Голманот на Челзи Мартинез се огласи од болница: По страшниот судир, и операција тој зборуваше за победата и за тоа „чистата“ мрежа - Канал 5

Голманот на Челзи Мартинез се огласи од болница: По страшниот судир, и операција тој зборуваше за победата и за тоа „чистата“ мрежа

 Голманот на Челзи Емилијано Мартинез имаше успешна операција на скршена вилица, а во порака до навивачите најави дека ќе се врати на терените за неколку недели.

Голманот на Челзи Мартинез се огласи од болница: По страшниот судир, и операција тој зборуваше за победата и за тоа „чистата“ мрежа

Емилијано Мартинез се огласи од болница по операцијата на вилицата, која ја скрши при жесток судир за време на натпреварот во кој Челзи победи на гости кај Евертон со 2-0.

Аргентинскиот голман се здоби со повредата во саботата, кога се обиде да интервенира по нафрлена топка од прекин, при што се судри со дефанзивецот на Евертон, Џарад Брантвејт.

Двајцата играчи останаа на теренот, а натпреварот беше прекинат десетина минути додека им се укажуваше лекарска помош. Потоа, Мартинез беше изнесен на носила и префрлен во болница.

Дополнителните прегледи покажаа дека Аргентинецот се здобил со скршена вилица, поради што вчера морал да биде подложен на операција.

„Голманот Емилијано Мартинез имаше успешна операција на скршена вилица. Тој се повреди при судир во средината на второто полувреме од нашата победа над Евертон. Беше пренесен во болница на дополнителни испитувања, кои потврдија скршеница што бараше хируршка интервенција. Сите во Челзи му посакуваат на Еми брзо закрепнување и ќе му пружат целосна поддршка“, соопштија од клубот.

Мартинез веќе размислува за своето враќање. По зафатот, голманот им се обрати на своите следбеници на Инстаграм, изразувајќи благодарност за поддршката и истакнувајќи го резултатот на својот тим.

„Ви благодарам на сите за пораките. Операцијата помина добро. Најважно е што победивме и што ја зачувавме мрежата недопрена. Ќе се вратам за неколку недели“, изјави Мартинез.

Точниот датум за неговото враќање сè уште не е потврден. Аргентинецот очекува да отсуствува неколку недели, а кога повторно ќе застане на голот, најверојатно ќе мора да носи заштитна маска.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мурињо го собори рекордот на Ла Лига

Реал Мадрид убедливо ја победи Валенсија со 3:0 на „Местаља“ вчера вечерта во 12-то коло од Ла Лига, а со таа победа тренерот Жозе Мурињо дополнително ја подобри својата веќе импресивна статистика. 

Мурињо го собори рекордот на Ла Лига

Тоа беше 97-ма победа на Португалецот во 126 натпревари, со што неговата стапка на успех достигна 77 проценти.

Овој резултат го става Мурињо на првото место меѓу тренерите кои воделе најмалку 100 натпревари во шпанското првенство. Никој во историјата на натпреварувањето нема поголем процент на победи во таа категорија. Веднаш зад него е Пеп Гвардиола, кој забележа 116 победи во 152 натпревари, што претставува стапка на успех од 76,3 проценти.

Флик има уште подобар процент

Според податоците на шпанските статистичари, Карло Анчелоти е следен на листата со 71,1% (162 победи во 228 натпревари). Ханси Флик има уште подобар коефициент од Мурињо, 79,3 проценти победи, но сегашниот тренер на Барселона сè уште не ја достигнал границата од 100 водени натпревари. Флик забележа 69 победи во 87 натпревари.

