2Од вирусот Западен Нил во Европа починале 130 лица- заразата се шири на север, состојбата е сериозна
Британците забрануваат три вида екстремна порнографија: Опасната содржина ги загрозува жените и девојчињата
1Британците забрануваат три вида екстремна порнографија: Опасната содржина ги загрозува жените и девојчињата
МакедонијаМицкоски од ОН: Не бараме полесен пат, бараме пат уреден со правилаПремиерот Христијан Мицкоски го одржа својот говор на 75. Генерално собрание на Обединетите нации во Њујорк. Не бараме полесен пат, бараме пат уреден со правила – мала држава има право на исто достоинство и ист глас како големите сили.„Господине претседателе, Господине генерален секретар, Ваши екселенции, Дами и господа, Дете кое оваа есен за првпат ќе седне во училишна клупа, во 2040 година ќе биде млад човек на прагот на зрелоста. Не знаеме точно како ќе изгледа светот во кој ќе живее. Но веќе знаеме дека ќе биде поинаков од нашиот. Вештачката интелигенција ќе ги преобрази професиите, индустриите и начините на кои се носат одлуките. Енергетиката ќе функционира според нов распоред и нова логика. Климатските промени ќе влијаат врз економиите, земјоделството, градовите и движењето на луѓето. Демографските промени ќе ги преобликуваат пазарите на трудот и системите за социјална заштита. Безбедноста повеќе нема да зависи само од армиите и границите, туку и од електроенергетските мрежи, дата- центрите, каблите, сателитите, алгоритмите и довербата во информациите што ги добиваме секој ден. А сепак, денес, додека се подготвуваме за таа иднина, милиони луѓе живеат среде војна или под закана од војна. Повеќе од сто милиони луѓе се присилно раселени. Повеќе од 270 милиони деца и млади не посетуваат училиште. Тоа е парадоксот на нашето време. Човештвото никогаш немало толку големи научни и технолошки можности. А сепак, никогаш не било поочигледно дека технолошката моќ не создава автоматски и политичка мудрост. Затоа вистинското прашање пред ова Собрание не е само како ќе управуваме со кризите во 2026 година. Вистинското прашање е: каков меѓународен поредок ќе ѝ оставиме на генерацијата што денес тргнува на училиште? За мала земја како мојата, ова не е академско прашање. Ова е прашање на опстанок. Пред триесет и три години, кога станавме дел од Обединетите нации, светот изгледаше многу поинаку. Студената војна беше завршена. Постоеше надеж дека започнува нова ера- ера во која соработката постепено ќе го замени судирот. Нашиот регион, меѓутоа, живееше во сосема поинаква реалност. Југославија се распаѓаше со крвопролевање. Војни се водеа непосредно зад нашите граници. Стравот дека насилството може да се прошири беше реален. А сепак, мојата земја го избра мирот. Ја избра стабилноста. Во тие околности, на наша територија, Обединетите нации направија нешто што дотогаш никогаш не го беа направиле: ја воспоставија првата превентивна мировна мисија во историјата на Организацијата. Тоа искуство остави длабока поука во нашата национална меморија, поука на која ќе се навратам кон крајот на моето обраќање. Мирот не започнува кога војната ќе заврши. Мирот започнува кога политиката е доволно мудра да спречи војната воопшто да започне. Можеби затоа малите земји понекогаш поинаку гледаат на меѓународната политика. Големите сили имаат простор за стратешки пресврти што малите држави едноставно го немаат. За една голема сила, погрешна геополитичка проценка може да значи промена на стратегијата. Но за мала земја, истата грешка може да значи изгубена деценија. Затоа не можеме да си дозволиме да бидеме рамнодушни кон правилата. Ниту можеме да веруваме дека правилата сами ќе се одбранат. Светот што се обликува пред нас е свет на поостра конкуренција. Моќта се прераспределува. Односите помеѓу големите сили сѐ повеќе ги обликуваат трговијата, технологијата, енергетиката, критичните суровини, транспортните правци и дигиталната инфраструктура. Она што до вчера го нарекувавме економска меѓузависност, денес сѐ повеќе го гледаме и како прашање на национална безбедност. Глобализацијата не исчезнува. Таа се преобликува. Синџирите на снабдување се менуваат. Производството повторно станува геополитичко прашање. Државите не прашуваат каде нешто може да се произведе најевтино, туку и кому може да се верува; не само од каде доаѓа енергијата, туку и дали ќе биде достапна кога ќе настапи криза; не само кој ја развива следната генерација технологии, туку и кој ќе ги постави правилата според кои тие ќе функционираат. И сојузите се менуваат под притисок на истиот тој свет. Македонските граѓани знаат каде припаѓаат. Ние сме сојузник во НАТО. Соединетите Американски Држави се наш стратешки партнер. Полноправното членство во Европската Унија е наша стратешка определба. Тоа не се три одвоени политики. Тоа е една геополитичка ориентација, втемелена врз демократијата, колективната безбедност, владеењето на правото и отворената економија. Во време на неизвесност, нашиот одговор не е стратешка двосмисленост. Нашиот одговор е јасност. Но јасноста во нашите сојузи не значи вртење грб на светот. Напротив. Токму држава што е сигурна во своите демократски и стратешки избори може со поголема самодоверба да разговара и да соработува со земји кои имаат поинаква историја, поинакви интереси и поинакви политички погледи. На светот не му е потребна уште една поделба на трајни табори. Потребна му е конкуренција со граници и со правила што сите мора да ги почитуваат. Сојузи кои преземаат одговорност. И меѓународни институции што остануваат простор за дијалог токму тогаш кога дијалогот е најтежок. Затоа Обединетите нации се важни. Не затоа што можат да го решат секој конфликт. Очигледно, не можат. Не затоа што секоја резолуција се спроведува. Очигледно, тоа не е секогаш случај. Но тоа не треба да нѐ обесхрабри. Треба да ја зајакне нашата решеност да ги заштитиме Обединетите нации и правилата врз кои тие се засновани, и да се залагаме за мултилатерализам втемелен врз вредности, заемна почит и правила. Зашто свет без место каде што сите држави, без оглед на нивната големина, можат да седнат под ист покрив и да се повикаат на истите принципи би бил уште поопасен од светот што го гледаме денес. Во 1954 година, Даг Хамаршелд нѐ потсети на една мисла: „Обединетите нации не се создадени за да нѐ одведат во рајот, туку за да нѐ спасат од пеколот.“ Седум децении подоцна, важно е да ја разбереме суштината на таа изјава. Од Обединетите нации не треба да бараме совршенство. Треба да бараме да бидат делотворни. Да имаат способност да спречуваат и да посредуваат. Способност да го штитат човечкото достоинство. И, конечно, способност да ги одбранат принципите дури и кога нивната примена е политички незгодна. Денес довербата во меѓународниот систем е загрозена токму затоа што премногу луѓе оправдано чувствуваат дека правилата не важат еднакво за сите. Дека моќта понекогаш има предност пред принципот. Дека обврските се условни. Дека договорите траат само додека интересите остануваат непроменети. За малите држави, ова е особено опасен свет. Нашата историја нѐ научи дека меѓународните компромиси се многу тешки и дека мирот, стабилноста и интеграцијата бараат политичка храброст и големи жртви. И без намера да звучам поучувачки, ако некој сака да види пример за земја што повеќепати се откажувала од нешто што природно ѝ припаѓа како основно право- нешто што многумина го земаат здраво за готово- доволно е да погледне во поновата историја на мојата нација. Историја обележана со предизвици, со безбедносни ризици од регионални размери, со постојани компромиси и отстапки направени во име на мирот, соработката и повисоките цели на интеграцијата- често по цена на нашето најосновно чувство за достоинство и правда. Донесовме навистина тешки одлуки. Продолживме напред дури и кога процесите траеја подолго отколку една генерација граѓани можеше разумно да ги очекува. Но токму затоа, гледајќи на тие одлуки со временска дистанца и со јасна свест на реалноста, денес можам одговорно да кажам дека довербата не може бесконечно да биде еднострана обврска. Ако од малите држави се очекува да ги почитуваат правилата, тогаш правилата мора и ним да им обезбедат предвидливост. Ако од кандидатите за членство во една организација се бара да исполнат одредени критериуми, тогаш исполнувањето на тие критериуми мора да води кон напредок. Ако бараме од граѓаните да им веруваат на институциите, тогаш институциите мора да покажат дека нивниот збор има вредност и дека преземените обврски траат. Правилото што важи денес не може утре да биде поинакво само затоа што се променил односот на силите. И една преземена обврска не може да биде привремена политичка погодност. Таа мора да биде основа врз која луѓето ќе можат да ја планираат својата иднина. Од нашите граѓани бараме да веруваат во соработката, во добрососедските односи, во компромисот и во заемната почит. Им велиме дека трајниот мир вреди повеќе од краткорочна политичка победа; дека почитувањето на договорите е знак на сила и мудрост, дека тоа е правилната постапка, а не знак на слабост; дека европската и евроатлантската интеграција значат прифаќање правила што важат еднакво за сите. Но тој аргумент станува многу потежок за одбрана кога граѓаните гледаат дека во меѓународните односи принципот понекогаш ѝ отстапува место на моќта; дека критериумите можат да се сменат додека процесот веќе трае; или дека од едни се очекува доследност што другите не ја бараат секогаш од себеси. Не можеме да им велиме на луѓето „Верувајте им на правилата“, кога гледаат дека правилата не важат еднакво за сите. Не можеме да ги убедиме дека компромисот е доблест ако секој компромис носи ново барање. И не можеме да очекуваме доверба во меѓународните институции ако граѓаните почнат да веруваат дека нивната судбина почесто ја одредува политичката тежина на нивната држава отколку силата на заеднички прифатениот принцип. Ова е прашање на легитимитет. Зашто нашиот авторитет како избрани лидери не произлегува од самата функција. Тој произлегува од луѓето што нѐ избираат, што бараат од нас одговорност и што секој ден го споредуваат она што им го кажуваме со она што го гледаат. А денес тие гледаат повеќе од кога било порано. Живееме во време во кое информациите го обиколуваат светот за неколку секунди. Никогаш порано човештвото немало пристап до толку многу знаење. Но никогаш порано не било изложено на толку многу манипулации, полувистини, фабрикувани слики, пропаганда и организирани дезинформации. Токму затоа политиката влегува во нова, потешка и посложена ера. Нашата задача повеќе не е само да ги информираме граѓаните. Ние мора да ја заслужиме нивната доверба. Не е доволно да им кажеме што е вистина. Мора да изградиме институции на кои ќе можат да им веруваат и кога вистината е непријатна за сите. Не е доволно да им зборуваме за вредности. Мора да покажеме дека тие вредности имаат значење и дека нивната одбрана има цена- дури и кога тоа бара трпение, политички капитал или избор на потешкиот пат. Повикани сме да ги убедиме нашите општества дека соработката е подобра од изолацијата, дека владеењето на правото е подобро од едностраното постапување, дека компромисот е подобар од конфликтот и дека институциите се подобри од владеењето на голата сила. Но за тоа уверување да има тежина, и самите мора да бидеме доследни. Вредностите не се одржуваат со говори. Тие се одржуваат кога се бранат токму во моментот кога е најлесно да се напуштат. А тоа можеби е најголемиот предизвик на нашето време. Светот се менува со извонредна брзина. Центрите на моќ се поместуваат. Технологијата се менува. Економските односи се менуваат. Безбедносните доктрини се менуваат. Сојузите се менуваат. Историјата повторно забрзува. Во такви периоди, секогаш постои искушение да се прогласи дека старите принципи повеќе не се практични; дека правото мора да се приспособи на моќта; дека вредностите се луксуз што може да почека додека кризата не помине. Но токму тогаш ни се најпотребни. Зашто ако во време на промени се откажеме од правилата што нѐ штителе во време на стабилност, нема да добиеме поголема слобода. Ќе наследиме свет во кој секоја следна одлука ќе зависи од тоа кој има повеќе моќ во дадениот момент. А таков свет е особено опасен за малите држави. Затоа нашата должност како лидери не е да им ветуваме на нашите народи свет без неправда, без разочарувања и без спротивставени интереси. Таков свет не постои. Нашата должност е многу потешка. Да ја зачуваме вербата во правилата дури и кога е јасно дека тие се прекршуваат. Да ја браниме соработката дури и кога судирот изгледа попопуларен. Да ја одржиме довербата во институциите, не така што ќе бараме од луѓето помалку внимателно да гледаат или да поставуваат помалку прашања, туку така што ќе ги направиме институциите подостојни за нивната доверба. И да не дозволиме разочарувањето од несовршеностите на меѓународниот поредок да нѐ одведе кон нешто многу полошо: свет во кој воопшто нема поредок. Тоа, според мене, е една од најголемите политички и морални одговорности на нашата генерација. Тоа важи за меѓународниот систем. И важи за Европа. Нема да се откажеме од европската идеја затоа што европскиот пат беше тежок. Европската Унија за нас останува нашиот природен политички, економски и институционален дом. А имаме работа и дома. Мора да го зајакнеме владеењето на правото. Да изградиме поефикасни институции. Да изградиме поконкурентна економија. И да ја зајакнеме довербата на граѓаните во сопствената држава. Тоа е наша одговорност и нема да ја префрлиме на Брисел. Истовремено, очекуваме европската интеграција да остане процес заснован на заслуги и мерливи критериуми, а не процес во кој билатералните прашања постојано можат да ја поместуваат целта. Не бараме полесен пат. Бараме пат уреден со правила. Не бараме пониски стандарди. Бараме стандардите да останат стандарди. Ова е еднакво важно и за кредибилитетот на Европа, во време кога нејзината геополитичка тежина сѐ повеќе ќе зависи од способноста своите заложби да ги претвори во конкретни политички резултати, од решеноста да ги брани вредностите за кои се залага и да остане истрајна во нивното унапредување, и покрај многуте предизвици со кои се соочува. Ваши екселенции, Идниот меѓународен поредок нема да се обликува само на боиштата или во дипломатските сали. Ќе се обликува и во лабораториите. Во училиштата. Во фабриките. Во енергетските мрежи. Во дата центрите. И во способноста на општествата да ги разберат промените што ги носи технологијата. Вештачката интелигенција повеќе не е тема на иднината. Таа е инфраструктура на сегашноста. Денес светот повторно ја препознава вредноста на отпорноста. На сигурната енергија. На инфраструктурата. На разновидните транспортни правци. На блиските и доверливи синџири на снабдување. За нас, интензивниот развој на коридорите VIII и X е дел од поширока европска визија: подобро да се поврзат Јадранското, Црното и Егејското Море со Централна Европа; на стоките, енергијата и луѓето да им се обезбедат повеќе патишта и подобра поврзаност; и регионот да стане инфраструктурно поврзан, наместо да остане на геополитичката периферија. Нашата географија не треба да биде наша судбина. Таа може да стане наша предност ако ги изградиме институциите и инфраструктурата што ќе ја претворат нашата географска положба во поврзаност. Истовремено, мора поинаку да пристапиме и кон миграцијата. Миграцијата започнува таму каде што нема безбедност, вработување, образование, пристап до вода, перспектива или верба дека утрешниот ден ќе биде подобар од денешниот. Таа не е само прашање на граници. Одговорната политика мора да ги поврзе безбедноста, човечкото достоинство, развојот и реалните потреби на пазарите на трудот. И климатската политика ќе мора посилно да се потпира на реалноста. Зелената транзиција е неопходна. Но ако ја направиме социјално неодржлива, ќе ја изгубиме политичката поддршка потребна за нејзино спроведување. Ако ја направиме технолошки зависна од мал број извори, ќе создадеме нови предизвици додека ги решаваме старите. Ако очекуваме посиромашните земји да се движат со исто темпо, без да им обезбедиме еднаков пристап до капитал и технологија, ќе создадеме неправда наместо транзиција. Затоа идната климатска политика мора истовремено да биде и еколошка, и економска, и социјална политика. Господине претседателе, Сето ова нѐ враќа на централната тема на ова заседание: довербата. Довербата не е чувство што може да се создаде со усвојување резолуција. Таа е резултат. Се гради кога институцијата ја исполнува целта за која е основана. Затоа реформата на Обединетите нации е неопходна. За Организацијата да стане поспособна. За да постигнува подобри резултати. И секако, не за да ја замени одговорноста на националните држави, туку за да дејствува таму каде што е потребно заедничко дејствување. Мултилатерализмот не започнува во Њујорк. Тој започнува со квалитетот на државите кои доаѓаат во Њујорк. Ваши екселенции, Ние сме мала земја. Но одбиваме големината на нашата територија да го одредува размерот на нашата амбиција. Нашата амбиција е да станеме сериозна држава. Држава на која нејзините сојузници ќе можат да ѝ веруваат. Држава во која младите можат да ја планираат својата иднина. Држава што ги почитува различноста и мултикултурниот карактер на своето општество. Држава доволно сигурна во себе за да го брани сопствениот идентитет, без да го негира идентитетот на другите. Држава што ја знае својата историја, но не е заробена во неа. И држава која не очекува другите да ја изградат наместо неа. За мене, ова е современ суверенитет. Не изолација, туку способност. Оваа година, генералниот секретар Антонио Гутереш нѐ потсети дека Повелбата започнува со зборовите: „Ние, народите“. И додаде: „Не ние, моќните. Не ние, победниците“. Во тие неколку зборови лежи причината поради која една мала европска земја продолжува да верува во оваа Организација, дури и кога е разочарана од неа. Зашто алтернативата на свет управуван според правила не е свет во кој сите се слободни. Тоа е свет во кој најсилните се најслободни. А сите други зависат од нивната добра волја. Таков свет можеби за миг може да изгледа ефикасен. Но никогаш не е стабилен. Пред околу три децении, Обединетите нации дојдоа во нашата земја со нова идеја: дека меѓународната заедница не мора да чека насилството да започне пред таа да дејствува. Денес повторно ни е потребна истата политичка мудрост. Не смееме да чекаме технологијата да создаде нови нееднаквости пред да воспоставиме правила. Не смееме да чекаме младите да заминат пред да изградиме општества во кои ќе гледаат иднина за која вреди да останат. Не смееме да чекаме институциите да ја изгубат сета доверба на јавноста пред да ги реформираме. И не смееме да чекаме светот целосно да се подели на спротивставени блокови пред повторно да ја откриеме вредноста на дијалогот. Тоа дете со кое го започнав моето обраќање ќе биде четиринаесет години постаро кога светот ќе влезе во 2040 година. Никој од нас денес не може да му вети на тоа дете мирен свет. Ниту свет без кризи. Ниту свет без конкуренција. Но можеме да му оставиме нешто друго. Свет во кој моќта не е единствениот аргумент. Свет во кој знаењето не е привилегија на малкумина. Свет во кој сојузите создаваат безбедност, наместо нови линии на страв. Свет во кој технологијата му служи на човештвото. И свет во кој мала држава има право на истото достоинство, на истите правила и на истиот глас како и една голема сила. Тоа е ветувањето што вреди да се обнови. Не затоа што сме наивни во поглед на светот таков каков што е. Туку затоа што сме доволно реални да разбереме што се случува кога светот ќе се препушти само на моќта. Македонците и македонските граѓани ќе го преземат својот дел од одговорноста. Ви благодарам.“ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БизарноВо мртовечница заборавиле покојник и веќе 14 години е во ладилник- случајно е откриена морничавата вистинаМишел Менар се сметал за осаменик во селото на југот на Франција каде што живеел. Официјално бил невработен и поголемиот дел од времето го поминувал во трошна вила опкружена со лозја. Неговата соседка го видела само кога поминувала покрај имотот. Потоа го забележала како неподвижно гледа низ прозорецот. Никој не ги известил властите Неговата смрт во 2012 година била подеднакво необична. Тогаш 58-годишен Французин бил пронајден во тоалетот на неговата вила, а неговото тело веќе било делумно распаднато. Се верувало дека бил мртов со недели, без никој да забележи. После тоа, ништо повеќе не се слушнало од него - до сега, објавува HLN. Имено, неговите останки биле пронајдени за време на инспекција на мртовечницата на Универзитетскиот медицински центар во Тулуз. Се покажало дека телото лежело во ладилник 14 години! Во тој период, ниту еден член на семејството не се јавил да го згрижи покојникот. Во мртовечницата, се чини, со години никој не ги известил властите за присуството на телото на Мишел Менар. Градоначалничката на градот каде што живеел, Вирџини Биспели-Беири, за француските медиуми изјави дека болницата ја контактирала уште во 2012 година. Во тоа време, прашале дали општината можеби знае за некој од неговите роднини кои би можеле да организираат погреб. „Мислевме дека има семејство и им ги пренесовме тие информации. После тоа, не слушнавме ништо повеќе. Затоа претпоставивме дека останките се предадени на семејството“, рече таа. „Бев без зборови од шок“ Сепак, тоа не се случи. Никој не се погрижи за телото на човекот, кое лежеше во мртовечницата. Случајот беше откриен претходно оваа година, кога француското судство започна истрага за сомнителни неправилности во работата на мртовечницата. Таму, наводно, во вреќа за ѓубре биле пронајдени останки од два фетуса и две бебиња. Истражителите отишле во објектот за да проверат што се случува таму. Тогаш го пронашле телото на Мишел Менар, кого француските медиуми го нарекоа „заборавениот починат“. Пред две недели, градоначалничката добила телефонски повик од полицијата и дознала дека неговото тело е пронајдено во ладилник. „Бев без зборови од шок. Некаде имало сериозна грешка, но каде? Кој ја направил грешката?“, рекла таа. Француското судство го истражува бизарниот случај. Универзитетскиот медицински центар во Тулуз, во кој се наоѓа мртовечницата, вели дека ќе ги почека резултатите од истрагата и дотогаш нема да коментира за случајот.Тагови: мртовечница покојник Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски најави информирање на НАТО за бегството на Михаилова во Бугарија15:00Мицкоски: Бугарија може да стане прибежиште за криминалци,за случајот со Михаилова ќе разговараме со партнерите во НАТО и ЕУ 08:42Мицкоски: Апсолутна лага е дека Михаилова и адвокатот границата ја минале легално15:00Мицкоски: Нова инвестиција на „Кромберг и Шуберт“ и 2.000 нови работни места во Битола, за производство на Ауди12:11Мицкоски на потпишување договор за нова инвестиција08:43
Мицкоски: Бугарија може да стане прибежиште за криминалци,за случајот со Михаилова ќе разговараме со партнерите во НАТО и ЕУ 08:42
Мицкоски: Нова инвестиција на „Кромберг и Шуберт“ и 2.000 нови работни места во Битола, за производство на Ауди12:11
СветИзраелскиот министер за одбрана е под истрага во Италија- осомничен е за измачување Италијанските обвинители објавија дека покренуваат истрага против израелскиот министер за одбрана Израел Кац и голем број високи воени, полициски и затворски службеници. Истрагата се однесува на третманот на активистите од флотилата во Газа. Ова ја прошири истрагата, која досега беше фокусирана само на Итамар Бен-Гвир, израелскиот министер за национална безбедност, објави Ројтерс. Канцеларијата на римскиот обвинител објави дека случајот се заснова на сомневања за тортура, киднапирање, нанесување телесни повреди, грабеж и штета. Горенаведените дела наводно се извршени во текот на 2025 и 2026 година, кога израелските сили пресретнале конвои со бродови на пат кон Газа. Assalto alla Flotilla, indagato a Roma anche il ministro della difesa Katz. Il pm di Roma: 'Sugli attivisti della Flotilla trattamenti degradanti. Mancato rispetto diritti basilari. I ministri Israele indagati per tortura e sequestro' #ANSA https://t.co/LEUdEr1YZE — Agenzia ANSA (@Agenzia_Ansa) October 16, 2026 Постапката е покрената врз основа на жалбите на 50 италијански граѓани. Тие беа приведени откако учествуваа во две мисии на Глобалната флотила Сумуд, едната помеѓу септември и октомври 2025 година, а другата помеѓу април и мај 2026 година. Кац сè уште не одговорил на барањето за коментар. Уште во јуни, Бен-Гвир ја отфрли веста за истрагата и рече дека „ќе продолжи гордо да стои со нашите борци“. Детали за жалбите против израелските сили Според обвинителството, активистите приведени по првата мисија пријавиле тепања, повреди, закани со смрт, навреди и обвинувања за тероризам. Учесниците во втората мисија, како што е наведено во соопштението за медиумите, пријавиле уште построг третман, што вклучувало тепања во темница и употреба на зашеметувачки пиштоли и гумени куршуми. Истражителите идентификувале повеќе лица од воениот и полицискиот команден ланец кои биле вклучени во тие операции. Покрај Кац и Бен-Гвир, обвинителството именувало уште 12 високи израелски функционери од воениот, полицискиот и затворскиот систем како осомничени. Началникот на Генералштабот Ејал Замир е меѓу нив. Flotilla, i pm di Roma: «Sugli attivisti trattamenti degradanti, tortura e sequestro di persona». Indagato anche il ministro della Difesa israeliano https://t.co/qFnQgRLGjC — Corriere della Sera (@Corriere) October 16, 2026 Меѓународна правна соработка Обвинителите потврдија дека во јуни испратиле барање до Израел за правна помош. Тие побарале информации потребни за реконструкција на настаните и утврдување на индивидуалната одговорност. Не е наведено дали израелските власти одговориле на барањето. Исто така, беше потврдено дека се водени разговори со Евроџаст, агенцијата на ЕУ за судска соработка. Причината е што слични истраги за истите две мисии се спроведуваат во други, неименувани европски земји. Италијанскиот закон дозволува злосторствата извршени во странство против италијански граѓани да бидат судени во Рим. Статусот на осомничен во Италија не значи признавање на вината, ниту автоматски води до судење. Меѓутоа, ако истрагата покаже дека обвинувањата се основани, обвинителите можат да поднесат формално барање за покренување судска постапка. Организаторите на флотилата нагласуваат дека целта на мисијата била да се пробие израелската блокада на Газа и да се достави хуманитарна помош. Израел, од друга страна, ја смета својата поморска блокада на Газа за легална.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЖивотБританците забрануваат три вида екстремна порнографија: Опасната содржина ги загрозува жените и девојчињата Велика Британија ќе забрани порнографска содржина што прикажува давење или задушување, сексуални односи меѓу луѓе кои се во сродство или се преправаат дека се во сродство .Велика Британија ќе забрани порнографија што прикажува давење или задушување, сексуални односи меѓу луѓе кои се во сродство или се преправаат дека се во сродство и возрасни кои лажно се претставуваат како деца под 16 години од 6 ноември, објави владата. Мерките беа објавени по меѓупартискиот притисок поради загриженоста за негативното влијание на таквата содржина врз жените и девојчињата, објави Скај њуз. „Владата има обврска“ Британските пратеници рекоа дека новите правила би можеле да доведат до тоа земјата да воведе некои од најстрогите прописи за интернет порнографија во светот. Министерката за правда на Велика Британија, Алекс Дејвис-Џонс, изјави дека владата има обврска да го преполови насилството врз жените и девојчињата во следните 10 години, нагласувајќи дека штетната порнографија сè уште е лесна за пристап преку интернет. Таа нагласи дека целта не е да се криминализира безопасно сексуално однесување, туку да се спречи ширењето на содржина што може да влијае на перцепциите за здрави врски, особено кај младите луѓе. „Може да ја замагли линијата...“ „Содржината што го нормализира или дури и го величи насилството врз жените е опасна и може да ја замагли линијата помеѓу она што е прифатливо во реалниот живот“, рече Дејвис-Џонс. Според студија од 2024 година на Институтот за давење, повеќе од една третина од возрасните на возраст од 16 до 34 години изјавиле дека доживеале давење или задушување барем еднаш за време на консензуален сексуален однос. Анкета спроведена од истата организација покажа дека 43 проценти од сексуално активните млади на возраст од 16 до 17 години изјавиле дека биле изложени на такво искуство.Тагови: порнографија девојчињата Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски најави информирање на НАТО за бегството на Михаилова во Бугарија15:00Мицкоски: Бугарија може да стане прибежиште за криминалци,за случајот со Михаилова ќе разговараме со партнерите во НАТО и ЕУ 08:42Мицкоски: Апсолутна лага е дека Михаилова и адвокатот границата ја минале легално15:00Мицкоски: Нова инвестиција на „Кромберг и Шуберт“ и 2.000 нови работни места во Битола, за производство на Ауди12:11Мицкоски на потпишување договор за нова инвестиција08:43
Мицкоски: Бугарија може да стане прибежиште за криминалци,за случајот со Михаилова ќе разговараме со партнерите во НАТО и ЕУ 08:42
Мицкоски: Нова инвестиција на „Кромберг и Шуберт“ и 2.000 нови работни места во Битола, за производство на Ауди12:11