3IN MEMORIAM: Почина проф. д-р Зоран Спировски, поранешен директор на Клиниката за торакална и васкуларна хирургија
Полисата за осигурување на „Титаник“ оди на аукција, била потпишана 19 дена пред трагедијата - се очекува рекордна сума
1Полисата за осигурување на „Титаник“ оди на аукција, била потпишана 19 дена пред трагедијата - се очекува рекордна сума
3Канје Вест одржа прва модна ревија по четири години, најголемо внимание привлече неговата сопруга Бјанка (ВИДЕО)
ЕвропаСтудентите го блокираа Лувр во Париз- над 2.300 приведени демонстранти низ Франција (ВИДЕО)Демонстрантите денеска ги блокираа влезовите во музејот Лувр во Париз за да покажат поддршка за националното движење на средношколците и да ја осудат полициската репресија. Управата на музејот и синдикатите потврдија дека институцијата не може да се отвори во закажаното време поради ова, пишува Euronews. Администрацијата додаде дека протестот го воделе студенти на Ecole du Louvre. На флаер поставен пред музејот пишуваше: „Горди сме што објавуваме дека го блокираме најголемиот музеј во светот“. Des étudiants de l'école du Louvre bloquent l'accès au Musée depuis le début de matinée. De nombreux touristes attendent sur le parvis. #Paris #Louvre #17octobre #24octobre https://t.co/bjFc0dh90W — Luc Auffret (@LucAuffret) October 19, 2026 Започна во училиштата Минатиот месец започна серија протести како одговор на лошите услови во средните училишта низ целата земја. Во меѓувреме, барањата се проширија на други проблеми, како што се инфлацијата и зголемувањето на трошоците за живот, па демонстрациите прераснаа во израз на пошироко социјално незадоволство. PARIS : L'accès au musée du Louvre est actuellement bloqué par des manifestants "en soutien" au mouvement lycéen. https://t.co/w23WqGpRBL — Infos Françaises (@InfosFrancaises) October 19, 2026 Министерот за правда, Џералд Дарманин, изјави дека повеќе од 2.330 лица биле приведени низ целата земја во текот на викендот и изјави дека 70 проценти од нив биле возрасни. Претседателот на Трговската комора, Ален Ди Крешенцо, изјави дека повеќе од 2.000 продавници биле оштетени во насилството во текот на викендот, а проценетата штета достигнува стотици милиони евра.Тагови: лувр Париз Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФудбалМурињо го собори рекордот на Ла Лига Реал Мадрид убедливо ја победи Валенсија со 3:0 на „Местаља“ вчера вечерта во 12-то коло од Ла Лига, а со таа победа тренерот Жозе Мурињо дополнително ја подобри својата веќе импресивна статистика. Тоа беше 97-ма победа на Португалецот во 126 натпревари, со што неговата стапка на успех достигна 77 проценти. Овој резултат го става Мурињо на првото место меѓу тренерите кои воделе најмалку 100 натпревари во шпанското првенство. Никој во историјата на натпреварувањето нема поголем процент на победи во таа категорија. Веднаш зад него е Пеп Гвардиола, кој забележа 116 победи во 152 натпревари, што претставува стапка на успех од 76,3 проценти. Флик има уште подобар процент Според податоците на шпанските статистичари, Карло Анчелоти е следен на листата со 71,1% (162 победи во 228 натпревари). Ханси Флик има уште подобар коефициент од Мурињо, 79,3 проценти победи, но сегашниот тренер на Барселона сè уште не ја достигнал границата од 100 водени натпревари. Флик забележа 69 победи во 87 натпревари. 1. Ханси Флик - 79,3 % (69 победи во 87 натпревари) 2. Жозе Мурињо - 77% (97 победи во 126 натпревари) 3. Пеп Гвардиола - 76,3 % (116 победи во 152 натпревари) 4. Карло Анчелоти - 71,1 % (162 победи во 228 натпревари) Во победата над Валенсија, Реал поведе со голот на Федерико Валверде во 28-та минута, а Арда Гулер го дуплираше водството во 36-та минута. Конечните 3:0 ги постави Килијан Мбапе во 75-та минута. За мадридскиот тим ова беше осма последователна победа во сите натпреварувања.Тагови: Жозе Мурињо Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветСе зголеми бројот на жртвите во железничката несреќа во Египет (ВИДЕО)Бројот на жртви во големата железничка несреќа во Египет се искачи на седум, а 112 лица се повредени, соопштија египетските власти.Несреќата се случила кога четири вагони од патнички воз излетале од шините во близина на селото Герза во египетската покраина Гиза и се судриле со друг воз, недалеку од Каиро, објави „Араб њуз“. Локалните медиуми претходно објавија дека 120 лица се повредени, без да ја прецизираат сериозноста на нивните повреди. Некои египетски медиуми објавија дека бројот на повредени е повеќе од 150. Несреќата се случила во областа Ал-Ајат, по што на местото на настанот биле испратени 50 амбулантни возила, екипи за цивилна одбрана и безбедносни сили, објави „Галф њуз“. Four train carriages have overturned in a major derailment, with up to 150 injuries reported and more than 50 ambulances dispatched to the scene in Giza, Egypt. https://t.co/PMGZobDwl7 — Weather Monitor (@WeatherMonitors) November 8, 2026 Повредените биле однесени во блиските болници во покраината Бени Суеф, додека болниците во Гиза биле ставени во состојба на готовност за лекување на повредените. Како што претходно објави „Ал Арабија“, машиновозачот им подлегнал на повредите. Египетското јавно обвинителство започна истрага за причините за железничката несреќа и ѝ наложи на полицијата да ги спроведе потребните проверки и да ги испраша сведоците и повредените патници. Египетскиот претседател Абдел Фатах ал-Сиси изјави дека ја следи несреќата со „голема загриженост“ и им нареди на властите да спроведат итна истрага за да „ги повикаат на одговорност сите оние за кои е утврдено дека биле небрежни“.Тагови: Египет железничка несреќа Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПротестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44Дали Софија дефинитивно го одби европско посредништво во дијалогот со Скопје?15:44Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите12:29Муцунски: Работиме на дијалогот со Бугарија, имаме поддршка од ЕУ и земјите членки15:00
Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06
Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44
СветФинансаискиот директор на „Бајненс“ поднесе оставка по хакерската кражба на 6,3 милијарди долари „Бајненс“, најголемата светска берза за криптовалути, соопшти дека нејзиниот финансиски директор Кајзер Нг ја напушта функцијата и дека ќе биде наследен од Џастин Јек.„Бајненс“, најголемата светска берза за криптовалути, соопшти дека нејзиниот финансиски директор Кајзер Нг ја напушта функцијата и дека ќе биде наследен од Џастин Јек, само неколку дена откако хакерите украдоа криптовалути во вредност од 6,3 милијарди долари од платформата. „Кајзер Нг одлучи да започне нов потфат по повеќе од пет години во „Бајненс“, со план за транзиција кој беше имплементиран во текот на изминатите шест месеци. Му посакуваме се најдобро во неговото следно поглавје“, рече копретседателката на компанијата, Ји Хе, според „Блумберг“. Нг се приклучи на компанијата во јануари 2022 година, откако помина околу пет години на друга крипто берза, „Кракен“. Неговиот наследник, Џастин Јек, претходно беше потпретседател за финансии во компанијата за услуги за плаќања „Ервалекс“. „Воодушевен сум што ја преземам улогата на финансиски директор во „Бајненс“. Со нетрпение очекувам да го водам финансискиот сектор на компанијата додека продолжуваме одговорно да го шириме нашиот бизнис и да ја постигнеме нашата глобална мисија“, рече Џек во соопштението. Компанијата претходно објави дека хакерите минатата недела украле 6,3 милијарди долари криптовалути, што беше опишано како најголема кражба во историјата на индустријата. Федералното истражно биро на САД (ФБИ) на 31 октомври објави дека Северна Кореја стои зад нападот. „Бајненс“ по нападот соопшти дека вратила околу 90 проценти од украдените средства и продолжува да работи на целосно обештетување на корисниците. Нападите врз крипто платформите претставуваат растечки безбедносен предизвик за индустријата која се прошири на глобалниот финансиски пазар во последните години, соопшти американската агенција.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook