3IN MEMORIAM: Почина проф. д-р Зоран Спировски, поранешен директор на Клиниката за торакална и васкуларна хирургија
Полисата за осигурување на „Титаник“ оди на аукција, била потпишана 19 дена пред трагедијата - се очекува рекордна сума
1Полисата за осигурување на „Титаник“ оди на аукција, била потпишана 19 дена пред трагедијата - се очекува рекордна сума
3Канје Вест одржа прва модна ревија по четири години, најголемо внимание привлече неговата сопруга Бјанка (ВИДЕО)
МакедонијаМицкоски од Чешиново-Облешево: Развојот на секоја општина значи подобра иднина за граѓанитеЗа мене претставува навистина задоволство кога можам да бидам дел од убави проекти коишто се реализираат и случуваат и во помалубројни општини, како што е општината Чешиново-Облешево.„Добар ден и од мене. За мене претставува навистина задоволство кога можам да бидам дел од убави проекти коишто се реализираат и случуваат и во помалубројни општини, како што е општината Чешиново-Облешево. Му честитам на градоначалникот за посветената работа. И, се разбира, заеднички, со поддршка од Владата, во периодот којшто следи, ќе реализираме уште многу проекти коишто се приоритет на граѓаните на оваа општина. Прекрасна општина, прекрасни луѓе. Сега, додека шетавме по оваа новоасфалтирана улица, разговаравме и за приоритетите во периодот којшто следи. Самиот тој во својата изјава кажа дека подготвува дел од проектите. Јас би го охрабрил, еве вака јавно, што побрзо да ги спремат проектите, затоа што следната година како Влада планираме нов повик со којшто од централниот буџет ќе финансираме проекти кон локалната самоуправа, кон општините. Нешто што ќе биде континуитет на она коешто го започнавме од првиот момент кога бевме избрани како Влада. Така што и тоа ќе биде една додадена вредност врз квалитетот на животот на граѓаните во оваа прекрасна општина. И исто така, конечно да се реши, би рекол, она прашање коешто останува нерешено, а тоа е водоснабдувањето во голем дел од населените места. Ние очекуваме, а веќе е извесно во реформската агенда да добиеме топ-ап или додаток на оние седумстотини и педесет милиони евра коишто претходно ги добивме. Знаете таму структурата каква е: една третина е ликвидност во буџетот, една третина е грант преку Инвестициската рамка за Западен Балкан, а третата третина е евтин кредит којшто започнува да се исплаќа од 2035 година. Очекуваме да добиеме значајна сума во тој додаток и еден од приоритетните проекти ќе биде токму овој за којшто зборувавме денес со градоначалникот, а во меѓувреме тој ќе продолжи да ги развива проектите и, ако треба, и од централната власт ќе има дополнителна поддршка. Така што тој проект мора да се случи и ќе се случи. Ние ќе го ставиме во индикативната листа како приоритет на Владата, според онаа динамика којашто ја имаме од Европската Унија. Конечното одобрување на таа листа треба да се случи во првата половина од следната година. Така што, уште еднаш му честитам на градоначалникот, прави навистина одлична работа. Му честитам и сакам да им се заблагодарам на советниците коишто ја поддржуваат работата на градоначалникот, да им се заблагодарам на пратениците коишто доаѓаат од овој регион, коишто се борат за проект повеќе, а ние како Влада ќе продолжиме и понатаму да го испорачуваме тоа што им е потребно на граѓаните.Сакам да ви се заблагодарам и на вас, медиумите, што секогаш сте тука кога промовираме нешто коешто претставува додадена вредност за квалитетот на животот на граѓаните. Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ убедливо води во Брвеница, очекуваме рекордни 4.000 гласа во вториот круг Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денес одговарајќи на новинарско прашање, посочи дека кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ на вонредните локални избори во Општина Брвеница има предност од околу 800 гласа пред кандидатот на ДУИ, додека разликата во однос на кандидатот на СДСМ е повеќе од четири спрема еден. „Вчера ВМРО-ДПМНЕ убедливо победи во Брвеница, со огромен резултат. Тоа е значајна победа за ВМРО-ДПМНЕ во Полошкиот регион. Имаме предност од прилика 800 гласа во однос на кандидатот на ДУИ. Во однос на политичкиот конкурент СДСМ победивме со разлика поголема од 4 спрема 1“, рече тој. Мицкоски вели дека во вториот круг очекува уште поголема поддршка од граѓаните без разлика на етничката припадност и уште подобар изборен резултат, со што, како што нагласи, ќе се заокружи победата на 1 ноември. „Очекуваме во овој втор круг уште поголемо консолидирање и уште поголема победа за да ја заокружиме целосно победата на први ноември. Знаете тоа се вонредни избори поради прерано завршениот живот на нашиот Јовица. Благодарност до граѓаните на Брвеница кои што излегоа и ја поддржаа победата на ВМРО-ДПМНЕ, со некаде од прилика 3000 гласа. Очекувам таа бројка после вториот круг да се искачи на рекордни 4000 гласа. Така што верувам во конечната победа. Општината Брвеница од аспект на етничка конфигурација е таква каква што е. Но, ние пледираме на гласови од сите етнички заедници и благодарност на сите граѓани на Брвеница без разлика на етничката припадност што излегоа и дадоа поддршка за кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ кој што убедливо води после првиот круг“, изјави Мицкоски.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФудбалМурињо го собори рекордот на Ла Лига Реал Мадрид убедливо ја победи Валенсија со 3:0 на „Местаља“ вчера вечерта во 12-то коло од Ла Лига, а со таа победа тренерот Жозе Мурињо дополнително ја подобри својата веќе импресивна статистика. Тоа беше 97-ма победа на Португалецот во 126 натпревари, со што неговата стапка на успех достигна 77 проценти. Овој резултат го става Мурињо на првото место меѓу тренерите кои воделе најмалку 100 натпревари во шпанското првенство. Никој во историјата на натпреварувањето нема поголем процент на победи во таа категорија. Веднаш зад него е Пеп Гвардиола, кој забележа 116 победи во 152 натпревари, што претставува стапка на успех од 76,3 проценти. Флик има уште подобар процент Според податоците на шпанските статистичари, Карло Анчелоти е следен на листата со 71,1% (162 победи во 228 натпревари). Ханси Флик има уште подобар коефициент од Мурињо, 79,3 проценти победи, но сегашниот тренер на Барселона сè уште не ја достигнал границата од 100 водени натпревари. Флик забележа 69 победи во 87 натпревари. 1. Ханси Флик - 79,3 % (69 победи во 87 натпревари) 2. Жозе Мурињо - 77% (97 победи во 126 натпревари) 3. Пеп Гвардиола - 76,3 % (116 победи во 152 натпревари) 4. Карло Анчелоти - 71,1 % (162 победи во 228 натпревари) Во победата над Валенсија, Реал поведе со голот на Федерико Валверде во 28-та минута, а Арда Гулер го дуплираше водството во 36-та минута. Конечните 3:0 ги постави Килијан Мбапе во 75-та минута. За мадридскиот тим ова беше осма последователна победа во сите натпреварувања.Тагови: Жозе Мурињо Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПротестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44Дали Софија дефинитивно го одби европско посредништво во дијалогот со Скопје?15:44Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите12:29Муцунски: Работиме на дијалогот со Бугарија, имаме поддршка од ЕУ и земјите членки15:00
Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06
Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44
СветСе зголеми бројот на жртвите во железничката несреќа во Египет (ВИДЕО)Бројот на жртви во големата железничка несреќа во Египет се искачи на седум, а 112 лица се повредени, соопштија египетските власти.Несреќата се случила кога четири вагони од патнички воз излетале од шините во близина на селото Герза во египетската покраина Гиза и се судриле со друг воз, недалеку од Каиро, објави „Араб њуз“. Локалните медиуми претходно објавија дека 120 лица се повредени, без да ја прецизираат сериозноста на нивните повреди. Некои египетски медиуми објавија дека бројот на повредени е повеќе од 150. Несреќата се случила во областа Ал-Ајат, по што на местото на настанот биле испратени 50 амбулантни возила, екипи за цивилна одбрана и безбедносни сили, објави „Галф њуз“. Four train carriages have overturned in a major derailment, with up to 150 injuries reported and more than 50 ambulances dispatched to the scene in Giza, Egypt. https://t.co/PMGZobDwl7 — Weather Monitor (@WeatherMonitors) November 8, 2026 Повредените биле однесени во блиските болници во покраината Бени Суеф, додека болниците во Гиза биле ставени во состојба на готовност за лекување на повредените. Како што претходно објави „Ал Арабија“, машиновозачот им подлегнал на повредите. Египетското јавно обвинителство започна истрага за причините за железничката несреќа и ѝ наложи на полицијата да ги спроведе потребните проверки и да ги испраша сведоците и повредените патници. Египетскиот претседател Абдел Фатах ал-Сиси изјави дека ја следи несреќата со „голема загриженост“ и им нареди на властите да спроведат итна истрага за да „ги повикаат на одговорност сите оние за кои е утврдено дека биле небрежни“.Тагови: Египет железничка несреќа Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПротестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44Дали Софија дефинитивно го одби европско посредништво во дијалогот со Скопје?15:44Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите12:29Муцунски: Работиме на дијалогот со Бугарија, имаме поддршка од ЕУ и земјите членки15:00
Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06
Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44
СветФинансаискиот директор на „Бајненс“ поднесе оставка по хакерската кражба на 6,3 милијарди долари „Бајненс“, најголемата светска берза за криптовалути, соопшти дека нејзиниот финансиски директор Кајзер Нг ја напушта функцијата и дека ќе биде наследен од Џастин Јек.„Бајненс“, најголемата светска берза за криптовалути, соопшти дека нејзиниот финансиски директор Кајзер Нг ја напушта функцијата и дека ќе биде наследен од Џастин Јек, само неколку дена откако хакерите украдоа криптовалути во вредност од 6,3 милијарди долари од платформата. „Кајзер Нг одлучи да започне нов потфат по повеќе од пет години во „Бајненс“, со план за транзиција кој беше имплементиран во текот на изминатите шест месеци. Му посакуваме се најдобро во неговото следно поглавје“, рече копретседателката на компанијата, Ји Хе, според „Блумберг“. Нг се приклучи на компанијата во јануари 2022 година, откако помина околу пет години на друга крипто берза, „Кракен“. Неговиот наследник, Џастин Јек, претходно беше потпретседател за финансии во компанијата за услуги за плаќања „Ервалекс“. „Воодушевен сум што ја преземам улогата на финансиски директор во „Бајненс“. Со нетрпение очекувам да го водам финансискиот сектор на компанијата додека продолжуваме одговорно да го шириме нашиот бизнис и да ја постигнеме нашата глобална мисија“, рече Џек во соопштението. Компанијата претходно објави дека хакерите минатата недела украле 6,3 милијарди долари криптовалути, што беше опишано како најголема кражба во историјата на индустријата. Федералното истражно биро на САД (ФБИ) на 31 октомври објави дека Северна Кореја стои зад нападот. „Бајненс“ по нападот соопшти дека вратила околу 90 проценти од украдените средства и продолжува да работи на целосно обештетување на корисниците. Нападите врз крипто платформите претставуваат растечки безбедносен предизвик за индустријата која се прошири на глобалниот финансиски пазар во последните години, соопшти американската агенција.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПротестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44Дали Софија дефинитивно го одби европско посредништво во дијалогот со Скопје?15:44Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите12:29Муцунски: Работиме на дијалогот со Бугарија, имаме поддршка од ЕУ и земјите членки15:00
Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06
Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44