Од понеделник се отвораат шалтери на „Алта банка“ и во Тетово и Струмица, неделниот лимит 15.000 денари
1Од понеделник се отвораат шалтери на „Алта банка“ и во Тетово и Струмица, неделниот лимит 15.000 денари
3Поразот на републиканците ги урна светските берзи поради стравувањата за инвестиции во вештачката интелегенија
МакедонијаАндоновски: Уште едно исполнето ветување, нов Центар за услуги за граѓаните на КочаниМинистерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, денеска е во работна посета на Општина Кочани, каде што заедно со градоначалникот Влатко Грозданов го промовираше новиот Центар за услуги – ЕТУ Кочани. Со отворањето на центарот, жителите на Кочани и околината добиваат можност на едно место да пристапат до електронските услуги и да добијат поддршка при нивното користење. Во изјавата за медиумите, Андоновски ја истакна важноста на приближувањето на дигиталните услуги до граѓаните, особено до оние на кои им е потребна помош при поднесувањето електронски барања. „Со овој Центар за услуги им го олеснуваме пристапот на граѓаните на Кочани до услугите на институциите. Овде ќе можат да добијат помош за користење на Националниот портал uslugi.gov.mk, да поднесат барање за потребниот документ и полесно да ги завршат своите административни обврски. Нашата цел е дигитализацијата да биде достапна за секого и да носи конкретни придобивки во секојдневниот живот“, истакна Андоновски. Преку новиот центар, граѓаните ќе имаат пристап до електронските услуги достапни на Националниот портал uslugi.gov.mk, меѓу кои се издавање извод од матичната книга на родените, документи од казнената и кривичната евиденција, како и услуги од Агенцијата за катастар на недвижности, Фондот на ПИОМ и други институции. Министерот им се заблагодари на градоначалникот Грозданов и на Советот на Општина Кочани за поддршката и соработката во реализацијата на проектот, нагласувајќи дека заедничкиот ангажман на централната и локалната власт е значаен за подобрување на услугите за граѓаните. „По бесплатните Wi-Fi зони што ги доби Кочани, денес реализираме уште едно ветување кон граѓаните. Благодарност до градоначалникот и до Советот на Општината што ја препознаа важноста на овој проект и придонесоа за неговата реализација. Со ваква соработка создаваме услови граѓаните побрзо и поедноставно да доаѓаат до услугите што им се потребни“, посочи Андоновски. Градоначалникот Влатко Грозданов му се заблагодари на министерот Андоновски за соработката и за исполнувањето на ветувањата кон граѓаните на Општина Кочани, истакнувајќи го значењето на новиот центар за жителите на општината и околината. Во рамки на работната посета, предвидено е министерот Андоновски да оствари средби и со претставници на компании од ИТ-секторот, како и со членовите на СТЕМ-клубот за роботика од Кочани. Стефан Андоновски, Министер за дигитална трансформацијаКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМуцунски: Работиме на дијалогот со Бугарија, имаме поддршка од ЕУ и земјите членки15:00Народна банка: Пензионерите кои сакаат нова банка, мора прво да се одјават од АЛТА банка 10:27Муцунски: Нема назадување во ниту една област во извештајот на ЕК08:28АЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари15:00Започна исплатата на средствата на клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола14:05
АЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари15:00
МакедонијаОд понеделник се отвораат шалтери на „Алта банка“ и во Тетово и Струмица, неделниот лимит 15.000 денариНародната банка ги олеснува условите за располагање со средствата во „АЛТА банка“ АД Битола. Народната банка продолжува со постепено олеснување на условите за располагање со средствата на клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола, со цел да им се овозможи полесен пристап до нивните средства и непречено користење на банкарските услуги. Денеска гувернерот на Народната банка, д-р Трајко Славески и соопшти на јавноста три нови олеснувања, кои се однесуваат на проширување на мрежата за исплата на готовина, зголемување на лимитите за користење на платежните картички и располагање со приливите од плати, пензии и социјални трансфери. · Од понеделник, 9 ноември, ќе бидат отворени шалтерите и во Тетово и Струмица, на кои граѓаните што немаат платежни картички ќе можат да подигнат до 20.000 денари. На овој начин, клиентите од овие градови и околните населени места ќе можат да ги подигнат средствата без да патуваат до Битола. Воедно, Народната банка ќе им излезе во пресрет на граѓаните од околните градови во Битола, а тоа се Прилеп, Ресен и Охрид, ќе организира автобуски превоз до филијалата на Алта Банка АД Битола, со цел и тие да можат да си подигнат своите пензии и социјална помош. · Исто така, од следната недела, неделниот лимит за подигање готовина и плаќања на продажни места со платежните картички на Банката се зголемува од 10.000 на 15.000 денари. · Третото олеснување се однесува на сите идни нови приливи од плати, пензии и социјални трансфери, коишто доаѓаат од институции или фирми кои имаат сметки во други банки ̶ нив граѓани ќе можат да ги повлечат во целост, без ограничување на износот. Во таа смисла, клиентите на Банката немаат потреба од отворање платежна сметка во друга банка, бидејќи ќе може да располагаат со пристигнатите приливи врз овие основи во целосен износ, со користење платежна картичка или подигање готовина преку отворените шалтери на Банката. Инаку, исплатите на клиентите досега се одвиваат според утврдениот распоред. Како што знаете, од вчера започна исплатата на средствата на граѓаните коишто немаат платежни картички. Исплатата продолжува и во следните денови. Филијалата во Битола работи во две смени, а ќе работи и во сабота, 7 ноември. Исплатата на средствата на корисниците на социјална помош започна од денеска. Денес, во експозитурата во Битола беа услужени околу 660 клиенти. Просечниот повлечен износ по клиент вчера беше околу 19 илјади денари, а денес околу 16 илјади денари, што е очекувано поради пониските износи на социјални трансфери. „АЛТА банка“ АД Битола продолжува да работи, не е во стечај и не ѝ е одземена дозволата за работа. Администрацијата е привремена мерка, која се применува до промена на сопственоста. Состојбата во Банката е добра, таа е ликвидна и висококапитализирана, со солиден квалитет на кредитното портфолио. Средствата на клиентите остануваат на нивните сметки. Привремените ограничувања се однесуваат на начинот на располагање со средствата и се воведени со цел да се зачува ликвидноста на Банката и да се заштитат интересите на сите штедачи. Народната банка континуирано ја следи состојбата и ги приспособува мерките во согласност со нејзиниот развој, при што приоритет останува уредното опслужување на граѓаните и заштитата на интересите на клиентите на Банката. Народната банка ги повикува граѓаните да ги следат информациите објавени преку официјалните канали на информирање на Народната банка, се наведува во соопштението од НБ.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2026 годинаПретседателката Гордана Сиљановска-Давкова го прими шефот на Делегацијата на Европската Унија, амбасадорот Михалис Рокас, кој ѝ го предаде Извештајот наЕвропската комисија за напредокот за 2026 година.Соговорниците се согласија дека се постигнати очигледни конкретни резултати. Обајцата го поздравија препознавањето на државата како една од најуспешните во исполнувањето на Реформската агенда и Планот за раст на Западен Балкан. Амбасадорот Рокас укажа на идентификуваните слабости и на потребата од засилени реформи во владеењето на правото, правосудството и борбата против корупцијата. Според Сиљановска-Давкова, зголеменото ниво на подготвеност во поглавјата 10 (Дигитална трансформација и медиуми) и 26 (Образование и културa), како и регистрираниот напредок во науката и истражувањето и заедничката надворешна, безбедносна и одбранбена политика, сведочат за манифестиран и докажан институционален капацитет на државата во исполнувањето на европските стандарди. Таа очекува финализирањето на патоказите за владеење на правото и реформата на јавната администрација, како и на Акцискиот план за заштита на малцинствата, да донесат видливи промени и напредок во Кластерот „Основи “. Во рамките на своите уставни надлежности, Сиљановска-Давкова истакна дека ќе продолжи да се однесува реформаторски, придонесувајќи за јакнењето на демократијата. Претседателката потсети дека извештајот треба објективно да го прикажува реализирањето на Копенхашките критериуми, а не на наметнатите билатерални политички услови, спротивни на европските вредности и принципи утврдени во европските уставни акти. За неа, нашето изоставување од групата на земји предводнички во процесот на проширувањето, не ја отсликува реалноста и испраќа негативни сигнали до македонската јавност. Сиљановска-Давкова уште еднаш повика на еднаков третман на сите земји-кандидатки во пристапниот процес. Според неа, потребни се политичка волја и поактивен ангажман на европските институции и земјите-членки за деблокада на македонскиот пат кон ЕУ, соопштуваат од Кабинетот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЖивотКоперник: Речиси е сигурно дека оваа година ќе биде втората најтопла во историјатаСпоред европската служба за следење на климата „Коперник“ (Copernicus), глобалните температури оваа година речиси сигурно ќе надминат 1,5 степени Целзиусови над прединдустриските нивоа.Со тоа, 2026 година би станала втората година во историјата на мерењата што го надминува овој праг, по рекордната 2024 година. Според најновите податоци од „Коперник“, постои голема веројатност 2026 година да биде втората најтопла година откако се вршат мерења. Исто така, постои веројатност од околу 20 отсто таа да го израмни или надмине моменталниот температурен рекорд поставен во 2024 година. Се очекува затоплувањето да биде меѓу 1,56 и 1,61 степен „Коперник“ проценува дека просечната глобална температура во 2026 година ќе биде за 1,56 до 1,61 степен повисока отколку во прединдустрискиот период (1850–1900 г.). Нивниот статистички модел покажува веројатност поголема од 99 отсто дека температурата оваа година ќе го надмине прагот од 1,5 степени. Особено загрижувачка е проценката дека четиригодишниот просек за периодот 2023–2026 година, исто така, ќе надмине 1,5 степени над прединдустриските нивоа. Сепак, една година – па дури и неколку години – со температури над овој праг не значи автоматски дека долгорочната цел на Парискиот договор е официјално надмината. Октомври беше најтопол досега „Коперник“ објави дека октомври 2023 година бил најтоплиот октомври некогаш забележан на глобално ниво. Просечната глобална температура изнесувала 15,35 степени Целзиусови, што е за 1,75 степени над прединдустрискиот просек. Во споредба со периодот 1991–2020 година, октомври бил за 0,90 степени потопол. Ова беше трет месец по ред во кој глобалната температура го надмина прагот од 1,5 степени во однос на прединдустрискиот период. Температурите на површината на морето, надвор од поларните региони, исто така достигнаа рекордни вредности. Просечната температура на морето во октомври достигна 20,95 степени – највисоката вредност некогаш забележана за тој месец. „Ел Нињо“ дополнително ги зголемува температурите Покрај долгорочното затоплување предизвикано од човечката активност, за овогодинешниот пораст на глобалните температури придонесува и исклучително силниот „Ел Нињо“. Станува збор за природен климатски феномен поврзан со затоплувањето на површинските води во тропскиот дел на Тихиот Океан, што може привремено да предизвика дополнителен пораст на глобалните температури. „Октомври го продолжи трендот на исклучителна глобална топлина, со рекордно високи глобални температури и температури на површината на океаните. Исклучително силниот ’Ел Нињо‘ додава дополнителна топлина на климата која е веќе загреана од човечките активности, а 2026 година е на пат да стане втората календарска година што ќе го надмине прагот од 1,5 степени“, изјави Саманта Бурџес од Европскиот центар за среднорочни временски прогнози. „Особено е значајно тоа што се очекува и четиригодишниот просек да надмине 1,5 степени, што покажува колку долготраен станал овој период на глобална топлина“, додаде таа. Што значи надминување на границата од 1,5 степени? Според Парискиот договор за климатски промени од 2015 година, државите се обврзаа да го задржат глобалното затоплување значително под два степена во однос на прединдустриските нивоа, истовремено настојувајќи да го ограничат порастот на температурата на 1,5 степени. Границата од 1,5 степени се однесува на долгорочното глобално затоплување, а не на температурата во која било поединечна година. Следствено, надминувањето на овој праг се проценува врз основа на повеќегодишни – односно долгорочни – просеци. ОН веќе предупредија дека е многу веројатно светот да се соочи со привремено надминување на оваа цел. Колку е поголемо затоплувањето и колку подолго трае, толку е поголем ризикот од екстремни временски настани и неповратни промени во климатскиот систем. Според податоците на „Коперник“ (Copernicus), температурите во првите десет месеци од 2026 година се веќе доволно високи, така што надминувањето на прагот од 1,5 степени за целата година е речиси сигурно. Извор: Индекс.хрТагови: клима Коперник Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМуцунски: Работиме на дијалогот со Бугарија, имаме поддршка од ЕУ и земјите членки15:00Народна банка: Пензионерите кои сакаат нова банка, мора прво да се одјават од АЛТА банка 10:27Муцунски: Нема назадување во ниту една област во извештајот на ЕК08:28АЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари15:00Започна исплатата на средствата на клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола14:05
АЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари15:00