Сериозен проблем за „Ford“ во САД: Патниците се изложени на ризик од изгореници предизвикани од воздушните перничиња
1Сериозен проблем за „Ford“ во САД: Патниците се изложени на ризик од изгореници предизвикани од воздушните перничиња
ФудбалДејвид Бекам – кандидат за претседател на ФИФА?Светската фудбалска ѕвезда, косопственикот на Интер Мајами, Дејвид Бекам би можел да биде кандидат за прв човек на Светската фудбалска федерација (ФИФА).Актуелниот прв човек на ФИФА, Џани Инфантино се кандидира за четврти мандат на чело на куќата на фудбалот. Сепак, по неодамнешниот состанок на Советот на ФИФА, УЕФА и Германскиот фудбалски сојуз (ДФБ) сè повеќе бараат кандидат кој би презел иницијатива. Додека европските федерации бараат личност со меѓународен углед и влијание, во јавноста веќе се споменуваат неколку звучни имиња. Еден детал особено привлекува внимание: поранешната фудбалска ѕвезда Дејвид Бекам би можел ненадејно да стане клучен фактор, пишува „Скај Спорт“. Состанокот на Советот на ФИФА заврши незадоволително за противниците на Инфантино. Првиот човек на светската фудбалска куќа не понуди одговори на клучните прашања, но сепак, од целата ситуација повторно излезе како победник. Потребен е силен противкандидат, повеќе од кога било, за да се спречи неговиот реизбор. Благодарение на неговото карактеристично маневрирање, претседателот на ФИФА уште еднаш се извлече од тешка ситуација. Тој се соочи со своите најжестоки критичари за првпат по контроверзниот план за продажба на телевизиските права за Светското првенство. УЕФА подготви цел пакет чувствителни и критички прашања, но не доби одговори – освен извинување од швајцарскиот функционер, кој призна дека имало пропусти во комуникацијата, додека истовремено продолжува да ја зацврстува својата моќ на врвот. Следната година, Инфантино планира да ја одбрани својата позиција и да освои четврти мандат. УЕФА и нејзините сојузници од КОНКАКАФ се решени да го спречат тоа. Сепак, на рака му оди фактот што, освен притисокот од Европејците, во моментов нема никој друг што сериозно би можел да го загрози. Вистинска алтернатива сè уште нема на повидок, а крајниот рок за поднесување кандидатури истекува на 18 ноември. „Нашата намера, се разбира, е на чело на ФИФА да видиме некој друг“, изјави претседателот на ДФБ, Бернд Нојендорф, по состанокот во Цирих. „Тоа подразбира и предлагање противкандидат кој би донел толку потребен нов импулс.“ Во интервју за RTL и Sky Sport, Нојендорф остро ги критикуваше низата еднострани одлуки донесени од Инфантино, вклучително и неодамнешното воведување на таканаречената „Награда за мир“. Од УЕФА, пак, по кризниот состанок во Берлин, порачаа: „На светскиот фудбал му е потребно ново раководство – почитувана личност која обединува, доаѓа од фудбалската заедница и поседува визија, лидерски способности, умешност за градење доверба меѓу конфедерациите, како и бескомпромисен став кога станува збор за реформите, интегритетот и независноста“. По овие пораки, во фудбалските кругови сè почесто се спомнува зборот „харизма“. Но, кој поседува доволно од неа за, всушност, да го засени Инфантино? Неколку очигледни опции веќе отпаднаа: претседателот на УЕФА, Александар Чеферин, ја отфрли можноста за кандидатура, а Насер Ал-Келаифи од Катар, исто така, не е во игра. Според медиумските извештаи, кандидатурата ја одбил и Виктор Монтаљани, челник на конфедерацијата за Северна и Централна Америка и Карибите, кој сака да остане на својата сегашна функција. Во британските медиуми одеднаш се појави името на Арсен Венгер. Поранешниот менаџер на Арсенал, кој од 2019 година тесно соработува со Инфантино како директор во ФИФА, наводно бил предложен од неколку европски челници. Сепак, неговата кандидатура е крајно дискутабилна – Венгер добро ја познава моќта на Инфантино и е дел од неговиот најтесен круг, па затоа е прашање колку би бил веродостоен како симбол на „нов почеток“. Медиуми како „Гардијан“ наведуваат дека предлозите како Венгер или Мишел Канг (милијардерка и инвеститорка во женскиот фудбал) веќе се одбиени. Исто така, се поставува прашањето од кој континент би требало да доаѓа кандидатот. Сè на сè, Европа останува единствениот континент со доволно влијание за да понуди противкандидат. Земајќи ги предвид утврдените критериуми, изборот природно се сведува на човек кој досега не бил официјално спомнуван: Дејвид Бекам. Поранешниот англиски репрезентативец ја поседува глобалната препознатливост и репутација неопходни за оваа улога. Како некогашна ѕвезда на Манчестер Јунајтед и Реал Мадрид, но и како основач на Интер Мајами, Бекам ужива огромен углед ширум светот. Тој е исто така високо ценет во Азија, каде што од 2013 година делува како амбасадор на кинескиот фудбал. Покрај тоа, Бекам јавно ја критикуваше ФИФА уште во 2015 година, нарекувајќи ги тогашните корупциски скандали „одвратни“. Како милијардер, тој нема потреба да ја користи функцијата за лично богатење, а располага и со доволно сопствени ресурси за финансирање на изборната кампања. Тој е фудбалска легенда, успешен бизнисмен и исклучително добро поврзан на сите нивоа. Во фудбалските кулоари веќе се зборува дека Сер Дејвид Бекам – доколку добие официјална покана од европските федерации – би бил подготвен да го прифати предизвикот и да влезе во трката за челната позиција во светскиот фудбал.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСудењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44
Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16
Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57
Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21
Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06
Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44
