопје безбедна за пиењеНеделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење.ЈП Водовод и канализација – Скопје со цел подобра информираност на граѓаните на град Скопје, го објавува неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење, добиен од анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола. Секторот за санитарна контрола во периодот од 16.11.2026 до 20.11.2026 зема 196 примероци за физичко-хемиска и 196 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 48 мерни места во Градот Скопје. Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци ОДГОВАРААТ на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење (Службен весник на РМ, бр.183/18).Тагови: вода Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМуцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина11:30Муцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина09:28Од воена вежба до спасувачка мисија: Припадници на армиските Волци спасија планинар 15:00Припадниците на Баталјонот на специјални сили евакуираа тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија09:28Протестен марш во Охрид против насилството врз жените по случајот со 26-годишната Сара 15:00
Припадниците на Баталјонот на специјални сили евакуираа тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија09:28