1. Ханси Флик - 79,3 % (69 победи во 87 натпревари)

2. Жозе Мурињо - 77% (97 победи во 126 натпревари)

3. Пеп Гвардиола - 76,3 % (116 победи во 152 натпревари)

4. Карло Анчелоти - 71,1 % (162 победи во 228 натпревари)

Во победата над Валенсија, Реал поведе со голот на Федерико Валверде во 28-та минута, а Арда Гулер го дуплираше водството во 36-та минута. Конечните 3:0 ги постави Килијан Мбапе во 75-та минута. За мадридскиот тим ова беше осма последователна победа во сите натпреварувања.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Се зголеми бројот на жртвите во железничката несреќа во Египет (ВИДЕО)

Бројот на жртви во големата железничка несреќа во Египет се искачи на седум, а 112 лица се повредени, соопштија египетските власти.

Се зголеми бројот на жртвите во железничката несреќа во Египет (ВИДЕО)

Несреќата се случила кога четири вагони од патнички воз излетале од шините во близина на селото Герза во египетската покраина Гиза и се судриле со друг воз, недалеку од Каиро, објави „Араб њуз“.

Локалните медиуми претходно објавија дека 120 лица се повредени, без да ја прецизираат сериозноста на нивните повреди. Некои египетски медиуми објавија дека бројот на повредени е повеќе од 150.

Несреќата се случила во областа Ал-Ајат, по што на местото на настанот биле испратени 50 амбулантни возила, екипи за цивилна одбрана и безбедносни сили, објави „Галф њуз“.

Повредените биле однесени во блиските болници во покраината Бени Суеф, додека болниците во Гиза биле ставени во состојба на готовност за лекување на повредените.

Како што претходно објави „Ал Арабија“, машиновозачот им подлегнал на повредите. Египетското јавно обвинителство започна истрага за причините за железничката несреќа и ѝ наложи на полицијата да ги спроведе потребните проверки и да ги испраша сведоците и повредените патници.

Египетскиот претседател Абдел Фатах ал-Сиси изјави дека ја следи несреќата со „голема загриженост“ и им нареди на властите да спроведат итна истрага за да „ги повикаат на одговорност сите оние за кои е утврдено дека биле небрежни“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Финансаискиот директор на „Бајненс“ поднесе оставка по хакерската кражба на 6,3 милијарди долари

„Бајненс“, најголемата светска берза за криптовалути, соопшти дека нејзиниот финансиски директор Кајзер Нг ја напушта функцијата и дека ќе биде наследен од Џастин Јек.

Финансаискиот директор на „Бајненс“ поднесе оставка по хакерската кражба на 6,3 милијарди долари

„Бајненс“, најголемата светска берза за криптовалути, соопшти дека нејзиниот финансиски директор Кајзер Нг ја напушта функцијата и дека ќе биде наследен од Џастин Јек, само неколку дена откако хакерите украдоа криптовалути во вредност од 6,3 милијарди долари од платформата.

„Кајзер Нг одлучи да започне нов потфат по повеќе од пет години во „Бајненс“, со план за транзиција кој беше имплементиран во текот на изминатите шест месеци. Му посакуваме се најдобро во неговото следно поглавје“, рече копретседателката на компанијата, Ји Хе, според „Блумберг“.

Нг се приклучи на компанијата во јануари 2022 година, откако помина околу пет години на друга крипто берза, „Кракен“.

Неговиот наследник, Џастин Јек, претходно беше потпретседател за финансии во компанијата за услуги за плаќања „Ервалекс“.

„Воодушевен сум што ја преземам улогата на финансиски директор во „Бајненс“. Со нетрпение очекувам да го водам финансискиот сектор на компанијата додека продолжуваме одговорно да го шириме нашиот бизнис и да ја постигнеме нашата глобална мисија“, рече Џек во соопштението.

Компанијата претходно објави дека хакерите минатата недела украле 6,3 милијарди долари криптовалути, што беше опишано како најголема кражба во историјата на индустријата.

Федералното истражно биро на САД (ФБИ) на 31 октомври објави дека Северна Кореја стои зад нападот.

„Бајненс“ по нападот соопшти дека вратила околу 90 проценти од украдените средства и продолжува да работи на целосно обештетување на корисниците.

Нападите врз крипто платформите претставуваат растечки безбедносен предизвик за индустријата која се прошири на глобалниот финансиски пазар во последните години, соопшти американската агенција.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер