Шоу бизПо 20 години, ѕвездите од „Хари Потер“ се враќаат во Хогвортс (ВИДЕО)По 20 години, тимот од Хари Потер и Каменот на Филозофот повторно се обединува, објави Warner Bros, а веќе е објавен и тизер.20-годишнината на Хари Потер: Враќање во Хогвортс ќе ги претстави некои од најголемите ѕвезди од франшизата за Хари Потер, вклучувајќи ги Даниел Редклиф, Руперт Гринт и Ема Вотсон, во серија интервјуа и панели. Ќе се осврнат на франшизата и нејзиното наследство, откривајќи нови анегдоти и увиди зад сцената. Меѓу другите, на собирот ќе се појават режисерот Крис Колумбус и актерите Хелена Бонам Картер, Роби Колтрејн, Ралф Фајнс, Гери Олдман, Имелда Стаунтон, Том Фелтон, Џејмс Фелпс, Оливер Фелпс, Марк Вилијамс, Бони Рајт, Алфред Енох, Метју Луис, Евана Линч и други. „Поминавме низ неверојатно патување од премиерата на првиот филм и бевме сведоци како се претвори во импресивен универзум кој е, во најмала рака, магичен. Ретроспективен специјален чин ќе им оддаде почит на сите чии животи биле допрени од оваа култура- феномен , од талентираната актерска екипа за оваа филмска франшиза, до обожавателите кои го оживуваат светот на волшебниците дури и дваесет години подоцна“, рече Том Ашејм, претседател на студиото „Ворнер Брос“, кое создава содржини за деца и млади. Специјалното продолжение ќе има премиера на новогодишната ноќ - сабота, 1 јануари 2022 година, а досега е најавено дека ќе се емитува само на HBO Max.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Македонија11 пожари горат ширум државата, најсериозен е во струмичко, во опасност е селото ВодочаНајмалку 20 пожари избувнале денеска ширум државата, од кои 11 се активни, инфгормираше пред малку првиот човек на ДЗС, Стојанче Ангелов. Најсирозна е состојбата во струмичко, каде што има опасност за неколку села. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПоловина од прекршоците снимени од камерите на Безбеден град се од странски таблициШокантни бројки од системот „безбеден град“- над 310 илјади прекршоци биле снимени од камерите на МВР од февруари кога се пуштени во употреба до завчера, а 97 отсто се за надминување на брзината. Податоците на полицијата покажуваат дека дури повеќе од половина, над 180 илјади се направени од возила со странски таблици, оние кои почнаа да се наплаќаат пред три дена на Табановце. -Во однос на прекршоците сторени од возила со странски регистарски ознаки, во периодот од отпочнување на функционирање на системот „Безбеден град“ регистрирани се вкупно 180.378 прекршоци, додека во периодот од 19 до 20 август оваа година, регистрирани се 5.514 прекршоци од возила со странски регистарски ознаки. - Гоце Андреевски – портпарол на МВР За разлика од претходните денови, од МВР информираат дека сообраќајот на Табановце сега е нормализиран, без поголеми задржувања. Ова според нив се должи на апликацијата преку која сега странците може да си ги плаќаат казните електронски, а истата се најавува дека наското ќе важи и за возачите од земјава. Системот за наплата на казните ќе се надградува и на другите граници, не само на Табановце, каде што деновиве особено кај бројните српски државјани се создаде револт бидејќи чекаа во редици за да платат пред да излезат од Македонија. Наспроти нервозните патници, на социјалните мрежи кружи и видео од оро за кое се тврди дека се Срби кои играат додека чекаат на граница. Покрај со парични казни, оние кои сториле поголеми прекршоци во македонскиот сообраќај одговараат и кривично. Вчера на Табановце бил лишен од слобода 35 годишен државјанин на Холандија кој од камера на „Сејф сити“ бил фатен дека со порше вози 168 километри на час, на пат кадешто е дозволена максимална брзина е 80км/ч. Од МВР информираа дека тој ќе добие кривична пријава за делото „безобзирно управување со моторно возило“. Освен преку камерите, полицијата казнува и на терен- синоќа во акција за само седум часа санкционирани се 262 возачи, од кои 102 биле на мотори. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Македонија73-годишен маж е петтата жртва од западнонилска трескаЗападнонилската треска ја зеде и петта жртва во Македонија. Станува збор за 73 годишне маж, кој имал и други придружни болести. Информацијата пред малку на прес конференција ја соопшти директорот на инфкетивната клиника д-р Фадиљ Цана. Ја следеше Мирјана Мирчевска Јовановиќ. Дали се познати причините за смртниот исход кај пациентот? Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести73-годишен маж е петтата жртва од западнонилска треска15:15Странски државјанин лишен од слобода на ГП „Табановце“ - возел 168 км/ч на место каде дозволената брзина е 80 км/ч10:1043 случаи на западнонилска треска во Македонија - вирусот првпат потврден и кај мртва птица 15:00Странските возачи преку safecountry.gov. mk moже го следат системот „Безбеден град“08:34Возачите со странски таблички гневни- втор ден колони на Табановце поради наплата на сообраќајни казни 18:05
Странски државјанин лишен од слобода на ГП „Табановце“ - возел 168 км/ч на место каде дозволената брзина е 80 км/ч10:10
Возачите со странски таблички гневни- втор ден колони на Табановце поради наплата на сообраќајни казни 18:05