АвтомобилизамСериозен проблем за „Ford“ во САД: Патниците се изложени на ризик од изгореници предизвикани од воздушните перничињаИстрагата опфаќа 1,2 милиони возила на „Ford“ во САД.Американската Национална управа за безбедност на сообраќајот на автопатиштата (NHTSA) денеска започна прелиминарна истрага за повеќе од 1,2 милиони возила на „Ford“, по добиени извештаи за ненамерно активирање на страничните воздушни перничиња, што резултирало со сериозни изгореници кај патниците. Како што пренесува Ројтерс, агенцијата соопшти дека примила осум поплаки и четири извештаи за инциденти поврзани со возила од моделот „Ford Explorer“, произведени во периодот од 2021 до 2026 година. Според податоците на „NHTSA“, возачите, патниците на предните седишта, како и некои полициски службеници – кои го користеле моделот „Explorer Police Interceptor“ – се здобиле со изгореници од втор и трет степен откако се активирале страничните воздушни перничиња вградени во седиштата. Покренувањето на прелиминарна истрага претставува прва фаза од регулаторниот процес, во текот на која „NHTSA“ го проценува обемот на проблемот и утврдува дали е потребно дополнително испитување или евентуално повлекување на возилата. Од „NHTSA“ наведуваат дека прелиминарната проценка обично трае до осум месеци. Доколку се појават дополнителни докази, агенцијата може да ја прошири истрагата и, на крајот, да наложи повлекување на возилата. Извор: Б92Тагови: Ford Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСудењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44
Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16
Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57
Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21
Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06
Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44
СветЕксплозија во Турција, расте бројот на жртви: Спасувачките операции продолжуваатБројот на загинати во експлозија во челичарница во Измир се искачи на најмалку 16, а пријавени се и 13 повредени, додека спасувачките екипи продолжуваат со потрагата по работници заробени под урнатините.Во изјава по состанокот на кабинетот, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган соопшти дека 16 лица ги загубиле животите, а 13 се повредени – од кои двајца потешко – во експлозија во фабрика за железо и челик во Измир, пренесува агенцијата Анадолија. Тој изјави дека одговорните за каква било небрежност во Измир ќе сносат одговорност. Претходно, тој добил извештај за несреќата од министерот за внатрешни работи Мустафа Чифтчи и министерот за енергетика и природни ресурси Алпарслан Бајрактар, кои отпатуваа во Измир. Според „ТРТ Хабер“, во Измир пристигнал и министерот за труд и социјална сигурност, Ведат Ишикхан. Тој најави дека Институцијата за социјална сигурност назначила главен инспектор за истражување на околностите под кои се случила несреќата. Министерот за правда, Акин Ѓурлек, изјави дека е започната истрага и дека на случајот се ангажирани четворица обвинители од Јавното обвинителство во Менемен. 🚨🇹🇷 DEATH TOLL RISES TO SIX AFTER MASSIVE EXPLOSION AT STEEL FACTORY IN İZMİR, TURKEY At least six workers have died following a devastating explosion and fire at the HABAŞ iron and steel factory in Aliağa, İzmir. https://t.co/hL6jzn2JC5 — Nova Intel (@intel_nova) November 9, 2026 Турските власти изразија сочувство до семејствата на жртвите и посакаа брзо закрепнување на повредените, напоменувајќи дека спасувачките операции се во тек, а околностите околу несреќата се истражуваат. Експлозијата се случила за време на леење на стопен челик. Експлозијата се случила денеска околу пладне во погон на компанијата „Хабаш“ во областа Бозкој, предизвикувајќи пожар и густ чад над фабриката. Противпожарните екипи го изгаснаа пожарот, додека на местото на настанот беа испратени полиција, медицински персонал и спасувачки тимови. Според првичните информации, до експлозијата дошло за време на леење на стопен челик, кога кран се откачил и паднал во електрична печка. Во соопштение од регионалните власти се наведува дека осум работници останале заробени под урнатините, поради што спасувачките екипи започнале интензивна операција за нивно пронаоѓање. Повредените се пренесени во блиските болници, а едно лице со хеликоптер е префрлено во болница во Измир. Компанијата Хабаш соопшти дека несреќата се случила за време на планирани работи за одржување на една од печките со електричен лак, додавајќи дека повредените добиле итна помош и биле пренесени во болници. Извор: Б92Тагови: експлозија турција Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСудењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44
Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16
Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57
Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21
Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06
Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44
МакедонијаПожар зафати куќи кај Бит – пазар, има материјална штетаПожарот што попладнево избувна во куќи во близина на Бит-пазар во Скопје е ставен под контрола, но причинета е материјална штета, соопштија од скопската противпожарна единица. Командатот на единицата Звонко Томески, кажа дека со пожарот зафатени биле индивидуални куќи. Избувнал на кров на двокатна куќа, а потоа поради близината на околните објекти, зафатил делови од уште две други куќи. Интервенирале со девет возила и со 22 пожарникари, кои го ставиле пожарот под целосна контрола. Повреднеи нема, а висината на материјалната штета допрва ќе се утврдува. View this post on Instagram A post shared by Televizioni Alsat (@alsat.mk) Тагови: пожар Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter