Петрушевски: Со обвинувањата дека ВМРО-ДПМНЕ е виновно и за состојбата во СДС, Филипче и талогот на СДС се на добар пат да се самоуништат
2Петрушевски: Со обвинувањата дека ВМРО-ДПМНЕ е виновно и за состојбата во СДС, Филипче и талогот на СДС се на добар пат да се самоуништат
3Продолжува потрагата по петмина исчезнати во експлозијата во центарот на Атина во која загина жена (ВИДЕО)
МакедонијаПендаровски и Радев на заедничко чествување на Светите браќа Кирил и МетодијСо посетата на базиликата „Санта Марија Маџоре", претседателите на Македонија и Бугарија, Стево Пендаровски и Румен Радев утре заеднички ќе им оддадат почит на Светите браќа Кирил и Методиј. Двајцата претседатели утре ќе положат цвеќе пред пред спомен плочата во чест на Свети Кирил и Методиј. Тие ги предводат делегациите на двете земји, кои ќе ги посетат Рим и Ватикан во чест на сесловенските просветители. Положувањето цвеќе во спомен на сесловенските просветители на плочите на македонски и бугарски јазик и воопшто заедничката посета и заедничкото патување со бугарски државен авион на двете делегации се оценува како чекор кон затоплување на климата меѓу двете земји и тоа во момент кога на маса е ставен португалскиот предлог за решавање на спорот меѓу Скопје и Софија и за одблокирање на процесот на евроинтеграција на Македонија. Тоа ќе биде единствената заедничката активности на двајцата претседатели во чест на Свети Кирил и Методиј, а Пендаровски и Радев утре по оддавањето почит на сесловенските проветители ќе имаат изјава за медиумите. Одбележувањето на Свети Кирил и Методиј на двете државни делегации оваа година не се одржа на Денот на просветителите, 24 Мај, туку малку подоцна поради здравствените протоколи на поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциск. На самиот ден на Свети Кирил и Методиј во Рим и Ватикан беше делегација на МПЦ-ОА, предводена од владиката Пимен, кој чиноначалствуваше со молебен на гробот на Св. Кирил. Пендаровски и Радев денеска полетуваат за Рим. Радев со неговата делегација најпрво ќе пристигне на скопскиот аеродром, каде ќе има куса неформална средба со Пендаровски и потоа двете делегации, заедно со медиумските екипи со бугарскиот државен авион ќе се упатат за Рим. Претседателот Пендаровски денеска попладне во Рим ќе оствари средба со италијанскиот претседател Серџо Матарела, по што ќе даде изјава за медиуми. Во рамки на посетата за денеска е планирано и потпишување на Договор за соработка меѓу Медиумската информативна агенција и Бугарската информативна агенција. Договорот ќе го потпишат директорите на МИА и БТА, Драган Антоновски и Кирил Волчев, а на потпишувањето ќе бидат присутни и претседателите Пендаровски и Радев. Шефот на државата утре ќе има аудиенција кај поглаварот на Римокатоличката црквата, папата Франциск, а ќе оствари средба и со државниот секретар на Светата Столица, кардиналот Пјетро Паролин. Потоа, претседателот Пендаровски во базиликата „Сан Клементе" ќе положи цвеќе на гробот на Свети Кирил Во состав на државно-црковната делегација, што ќе ја предводи претседателот Пендаровски, се министерот за надворешни работи, Бујар Османи, министерката за култура, Ирена Стефоска, директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, Даријан Сотировски, Негово Високопреосвештенство, митрополит европски, г. Пимен, и отец Зоран Стојанов, парох во Радово и Декан на Деканатот на Св. Кирил и Методиј при Струмичко – скопската епархија. Заедничкото патување и чествување на Свети Кирил и Методиј многумина и во земјава и во ЕУ ги оценија како добра можност за затоплување на односите меѓу двете земји. И самите претседателите на двете држави позитивно гледаат на престојното патување, иако, како што напомена Пендаровски тие не може формално да преговараат за спорот, бидејќи немаат такви задолженија. Пендаровски минатата недела изјави дека овој чин е еден добар симболичен гест од двете страни, кој може да ја олабави атмосферата во пресрет на преговорите меѓу двете земји во врска со блокадата за членство во ЕУ. – Одиме на заедничко патување и на средби во Ватикан кај папата, затоа што ќе го решаваме спорот. Предлогот беше даден пред еден месец, јас сметав дека е добро со бугарскиот државен авион да ја собере целата делегација од кај нас, од Скопје. Сметам дека ова е еден добар сомболичен гест од двете страни и малку да ја олабавивме атмосферата во пресрет на она што ќе претстои понатаму во преговорите во врска со блокадата, изјави Пендаровски, кој додаде дека со Радев нема формално да преговара, но со оглед на фактот дека многу време ќе поминат заедно, неизбежно е дека ќе стане збор и за спорот, но сето тоа ќе биде во неформален контекст. Радев изминатите два дена во Брисел учествуваше на Самитот на Унијата. Оттаму во врска со претстојната посета на Рим со Пендаровски истакна дека тие ќе ја покажат својата заедничка волја за соработка. Тој го оцени како „добар знак" претстојното заедничко оддавање почит на делото на светите браќа Кирил и Методиј на делегациите на Бугарија и Македонија во Рим и повика на политичка волја од Северна Македонија за постигнување конкретни резултати за проблематични прашања. Бугарскиот претседател Радев вчера најави и дека се очекува во втората половина на јуни да има напредок по прашањето за европскиот пат и почетокот на преговорите за членство на Македонија во ЕУ, но дијалогот на највисоко работно ниво меѓу Софија и Скопје треба да продолжи што е можно поскоро. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски на Генералното собрание на ОН: Правилото што важи денес не може да биде поинакво утре09:59Мицкоски: Не бараме полесен пат, бараме пат уреден со правила – мала држава има право на исто достоинство и ист глас како големите сили20:05Мицкоски од ОН: Не бараме полесен пат, бараме пат уреден со правила18:16Премиерот Мицкоски денеска ќе се обрати пред Генералното собрание на ОН08:52Регистриран земјотрес во Грција, почувствуван и во Битола, Ресен и околината08:33
Мицкоски: Не бараме полесен пат, бараме пат уреден со правила – мала држава има право на исто достоинство и ист глас како големите сили20:05
МакедонијаАндоновски: Уште едно исполнето ветување, нов Центар за услуги за граѓаните на КочаниМинистерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, денеска е во работна посета на Општина Кочани, каде што заедно со градоначалникот Влатко Грозданов го промовираше новиот Центар за услуги – ЕТУ Кочани. Со отворањето на центарот, жителите на Кочани и околината добиваат можност на едно место да пристапат до електронските услуги и да добијат поддршка при нивното користење. Во изјавата за медиумите, Андоновски ја истакна важноста на приближувањето на дигиталните услуги до граѓаните, особено до оние на кои им е потребна помош при поднесувањето електронски барања. „Со овој Центар за услуги им го олеснуваме пристапот на граѓаните на Кочани до услугите на институциите. Овде ќе можат да добијат помош за користење на Националниот портал uslugi.gov.mk, да поднесат барање за потребниот документ и полесно да ги завршат своите административни обврски. Нашата цел е дигитализацијата да биде достапна за секого и да носи конкретни придобивки во секојдневниот живот“, истакна Андоновски. Преку новиот центар, граѓаните ќе имаат пристап до електронските услуги достапни на Националниот портал uslugi.gov.mk, меѓу кои се издавање извод од матичната книга на родените, документи од казнената и кривичната евиденција, како и услуги од Агенцијата за катастар на недвижности, Фондот на ПИОМ и други институции. Министерот им се заблагодари на градоначалникот Грозданов и на Советот на Општина Кочани за поддршката и соработката во реализацијата на проектот, нагласувајќи дека заедничкиот ангажман на централната и локалната власт е значаен за подобрување на услугите за граѓаните. „По бесплатните Wi-Fi зони што ги доби Кочани, денес реализираме уште едно ветување кон граѓаните. Благодарност до градоначалникот и до Советот на Општината што ја препознаа важноста на овој проект и придонесоа за неговата реализација. Со ваква соработка создаваме услови граѓаните побрзо и поедноставно да доаѓаат до услугите што им се потребни“, посочи Андоновски. Градоначалникот Влатко Грозданов му се заблагодари на министерот Андоновски за соработката и за исполнувањето на ветувањата