Ванда Нара повторно направи хаос- се слика со холивудска ѕвезда, Икарди огорчен (ФОТО) - Канал 5

Ванда Нара повторно направи хаос- се слика со холивудска ѕвезда, Икарди огорчен (ФОТО)

По сè што се случи помеѓу Ванда Нара и Маурицио Икарди, сега светот го тресе нов скандал, кој, без ни најмала намера, го предизвика познатиот актер Џони Деп.

Ванда Нара повторно направи хаос- се слика со холивудска ѕвезда, Икарди огорчен (ФОТО)

Според италијанскиот „Кориере дело Спорт“, Ванда Нара објавила слика со познатиот актер, и само тоа било доволно за да го налути Икарди.

Тој неодамна се вратил во Аргентина каде што ја видел оваа слика на социјалните мрежи, и веднаш направил потег и го избришал Џони Деп од својот Инстаграм профил.

Неизбежно е да се спомене дека Мауро Икарди бил лојален обожавател на познатиот актер, особено по драмата и судската победа над Амбер Херд. Во тоа време, тој споделувал фотографии од овој актер, а сега решил да го „отстрани“ од сите мрежи.

Средбата помеѓу Ванда Нара и Џони Деп се случила сосема случајно, за време на посетата на актерот во Аргентина за промоција на неговиот филм Modì - Three Days on the Wings of Madness. Деп давала интервју во истото студио каде што Ванда го води MasterChef Celebrity, па ја искористила можноста да се фотографира со него.

- Џони Деп, ти благодарам за убавите зборови - напиша Ванда Нара.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Минчев ќе оствари билатерална средба со министерката за јавна администрација и локална самоуправа на Србија

Министерот за јавна администрација на Република Македонија, Горан Минчев, ќе оствари билатерална средба со министерката за јавна администрација и локална самоуправа на Република Србија.

Минчев ќе оствари билатерална средба со министерката за јавна администрација и локална самоуправа на Србија

Средбата се организира со цел размена на искуства и унапредување на соработката во областа на јавната администрација.

По завршувањето на билатералната средба, двајцата министри ќе дадат изјави за медиумите.

Кабинет на Министер за Јавна Администрација

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Директорот на БЈБ Јанев во работна посета на Полициското одделение и Граничниот премин Ново Село

Вчера (23.06.2026) директорот на БЈБ Јанев оствари работни посети во Струмица, Полициското одделение Ново Село и Граничниот премин Ново Село, каде се запозна со состојбите и предизвиците на полициските службеници на терен.

Директорот на БЈБ Јанев во работна посета на Полициското одделение и Граничниот премин Ново Село

На средбите беше разговарано за безбедносната состојба, одржувањето на јавниот ред и мир, како и за спречување на прекуграничниот криминал. Посебен акцент беше ставен на унапредување на условите за работа, техничката опременост и зајакнување на координацијата со надлежните служби и соседните држави.

Беше истакнато дека ГП Ново Село е важна точка за проток на патници и стоки, при што останува приоритет обезбедување на ефикасна, професионална и безбедна услуга за граѓаните.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во изминатите 24 часа најмногу дожд во Битола, Демир Капија и Виница

Дадените вредности за количината на врнежи се измерени на дождомерните места на УХМР.

Во изминатите 24 часа најмногу дожд во Битола, Демир Капија и Виница

КОЛИЧИНА НА ВРНЕЖИ за изминатите 24 часа до 08 часот во (l/m2)

26 Битола, 24 Демир Капија, 21 Виница, 17 Лазарополе, 14 Берово, 13 Крива Паланка, 8 Гевгелија, 2 Скопје – Петровец, 1 Кавадарци, Крушево, Маврови Анови.

Забелешка: Дадените вредности за количината на врнежи се измерени на дождомерните места на УХМР. Поради локалноста на процесите, паднатата количина воден талог многу варира и на различни места може да е многу поголема од измерената.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер