Герасимовски: Отстранет небезбеден објект во Маџир Маало, хигиената и здравјето на граѓаните се приоритет
Во Македонија се гради по застарени стандарди со цел градбите да бидат посигурни потребна е да се воведат еврокодови
1Герасимовски: Отстранет небезбеден објект во Маџир Маало, хигиената и здравјето на граѓаните се приоритет
2Во Македонија се гради по застарени стандарди со цел градбите да бидат посигурни потребна е да се воведат еврокодови
3 Три едноставни начини да го победите стресот - стручни техники што може да ги применувате секој ден
БалканФото: Драма во Атина: Силна експлозија ги разбуди луѓето, насекаде има урнатини Нешто пред 8:00 часот утринава, во најстарата атинска населба Плака одекна експлозија, при што тешко е оштетена станбена зграда, а полесно беше повреден еден минувач, соопшти локалната противпожарна служба.Експлозијата се случила во стара двокатна зграда на улицата Лисикрат, спроти Столбовите на Олимписки Зевс, пренесува „Прототема“. Противпожарната служба, која интервенирала на лице место, евакуирала две жени од соседната зграда, кои биле пренесени во болница. Σύμφωνα με τις πρώτες πληροφορίες κατάρρευσε παλιό διώροφο κτίριο στην οδό Λυσικράτους 5. Οι ίδιες πληροφορίες κάνουν για λόγο για έκρηξη που προήλθε από διαρροή φυσικού αερίου. Μεγάλη είναι η κινητοποίηση της Πυροσβεστικής, ισχυρή δύναμη της οποίας έσπευσε στην Πλάκα με τρία οχήματα και 12 πυροσβέστες. Πληροφορίες κάνουν λόγο για έναν τραυματία από θραύσματα, ενώ στο σημείο υπάρχει μικρή εστία φωτιάς. 👉🔗https://t.co/oAgiWB5pMw — in.gr/news (@in_gr) September 25, 2026 Експлозијата била исклучително силна и се слушнала во голем дел од центарот на Атина, а делови од зградата оштетиле паркирани автомобили, додека ударниот бран оштетил и продавници во околината. Противпожарната служба соопшти дека експлозијата предизвикала и помал пожар. Според првичните информации, експлозијата била предизвикана од истекување на природен гас.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиРегистриран земјотрес во Грција, почувствуван и во Битола, Ресен и околината08:33Почина 13-годишното дете кое беше избодено со нож во Чаир, ќе има ли преквалификација на кривичното дело? 15:00ОЈО ГОК во тек е акција под кодно име „Филтер 2“10:24Продолжи судењето за Лотарија - Груби и Бајрами повторно на обвинителна клупа15:00Тошковски: Има големи злоупотреби со боледувањата во државниот и во приватниот сектор11:04
Почина 13-годишното дете кое беше избодено со нож во Чаир, ќе има ли преквалификација на кривичното дело? 15:00
ЗабаваОткриени фантастичните хонорари на боксерите Џошуа и Фјури за долгоочекуваната борба Долгоочекуваниот боксерски меч меѓу двајца британски тешкаши и поранешни светски шампиони, Ентони Џошуа (36) и Тајсон Фјури (38), ќе се одржи во Кардиф на 11 декември, и ќе се емитува на „Нетфликс“. „Со години се подготвувавме за ова. Една ноќ за врвниот дуел“, објави промоторот Турки Алалшик на платформата „Икс“ (X). Џошуа (36) и Фјури (38) се поранешни светски шампиони во тешка категорија, а нивниот судир е тема на јавна дебата речиси една деценија. Тие првично потпишаа договор за борбата во 2021 година, но мечот беше откажан откако Деонтеј Вајлдер, преку правна постапка, обезбеди трета борба против Фјури. На тој меч, Фјури по вторпат го победи Вајлдер и го задржа својот WBC појас. Само еден месец подоцна, Олександр Усик го победи Џошуа на поени и му ги одзеде обединетите титули, нанесувајќи му го вториот пораз во кариерата. Џошуа загуби од Усик и во реваншот во 2022 година. Во текот на 2024 година, украинскиот боксер исто така двапати го победи Фјури на поени. Иако во меѓувреме и двајцата ги загубија своите светски титули и статусот на непоразени борачи, интересот за нивниот дуел не опадна. Британските медиуми сега откриваат колку би можел да заработи секој од борците со влегувањето во рингот кон средината на декември. Се очекува боксерите да излезат во рингот околу 3:00 часот наутро за да се прилагодат на американската публика, согласно барањата на „Нетфликс“, кој ќе го пренесува овој спектакл во тешка категорија. За оваа борба, секој од нив ќе ја зголеми својата банкарска сметка за 75 милиони фунти (приближно 87 милиони евра).Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаГерасимовски: Отстранет небезбеден објект во Маџир Маало, хигиената и здравјето на граѓаните се приоритетОпштина Центар отстрани руиниран и напуштен објект на улицата „Петричка“ во Маџир Маало, кој со години претставуваше сериозен ризик за безбедноста и здравјето на граѓаните.По извршената инспекциска проверка е утврдено дека станува збор за објект без сопственик, импровизирана градба која беше претворена во дива депонија, легло на глодари и други штетници. Објектот е отстранет, а теренот целосно расчистен од шутот и наталожениот отпад. „Секаде каде што имаме надлежност, ги расчистуваме вакви критични точки. Најчесто станува збор за објекти кои со децении имаат проблем со нерасчистени имотно-правни односи. Ваквите стари и распаднати градби со тек на времето стануваат депонии, места каде се собираат бездомници и животни. Но, секогаш кога законот ни дозволува, постапуваме веднаш и решително, бидејќи безбедноста на граѓаните, хигиената и чистата и здрава животна средина се врвен приоритет“, порача градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски. Од Општина Центар апелираат до граѓаните да ги пријавуваат ваквите локации, со цел надлежните служби навреме да реагираат и да ги отстранат потенцијалните ризици по безбедноста, здравјето и хигиената.Тагови: Општина Центар Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиРегистриран земјотрес во Грција, почувствуван и во Битола, Ресен и околината08:33Почина 13-годишното дете кое беше избодено со нож во Чаир, ќе има ли преквалификација на кривичното дело? 15:00ОЈО ГОК во тек е акција под кодно име „Филтер 2“10:24Продолжи судењето за Лотарија - Груби и Бајрами повторно на обвинителна клупа15:00Тошковски: Има големи злоупотреби со боледувањата во државниот и во приватниот сектор11:04
Почина 13-годишното дете кое беше избодено со нож во Чаир, ќе има ли преквалификација на кривичното дело? 15:00
МакедонијаВо Македонија се гради по застарени стандарди со цел градбите да бидат посигурни потребна е да се воведат еврокодови Во Македонија се гради по застарени стандарди од 80 тите и 90 години. Со цел градбите да бидат посигуирни потребна е да се во ведат еврокодови. Ова утринава го посочија експерти од областа на градежништвото кои во стопанската комора дискутираа на тема „Од стандардизација до национална имплементација“. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиРегистриран земјотрес во Грција, почувствуван и во Битола, Ресен и околината08:33Почина 13-годишното дете кое беше избодено со нож во Чаир, ќе има ли преквалификација на кривичното дело? 15:00ОЈО ГОК во тек е акција под кодно име „Филтер 2“10:24Продолжи судењето за Лотарија - Груби и Бајрами повторно на обвинителна клупа15:00Тошковски: Има големи злоупотреби со боледувањата во државниот и во приватниот сектор11:04
Почина 13-годишното дете кое беше избодено со нож во Чаир, ќе има ли преквалификација на кривичното дело? 15:00