кон граѓаните на Општина Кочани, истакнувајќи го значењето на новиот центар за жителите на општината и околината. Во рамки на работната посета, предвидено е министерот Андоновски да оствари средби и со претставници на компании од ИТ-секторот, како и со членовите на СТЕМ-клубот за роботика од Кочани. Стефан Андоновски, Министер за дигитална трансформацијаКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПетрушевски: Со обвинувањата дека ВМРО-ДПМНЕ е виновно и за состојбата во СДС, Филипче и талогот на СДС се на добар пат да се самоуништатПаниката и хистеријата која ја шират Венко Филипче и талогот од СДС очигледно се резултат на состојбата во која е оваа опозициска партија.Дополнително, во целата оваа ситуација е и тоа што Филипче не може реално да расудува. На Филипче ништо не му чини, ниту еден проект, не сака да види било каков напредок во државата, не се согласува со ниту една идеја која има за цел подобрување на состојбата во државата и стандардот на граѓаните. На Филипче ВМРО-ДПМНЕ му е виновно за се, дури и за случувањата во неговата партијата. Ако на Филипче му е единствен начин на делување хистеријата што ја шири, ако се определил само за критика и напад кон се и сешто, дури и кон некогашни сопартијци, членови и носители во минатото на функции, тогаш навистина е на лош пат. ВМРО-ДПМНЕ како партија која сега ја предводи Владата може само да продолжи со грижа за граѓаните, а Филипче добронамерно го советуваме - очајот и нападите да ги остави на страна. На Македонија и треба силна опозиција, а не како што е сега СДС, партија на која ВМРО-ДПМНЕ ѝ е виновна за сѐ, рече Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканПродолжува потрагата по петмина исчезнати во експлозијата во центарот на Атина во која загина жена (ВИДЕО)Потрагата по петте исчезнати лица во урнатините на трикатната зграда на улицата Лисикратус, во Плака, Атина, Грција, продолжува со несмалено темпо.Потрагата по петте исчезнати лица во урнатините на трикатната зграда на улицата Лисикратус, во Плака, Атина, Грција, продолжува со несмалено темпо, бидејќи стравот за судбината на петте исчезнати лица го достигнува својот врв. Речиси 24 часа по катастрофалната експлозија што ја срамни со земја зградата во петок наутро, 25 септември, силите на ЕМАК (Специјална единица за спасување) го извлекоа телото на жена за која, според првичните индиции, се верува дека е американска туристка. ALERT: Family of 4 is among at least 6 missing after a massive explosion shook a historic district in Greece. An explosion hit a building in the Plaka district, next to the Acropolis of Athens and the Temple of Zeus, and it collapsed. Fire services rescued 2 women from an adjacent building, as well as a man who was hit with shrapnel from the explosion, and transported them to the hospital. Crews are working with dogs to locate victims in the debris caused by an alleged gas leak in the old building. — E X X ➠A L E R T S (@ExxAlerts) September 25, 2026 Во урнатините сега се бараат пет лица. Имено, на вториот кат живеел постар брачен пар, 78-годишна Гркинка и 77-годишен Британец, кои не одговориле на повеќекратните повици од полицијата. На првиот кат, во стан за краткотраен изнајмување (Airbnb), престојувала група од четири американски туристи (два пара, на возраст меѓу 30 и 40 години), меѓу кои наводно била и несреќната жена која била пронајдена во несвест. Стравувањата дека сите биле во станот во времето на трагедијата беа зголемени кога спасувачите пронајдоа женска торба во урнатините во која се наоѓал договор за изнајмување, како и американските пасоши на двајца туристи: 37-годишниот Иан (на чие име е направена резервацијата) и жена по име Флорида. Во исто време, беше утврдено дека групата никогаш не се појавила на закажаниот повратен лет (Делта ерлајнс) во 15:30 часот истиот ден. Сопственикот на ресторанот на приземјето имал среќа во несреќата бидејќи бил отсутен, а за катастрофата дознал од вестите. 🚨 The search continues in Plaka after a massive explosion brought down a building in the heart of Athens. One woman has been found dead. Five people remain missing. Firefighters and EMAK crews continue searching the rubble for survivors. 🎥 @daphnetoli 🇬🇷 #Plaka #Athens #Greece — Greek City Times (@greekcitytimes) September 26, 2026 Операцијата за пребарување и спасување се спроведува со максимална претпазливост и во исклучително тешки услови. На местото на настанот се 30 пожарникари со шест возила, вклучувајќи две специјални возила за спасување од 1-ви ЕМАК, како и три обучени кучиња. Спасувачите користат специјални камери и геофони за детекција на звук, што бара работата привремено да се прекине во редовни интервали и да се одржува целосна тишина на местото, со цел да се детектираат какви било знаци на живот. Со помош на механизацијата на Град Атина и багер кој веќе стигнал до нивото на вториот кат, урнатините постепено се отстрануваат. Во текот на ноќта, спасувачките екипи продолжија со својата борба без прекин под светлината на рефлекторите поставени на спротивните балкони. Ударниот бран од експлозијата, која се случи кратко по 07:30 часот наутро, предизвика огромна штета на соседните згради и паркираните возила. Пожарникарите навреме спасија две жени од блиската зграда, кои беа пренесени во болницата „Јоргос Гениматас“ со брза помош (EKAV), додека друго лице беше полесно повредено од урнатините. Ситуацијата во областа останува тешка - фасадата на блиската деловна зграда се урна, па многу постојани жители доброволно ги напуштија своите домови, додека експертите за урбанистичко планирање продолжуваат да ја проверуваат стабилноста на зградите. Министерот за климатски кризи Евангелос Турнас и градоначалникот на Атина Харис Дукас беа на лице место. Во своите изјави, Дукас зборуваше за „застрашувачка и исклучително моќна експлозија“, истакнувајќи дека причина за инцидентот може да биде истекување на гас од големи размери. Точните причини што доведоа до уривањето на трикатната зграда детално ги истражува специјализиран тим на Дирекцијата за пожари, кој сè уште е на местото на трагедијата. Гиоргос Капарас, пензиониран експерт за експлозиви од Грчката полиција (ЕЛ.АС.) и експерт за експлозии, разговараше со Zougla.gr за можната причина што можела да ја предизвика силната експлозија на улицата Лисикратус во Плака. - Според првата проценка врз основа на достапниот фотографски и видео материјал, се чини дека експлозијата се случила на вториот кат од куќата. „Се чини дека е стара куќа, а нејзината стабилност не е толку силна. Врз основа на макроскопските индикатори од експлозијата и штетата што се случила во околината, се чини дека имало експлозија на гас на горниот, односно вториот кат. На фотографијата се гледа и саѓи на таванот на вториот кат од зградата што останала - наведува тој, меѓу другото, и додава: - Експлозијата го погодила структурниот дел од зградата, поточно столбовите и покривот. Кровот веројатно се урна заедно со некои столбови и повлекол сè со себе, а веројатно е оштетен и долниот кат. Откако столбовите на зградата пукнале, покривот се урна и затрупал... потоа следела верижна реакција, целиот десен ѕид што се потпирал на соседната зграда, која исто така била стара, паднал. Можеме да видиме дека соседната зграда е изградена од камен - гледано од улицата, зградата од десно е исто така камена - како резултат на што сите урнатини ја затрупале зградата. Прашан за причината за оваа моќна експлозија, поранешниот експерт за експлозиви на грчката полиција беше јасен: - Она што го забележувам, со тоа што мислам дека е многу веројатно дека било експлозија на гас. Најверојатно станува збор за експлозија на природен гас, бидејќи се случила во горниот дел од зградата. Гасовите имаат специфично движење кога има истекување. Природниот гас, бидејќи е полесен од воздухот, има тенденција да се искачи до горните станови и да се искачи нагоре. Значи, каде и да имало истекување во оваа зграда, тој почнал да се собира во горниот дел. Затоа го гледаме ширењето нагоре. Ако почетниот пламен потекнува од горниот дел, тоа дополнително го потврдува она што го гледаме. Природниот гас се акумулирал во горниот дел, а палењето се случило на вториот кат.Тагови: Атина експлозија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook